IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 18>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 12:03
Норвешка е "се или ништо" за сениорите

Сениорската репрезентација на Македонија само еден ден по враќањето од Белгија заминува на патување во правец од каде што и дојде. Вечера оди за Норвешка. Целта на патувањето иста, гостинска победа. Овој пат далеку потешко остварлива. Влогот е ист. Се или ништо и така ќе биде на секој нареден натпревар, под услов да победуваме.

А првата и најважната, можеби решавачката средба на програмата е на 10 јуни во Ставагнер. _ гостуваме на Норвешка. И ние и Норвежаните, свесни дека тука може да се реши се.

Македонија мора да остане непоразена за да ги задржи реалните шанси за пласман на ЕП. Пораз значи дека ќе има само уште една шанса, да направиме нешто што никогаш досега не ни успеало, да го победиме Исланд сред Рејкјавик.

Но, прво Норвешка, објективно со поголеми шанси да се вратат македонските ракометари со надеж за пласман носи дуелот со скандинавскиот состав. Информациите велат дека и тие имаат неколку (четири-пет) измени од составот кој играше на СП. Македонија со исто толку, каде ќе биде поголемо влијанието, ќе видиме наскоро.

Проблемите на Македонија не лежат само во измените во составот. Има повеќе нерасчистени работи во нашиот национален тим.

Вчера беше првиот ден на репрезентацијата под една година команда на Металург, на кој во "Континентал" не се појави ниту еден од вицешампионскиот табор.

Останаа на најавите, со гостувањето во Белгија, "нивното" со репрезентацијата завршува. Во моментов репрезентацијата е во "вакуум". И сите го чувствуваат тоа. Би било вистина чудно тоа да нема одраз на тоа како ќе играме во Ставагнер.

"Имаме големи проблеми", не крие капитенот Кире Лазаров. "Во моментов сме комплетно дезорганизирани, има. Има многу нерасчистени сметки, работи што треба да се решаваат. Не зборувам само за долгови. Ние, играчите, имавме состанок, се договоривме да не правиме никаков притисок, никакви опструкции. Ќе тренираме максимално, ќе дадеме се од себе да ја оствариме нашата цел. Но, вака не е добро. И да се реши се околу моментните финансиски проблеми, останува дека се губи време, дека суштински остануваат проблемите", вели Лазаров.

Репрезентацијата очигледно се наоѓа во лоша моментална позиција. Атмосфера меѓу играчите нема потреба да се создава, тие се долго време заедно, професионалци се, си ги знаат своите задачи, го знаат и влогот. Но, факт е дека никому не му се допаѓа состојбата ваква каква што е.

Сите идентично одговараат на прашањето "како е". Креваат раменици.

Репрезентацијата синоќа замина со автобус до Белград, од таму авионски до Франкфурт па до Ставагнер. По истата рута на 12 наутро би требало да стигне назад во Македонија. На 13 играме со Белгија, дома.

Дали е ова подобро решение отколку од Белгија директно да се одеше за Норвешка е најблаго кажано дискутабилно, но и тоа е резултат на тоа што во моментов се случува таму.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2009 во 18:03
ЕП стана невозможна мисија

Македонија не успеа да дојде до посакуван резултат во норвешкиот Ставангер. Посакуван резултат за Македонија беше реми или победа, се враќаат назад македонските ракометари со пораз од 6 гола разлика, која реално можеше да биде и далеку повисока.

Сега има малку надеж за пласман на ЕП. Теоретски изводливо, но реално Норвешка и Исланд можат да почнат да се пакуваат за пат во Австрија.

Македонија и Норвешка со условно кажано најсилните состави се сретнаа и на мундијалот. Победи Норвешка, тесно. Сега со изменети тимови Норвешка беше супериорна.

Македонија целосно неспремна замина во Ставангер на најважниот меч. Ниту тактички, ниту со игра нити со ништо, едноставно на никаков план не бевме на рамништето на нашиот противник.

Затоа, единствено што успеавме беше да им приредиме убава ракометна вечер на норвешките фанови.

На мечот на кој се решаваше се, се беше решено за десетина минути. И тоа на почетокот. Не се ни испотија Норвежаните, а веќе имаа предност од 4 гола (7:3). Лесно и брзо, ја казнуваа секоја наша грешка, ја користеа секоја дупка во одбраната. Кјетил Странд и Хауард Тведен се наиграа на стартот на мечот. Добро познатиот пикер на Амичитија, Франк Локе си ја играше истата игра, за македонската одбрана и голмани, тоа и овој пат беше нерешлива прикаска.

Селекторот на Норвешка изјави дека се "симнати" сите потези и шутеви на Кирил Лазаров дека единствено ги интересира да го запрат него и по тоа да ги користат нашите грешки за брзи голови. И тоа се чини е едноставниот рецепт кој речиси секогаш "пали". Лазаров навистина во првиот дел успеваше да се снајде, да постигне некој погодок, но не и да ја држи на високо ниво играта. Планот на Норвешка успеваше и тие постојано имаа комотно водство кое им овозможуваше посмирено да ги играат своите комбинации.

Македонија неколкупати успеваше да се доближи на минус три, но тоа беше максимумот на овој меч. Беше очигледно дека не сме тактички подготвени да одиграме игра која не само што ќе ни донесе резултат, туку не бевме блиску ниту да ги исплашиме дека можеме да им ги помрсиме сметките.

Крилата отсечени од игра, пикерот исто. Бековите без посебна идеја. Кирил Лазаров, Мите Стоилов, донекаде и Ангелов. Тука некаде завршува списокот на преодни оценки во нашиот тим за првото полувреме.

Сеедно, на одмор се замина со 4 плус за домашните, што барем на прв поглед даваше некакви шанси.

Сето тоа се смени во вториот дел. Норвежаните целосно го отсекоа Кирил Лазаров во второто полувреме. Без него играта полека почна да се распаѓа. Мите Стоилов (6/6) беше единствената светла точка, но тоа само колку за индивидуално да изгледа подобро нашиот тим. Напорите на Јоноски, Алушевски се сведуваат на исто. Комплетно како тим потфрли Македонија и разликата почна да се зголемува.

На спротивната страна забави Странд, но се разигра Мамелунд, Тведен си продолжи и дури по 11 постигнати гола Ангелов успеа да му "симне" еден шут.

Но, севкупно, Норвешка во еден момент дојде и до плус десет гола разлика (33:23). Дури тогаш Темелковски побара минута одмор. Не дека вината е негова, но останува впечатокот дека безидејно игра тимот, а измените се прават не за нешто да се смени тактички туку од немајкаде се ротираат играчите, со тоа што дел од нив никако да добијат шанса и да истрчаат на теренот. До крајот Норвежаните сакаа и да бидат атрактивни, им попушти дисциплината и благодарение на тоа Македонија стигна до пораз од 6 гола.

Алиби за поразот можат да се најдат многу, виновници уште повеќе, но кога ќе се подвлече црта, се брои само едно. А тоа е дали Македонија ќе оди на ЕП или не.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2009 во 11:51
Убедлив пораз на македонските ракометари од Исланд

Висок пораз на македонската машка ракометна репрезентација на гостувањето против Исланд со резултат 34:26. Домаќините бодрени од 4.000 гледачи со победа го потврдија пласманот на Европското првенство што догодина ќе се игра во Австрија.

Ова беше трет пораз во третиот натпревар на нашата репрезентација против директните конк*ренти за пласман на ЕП, па останува во последниот меч в недела против Норвешка во Скопје да го поправат впечатокот во овие квалификации кои ги завршуваат неуспешно.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2009 во 17:25
Вардар Про ги доби ривалите за првиот праг од ЛШ

Македонскиот ракометен првак Вардар Про ги доби ривалите, а најверојатно ќе биде домаќин на квалификациската група за наредната сезона во Лигата на шампионите.

На денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, „Црвено-црните“ се најдоа во единствената од четирите групи во која ќе се борат четири екипи.

Белоруски Динамо Минск, црногорска Будуќност и турски Бешикташ ќе му бидат пречки на патот до главната фаза од елитното натпреварување, на викенд-турнирот што од 4-ти до 6-ти септември.

Иако хендикепирани поради суспензијата на тренерот Веселин Вујовиќ до декември, вардарци ќе имаат предност во фактот што со ждрепка тие добија можност први од групата да изберат дали ќе ги организираат тридневните борби.

Со оглед на предноста што ја носи домашниот терен, Вардар сигурно ќе ја прифати таквата можност, што ќе му го олесни пробивот меѓу најдобрите европски екипи.

Веќе за шест дена ќе биде ждребот и за главната рунда, која од есен ќе се игра по нов формат.

24 екипи ќе бидат поделени во четири групи од по шест, ќе одиграат вкупно 10 кола, по што ќе има осминафинале, четвртфинале, па на крајот Фајнал-фор турнир.

Napred Vardar!!!!!!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2009 во 13:15
Металург го претставува Червар

Актуелниот вицепрвак, екипата на Металург, вчера означи старт на подготовките за наредната сезона во која цел во првенството ќе биде шампионската титула, во куп натпреварувањето исто така.

На првата прозивка на ракометарите, која ја водеше постоечкиот тренерски тим, присуствуваа сите играчи освен новото засилување, српскиот интернационалец Божидар Маркичевиќ. Тој пред два дена доби син, а од клубот доби дозвола да остане дома еден ден плус. Денеска, како и да е, ќе мора да биде на тренингот закажан вечерва.

Своите планови, амбиции, размислувања и слично Металург ќе ги истакне пред јавноста денеска.

На пладне, во скопскиот хотел "Александар Палас" ќе биде организирана прес-конференција на која официјално ќе биде претставен новиот шеф на стручниот штаб на Металург, хрватскиот селектор Лино Червар. Беше предвидено тој во Скопје да пристигне синоќа, денеска веќе ќе биде во новата улога.

Со тоа и официјално ќе биде ставен крај на сите шпекулации околу неговото доаѓање во Македонија.

Повеќе од еден месец откако првпат јавно беше обелоденето дека постои можност Лино Червар да го преземе Металург се чекаше овој момент. Иако повеќе-помалку се знаеше дека тој ќе биде новиот тренер, со оглед на тоа дека досега јавно немаше потврдено од негова страна, а и од Металург беа прилично резервирани, почна да се јавува и "сомнеж" дека сето тоа ќе биде остварено и таквите "муабети" почнаа да добиваат на интензитет како минуваше времето, а немаше нови моменти.

Денеска, како и да е, ќе биде ставен крај на шпекулациите, а за првпат сезонава на прес-конференција оди Металург. Како ќе изгледа работата на Червар, како ќе го реорганизира тренерскиот тим, па до конечниот изглед на играчкиот кадар и деталниот план на подготовки ќе може да се чуе денеска.

Новиот шеф на стручниот тим на Металург пред играчите ќе се појави на вечерниот тренинг, кој ќе се одржи во салата "Форца" со што и официјално ќе биде означен старт на неговото работење во македонскиот вицепрвак.

Металург во Скопје ќе се загрева до 5 август, ден подоцна почнуваат вистинските подготовки. Екипата ќе патува во Словенија, која стана омилена дестинација на сите поголеми ракометни клубови, па така таму во периодот ќе можат да се најдат и Загреб, Партизан, Босна итн.

Металург во план има потцртано пет контролни натпревари, сите со словенечки екипи, но стои можност и да има мала измена на тој план. Во Македонија се враќа на 18 август, по што се ќе зависи од плановите на новиот главен тренер. Во екипата останува и постојниот тренерски тим.

Доаѓањето на Лино Червар на кормилото на Металург сигурно ќе донесе промени во македонскиот ракомет, на добро. Какви и во која мерка ќе покаже времето, но да се има на клупата тренер кој во џебот има златни медали од светски првенства, олимписки игри сигурно не е мала работа.

Од посебна важност тоа ќе биде за помладите играчи кои допрва треба да се докажуваат, а и севкупно за внатрешната организацијата на клубот и тренерскиот тим.

Со ова и првенството на Македонија, во кое има само еден вистински момент за одбележување, станува далеку поинтересно отколку ланското. Вардар против Металург, Веселин Вујовиќ против Лино Червар. Двата тима се силни, по слободна проценка посилни од лани, останува да се чека 8 август, денот кога ќе бидат познати точните датуми на одигрување на првенствените натпревари меѓу двата најсилни македонски тима.

Годинава, кога во македонското првенство ќе работат споменатите две и тоа како познати ракометни имиња, можеби конечно ќе заживее и тренерската организација. Таа е една од најслабите алки во синџирот на РФМ, на која очајно & е потребно да почне да го враќа загубеното достоинство и да ја замени улогата на "гласачка машина" со добро средена организација која ќе ги штити интересите на ракометните тренери.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 14:09
Вардар Про го освои Добој и 13.000 евра

Ракометарите на Вардар Про се новите освојувачи на силниот ракометен ТВ Турнир на шампионите „Добој 2009“.

Доцна синоќа во финалниот меч против екипата на Босна, нашиот првак славеше со 23:19 и со тоа дојде до првото место на силниот турнир кој изминатава недела се одржуваше во Добој.

Ова е втор успех за „вардарци“ на овој традиционален турнир, откако веќе славеа и во 2003 година.

Покрај првото место, Вардар Про во Скопје се враќа со уште две признанија.

За најдобар ракометар на турнирот награда доби Марко Симовиќ, додека за најдобар голман на турнирот е прогласен голманот на „црвено-црните“, Петар Ангелов.

Вардар Про покрај пехарот, заработи и парична награда во висина од 13.000 евра, која годинава ја добива најдобриот тим на турнирот. Второпласираната Босна доби 7000 евра.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 16:14
Вардар победник на турнирот во Блаце

Црвено-црните финалниот дуел ја декласираа екипата на ОРК Ниш со 37-23 (18-6) Ракометарите на скопски Вардар Про го освоија победничкиот пехар на традиционалниот 15. Mеѓународен турнир „Блаце 2009“ (Србија), откако во финалниот дуел ја декласираа екипата на ОРК Ниш со високи 37-23 (18-6).

Во екипата на Вардар про, повторно доминираше голманот Ангелов со 12 одбрани (три седмерци), кој беше и играч на натпреварот. Ова е втора последователна победа на Вардар про, по неодамнешната на турнирот во Добој.

Во борбата за 3. место, Будуќност, еден од противниците на Вардар Про во квалификациската група за влез во Лигата на шампионите (ЛШ) а совлада Црвена Ѕвезда.

„На паркетот во Блаце оставивме силен и убедлив впечаток со игра, која од повеќе ракометни стручњаци беше пофалена. Во финалето им дадов шанса да играат сите 18 играчи и тие тоа го сторија навистина добро“.- не го криеше своето задоволно по турнирот, тренерот на Вардар Про, Веселин Вујовиќ.

Скопјани денеска во Белград ќе одиграат пријателска средба со романската Стеауа, а утре со Решица од Вршац. Потоа следуваат неколку дена одмор, пред најважното, квалификациите за ЛШ во Скопје.

„Покрај настапот на овие турнири, ние истовремено собираме и информации за нашите противници во Скопје. Будуќност се покажа како тврд орев, екипата на Минск од Белорусија е засилена со повеќе странци, а турската екипа Бешикташ минатата година успеа да ја победи токму Будуќност. Сепак, нашиот мотив е голем и верувам дека со навивачката група „Комити“, ќе успееме да бидеме први во салата на СРЦ Кале“. - оптимист е Вујовиќ.

До финалната пресметка „црвено-црните“ дојдоа откако одиграа нерешено со Црвена Ѕвезда (34-34), а ги победија грчкиот тим Филипос Веријас (36-33) и Будуќност од Подгорица (30-26).



I uste edna titula za RK Vardar

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 01:00
Вардар Про се пласира во Лигата на Шампионите

Успешен викенд зад себе оставија ракометарите на Вардар Про.

На турнирот во кале каде што ги пречекаа прваците на Белорусија, Турција и Црна Гора, вардарци по шести пат изборија место во европската Лига на Шампиони.

Таму веќе ги чекаа екипите на Кил, Барселона, Адемар Леон, Амичитија и Колдинг кои ја дополнуваат д-групата. Сепак, не одеше се така лесно. Посебно непријатен противник требаше да биде Динамо Минск, кој црвено-црните сепак успеаја да го демолираат со 34-24.

Белорусите почнаа подобро, го контролираа речиси целото прво полувреме, нашиот тим дојде до позитива дури во 27-та минута од натпреварот.

Сепак, на одмор се замина со резултат 14-14. Затоа пак, во продолжението вардарци на крилјата на несовладливиот Петар Ангелов целосно го свртеа мечот во своја корист.

Гостите се загубија, негативата се зголеми до две цифри. Ангелов заврши со 18 одбрани зад своето име, најефикасни наши ракометари беа Левов со 6 и Пешиќ и Мараковиќ со пет погодока.

Претходно, Вардар стигна до триумф и во дуелите со Бешикташ и Будуќност, со 33-30 славеше над турскиот состав, 35-28 беше резултатот со кој ги надигравме црногорците.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 11:35
KOMITI&VARDAR-LUDILOOOO!!!!!

http://www.youtube.com/watch?v=ZcfvMbHEIBE

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 01:41

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 11:50

На грчката глупост и нема крај,кои само идиоти се.лутиналутиналутиналутина

 
СКАНДАЛ - ГРУПАТА "А" ОСТАНА СО ТРИ ЕКИПИ ОТКАКО ЕДЕН ОД ТИМОВИТЕ ОДЛУЧИ ДА НЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПАРКЕТОТ ВО САЛАТА "МАКЕДОНИЈА"
Мегас Александрос се откажа

Не можејќи да се помират со фактот дека нема да им биде прифатено барањето Жито Прилеп да го повлече амблемот на клубот, раководството на Мегас Александрос одлучи екипата да не излезе на теренот. Ја вмешаа политиката во спортот и се откажаа од турнирот на кој синоќа требаше да играат против Астра од Ирска.

По два дена минати во Прилеп, екипата на Мегас Александрос одлучи да се откаже од играње на турнирот. Како причина го наведуваат амблемот на клубот Жито Прилеп. Иако беа предупредени од ЕХФ дека ќе ги очекуваат санкции, а тоа е добро познато дека во вакви ситуации тие се ригорозни, во ниту еден момент Гркинките не се поколебаа и одлучија да останат на ставот да го напуштат турнирот.

Неспортскиот потег со мешањето на политиката беше причина тие да се откажат од играњето и синоќа да ги остават љубителите на ракометот во Прилеп со еден натпревар помалку во салата "Македонија". Така ќе биде и денеска и утре бидејќи ќе се игра само по еден натпревар во денот.

После овој потег на Мегас Александрос сигурно ќе следува суспензија за тимот од натпреварите во Челенџ купот, но и парична казна. Ова секако не оди во прилог на спортот и е срамен чин кој го направија гостите од Грција со што само покажаа дека во моментов им е повеќе до политиката отколку до спортското надигрување.

Екипата на Мегас Александрос денеска би требало да го напушти Прилеп. Синоќа беше потпишано дека се откажуваат од играње, но останаа уште една ноќ во градот, па денеска најверојатно ќе си заминат. Нивните натпревари, пак, ќе бидат регистирани со службен резултат.


ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА МЕГАС АЛЕКСАНДРОС ПРОВОЦИРАА ОТКАКО ДОЈДОА ВО ПРИЛЕП, ПА СЕ ДО НИВНОТО ЗАМИНУВАЊЕ

Грците бараа да се повлече амблемот

Пред вчерашниот старт на женскиот турнир од Челенџ купот, чиј домаќин е екипата на Жито Прилеп се случи скандал. Кој друг би можел да го предизвика ова, ако не Грците, кои одново во спортот ја вмешаа политиката.

Претставникот на Мегас Александрос, на техничкиот состанок побара да се повлече амблемот на домаќинот, Жито Прилеп, оти содржи сонце со 16. краци. За да се дојде до вакво нешто немаше шанси бидејќи претставниците на Жито Прилеп не попуштија во ниту еден момент. Затоа делегатот Штефан Југ од Словенија мораше да направи консултации со одговорните во ЕХФ. Оттаму беа категорични дека амблемот е клупски и не е државен, па провокациите од грчкиот претставник не дадоа резултат. Жито Прилеп, само доби потврда дека има право и понатаму да го употребува своето лого и да го користи во натамошните натпревари.

"Никој нема да ни кажува како треба да изгледа нашиот амблем, кој е преземен од спонзорот. Сонцето не е сопственост на Грците. Познато е дека тие само смислуваат провокации, но не доаѓа предвид да попуштиме", категоричен е Оливер Деркоски, претседател на прилепскиот клуб.

Прилепчаните во ниеден момент не беа подготвени за никакво попуштање. Сметаат дека во прашање е достоинството и не дозволуваат некој да си поигрува кога сме на домашен терен. Грците само покажаа дека не знаат да се однесуваат спортски ниту на еден ваков настан и покажаа дека ја мешаат политиката онаму каде е најмалку потребно, во спортот.

"Не ни треба никаков Челенџ куп, ако сме понижени. Ако случајно ни наложеа да го повлечеме амблемот, ќе го откажевме турнирот без секунда размислување. Додека траеше расправијата, украинската Дњепрјанка и ирската Астра немо ги следеа расправиите. Без коментар се и судијките од Полска и Турција, како и супервизорот од Австрија. Само креваат раменици бидејќи воопшто и не знаат во што е проблемот. Сите се чудат на овие бесмислици кои се појавија во момент кога е најмалку потребно. Дојдоа за да играат ракомет, а ја вмешаа политиката. Затоа додека тие се занимаваат со политика, нам ни останува да се свртиме кон играта и таму да извојуваме голема победа", истакнува Деркоски.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2009 во 13:41
Металург го пречекува Вардар Про во дербито од 4-то коло

А пред дамите да го окупираат паркетот во Кале, вниманието на домашните ракометни љубители ќе биде свртено кон салата во Автокоманда.

По кратко одложување поради евронастапите на Вардар Про, првото дерби соочување сезонава ќе се игра на теренот на Металург, утре од 18.30. и годинава најголемите конк*ренти се среќаваат рано во сезоната, по 3 одиграни кола го делат врвот на поредокот со по 9 бода.

Сепак, благодарение на ривалството што се разгоре последниве неколку години, борба сигурно нема да недостасува.

Црвено-црните до 7-от шампионски наслов лани, стигнаа благодарение на 2 победи во 4-те пресметки, другите 2 завршија без победник.

Уште подраматично беше годината пред тоа, кога со само 1 триумф, а 3 нерешени дерби-средби, металурзите се радуваа на 2-та титула првак на Македонија.

Интересно, куп-трофејот по навика завршуваше кај тимот што ја губеше првенствената битка.

Најочекуваниот дуел во домашниот ракометен шампионат првпат ќе го почувствува и Лино Червар, најголемото засилување на предизвикувачот.

Во моментите кога вардарци потфрлаат во натпреварите со континенталниот крем, од него се очекува успешен старт на кампањата за враќање на пехарот во Автокоманда.

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 20:18
Sho napravi Vardar so Kiel?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 17:35
Изгуби како и секогаш .




Добро бе до кога со судии ќе ги земате утакмиците во Битола се спасивте ама затоа од Металург ја добивте
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.