IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 105106107108109 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 21:32

Kои знаци најмногу си одговараат во креветот?

Лавовите се палат на жесток секс, Скорпиите се назаситни, Близнаците и Овните се мајстори за секс набрзина, Водолиите и Јарците сакаат секси играчки...Што зборуваат хороскопските знаци за нашите сексуални афинитети?

koi-znaci-najmnogu-si-odgovaraat-vo-krevetot-1

Овен
Сака да покажува доминација во креветот. Сексуална енергија има на претек и е многу страстен. Ги сака сите пози во кои може да диктира темпо и да го потчини партнерот. Добро се согласува со сите водни и воздушни знаци.

Бик
Исклучително е сензуален и креативен и има неверојатна дарба да почувствува што е она што му одговара на партнерот и што најмногу го возбудува. Ги сака сите пози и долга предигра. Посебно му одговараат личности родени во знакот на Скорпија, како и другите водни знаци.

Близнаци
Иако не спаѓа во групата на сексуални знаци, сепак знае да изненади. Најсилно оружје на овој знак е моќта на заведување. Сака да зборува во тек на сексуалниот однос. Му одговараат акробатски пози, а одлично се вклопува со Стрелец и Водолија.

Рак
Исклучиво емотивен, Ракот најпрво треба да го сака партнерот кој ќе го одведе во кревет за да може да покаже што умее. Во спротивно, нема да биде доволно инспириран. Ги сака сите пози во кои може да биде што поблизу со партнерот. Најмногу му одговараат земјени знаци.

Лав
Желбата да биде најдобар не го напушта ни во сексот – секогаш е спремен на сè. Сака жесток и активен секс и пози во кои ќе може сè да набљудува. Си одговара со Овен и Вага.

Девица
Овој знак има тешкотии додека се опушти во креветот, па затоа најмногу сака класични пози, како што е мисионерската. Добро се согласува со Јарци и Риби.

Вага
Ужива во заведување и многу бара од партнерот. Смета дека го заслужува најдоброто, а исто така и го дава најдоброто. Сака пози во кои ќе може да ги истакне нејзините способности. Се согласува со Водолии и Овни.

Скорпија
Во врската на овој знак, сексот е сè, па затоа во креветот е повеќе од  добра. Сака невообичаени пози. Си одговара со Бик, Риби и Рак.

Стрелец
По природа е ладен и некреативен, па затоа сака конзервативни пози и пози во кои партнерот ќе доминира. Си одговара со Скорпија, Бик и Рак.

Јарец
Во креветот е многу слободен и оригинален, но склон е кон чести авантури. Го возбудува сè, посебно провокативен изглед. Најмногу сака пози во стоење. Му одговараат сите огнени и воздушни знаци.

Водолија
Овој знак во сексот сак ада експериментира. Она од кое другите се срамат, нему му е привлечно. Го возбудува шепотење на уво. Се вклопува со Близнаци и огнени знаци.

Риби
Во креветот знаат да создадат вистинска магија. Посебно ги возбудува мазење на стапалата и страстен бакнеж. Ги сакаат сите градни пози. Најмногу им одговараат Ракови, Скорпии и Девици.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 21:35

horoskop-koj-e-aktiven-a-koj-umee-da-zdivne

Овните не здивнуваат до последниот атом сила, Близнаците имаат време за спорт кој за нив е тест на издржливост. Неуморните Лавови преферираат колективни спортови, Јарците наоѓаат време за музика и книга.

Секој знак од Зодијакот на свој начин се бори со стресот, благодарејќи и на својата природа, потребата од спорт и начините на кои успева да го „амортизира“ стресот.

И додека огнените знаци никогаш не здивнуваат и се борат до последниот атом сила, припадниците на водените и земјените знаци умеат да се одморат исто онолку колку што умеат да работат.

Овен
Вашиот живот е полн со возбуда и немате ниту момент одмор. Енегрични сте и активни до граница на издржливост, но со своето однесување ризикувате потполно да се исцрпите и да бидете под стрес. Со несмален жар се занимавате со спорт и со други физички активности во што редовно претерувате бидејќи не ги познавате границите на својата физичка издржливост. Поради недостаток на време, ја запоставувате вашата духовна и интелектуална страна. Денот од 24 часа е прекраток за припадниците од вашиот огнен знак.

Бик
Со вашиот знак владее Венера, планетата на уживањето, така што кога се одморате, вие навистина се одморате, а кога работите, не кревате глава од работа. И покрај нагласената потреба од уживање, многу сте успешни во решавањето на практичните животни проблеми. Иако ја обожувате природата, не сте љубители на спортови кои бараат поголем физички напор. Меѓутоа, на интелектуален план многу сте активни, а хоби ви е читањето или собирањето антиквитети. Шетањето и патувањата најдобро ви го ублажуваат секојдневниот стрес.

Близнаци
За претставниците од вашиот знак проблем е паузата со која што собирате сила за некои работи и потфати. Но, таа пауза е корисна бидејќи ви помага да го избегнете стресот кој што може да се јави поради преоптовареност од обврски. Секогаш сте под некој притисок, но тој брз ритам не и одговара во потполност на вашата физичка конституција. Иако се занимавате со спорт, тоа го правите за да ја покажете својата издржливост. Често ги менувате спортовите затоа што бргу ви досадуваат. Интелектуално сте многу активни и на тој план никогаш немате потреба од пауза.

Рак
Сензуални сте и подложни на делување на околината, но умеете да се прилагодите кон луѓето и средината во која се наоѓате. Иако не сте премногу активни, партнерот кој е активен може да ве мотивира. Сепак способни сте со својата енергија и одрекувања да ја победите повремената молчеливост. Ако го следите својот вроден инстинкт, веројатно доброволно би останале дома помеѓу четири ѕида. Сакате да читате и обожувате мирен одмор во кој собирате сила за нови работи.

Лав
Како и сите огнени знаци, активни сте и неуморни во сите области од животот. По природа сте ентузијаст и оптимист, постојано изнаоѓате нови работи и се трудите да ги унапредите своите идеи и на приватно и на деловно поле. Се плашите од досада и неред кои за еден претставник од вашиот знак се нешто најлошо што би можело да му се случи. Сакате колективни спортови кои ви овозможуваат да се дружите со луѓе, но исто така ве интересираат и игри во кои треба да ги вклучите и вашите интелектуални способности.

Девица
Секогаш морате да се чувствувате корисно и не сакате своето време да го трошите на бескорисни работи. Во секој момент сакате да бидете ангажирани и да дадете сè од себе за тоа што го работите бидејќи многу ви е важно мислењето на околината. Ја следите секоја иницијатива за да не се оддалечите од друштвото кое многу ви значи. Поради честото чувство дека сте распнати на сто страни, не успевате потполно да се остварите ниту на една. Затоа кај вас може да се јават различни фрустрации и чувство на неприпаѓање.

Вага
Кај вас се менуваат периоди на голема активност и потполна пасивност. Одите од крајност во крајност, па можете да се изгубите во набљудувањето на залезот на сонцето, за веднаш потоа да се вратите на работата со целата своја енергија. Така го спојувате убавото со корисното и потполно ги користите моментите на работа и моментите на одмор. Одморот ви служи за полнење на батериите кои немилосрдно ги трошите во работните напори. И тоа е за вас најдобриот начин да ги амортизирате стресот.

Скорпија
Сакате да живеете онака како што сте замислиле и како што ви доликува, па се трошите без многу да размислувате за своето здравје. Секогаш сериозно се фаќате за работа, посветувајќи и дел од своето слободно време. Од време на време ве фаќа период на неработење после кој со уште поголем жар се враќате на градење на својата кариера. Ако се занимавате со спорт, барајте активност која не бара рано станување и напорни тренинзи. Сакате да се чувствувате интелектуално надмоќни и на тоа поле секогаш сте активни.

Стрелец
Главно сте многу активни, динамични и вредни. Не ретко ви завидуваат на големата неисцрпна енергија која ви овозможува да се занимавате со спорт и истовремено да вршите голем број други работи. Никогаш не се одморате и секогаш во сè морате да бидете први, поради што можете да страдате од премор и нервози. Напнатоста и бројните обврски кои самите си ги наметнувате ги трошат вашите нерви. Сепак, благодарејќи му на вашиот оптимизам, секогаш успевате да пронајдете решение.

Јарец
Амбициозни сте и вредни, па никогаш не се штедите на работа, но и кога ви е потребен одмор. Умеете да го трошите и своето слободно време. Вложувајќи многу физичка и психичка енергија, својата сила ја насочувате кон кариерата. Во слободното време читате добра книга, слушате музика, разгледувате интересна изложба, се занимавате со она што може да го збогати вашиот интелект и да ве заштити од стрес. Секој слободен момент го користите за духовно да се издигнете, што за вас преставува начин да го ублажите стресот.

Водолија
Никогаш не го запоставувајте интелектот и постојано го доградувате го и збогатувате. Отворени сте за нови знаења и сакате необични идеи, комуникација со угледни луѓе, друштво со оние кои се со различна социјална припадност. Повеќе сакате мирни спортови кои не бараат многу напор за да се дружите со луѓе од различни социјални слоеви. Сакате патувања, особено во егзотични краеви за да го запознаете животот и обичаите на другите народи. Тоа ве релаксира.

Риби
После тешкиот ден на работа, својата сила ја обновувате со долг сон, така избегнувајќи ги секојдневните стресни ситуации. Не сте особено посветени на спортот, особено не на оној кој бара многу напор. Заинтересирани сте за сè што ве стимулира. И додека другите се изложуваат на напорни ситуации, вие настојувате да разработите интересни идеи и замисли. Подготвени сте да се жртвувате за болните, немоќните, тоа ве регенерира и опушта.



Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 21:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 21:39

Млади сте и полни со амбиции, но дали сте размислувале какви ќе бидете во староста? Благодарение на датумот на кој сте родени, според хороскопскиот знак откријте какви особини ќе имате кога белите влакна ќе ве совладаат.

kakva-starost-go-ocekuva-sekoj-horoskopski-znak-01

Овен

Припадниците на овој знак ни во староста нема да се откажат од спортот, а во случај на болест ќе станат страшно досадни. Ќе се обидат да го задржат темпото на живот како и во младоста.

Бик

На Биковите и староста им се врти околу материјалното богатство. Овој знак нема лесно да ги дели своите пари, а во случај на материјално сиромаштво, Биковите лесно ќе станат огорчени и незадоволни стари лица.

Близнаци

Близнаците се друштвени личности и заради тоа и во старите години ќе сакаат да бидат опкружени со пријатели. Ако до себе имаат брачен партнер со нивно темпо, тогаш никогаш нема да им биде здодевно. Доколку се случи да останат сами, нема да им биде потребно долго време за да ги обноват старите познанства.

Рак

Цели живот се чувствителни, па тоа нема да се промени ниту во доцните години. Доколку имаат големо семејство, како баби и дедовци ќе сакаат да се опкружени со своите најмили, а во спротивно ќе чувствуваат голема меланхолија.

Лав

Своите вистинити, но понекогаш претерани приказни ќе ги споделува с о сите. Ако нешто навистина постигнале во животот, Лавовите ќе се погрижат тоа да го знаат сите. Во староста ќе обожаваат покрај себе да имаат некој кој постојано ќе ги слуша нивните пофалби и сеќавања.

Девица

Девиците ќе се занимаваат и ќе уживаат во секоја ситница. Доколку имаат срежен брак, во староста ќе се однесуваат како да ја живеат младоста. Девиците сакаат да имаат домашна аптека, од која сè ќе им биде на дофат.

kakva-starost-go-ocekuva-sekoj-horoskopski-znak-02

Вага

Припадниците на овој знак идеалната старост ја гледаат во хармоничниот брачен живот. Најлошо ќе им биде доколку прерано останат сами, затоа што љубовта и искреноста се она кон што се држат целиот живот, така што сè останато ќе им биде помалку важно.

Скорпија

Кога ќе ги победат сите животни битки, Скорпиите ќе сакаат да се посветат на решавање на проблемите за кои порано немале време. Никогаш нема да ги победат годините, па заради тоа секогаш ќе останат авантуристи кои ќе живеат и ќе се прилагодуваат на моменталните животни стандарди.

Стрелец

Голем број на мудри совети ќе бидат заштитен знак на Стрелците во староста, затоа што тие најмногу сакаат да мудруваат на животните теми. Постои можност да се повлечат во себе, но нивниот ведар темперамент секогаш ќе ги надвладува.

Јарец

Случајот со Јарците ќе биде како вино - што постаро, тоа подобро. Овој знак ќе живее со полни гради и тогаш кога борите ќе го престигнат, а големи се и шансите дека ќе се препушти на уживањата за кои немал време во младоста.

Водолија

Водолиите се водат по правилото дека никогаш не е доцна да се научи нешто ново. За нив нема да постои класична старост, затоа што никогаш нема да се почувствуваат дека се неспособни или изморени за било што. На овој знак никогаш нема да му биде здодевно во староста.

Риби

Некои Риби ќе бидат доста здодевни, но сепак со текот на времето ќе научат дека и староста има свои предности. Само Рибите знаат како да уживаат во мрзеливоста и бавниот начин на живот.

kakva-starost-go-ocekuva-sekoj-horoskopski-znak-03



Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 21:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 21:41

Сексот е важен сегмент во секоја врска, а многу луѓе сонуваат за некои идеи кои понекогаш се плашат да ги споделат. Затоа, прочитајте ги скриените желби и страсти на сите хороскопски знаци и исполнете ја скриената желба на вашиот партнер/вашата партнерка.

otkrijte-gi-fetisite-na-sekoj-horoskopski-znak-01

Овенот мора да почувствува адреналин, па утринскиот секс му е одлично задоволство. Девојките го сакаат нежното повлекување по косата, а мошусот многу може да помогне во стимулирањето на Овенот.

Биковите сакаат страствено и силно бакнување, а уште ако е по вратот? Вистинско излудување. Не е лошо покрај Бикот да има чоколадо кое делува како одличен афродизијак.

Близнаците сакаат брз секс, а и оралниот се наоѓа на самиот врв на нивните задоволства. Ако имате при рака секси играчка, искористете ја. Близнаците се многу храбри кога станува збор за сексот.

Ракот обожава да го допирате по стомакот и градите, а играњето на секси улоги му е посебно забавен. Верувале или не, ако Ракот го однесете на некое тајно место, од вас ќе очекува огномет од страст и љубов.

Лавот е вистински егзибиционист и неизмерно сака да ужива во сексот на плажа, гре**њето и грицкањето, а доколку употребите комплимент на оваа тема, Лавовите ќе ви ги исполнат и најскриените желби.

Девицата има доза на вкочанетост и срам, но всушност сака врзување за креветот. Секако, набавете секси долна облека која Девиците ја обожаваат и на себе и на партнерот/партнерката.

Вагата не е баш повлечена како што изгледа, а нејзината скриена ерогена зона е задникот. Ако само тој е откриен, а целото тело покриено со секси чипка, уште подобро.

Скорпиите не сакаат многу да размислуваат на тема секс. Тие ја користат секоја шанса, без разлика дали се работи за секс во вода или на јавно место.

Стрелецот е склон кон авантури, па затоа како и Скорпијата ќе ги покаже своите сексуални способности во секое време, на секое место. Ги сака кратките авантури и обожава кога е дел од некоја секси претстава со улоги и костими.

Јарецот постојано размислува за секс во висина, па сексуалните фантазии најчесто му се одвиваат на некоја планина или авион, со добар поглед.

Водолиите сакаат безобразни разговори и идеално знаат да ги одржат. Телефонскиот, онлајн сексот, како и групниот се нивен избор, а не им пречат ниту секси играчки.

Рибите имаат малку чудна ерогена зона – стапалата. Тие се познати воајери на кои не им е ништо страшно доколку ги снимаат своите сексуални искуства, напротив, тоа е нивен најсилен афродизијак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 08:47
Оваа 2014 година ќе биде многу возбудлива година за родените во знакот на Овен. Во последните неколку години Овенот се бори на многу полиња. Годишниот хороскоп, продолжува да покажува напредок, како и можност, целиот напор во 2014 година конечно да се исплати.

godisen-horoskop-za-2014-godina-oven-01

Значајна година за кариера и финансии, како и позитивна внатрешна мотивација. Поработете малку повеќе во некои области кои излегле од рамнотежа. Мора да обрнете поголемо внимание на балансот.

Работа и пари:

Не почнувајте веднаш да ги трошите парите, но 2014 година изгледа како одлична година, што се однесува на парите.

Многу сте работеле, па подгответе се за наплата! Многу од вашите проекти, идеи и професионални зафати ќе дадат резултати токму во оваа 2014 година. Тоа може да значи дека е време за унапредување, скок во кариерата, па дури и можност за развивање на професионалните идеи и планови.

Кога се работи за работа и пари, 2014 година е ваша година. Повеќето ваши способности ќе дојдат до израз уште во првата половина на годината, па затоа целете високо.

Гледајќи го годишниот хороскоп на Овен во 2014 година, може со сигурност да се каже дека нема причини за колебање, кога сè што замислувате звучи како одлична идеја.


Љубов, семејство, пријатели:

Понекогаш, успехот во една област значи малку поголем ангажман во друга. Според годишниот хороскоп за Овен, 2014 година покажува дека семејните и интимните односи ќе бидат затегнати во првата половина на годината. Всушност, може и да излезат од контрола.

Бидете подготвени цврсто да ги држите во раце макар и најмалите ситници и несогласувања поврзани со семејството или саканата личност. Игнорирањето на малите знаци на предупредување може да доведе до големи проблеми.

Ако сакате хармонија во 2014 бидете подготвени да разговарате за проблемите. Подгответе се да ги решавате проблемите на кои ќе наидувате, не оставајте ништо на случајност.

Годишниот хороскоп за Овен во 2014 покажува дека постои реална можност, доколку дојде до драматичен момент во првата половина на годината на љубовен план, остатокот од годината нема да наидувате на големи препреки.

godisen-horoskop-za-2014-godina-oven-1

Здравје:

Годишниот хороскоп за Овен во 2014 година покажува дека работите изгледаат одлично во поглед на здравјето. Искористете ја оваа состојба уште повеќе да го вежбате телото, срцето и умот.

Хранете се здраво, вежбајте и обезбедете му на организмот доволно сон. Ова е година кога може да се обидете во некој нов спорт за кој сте размислувале во последно време или да одвоите малку време за себе и да ја исфрлите негативната енергија преку вежби.

Пронајдете соодветен начин за да ја канализирате негативната енергија, грижете се за своето тело и 2014 година ќе се покаже како добра година и за вашето здравје.

Позната личност во знакот на Овен - Лејди Гага

RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 08:49
Тврдоглави, но трпеливи, Биковите оваа година ќе бидат подготвени за секоја олуја која ќе ја доживеат. Првиот дел од годината ќе ви донесе борба за работа и пари, додека здравствените проблеми ќе ви создаваат конфузија во текот на целата година. Добрата вест е што љубовта и интимноста ќе ги одржувате на одлично ниво, па ќе имате безрезервна поддршка.

godisen-horoskop-za-2014-godina-bik-01

Работа и пари:

Според овогодинешниот хороскоп, Бикот ќе има непријатности на работното место кои ќе ги предизвика самиот. Сепак, добро е да запаметете - грижите за работата или долговите нема многу да ви помогнат.

Наместо тоа, сконцентрирајте се на своите најдобри квалитети и верувајте дека сте во состојба да одработите одлични нешта! А, ако не успеете, повторно започнете од почеток.

2014та година ќе биде добра година за усовршување на нови вештини и развој на нови способности.

Можеби ќе се изненадите, но од месец јануари па се до мај ќе имате шанса да постигнете огромни успеси. Не си дозволувајте да се сомневате сами во себе и да излезете од играта.


Љубов, семејство, пријатели:

Она што сигурно ќе го добиете оваа година е поддршка од вашите пријатели, семејството и саканите личности.

Годишниот хороскоп за Бик покажува дека ова е година на вашите романтични врски. Вашата способност да комуницирате и да се доверите на својот партнер, допринесува до зацврстување на љубовните врски.

Исто така, довербата која ви е на високо ниво, ќе си го направи своето.

Ако сте во кратка врска, не избрзувајте со интимата, туку трудете се што подобро да се запознаете. Дозволете им на страстите да паузираат и овозможете им спонтан тек на случувањата.

Имате повеќе од доволно пријатели, но сепак ќе запознаете неколку нови во месец мај и јуни.

godisen-horoskop-za-2014-godina-bik-02

Здравје:

За Биковите ретко постојат предизвици на кои не можат да одговорат. Биковите се познати по својата тврдоглавост, па затоа никогаш не се откажуваат. Искористете ја оваа особина и кога ќе се борите со своето здравје.

Покрај тоа, пристапувајте им логично на задачите. Што е она што ви успева, а што не? Правете ги оние работи кои ви даваат позитивни резултати и елиминирајте ги оние кои резултираат со негативни последици.

Годишниот хороскоп за Бик покажува дека има шанса да се откажете од некои задоволства во чест на здравјето. Најважно е да не дозволите тврдоглавиот став да работи против вас.

Позната личност во знакот на Бик - Адел

godisen-horoskop-za-2014-godina-bik-03
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 08:56
Кој е злобен, арогантен и вечно ги потценува луѓето, а кој опсесивен, нападен и невротичен? Во овој хороскоп ќе дознаете каков карактер навистина имате!



Овен - злобни гадови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Сето тоа е најверојатно резултат на малиот пенис, или минијатурните гради. Болни посесивци кои на партнерот би му ја одземале целата слобода, а себе би си дозволиле харем љубовници. Секогаш целат кон неосвоиви тврдини и не познаваат пораз сè додека комплетно психички не бидат уништени. Многу се несредени во мозокот, скокаат за сè и сешто и се што ќе замислат мора да биде така, не тактизираат, а ги нервира чекање.
Истакнат Овен: Адолф Хитлер


Бик - самозадоволни, ќутливи, полни себе, здодевни како клуб на филателисти. Ним сè им е супер и немојте да ги мачите со вашите проблеми затоа што тие немаат сопствени.
Истакнати Бикови: Јосип Броз Тито и Садам Хусеин


Близнаци - главни оговарачи, трачари, издаици и превртливци со двојни мислења кои се менуваат на секои 10-15 минути. Веројатно и самиот Јуда бил Близнак во хороскоп.
Истакнат Близнак: Џон Кенеди


Рак - посесивни лудаци, се навредуваат ако не сте им посакале „добро утро“ со правилна интонација, го менуваат расположението како ќе им падне на памет.
Истакнат Рак: Џорџ Буш


Лав - арогантни, вечно потценуваат, полни со големи планови од каде на крајот корист ќе извлечат само за себе - не им е гајле за другите.
Истакнат Лав: Слободан Милошевиќ


Девица - опсесивни невротици кои се ослободуваат од стресот чистејќи по дома, средувајќи алишта, или кинески порцелан - премногу цепидлачат и ништо не им е доволно. Не познаваат љубов, кај нив не постојат емоции и сè води кон секс. Ако некој знак се смета за проститутка - тогаш тоа е овој.
Истакната Девица: Мајкл Џексон


Вага - нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател. Потребна им е цела недела да се одлучат дали ќе нарачаат Кока-Кола, или Пепси, толку се мрзливи - вистинско чудо е како воопшто стануваат од кревет. Знаат да сакаат само ако сте финансиски истакнати. Зборот пријател за нив не постои, колку и да им се отворите нема да добиете ни приближно еднакво за возврат затоа што тие само внимателно слушаат, а не ги отвораат своите карти. Подраги им се 1.000 убави лаги, отколку една болна вистина, затоа се најуспешни во лажењето, па дури и кога се лажат сами себе.
Истакната Вага: Владимир Путин


Скорпија - самосожалувачи и деструктивци, неможат да се поднесат самите себе, па затоа повлекуваат уште 100 луѓе со себе. Ако утре е крај на светот, тие не би се шокирале, веројатно би го дочекале со садо-мазо оргии. Смртта не им е ништо страшно, се палат на крв и сè она кое на обичните смртници им е језиво. Ги следи карактеристика на љубоморно посесивни психопати.
Истакната Скорпија: Хилари Клинтон


Стрелец - штеточини и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмот им е толку голем што за нив и оживување на мртвите е возможно - нормално само ако тие го прават тоа. Не признаваат дека го познаваат чувството на тага. Не стапувајте во брак со Стрелец никако, затоа што и кога е уверен дека ве сака, тоа ќе му помине за месец дена.
Истакнат Стрелец: Сталин


Јарец - вистински робови, веруваат потполно во судбина, зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел живот, да бидете во брак, а никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат. Чувствата незнаат да ги искажат со зборови, па наместо „те сакам“ често може да ве дочека со „губи се“. Би си ја продале душата за друштвен статус.
Истакнат Јарец: Стипе Месиќ


Водолија - вулгарни и непристојни перверзњаци, секогаш се мешаат во приватниот живот на останатите. Веројатно не би ве зачудил фактот дека најмногу шпиони од ЦИА се токму Водолија во хороскоп.
Истакната Водолија: Карла Дел Понте


Риби - самосожалувачи, досадни, чекаат да дојде некој да ги утеши. Неможат ни да отидат во ве-це без туѓа помош, и најмала ситница ја гледаат како врвна сензација, па им досаѓаат на луѓето наоколу. На пауза, кога се со добра волја, се занимаваат со туѓите проблеми и повторно паѓаат во депресија - и така во круг.
Истакната Риба: Осама Бин Ладен
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 09:02
Покрај ексклузивните неделни хороскопи, овој пат решивме да ве освежиме со еротски хороскоп кој ќе ви помогне да се "загреете" во деновите кои...



...ни доаѓаат. Погледнете каков е вашиот избраник, што сака вашата сакана личност и како да ја освоите.

Овен

Овновите се луѓе кои постојано бараат акција и партнер кој ќе може да го следи нивниот брз живот. Секогаш сами превземаат иницијатива, не се срамат да го направат првиот чекор и секогаш знаат што сакаат, поготово во кревет. Партнерот мора да биде доволно јак за да може да му се спротивстави, но и трпелив за да
може да ги поднесе сите темпераментни активности и авантури на кој ќе биде подложен. Познати се како освојувачи за брзо време и не ја пропуштаат можноста која им се укажува. Брзо се “палат” кога некој им се допаѓа, но и многу брзо се ладат и лесно забораваат. Со текот на годините повеќе ја ценат љубовта и кога вистински ќе се заљубат се верни партнери на кои можеш да им се довериш.

Омилен мирис: парфеми со мирис на ванила
Кој им одговара? Со неограничена енергија Овновите најмногу си одговараат со Лав и Близнаци. Долги пријателства можат да имаат со Водолија.
Боја со која освојува: црвена
Место за водење љубов: теретана, базени, стадиони
Омилена храна: тестенини
Афродизијак: ванила
Ерогени зони: околу усните, вратот
Цвеќе: лале

Бик

Биковите се бескрајно романтични, но подеднакво сакаат страствена врска и авантура. Лесно можете да ги освоите со изглед и слатки зборови за да им го подигнете егото, но вистински ги привлекуваат мускули и добар парфем. Имено, Биковите сакаат се да пробаат, помириснат и допрат па добриот парфем е неопходен.

За успешно партнерство со Бик треба да имате многу големо трпение. За да започнат сериозна врска им треба многу време да размислат, но кога конечно ќе се одлучат за една личност, подготвени се да направат се за да имаат мирна врска или брак. Сексот им е многу важен и за него одвојуваат многу време.

Омилен мирис: интезивни парфеми со ориентални нијанси
Кој им одговара? Биковите имаат добра врска со Јарци и Девици. Најдобри пријатели бараат во Раковите, додека Водолиите ги фасцинираат, но поради различниот карактер, не можат да се сложат.
Боја со која освојува: виолетова
Место за водење љубов: парфимерии, ресторани
Омилена храна: пршута
Афродизијак: масло во комбинација од маслиново масло, ментол и темјан
Ерогени зони: врат, раменици, образи
Цвеќе: јоргован

Близнаци

Типичните Близнаци ретко дочекуваат старост со првиот партнер со кого стапиле во сериозна врска или брак. Иако сакаат мир и сигурност, не поднесуваат досада и имаат потреба за промена на партнерите. Созревајќи може да станат верни, но многу тешко одолее на предизвиците.

Поради желбата за промени бараат партнер кој е подготвен да помине низ различни турбуленции, а со текот на времето учат дека љубовта и сигурноста вредат повеќе од предизвиците и новостите.
Близнаците брзо запознаваат нови луѓе и така нови пријателства и врски. Најмногу ги влечат весели луѓе кои покажуваат љубопитност и кои се спремни за дискусија. Тие се мајстори за забава за една вечер.

Омилен мирис: цветен со нијанси на лимон
Кој им одговара? Најдобро се сложуваат со Ваги и Водолии, додека бурни односи имаат со Лавовите, а никако не може да ги смислат Шкорпиите и Рибите кои се премногу чувствителни
Боја со која освојува: светло сина, жолта
Место за водење љубов: на пат
Омилена храна: суши
Афродизијак: кавијар
Ерогени зони: гради, рацет
Цвеќе: магнолија

Рак

Раковите сакаат да се впуштат во авантура за една ноќ, но потајно се надеваат дека ќе ја сретнат љубовта на животот, принцот на белиот коњ. Истоврмено се љубоморни и великодушни па склони се кон постојано менување на расположение. Саканата особа спремни се да ја носат на раце, но поради најмала ситница можно е веќе утре да ја одбијат.

Типичен рак можете да освоите со нежни и романтични сигнали, кои ќе им дадат доволно храброст да се препуштат. Копнежот за доверба и нежност кај раковите е далеку по изразен отколку кај другите знаци па нив е најлесно да ги воодушевите со едноставна вечера на свеќи и разбирање. Покрај авантурите, тежнеат кон постојани врски затоа што не сакаат да бидат сами во животот.

Омилен мирис: женствен, цветен мирис
Кој им одговара: Најдобро си одговараат со Шкорпија и риби, добро се сложуваат со бикови, а никако не одговараат со овни
Боја со која освојува: сребрена
Место за водење љубов: езеро, море, прошетка, пикник, набљудување ѕвезди
Омилена храна: салата со шкампи, ореви
Афродизијак: целер
Ерогени зони: гради, уши
Цвеќе: лилјан, ирис

Лав

Совршената комбинација од заводлив талент и ловечки инстинкт го прават Лавот посакуван и неодолив. Кога ќе успее да ги сокрие "канџите" и со разум да го победи нагонот за импулсивни реакции, води мирен живот и се труди да ја усреќи личноста за која се грижи.

Заљубените Лавови се нежни, дарежливи и лојални, а поради честите непромислени акции, често се одлучуваат на брак дури и по кратка, страствена врска. Лавот сака да освојува и да да превзема иницијатива, па не смеете да му се нудите како лесен плен. Ако партнерот му досадува постојано, Лавот може брзо да изгуби интерес.

Омилен мирис: ретки и одбрани мириси
Кој им одговара? Со неограничена енергија Овновите најмногу си одговараат со Лав и Близнаци. Долги пријателства можат да имаат со Водолија.
Боја со која освојува: златна
Место за водење љубов: зоолошка градина, шума
Омилена храна: бифтек
Ерогени зони: нозете
Афродизијак: тартуфи
Цвеќе: сончоглед

Девица

Девиците најповќе се дружат со културни и образовани луѓе, а нови пријателства и контакти остваруваат многу внимателно и по детална анализа. Повлечени се и не ретко се затвораат дома, па им е потребен партнер кој ќе им ја разбие монотонијата. Ги привлекуваат убаво оформени мускули и длабоко деколте, сакаат весел дух и богато животно искуство.

Бараат посветен и оптимистички партнер во кој ќе имаат многу доверба со оглед на тоа да и тие самите не се толку уверени во сопствените способности. Тие сексот го сметаат за најприродната работа на светот, а за добра врска и брак треба многу повеќе од авантура и површни работи.

Омилен мирис: едноставни, благи мириси
Кој им одговара? Девиците ги обожаваат Биковите и Шкорпиите, додека Близнаците ги нервираат и ги сметаат за неискрени.
Боја со која освојува: Сива
Место за водење љубов: музеј, книжара, кино
Омилена храна: њоки
Афродизијак: качунка
Ерогени зони: лактови, колена, папокот
Цвеќе: гарденија

Вага

Шармантните Ваги се добродојдени гости на сите забави. Секогаш се во тек со најновите случувања и точно знаат што се случува наоколу. Атрактивни се и љубезни па секогаш имаат многу обожаватели и понуди околу нив. Вагите ги ценат внатрешните вредности, но сепак им е важен и надворешниот изглед.

Многу внимание посветуваат на естетика, ја следат модата и луксузот, а истото го бараат и од другите. Поради високите очекувања тешко пронаоѓаат партнери за подолга врска, но кога ќе ја најдат личност нивната исклучителна адаптибилност им овозможува да ја одржат онаа врска која ќе ја започнат. Никогаш целосно не затвораат врата пред нови познанства па оние кои ги обожуваат никогаш не се сигурно во тоа дали ги освоиле или не.

Омилен мирис: сите ексклузивни парфеми
Кој им одговара? Со Лав може да си ја остварат желбата за живот полн со луксуз. Квалитетни односи развиваат со Близнаци и Водолии кои се поденакво адаптибилни, додека Овновите им се премногу груби, а Раковите премногу чувствителни.
Боја со која освојува: сите нијанси на розевата боја
Локација за љубов: трендовски и монденски места
Омилена храна: лосос
Афродизијак: пиперка
Ерогени зони: нозете, колковите, стомакот
Цвеќе: ружа, каранфил

Шкорпија

Животното мото на Шкорпијата е "се или ништо" па подобро времето да го потроши сам отколку на површни работи и односи. Тивка е, но е многу суптилен осовојувач кој е упатен во сите тајни на заведувањето и знае како да пружи незаборавно сексуално уживање. Шкорпијата можете да ја освоите со билети за концерт на класична музика или со карти за патување во некој од европските градови кои се престолници на културата.

Шкорпијата бара целосна посветеност и внимание од партнерот, љубоморна е и не поднесува конкуренција. Поради стравот од покажување емоции во некои моменти се чини за премногу ладен, а во друга ситуација е комплетно различен и страствен. Овој знак сака лојалност и искреност, а неверството не го заборава ниту пак го опростува.

Омилен мирис: интезивни и необични мириси, цимет
Кој им одговара? На Шкорпиите им годат нежните Ракови и Риби, додека Лавовите на почетокот им се интересни, но потоа им здодеваат. Не се сложуваат со Бикови.
Боја со која освојува: Црна
Место за водење љубов: музеј, концерт, патување
Омилена храна: смокви
Афродизијак: рузмарин
Ерогена зона: задникот
Цвеќе: Орхидеја

Стрелец

Модниот зависник - Стрелецот ретко пропушта шанси кои животот му ги пружа. Поденакво бара љубов и забава за една вечер, но искрено верува во среќен крај во стилот на Холивуд приказните. На Стрелците обично им е потребно подолго време за да ја пронајдат вистинската љубов, бидејќи тие тешко го подаруваат своето време и тело, а уште потешко срцето и чувствата.

Потребата за слобода кај Стрелците е во постојан конфликт со љубовниот живот, желбата за стабилност лесно може да прејде во страв од сериозна врска. Стрелецот сака високо ниво на адреналин па може да се воодушеви од лудо возење на мотор или "банџи џампинг". Долг, но сигурен пат до неговото срце е преку пријателството.

Омилен мирис: комбинации со мошус
Кој им одговара? Успешни врски може да имаат со Овнови, Лавови и Водолии, а голем проблем се јавуваат во односите со Девици.
Боја со која освојува: бордо
Место за водење љубов: луксузен хотел
Омилена храна: шкампи
Афродизијак: вербена
Ерогена зона: надколеници
Цвеќе: Бегонија

Јарец

Процесот на созревање кај Јарецот обично трае многу долго. Во младоста е разигран и неоптеретен, но затоа води богат сексуален живот во годините кога другите веќе не размислуваат за најубавата работа на светот. Бракот го чини Јарецот топол и посветен родител, додека самците повеќе се ориентирани на кариера и успех. Песимистичкиот поглед на светот е црната карактеристика на која потенцијалниот партнер мора да се навикне.

Јарците имаат големи очекувања и од себе и од другите, па сепак никогаш не се задоволни. Сакаат амбициозни луѓе, а нивната доверба најмногу може да се придобие со сериозен разговор за заедничка иднина.

Омилен мирис: сандалово дрво
Кој им одговара? Биковите и Девиците се добри партнери за Јарците, а Стрелците сепак им се премногу авантуристи за иден заеднички живот
Боја со која освојува: сите земјени бои
Место за водење љубов: голф терени
Омилена храна: филети од најубавото месо
Афродизијак: каранфил
Ерогена зона: колена
Цвеќе: Нарцис

Водолија

Водолиите по правило треба да се држат на јаже. Иако живеат за љубов, им треба доволно простор и слобода за да ги оствари сите своие креативни идеи и планови. Сакаат се што е необично и немирно, ги фасцинираат контраверзни личности, а контакти ги прави под многу необични околности.

Сите оние кои се луде заљубени во Водолија, мораат да имаат на ум дека таа не може без промени и повремени изненадувања. Не очекуваат огномет и романтична вечер секој ден, но монотонијата им оди на живци. Водолиите се одлични во кревет, ги мрзат ритуалите и ги прескокнуваат сите вообичаени пози.

Омилен мирис: мистичен, необичен, портокал или лубеница
Кој им одговара? На водолиите најповеќе им одговараат Близнаците и Вагите бидејќи и оставаат доволно простор, со Стрелците се можни возбудливи авантури, а подаелку се држат од Лавовите.
Боја со која освојува: сина
Место за водење љубов: планетариум, концерти
Омилена храна: манго, папаја, пилешко
Афродизијак: женсен
Ерогени зони: потколеници и листовите
Цвеќе: кактус, ирис

Риби

Таинствените риби знаат како да ги заинтригираат другите и да остават впечаток на неизвеност. Никој неможе да знае со сигурност дали се вистински заљубени или не, а понекогаш ни самите не се сигурни во своите чувства. За љубов сонуваат и денски така што им е потребен некој кој ќе ги спушти повторно на земја. Дури по подолго време му се препуштаат целсно на партнерот, а во врска бараат многу нежност и трпение.

Можете да ги освоите со нежност и зрелост. Не се склони кон превземање иницијатива затоа што се срамежливи и премногу сакаат кога ги освојуваат. Најмногу од се уживаат во дочекување на зајдисонцето со партнерот, убав разговор во романтична атмосфера.

Омилен мирис: таинствен, јасмин
Кој им одговара: Рибите се сложуваат со Јарци и Ракови, а никако со Девици и Бикови
Боја со која освојува: сина, лила
Место за водење љубов: саем, црква, продавници
Омилена храна: телешко
Афродизијак: анасон
Ерогени зони: нозе, стапала
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 09:06
Секој хороскопски знак се нервира за различни нешта. Ова е листа од обични и секојдневни работи кои секој знак одделно најмногу го нервираат.

sto-go-izluduva-sekoj-horoskopski-znak-01

Некои од знаците имаат и заеднички работи кои ги нервираат, тие сигурно би се разбрале меѓусебно.

