|
HPV и HPV вакцина |
Внеси реплика | страница <1 9101112> |
Автор | ||||||||||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Овде.....
Прочитајте за истражувањето на лекот варумин....направено во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје....а поврзано со влијанието на овој лек врз ЦИН промените и високоризичните типови на ХПВ |
||||||||||
МИР со сите
|
||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Девојче почина по вакцинација против ХПВ
Британските здравствени власти денеска започнаа истрага за смртта на 14 годишно девојче, што умре неколку часови по вакцинирањето против ХПВ. Девојчето е вакцинирано во рамките на програмата за спречување на ракот на грлото на матката, а откако ја примила вакцината церварикс (cervarix) починала. По вакцинирањето повеќе девојчиња од училиштето во местото Ковентри, на околу 160 километри северозападно од Лондон, не се чувствувале добро. Властите соопштија дека вакцината со која биле вакцинирани девојчињата во училиштето, што го посетувала починатата 14 годишна Натали Мортон е ставена во карантин. Британија минатата година воведе вакцинација со двовалентна вакцина против ХПВ - вирус што предизвикува рак на грлото на матката. Досега вакцина добиле над 1,4 милиони девојчиња во Британија. |
||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Родителите се повикуваат на разговор
за да се убедат да го вакцинираат детето, а ако тоа не успее, се даваат
на суд. Во Инспекторатот немаат податоци за тоа колку родители досега
морале да платат казна што во зависност од судската одлука може да
изнесува од 30.000 до 50.000 денари. Во моментов добавувачот ги достави
првите дози на вакцината и веќе таа се распределува по заводите за
здравствена заштита. Ќе се вакцинираат 10.000 девојчиња што се на
листата на чекање од минатата година и уште 14.000 седмоодделенки.
Деновиве силни негативни реакции има и за флуоризацијата на млекото.
Родителите се исплашени дека ако децата земаат дополнително флуор, може
да имаа последици по здравјето. „И двете мерки се докажани превентивни
мерки, кои придонесуваат кон зголемување на нивото на здравствена
заштита на населението и спречуваат појава на болести како што е
кариесот, кога се работи за забите, или пак ракот на матката. Овие
мерки се применуваат во многу земји ширум светот и веќе даваат одлични
резултати. Македонија за првпат ги применува следејќи ги препораките на
СЗО“, се наведува во соопштението од министерството.
Дали се опасни по живот? Вакцината што ќе се дава кај нас штити од четири типови на ХПВ-вирусот што предизвикуваат рак и брадавици на гениталиите. На пазарот е присутна 2,5 години, а ја произведува фармацевтската компанија „Мерк“. Според американските агенции за лекови, по примањето на оваа вакцина се пријавени 12.424 несакани ефекти, од кои посериозни биле 772, вклучувајќи ги 32 смртни случаи. Но засега не е докажана причинско-последична врска меѓу вакцината и несаканите ефекти. Меѓу несаканите ефекти се црвенило и болка на местото на вакцинирањето, главоболки, нарушување на имунолошкиот систем и сериозен Џулијан-Баров синдром, кој може да заврши со смрт. izvor:VREME Родителите ем исплашени, ем казнети Изменето од *moon* - 08.Октомври.2009 во 00:42 |
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Откриен начин како да се уништи вирусот ХИВ
Научници од Институтот за молекуларна генетика на чешката Академијата на науките, во соработка со своите француски колеги откриле начин како да се уништи опасниот вирус ХИВ, кој е причинител на смртоносната болест СИДА. Досегашните искуства покажуваат дека ХИВ вирусите се практично неуништиви, поради нивната способност да се интегрираат во ДНК структурата на човечките клетки и можат долго време да бидат резистентни на лекови. |
||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Ја подучив ќерка ми, ако случајно ги поведат на вакцина од училиште да се врати дома.
Имаат ли памет нашиве политичари или некој им шитнал милиони вакцини па ај сеа, дајте ги децата на вакцина инаку 1000 евра казна. Со кој гинеколог разговарав-никој не би му дал на своето девојче ваква вакцина. |
||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||
pro
Нов член Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Веројатно доцна се вклучувам во овој форум на оваа тема, но се надевам дека некој ќе ја види оваа порака.
За ХПВ вакцинацијата доста пишував во весниците (како родител) со особена критика на нејзината задолжителност. Сите кои се заинтересирани за оваа проблематика ги упатувам да ги прочитаат моите две истражувања насловени како „Вистината за ХПВ“ (2010)и „ХПВ вакцината е модерен руски рулет“ (2009)на следнава адреса: www.hpv-vakcina.blogspot.com Инаку, како родител на 12-годишно девојче не дозволив и нема да дозволам нејзино вакцинирање. За да ги заинтересирам и скептиците, во овој коментар само ќе спомнам една од многуте лаги за ХП вирусот: Ако ве тестираат за ХПВ и ако ви кажат дека сте инфицирани со ХП вирус, дали мислите дека во лабораторијата нашле вирус во вашето ткиво? Воопшто не. Тестовите воопшто не бараат вирус затоа што таков ХП вирус никогаш и не е пронајден. Не е изолиран, ниту пак некој успеал да го пропагира во лабораторија. Она што тестот го бара, се всушност одредени протеински кодови за кои „се верува“ дека доаѓаат од ткн.ХП вирус чие постоење не е докажано. Од друга страна пак, тие протеински кодови можно е да се производ на нашите клетки, па затоа вакцината е штетна. Уште една покана, посетете го www.hpv-vakcina.blogspot.com |
||||||||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Го посетив овој блог и можам да кажам дека навистина исцрпно е проследено и поткрепено со научни факти штетноста на ХПВ вакцината.Еве ќе издвојам еден дел од статијата,па секој нека размисли за постапките кон своите деца.
