|
ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ФЕНИКСОТ |
Внеси реплика | страница <1 11041105110611071108 1769> |
Автор | |
PITU GULI
Сениор Регистриран: 13.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 11254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе шо заебаваш...
па нели ти ја пастираше тука сега ја бараш од нас?????????
или сакаш да провериш нешто.....
хехеееееееееееее
сега митекна....
абе љисиц си ти.....
|
|
POSAKAJ DA BIDES ZELBA KE TE POSAKAM
POSAKAJ DA BIDES LJUBOV KE TE ZASAKAM SAMO NE POSAKUVAJ DA SI BOLKA , OTI NIKOGAS NEMA DA TE PREBOLAM... |
|
DJAKONDO
Сениор Султанот на Феникс Регистриран: 28.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 15052 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
najiskreno ja nema, ja izbrisav mislejki deka ke bide na internet, ama gi updatirale stranicite i sega nja nema nigde
navistina ve molam, ako ja imate pastirajte ja
|
|
Изјавувам дека ги прочитав условите за користење на форумот и со истите се согласувам и ги прифаќам
s.r. Dzaki |
|
bosab
Сениор the greatest legs in the world Регистриран: 21.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 11079 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
поздравче и од мене се читкаме утре
|
|
DJAKONDO
Сениор Султанот на Феникс Регистриран: 28.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 15052 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
cao bosa, i neguvaj gi nozete
|
|
Изјавувам дека ги прочитав условите за користење на форумот и со истите се согласувам и ги прифаќам
s.r. Dzaki |
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама тоа е цела збирка песни за Дениција од Петре М.Андреевски
Еве некои
Првите податоци за Дениција како дух што го пропуштаат и мртвите стражари на сите момчиња да им ce јавува во сонот. Таа беше како оној Врач кој, гледајќи во цвеќињата, држеше говор за потеклото на медот. Таа го имаше вкусот на храната што гласно ја џвакаа моите предци. Кога бев со неа јас дишев во сите светови оти во неа ce среќаваа сите страни на светот. Дениција значеше и најголема денгуба и најголема тајна за државната безбедност. Дениција значеше и детски додаток и распределба на доходот по ефект. Нејзините зборови ги повторував како реткост во друга реткост пронајдена. Таа беше растојание од една болка до друга и жесток пијалак што ce разнесува по куќите. Таа знаеше една буква со која почнуваа сите зборови и можеше да викне и да ги смени годишните времиња. Заради неа пријателите по цел ден не сакаа да ме видат. Размислувајќи за неа можеше да ce загине и во најкусиот ден и во најтоплото попладне. Таа беше оган со оган што ce гасне. Нејзината воздишка ги соединуваше и најоддалечените населби, оти од кај неа започнуваа сите самраци што правеа излет со лилјакот, a завршуваа во трат. Таа знаеше и во кој овошен плод завршиле дождовите. Дениција беше датум на доброволни дарители на нешто. И заради неа јас почнав одново да верувам во бога. Преку дневните весници сакав да ce откажам од сите роднини што не веруваа дека нејзиниот бакнеж може да лекува и разболува. Од неа јас дознав и што мисли змијата за небото и кога има воздухот мака. Оти како што дишеше таа, така растеше и дневната температура. |
|
|
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕНИЦИЈА 2
Во тебе бев заљубен уште пред моето и твоето создавање, Пред првиот мирис што не успеа да се врати дома, Пред се што се смени за да те издвои тебе постојана.
Јас по цел ден не зборував за да мислам само на неа. Кај што ќе запреше таа – таму се градеа и нови населби. И кога спиеше, нејзината убавина беше будна И неа сите вилаети ја сонуваа во продолженија. Таа беше време на моето време, А јас само сведок на нејзиното столетие.
Додека тргнуваме на две спротивни страни Јас не можам да ги запрам солзите, а ти плачеш. Ги колнев сите краишта што нејзе и ги посветив, И сите нови места што ме среќаваа без неа.
Ништо не е повидливо И ништо не е поприсутно од твоето отсуство. Паметам – тебе ти прилегаше се.
Една година јас без тебе, јас без себе. И секој говор ми почнува со твоето име. Те оживувам од сите слики, но жива нигде те немам. И пак со тебе легнувам, и пак без тебе се будам.
А те барав, те барав во се и сешто. Те барав, а барјќи можев само да те сретнам, Но не и да те најдам, но не и да те најдам.
Ти ме приѕираш и од небото и од земјата, А мене никако не ми успева да ти кажам дека... Блажено е да се живее, А поблажено е да се умира, Мислејќи само на тебе, Дениција! |
|
|
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Песна за нејзината песна оти без неа бев никој и никој не ме познаваше. По нејзината воздишка го запомнував воздухот за да можам да ја стигнам, незабележан од никого, но таа беше побрза од сите небесни светлини, зашто секаде сама си го осветлуваше патот. Објаснувајќи ја како семир во купечко јаболко, главата ми ce полнеше со запаливи течности, бели и црвени дождови капеа од овошките, житата и шумите ја следеа во групни походи и cè околу неа ја добиваше нејзината форма. Кај што јас влегував, таа излегуваше и од отворите ја мразев само нивната празнина. Me рануваше како невеста, ме целеше како сестра блажената ноќ што ја открив во неа. Бев првиот иследувач на таа топла темница неисцрпна како ѕвездите и бесцените камења кои вечно ce празнат, a никако да ce потрошат. (Каков страв ce пребра во допирот со таа кожа што болскаше и заоблуваше како свртено вретено.) Огнот и водата добиваа паралелна брзина и во збирот љубовен постојано ce одземаа. Cè што ce уништуваше беше заради неа и cè што ce обновуваше беше заради неа. Така светот ce делеше на видлив и невидлив, на неослободени земји и на земји во развој, но немаше земја кај што не ја сретнав неа. |
|
|
|
bros
Сениор Регистриран: 23.Декември.2006 Статус: Офлајн Поени: 411 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zdr so ima tuka novo??
|
|
P.S.I AM HERE
|
|
ana marija
Сениор UBAJNA Регистриран: 05.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 12244 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dobro utroubav den
|
|
GIVE ME GIVE ME JUST A LITTLE SMILE
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zdravo Ana,kako si denes??
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aloo,spankovci...
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bravo Beleg,,
Preubavi stihovi se ovie,za Denicija
Me ostavaat bez text
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Djaki,veruvam ke bides zadovolen.. Sega imas povekje od poezijata za Denicija... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ana,kaj mi se izgubi...petocki??
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 11041105110611071108 1769> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |