IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Семејно насилство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Семејно насилство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 17>
Автор
Порака
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 02:51
ДА А МАЈКИТЕ КОЈ СЕ НЕЗГРИЖЕНИ?
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 03:00
па зависи до случајот.........
можеби и мајката да е причинител за насилство
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 21:53
Добро е да се знае дека жртвите на семејното насилство имаат каде да се обратат ,кога ке соберат доволно храброст да го напуштат својот дом.

Помош за жртвите на семејно насилство во скопскиот Центар за социјална работа


Кога топлиот дом станува пекол

Советувалиштето ќе нуди директна психосоцијална поддршка за сите жртви и помош во доменот на превенцијата, советувањето и кризната или посттрауматската интервенција


Повеќе од една деценија 32-годишната Н.Н. живее во вистински пекол, секојдневно трпејќи ја невидената тортурата на сопругот алкохоличар. На почетокот молкум ги криела модринките и на телото и во душата мислејќи дека сето тоа е минливо. Потоа обичните шлаканици преминале во ќотек до изнемоштеност, имало и скршеници, но, кога тој почнал да ги тепа и децата, почнала да размислува да го напушти. Слушнала дека постојат институции кои им помагаат на жртвите на семејно насилство и таа сега со нивна помош се обидува да најде вистинско решение за својот проблем.
Н.Н. е една од 614 новоевидентирани случаи жртви во 2008 година, од кои 528 се жени, 17 деца, а 69 жртви се припадници на посилниот пол. Според статистиките, секоја втора жена во Македонија е жртва на психолошко, секоја петта на физичко, а секоја десетта на сексуално насилство.
Сите тие најчесто бараат помош во Центрите за социјална работа на Министерството за труд и социјална политика кое има воспоставено и мрежа на засолништа за заштита и згрижување на жртвите во Скопје, Куманово, Битола Охрид, Струмица и Кочани.
Од вчера, пак, во просториите на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје почна да функционира и првото Советувалиште за работа со жртви на семејно насилство кое ресорното Министерство го отвори во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ и со финансиска поддршка на Министерството за социјална работа на Австрија.

На отворањето, министерот Џељаљ Бајрами истакна дека Советувалиштето ќе нуди директна психосоцијална поддршка за сите жртви и помош во доменот на превенцијата, советувањето и кризната или посттрауматската интервенција.
- Ова е еден значаен чекор во превенцијата и заштитата на жртвите на семејното насилство. Од денеска тие ќе имаат на располагање стручен тим кој ќе работи со нив индивидуално и групно, рече Бајрами.
Австрискиот амбасадор во Македонија Алојз Краут истакна дека австрискиот закон за семејно насилство се смета како еден од најдобрите во ЕУ и дека претставува одличен пример за соработка меѓу Владата на Австрија и невладините организации.
Јасмина Фришчиќ од ЕСЕ најави дека советувалиштето ќе работи по четири часа секој ден од понеделник до петок.
Отворањето на Советувалиштето е во рамки на реализацијата на активностите од Националната стратегија за заштита од семејно насилство 2008-2011

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 06:42
Posledica od losh izbor, trpeno semejno nasilstvo ili neshto treto, no ushte edna mlada zena zavrshi kobno, a edno detence ke raste bez majka

Танески го призна злосторството
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 01:22
 И повторнотага
 
Маж ја истрижал и ја истепал сопругата


Средновечен скопјанец си ја претепал својата сопруга а потоа и ја истрижал косата, за што вчера бил кривично пријавен од полицијата


Средновечен скопјанец си ја претепал својата сопруга а потоа и ја истрижал косата, за што вчера бил кривично пријавен од полицијата. Инцидентот се случил на почетокот на овој месец, во семејниот дом на сопружниците на улицата "Босна и Херцеговина", во Скопје. Тогаш избила расправија во домот на скопјаните, сопругот ја претепал жената а потоа заканувајќи и се дека ќе ја убие зел ножици и и ја истрижал косата. Извесно време по семејната трагедија жената заминала в болница, каде скопските лекари и констатирале скршеница на левата надлактица. Оттаму по санацијата на повредите, жената случајот го пријавила во најблиската полициска станица. Ова е само една од сликите кои се секојдневие во македонските семејства. Убиства, тепања, силувања и закани со оружје не се само сцени од филм туку реалност и бројки што се во пораст, што го прави семејното насилство да претставува проблем со кој се соочуваат сите општества, вклучително и македонското.

Во последнава година бројките покажуваат дека се бележи тренд на опаѓање на бројот на поплаки, но зголемување на бројот на кривични пријави, што покажува дека конечно свеста за постоење на семејното насилство расте и граѓаните стануваат свесни за инструментите кои им стојат на располагање, а жртвите свесни за методите и можностите за нивна заштита, објаснуваат од МВР.

Експертите велат дека домашното насилство има големо влијание врз развојот на децата што можеби самите и не биле физички малтретирани, но биле сведоци на насилно однесување помеѓу родителите. Според статистичките податоци, дури во 70 отсто од случаите децата биле сведоци на насилство. Како жртви на семејното насилство најчесто се јавуваат сопругите, а полицијата во првото полугодие регистрирала 686 такви случаи. Во 538 случаи жртви биле родители, а настрадале и 259 деца. Четири малолетници биле жртви на малтретирање и запуштање, а други десет биле одземени од еден од родителите.

Според резултатите од децениското истражување на семејното насилство во земјава, дури 86 отсто од насилниците биле мажи, а само 14 отсто жени.
Во половина од случаите насилниците биле алкохоличари, а една третина од жртвите биле на возраст од 25 до 35 години. Невработените жени биле изложени на насилство почесто отколку вработените, а 44 отсто од жртвите биле во брак. Неретко семејното насилство може да кулминира со убиство на насилникот од страна на жртвата. Според министерството за труд и социјална политика, кампањата бара заедничка акција на сите релевантни фактори во рамките на државите и владите што мора да го откријат, спречат и казнат секој случај на насилство, бидејќи според статистиката, во Европа секоја четврта жена била барем еднаш претепана, секоја 10-та силувана, а многу не ги преживеале насилствата.

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 06:41
Има ли нешто погрдо кога оној кој треба да го штити членот на семејството му нанесува повреди и го злоупотребува?
Во Струмица чичко силувал 13-годишна внука
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2009 во 19:32
Децата очајно бараат помош





За 25 отсто пораснал бројот на регистрирани телефо- нски јавувања на деца кои се пожалиле дека нивните родители сексуално и психички ги малтретирале. Од вкупно 360 јавувања во текот на една година, дури 140 биле од деца кои биле сексуално малтретирани од родителите.
Анализата на повиците, која по повод 17 мај - светскиот ден на СОС-линиите ја направи првата детска амбасада „Меѓаши“, вели дека најголемиот број од јавувањата во центарот биле од деца кои се пожалиле дека се жртви на своите родители. Според нив, во 2008 година бројот на деца кои пријавиле силување од домашните пораснал за една четвртина во однос на 2007 година. Во првите пет месеци од 2009 година, центарот интервенирал во три случаи на телефонски поплаки од силувани деца.
Експертите, пак, сметаат дека овој пораст на малтретирање и силување се должи на динамичното време, стресот, насилството на телевизија и развојот на порноиндустријата.
- За пет месеци полицијата напиша осум кривични пријави за родители кои сексуално ги малтретирале своите деца, а во нашиот центар имавме три повици од малолетници кои биле силувани - вели Драги Змијанац од „Меѓаши“.
Тој дополни дека последната година центарот добил и 123 повици за семејно насилство, што е за околу 10 отсто повеќе во однос на претходната година.
- Функцијата на СОС-телефоните е од огромно значење и важност бидејќи тие претставуваат значаен механизам на поврзување со децата, што овозможува гласот на секое дете да биде слушнат. Нивната мисија е да одговорат на детските потреби за грижа и заштита. Добро е да се знае дека од помошта и поддршката, децата ги дели само еден телефонски повик - вели Змијанац.
Професорот по криминологија и пенологија Љупчо Арнаудовски ги храбри децата кои ги пријавуваат злосторниците и се јавуваат на СОС-линиите, но потсетува дека силувањето на малолетниците не е новост и дека таквите кривични дела се случувале и порано само што за нив луѓето молчеле.
- Насилството врз децата и најблиските постоело отсекогаш, но изгледа „популарно“ затоа што денес за него се зборува отворено. Луѓето гледаат насилни сцени и ги применуваат, од друга страна порноиндустријата масовно се развива. Сето тоа има влијание - вели Арнаудовски.

Проблемите на училиште се намалуваат

Статистиката зборува дека во последнава година во СОС-центрите се регистрирани околу 9 отсто повеќе повици за помош за затегнати семејни односи, но и речиси 4 отсто повеќе повици за помош за правни работи. Во последнава година драстично е намален бројот на деца кои пријавиле училишни проблеми или побарале финансиска помош.


...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2009 во 10:36
Се надевав дека навистина повеке нема ....

Вистинска драма се случувала во домот на 14-годишно момче во селото Сарај, струмичко, откако непоканет в куќа му влегол неговиот 36-годишен сосед К.Р.

Според полицијата, таму биле две момчиња на возраст од 13 и 14 години. Со употреба на физичка сила и закани по нивните животи, тој врз нив извршил полови дејства и на домаќинот, 14-годишно момче, со закани му наредил со мобилниот телефон да го снима настанот.

Половите напади врз деца се болни теми меѓу жителите, особено во селските средини, затоа жителите на Сарај не сакаа да го коментираат овој случај.

Сексуалното малтретирање на децата било откриено при обидот да се направат фотографии од настанот во едно фото студио.

Силувачот пред истражните органи се бранел дека е невин. Според него, децата го поканиле да си играат сексуални игри.

Од синоќа тој е во 30-дневен притвор. Ова е трет случај на полов напад врз дете откриен годинава во струмичко.

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 01:35
Originally posted by marija1000 marija1000 напиша:

Се надевав дека навистина повеке нема ....

Вистинска драма се случувала во домот на 14-годишно момче во селото Сарај, струмичко, откако непоканет в куќа му влегол неговиот 36-годишен сосед К.Р.

Според полицијата, таму биле две момчиња на возраст од 13 и 14 години. Со употреба на физичка сила и закани по нивните животи, тој врз нив извршил полови дејства и на домаќинот, 14-годишно момче, со закани му наредил со мобилниот телефон да го снима настанот.

Половите напади врз деца се болни теми меѓу жителите, особено во селските средини, затоа жителите на Сарај не сакаа да го коментираат овој случај.

Сексуалното малтретирање на децата било откриено при обидот да се направат фотографии од настанот во едно фото студио.

Силувачот пред истражните органи се бранел дека е невин. Според него, децата го поканиле да си играат сексуални игри.

Од синоќа тој е во 30-дневен притвор. Ова е трет случај на полов напад врз дете откриен годинава во струмичко.

Како додаток
Откога случајот бил пријавен во полиција, педофилот бил пронајден и уапсен. Според податоците на Министерство за внатрешни работи, секоја недела во Македонија се пријавувааат еден до два случаи на сексуална злоупотреба на деца и млади. Македонија ја промени законската регулатива и максималната казна сега е доживотен затвор. Изречени се повеќе казни од 15 години затвор, а максималната казна е доживотен затвор ако станува збор за сексуална злоупотреба извршена на свиреп начин со тешки физички и психички последици. Казните во европските земји се ригорозни.

Данска донесе закон за хемиска кастрација на лица кои сексуално злоставувале деца и млади, а обиди за донесување на овој закон има и во Полска и Хрватска. Во Македонија се почесто се откриваат случаи на педофилија, односно сексуална злоупотреба на деца до 14 годишна возраст. Многу често децата не зборуваат за сексуалната злоупотреба затоа што добиваат закани од педофилот или пак имаат чувство на вина. Децата, жртви на педофилија, имаат трауми што многу тешко се надминуваат.

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 08:36
Дали нашите закон се преблаги ,па и понатаму ќе читаме за вакви грозоморни случкитага
 

НОВ СЛУЧАЈ НА ПОЛОВ НАПАД НА ДЕТЕ


Кумановец силувал десетгодишно девојче


Педесетгодишен кумановец извршил полов напад над десетгодишно девојче откако успеало да го намами во својот дом.

Случајот во полиција, во текот на вчерашниот ден, го пријавила мајката на девојчето откако тоа и раскажало што и се случило додека била во куќата на С.И.

Според пријавата, С.И. кој бил сосед со бабата на девојчетото, истиот ден пред 12 часот се јавил кај бабата и ја замолил да ја прати внука и да му купи и донесе цигари. Малолетничка купила цигари, но кога отишла кај него дома со цигарите, С.И. ја повикал внатре. Откако девојчето влегло, сексуалниот насилник и рекол да го масира по глава, по што почнал да ја допира по телото и да и ги соблекува алиштата. Исплашеното девојче за грозоморниот настан и раскажало на својата мајка.

Кумановската полиција по пријавата на случајот против С.И. му поднела пријава за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 12:13
 
 
  Уште една причина повеќе, да се запрашам ...има ли Бог ??? Го гледа ли тој сево ова ??? Ако не можат ова да го средат институциите, барем  ТОЈ нека им пресуди на ваквите ,,изроди,,   тага
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2009 во 12:21
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

 
 
  Уште една причина повеќе, да се запрашам ...има ли Бог ??? Го гледа ли тој сево ова ???
 
Уште една причина повеќе да веруваш дека Бог се објавил преку Библијата која уште пред 2000 години ја прорекла оваа изопаченост кај луѓето во овие "последни денови".
 
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

  
 Ако не можат ова да го средат институциите, барем  ТОЈ нека им пресуди на ваквите ,,изроди,,   тага
 
Бог ќе им суди и на поголемите изроди, и на помалите, и на големите грешници, и на малите, а верувај нема ниту еден безгрешен. Сите ќе бидат судени од Бог, освен оние што се покајале за своите гревови и чија пресуда за нив ја плати Исус Христос.


Изменето од EvAngelos - 27.Јуни.2009 во 12:27
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
NiNa1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Love and peace

Регистриран: 07.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 13795
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NiNa1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2009 во 12:36
lele najstrasno e semejno nasilstvo
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2009 во 09:16
Semejno nasilstvo koe reperkuiralo so smrt?!тага
Син го убил татка си со железна прачка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.