......вакцината содржи многу честички од квасните габички, плус сите адитиви кои ги содржи, па така Гардасил официјално не се препорачува за оние кои се чувствителни на квасец, но и за оние кои се чувствителни и на било која друга состојка во вакцината, а особено аморфен алуминиум хидроксифосфат сулфат, како и полисорбат 80. Но, како ќе знаеме дали некое девојче е алергично на некоја од овие состојки? Претпоставувам дека тоа се дознава дури после примањето на вакцината, ако се јават тешки несакани ефекти.
|
||||||||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||||||||
pro
Нов член Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Благодарам на коментарот.
Би ми било мило ако го прочитате и моето прво истражување „ХПВ вакцината е модерен руски рулет“, на истиот блог сајт, ако кликнете на десната страна на „2009“. Тој текст особено ја обработува темата на небезбедноста на ХПВ вакцината. |
||||||||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Со задоволство ќе го сторам тоа!
Уште еднаш секоја чест за сработеното
|
||||||||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||||||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Вакцинацијата за ХПВ зачинета со страв
Вакцината против хуман папилома вирусот, кој предизвикува рак на грлото на матката, која што се користи и во Македонија, во светот е тема на жестоки контроверзии поради можните несакани последици од неа, често опасни за животот на вакцинираните. Во Македкедонија со вакцината „силгард“, произведена од фармацевтската компанија „Мерк Шарп и Доме“ од САД, бесплатно и доброволно се вакцинираат девојчиња и девојки на возраст од 9 до 26 години, а Владата најави дека таа наскоро ќе стане задолжителна. Досега се дадени најмалку 3.000 вакцини. Светската лекарска фела, иако поделена, имплицитно не е против вакцината и ја смета за безбедна и за испитана, но во јавноста се јавува силен отпор. Во САД и во Канада, каде што вакцината се користи веќе две години, регистрирани се многу случаи во кои вакцината предизвикала компликации, некаде трајна онеспособеност, па дури и смрт. Вакцинираните најчесто се жалеле на отоци, несвестица, главоболки, чешање, проблеми со нервните завршетоци на екстремитетите. Кај некои била дијагностицирана и мултиплекс склероза. Според едно истражување во САД, во 10.000 пријавени случаи имало дури 27 мртви, но не можело тие директно да се поврзат со вакцината. Утврдено е дека најголема опасност постои кога вакцината се прима истовремено со други вакцини.
|
||||||||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||||||||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Не,ако имаш Цин 2 или 3,тоа значи дека си и ХПВ позитивна,оваа вакцина на оние (доброволците) ,се даваше само на негативен пап наод и без присуство на некој од подтиповите на ХПВ.
|
||||||||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||||||||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
emily_84
Нов член Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
[QUOTE=Синдарела] Самиот збор ХПВ, означува вирус, т.е. Human Papilloma Virus. Се
пренесува САМО преку сексуален однос, и тоа најчести пренесувачи се мажите (жените сами не можат да си го пренесат, нели? Како таков, во зависност од кој под тип е (кое се утрвдува преку типизација), многу тешко се лечи, т.е. нема лек за истиот, туку само се следи неговото развивање. Ако се утврди присуство на ваков вирус, се прави биопсија, т.е. се зема мало делче од грлото на матката, за да се утврди до кој стадиум е развиен.Може да биде CIN 1, CIN 2 и CIN 3. Првото е доказ за некакви не толку значајни промени на клетките на матката. Вториот се води како поризичен, а третиот е веќе аларм за можна појава на рак на матката.Во денешно време, многу е честа појавата на овој вирус. Како и да е, денес на канал 5 КАЈ СЛАВИЦА, кажаа дека во основа и не е толку ризичен, барем првите 2 фази,бидејќи со добра дисциплина и волја за стварно здрав живот имунитетот се зајакнува и циновите исчезнуваат,но кога сме кај 3-ката и нагоре тоа се веќе стварно опасни стадиуми кај кои треба оперативен зафат!Постојат лекови, вагиналитети и сл. за овој вирус, меѓутоа кај нас се` уште не се одобрени за да се пуштат во употреба.Вирусот живее подолго на гениталиите и секаде каде има слузокожа, дури и во голтникот( каде може да се најде при орален секс со личност инфицирана од овој вирус)Симптоми нема, се детектира при рутински гинеколошки преглед како абнормален папа тест кај жените.Кај мажите нема промени, ретко предизвикува брадавици(поради и што вирусот е наречен папилома=брадавица) но тоа се појавува најголем процент кај хомосексуалците.Мажите се само преносители, а промените се јавуваат кај жените.Дилема е како после решен проблем со хпв-то, кој не е целосно решен, да се продолжи нормален сексуален живот...Некаде пишува дека ни кондомот не е 100% сигурност за да не дојде до повторно заболување од овој вирус, и како единствено решение е апстиненцијата...Еве совет кој не е никаква гаранција ама помага во побрзото заздравување: кантарион масло, помешано со маслиново, на тампон, чуда прави (докажано од гинеколог, и од тие што го проб Изменето од emily_84 - 19.Мај.2010 во 09:36 |
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 9101112> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |