IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Посни јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посни јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 08:42

ПОСНИ РАФАЕЛО БОМБИЦИ

rafaelo

Сварените компири испасирајте ги како за пире. Кога малку ќе се изладат додате им ги шеќерот во прав, ванилата и кокосот. Смесата убаво промешајте ја и оставете да се излади. Потоа правете топчиња, при тоа ставајќи лешник во внатрешноста. На крајот топчињата извалкајте ги во кокос или растопено бело чоколадо. Важно е да се напомене дека овие бомбици се служат барем три дена по нивното спремање, со цел да се исушат убаво.
Потребни состојки
3 варени компири, средна големниа
150 гр шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
250 гр кокос
лешници



Изменето од Valerija - 22.Февруари.2018 во 08:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 08:43

ПОСЕН РОЛАТ СО ТУНА

rolat tuna v

Францускиот леб се сече на 3 дела. Oтстранете ја средината, ситно исецкајте ја, и измешајте ја со останатите состојки. Кога смесата ќе се соедини, се полнат векните. Секоја посебно се замотува во фолија и се става во замрзнувач да се стегне. Потоа се одмотува и се сече како ролат.
Потребни состојки
1 француски леб
3 – 4 сецкани кисели краставички
2 – 3 сецкани варени моркови
2 конзерви туна, изцедена од маслото
1 маргарин, разматен
2 лажички сенф
малку макдонос
сол и бибер по вкус

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:16
Посни кокос кифлички





ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 грама Шеќер
1 кесичка/ки Прашак за печиво
30 милилитри Масло
1   Кора од лимон
50 грама Кокосово брашно
200 милилитри Вода
500 грама Брашно


Време за подготовка: 20 мин.
Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Кокосот не содржи холестерол. Тој е добар извор на: тијамин 0,1 мг во 240 г свеж кокос, рибофлавин 0,1 мг, калциум 58 мг, растителни влакна 2,6 г, витамин Ц 5,8 мг, магнезиум 60 мг и калиум 600 мг. 

Лошата страна на кокосот е богатството со натриум 252 мг и големото количество калории 45 што се добиени од шеќерите 6 г.
ПОДГОТОВКА:
Од сите состојки замесете тесто, со тоа што вода ќе додадете онолку колку што ќе ви биде потребно за да добиете хомогено тесто. 

Кинете парчиња тесто, правете топчиња, па од нив кифлички. 

Редете ги на плех, кој сте го обложиле со алуминиумска фолија. 

Печете на 180 степени, околу 20-ина минути. 

Кога кифлите ќе заруменат извадете ги. 

Додека се топли потопете ги во сируп зовриен на рингла од 200 мл. вода и 250 гр. шеќер. 

Потоа кифличките валкајте ги во кокос и послужете.


Изменето од Valerija - 03.Декември.2014 во 14:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:17

Посен сутлијаш



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 200 грама Ориз
  • малку   Цимет
  • 2   Јаболка


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Посен сутлијаш

ПОДГОТОВКА:

Се вари оризот додека да омекне, потоа се цеди водата, се додава шеќерот и одделно се рендаат јаболките. 

Потоа се заедно се соединува и на крај се додава цимет


Изменето од Valerija - 03.Декември.2014 во 14:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:18

Посни фритули



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер во прав
  • малку   Цимет
  • малку   Сол
  • 1   Кора од портокал
  • 1   Кора од лимон
  • 1   Квасец
  • 500 милилитри Вода
  • 1 килограм/и Брашно
  • 1   Шекер лажичка/ки


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Фритулите се надалеку позната Далматински рецепт, кој традиционалне се подготвува за врме на постите. 

ПОДГОТОВКА:

Квасецот помешајте го со малку топла вода и шеќер, оставете да отстои 10-ина мимута. 

Во еден сад ставете брашно, па во средината ставете го квасецот, додадете и останатите состојки, па постепено додавајте вода. 

Убаво премешајте за да биде компакна смесата, па оставете на топло место за да се стаса (додека не го достигне двоен волумен). 

Пржете во доста топло масло, внимавајќи да не се допираат. 

Ставете ги на кујнска хартија и посипете ги со шеќер во прав.


Изменето од Valerija - 22.Февруари.2018 во 08:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:19

Посни полнети колачиња



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер во прав
  • 2 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 300 милилитри Пиво
  • 300 милилитри Масло
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 1 килограм/и Брашно
  • 100 грама Џем


  • Време за подготовка: 40 мин.
  • Време за готвење: 50 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Џемот е познат во Англија уште од 15 век. Се произведува од разни овошја, може да е од една врста овошје, а може да се направи и од мешавина на две, или повеке овошја. 

Се употребува за подготвување на разни колачи, торти и ролати.

ПОДГОТОВКА:

Во голема вангла се замесува брашното, печивото, пивото и мслото. Тестото убаво се се меси, се додека не се одвојува од рацете. 

Се остава тестото да отстои половина час,а потоа се формираат кругови. Потоа се формираат кругови од тестото. 

Тестото се полни со џем или мармалад, па потоа со рака се оформува топка и се става да се пече. 

Колачите се печат на 170 степени. Уште топли се валкаат во шеќер во прав замирисан со еден ванилин шеќер.


Изменето од Valerija - 03.Декември.2014 во 14:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:20

Посни топчиња со кикиритки



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер во прав
  • 100 милилитри Сусамово масло
  • 250 грама Маргарин
  • 400 грама кикиритки
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 600 грама Брашно


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Консумирањето кикиритки најмалку 5 пати неделно, или пак путер од кикиритки може да го намали двојно ризикот од срцев удар. Во прилог на намалување на холестерол, спречуваат воспаление и ја подобрува состојбата на крвните клетки околу срцето.

ПОДГОТОВКА:

 Изматете го растителнит маргарин со шеќерот. 

Матете околиу 5-10 минути или подолго, за убаво да се истопи маргаринот. 

Додавајте го повремено маслото - малку по малку. 

Кога тоа добро ќе се измати, додајте го брашното лажичка по лажичка и прашокот за пециво. 

Кога сè тоа ќе се соедини, додадете ги измелените кикиритки, па добро измешајте и направете тесто. 

Оставете десетина минути да отстои, па од тестото правете топчиња и редете ги во неподмачкан плех. 

Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути, односно додека топчињата не поруменат. 

Кога се печени, врелите топчиња извалкајте ги во мешавина од мелени кикиритки, прав и ванилин шеќер. 

Оставете ги да отстојат пред послужување.


Изменето од Valerija - 03.Декември.2014 во 14:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:22

Посни медењаци




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Шеќер
  • малку   Сода бикарбона
  • 200 грама Мед
  • 200 милилитри Масло
  • 200 милилитри Газирана вода
  • 200 грама Брашно


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Медот е густа, слатка, сирупова материја, а е производ на пчелите, кој пак е добиен со собирање на овошни и други сокови преработени во желудникот на пчелата.

По дефиниција медот е чиста супстанца, која не е помешана со ни една друга супстанција.

Нутрициони вредности на медот во 100 гр.
- Енергетска вредност 1270 кЈ
- белковини 0.27 гр.
- Јаглени хидрати 81.0 гр.
- Масти 0.0 гр.
- Холестерол 0.0 гр. 

1 килограм мед има иста хранливост колку и: 50 кокошкини јајца, 3 кг. риба, 1 кг шунка, 2,5 кг телешко месо, 6 кг. портокали и 10-12 кг. зеленчук.

ПОДГОТОВКА:

 Од наведените состојки замесете тесто како за ванилици. 

Расукајте кора, со чашка вадете погачки, обликувајте ги во округла форма и печете ги во загреана рерна. 

Испечените медењаци валкајте ги во шеќер во прав.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 13:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 12:24

Посни колачи




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 милилитри Масло
  • 1   Квасец
  • 150 грама Гриз
  • 300 милилитри Вода
  • 200 грама Брашно


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Познато е дека какаото го намалува крвниот притисок, иако со претходно направените студии се укажувало дека какаото не го спречува развојот на срцевите заболувања во текот на долг временски период, имајќи предвид дека спаѓа во исхрана која е богата со маснотии, шеќери и калории.

Холандските научници утврдиле дека најголемите консументи на какао имаат низок крвен притисок и кај нив е регистриран помал број случаи на фатални срцеви заболувања отколку кај тие кои не консумираат какао.

Во студијата таа заслуга им се препишува на антиоксидансите флавоноиди присутни во какаото кои имаат позитивно дејствување и го намалуваат ризикот од штетните последици на холестеролот и други промени кои можат да предизвикаат инфаркт, рак и болести на белите дробови. 


ПОДГОТОВКА:

Се замесува и тестото се дели на два дела. 
Во едниот се става какао. 
Од двете теста, ставени едно врз друго се прави ролат, и се сечат на крукчиња, потоа се печат. 

Се попарува со шербет. 


Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 13:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 16:25
ПОСНА САЛАТА СО ТУНА


Освежете ја посната трпеза и направете лесна салата со туна и тестенини

Состојки:

 2 конзерви туна во парчиња
 100гр маринирани шампињони
 100гр несолени печени кикиритки
 500гр посни тестенини
 400гр посен мајонез
 5-6 кисели краставички
 сол

Подготовка:


Тестенините се варат на вообичаен начин, а туната се остава да се процеди од маслото. Шампињоните, краставичките и кикиритките се сецкаат а потоа се соединуваат со туната.
Потоа се додава сол по вкус и сето тоа се соединува со тестенините. На крај се додава мајонез и повторно се промешува. Пред сервирање, пожелно е оваа салата да отстои во фрижидер.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 15:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2014 во 22:48
ПОСНА ШВАРЦВАЛД ТОРТА


Ова слатко уживање може да си го дозволите и во овој период на пост, но и кога сакате лесен, брз и вкусен десерт.

Состојки:

 Кора:
600гр шеќер
800мл вода
25 полни лажици брашно
4 лажици какао
8 лажици масло
6 лажици џем по вкус
4 лажици сода бикарбона

 Фил:
600гр вишни
300гр шеќер
100мл вода
300гр посен шлаг
100гр посно чоколадо за готвење

 Подготовка:
Во водата го растопуваме шеќерот, го додаваме маслото, брашното промешано со сода бикарбона, какаото и џемот. Добро ги соединуваме и го делиме тестото на три дела
Корите се печат секоја посебно, во правоаголно тавче со димензија 30x40 на 180 Целзиусови степени одприлика 30 минути. Печените кори ги оставаме да се изладат пред да ги филуваме.

Ги вариме вишните со шеќерот и водата. Ги процедуваме, но течноста не ја фрламе. На првата кора ги редиме сварените и процедени вишни. Матиме шлаг со водата, а потоа во третина од него додаваме чаша оладен сок од сварените вишни. Со ова ги премачкуваме вишните па ја ставаме другата кора. Втората кора ја мачкаме со шлаг, ја покриваме со третата кора и целата торта ја премачкуваме со остатокот од шлагот. 


Тортата ја украсуваме со рендано чоколадо. Пред сервирање тортата се става во ладилник за добро да се зацврсти.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 30.Април.2014 во 22:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2014 во 09:34

ПОСНИ ПЕЧЕНИ ПИРОШКИ

1

Состојки
20 гр. квасец
270 мл. вода
црн бибер мелен, по вкус
1 лажичка сол
3 лажици зејтин
1 лажичка шеќер
1/2 страк праз или кромид по желба
од око кисела зелка од расол, ситно сецкана
1 морков
3 чаши од по 200 мл. брашно

Упатство

Тесто:
Се раствара квасецот во водата. Во брашното се мешаат солта и шеќерот. Се замесува тесто кое се домесува додавајки го зејтинот. Треба да добието меко но еластично тесто. Оставете да стаса, премесете го еднаш и повторно нека стаса.
За полнењето:
На оган се пропржува за кратко ситно исецканиот праз, се додава ренданиот морков и ситно насечена кисела зелка, се пржи до нивно омекнување. Се зачинува со бибер. Оставете да се олади.
Оформување:
Tестото поделете го на еднакви делови од кои ќе направите топчиња. Зависи од вас која големина сакате, таа ја правете. Секое топче расукајте го округла форма, ставете по една лажица од филот – подигнете ги краевите и спојте ги.
Наредете ги во плек покриен со пек хартија со тоа што спојниот раб да биде одоздола, оставете да стасаат, а рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени. Печете ги се до нивно заруменување. Уште врели премачкајте ги со зејтин или маргарин, покријте со крпа.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 13:31
Посна пита од кори со спанаќ и праз

Потребно: 1/2 кг. кори, 125 мл. обична вода, 125мл. минерална газирана вода, 1 лаж. шеќер, 1 лаж. сол, 125 мл. масло, коцка пресен квасец, 3 лаж. брашно, 500гр. спанаќ, 1 корен праз.
Подготовка: Во еден сад се става обичната вода, квасецот, шеќерот и брашното. Убаво се меша и се остава да нарасне на топло (од прилика 15 минути). Потоа во него се става минералната вода, маслото и лаж. сол. 
Филот...
Спанаќот се обарува, се цеди со рака и се сецка ситно.
Празот се сецка и се пржи. 
Потоа се посолува по вкус и се мешаат заедно.

Секоја кора се премачкува со смесата и се става од филот се додека не се употребат сите кори. Горе може да се стави сусам за декорација и вкус. Се пече околу 30 минути на 200 степени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,279 секунди.