Овен

- Луѓе кои ги влечат нозете кога одат

- Невозвратени телефонски повици

- Кога не им работи мобилниот телефон

- Луѓе кои цел ден го минуваат на Фејсбук

- Луѓе кои не преминуваат веднаш на главното

- Луѓе кои не знаат да играат

- Кога доцнат автобуси, авиони, возови

- Луѓе кои се облекуваат немарно

- Народна музика



Бик

- Фалбаџии

- Хаос и неорганизираност

- Искината облека или скинато копче

- Лоша храна

- Кога некој ги игнорира

- Да зборува во јавност

- Луѓе кои не користат дезодоранс

- Шеги на нивна сметка

- Да излезат наивни

- Брза храна



Близнаци

- Луѓе кои немаат смисла за хумор

- Да не се во центарот на вниманието

- Расипани часовници

- Лошо вино

- Тесни чевли или фармерки

- Луѓе кои бавно зборуваат

- Луѓе кои бавно одат

- Песимисти

- Зависници

- Расипани електронски апарати



Рак

- Кога е претопло

- Волна која ја иритира кожата

- Спиење на кауч

- Луѓе кои стигнуваат прерано

- Луѓе кои се облекуваат лошо и неуредно

- Да бидат критикувани на кој било начин

- Насилни филмови

- Да ги изгубат очилата

- Луѓе кои ги крадат нивните „5 минути“



Лав

- Луѓе кои се облекуваат подобро од нив

- Луѓе кои имаат подобар автомобил од нив

- Да бидат игнорирани

- Некој намерно да ги прави љубоморни

- Да биде на место што е премногу ладно

- Да бидат мокри

- Да ги тераат да прават нешто што не сакаат

- Кога мора сончев ден да помине затворен дома

- Кога им кажуваат дека треба малку да забават

- Кога им кажуваат дека не сметаат да флертуваат



Девица

- Неуредни и неорганизирани луѓе

- Луѓе кои не им возвраќаат на повици

- Луѓе кои не носат часовници

- Луѓе кои не им враќаат забелешки

- Губење време на Фејсбук

- Луѓе кои не зборуваат граматички правилно

- Луѓе кои често се колнат

- Емоционални сцени

- „Стенд ап“ комичари

Вага

- Луѓе кои бараат да ја намалат музикатѕа

- Луѓе кои јадат нездрава храна

- Отпадоци во природата

- Луѓе кои крадат цвеќиња

- Луѓе кои се груби кон животните

- Луѓе кои не им возвраќаат на повикот

- Врски за една вечер

- Лоша фризура

- Луѓе кои користат дрога



Скорпија

- Луѓе кои често позајмуваат од нив и никогаш не им враќаат

- Љубовници кои не можат да доживеат оргазам

- Кога партнерот ги прави љубоморни

- Кога некој е подобро од нив во она што го прават

- Да ги озборуваат

- Да ги обвинат за неверство, дури и ако е точно

- Помодарство

- Луѓе кои тврдат дека имаат духовни моќи



Стрелец

- Кога доцнат авиони, возови, автобуси

- Кога не лета во прва класа

- Луѓе кои постојано се жалат

- Луѓе кои се плашат да ризикуваат

- Кога ќе ги обвинат дека не знаат да работат со пари

- Луѓе кои очекуваат од нив да се појават на состаноци навреме

- Злоставување животни

- Нарушени човекови права



Јарец

- Луѓе кои се расфрлаат со пари

- Луѓе кои бараат позајмици

- Луѓе кои не враќаат нешто позајмено

- Луѓе кои не ги воспитуваат правилно децата

- Луѓе кои не си ја завршуваат работата за која се повикани

- Луѓе кои не ја затвораат пастата за заби

- Читање поезија

- Кога треба некого да возат

- Лоша фризура



Водолија

- Луѓе кои се облекуваат досадно

- Лоша храна

- Да зборуваат за минатото

- Психијатри

- Трачеви

- Непрактични луѓе

- Кога другите не им се лојални

- Кога се отфрлени од друштвото

- Да ги валкаат рацете



Риби

- Кога е премногу топло

- Да ги изгубат очилата

- Загадена вода

- Луѓе кои прегласно се смеат

- Луѓе кои бегаат од караници

- Алкохоличари

- Автомобили кои непотребно трошат енергија

- Бавни возачи
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 08:08

Близнаците обожаваат градови кои никогаш не спијат, Лавот го привлекуваат места каде што има спортски натпревари и фестивали на пиво, Скорпиите сакаат да уживаат во егзотични дестинации...

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-01

Дознајте според хороскопот во кои градови би требало да живеете.

Овен

Вашиот немирен дух ве влече кон градовите со богат ноќен живот, како што е Буенос Аирес. Но, ви одговараат и градови во кои се одржуваат големи спортски манифестации, фудбалски натпревари, автомобилски трки, тениски турнири како Париз, Лондон, Њујорк, Мелбурн.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-1

Бик

Иако сте големи љубители на природа и села, вас ве привлекува и Ориентот, Истанбул, Каиро, Александрија. Поради добрата храна и добрите забави може да ве воодушеват и Барселона и Лос Анџелес.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-2

Близнаци

Обожавате градови кои никогаш не спијат како Њујорк, Копенхаген, Милано, Стокхолм, но и приморските места во кои никогаш не може да ви биде досадно. Такви се Херцег Нови, Ница, Кан, Лидо ди Изоло.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-3

Рак

Претставниците на овој знак уживаат да се одмораат покрај вода, во близина на море, езеро или река. Затоа, вистински избор за вас се Цирих, Женева , но и космополитскиот Сиднеј.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-4

Лав

Вас ве привлекуваат градови кои се домаќини на големи спортски настани, но и фестивали на пиво. Како љубители на раскошот и гламурот вам ви одговараат места со добри забави како Монте Карло, Париз, Ница, Барселона, Њујорк и Лас Вегас.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-5

Девица

Добро се чувствувате во Краков, древната Атина, раскошниот Париз и преубавата Будимпешта, каде во некој ресторан во центарот на градот читате весник, пиете кафе и уживате во слатките.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-6

Вага

Најмногу вам ви одговараат градови на море во кои се одржуваат големи уметнички манифестации, музички и филмски фестивали, модни ревии и изложби. Такви градови се: Рим, Венеција, Милано, Ница, Кан и Пекинг.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-7

Скорпија

Секогаш сте подготвени да запознаете некоја нова култура или егзотична дестинација. Вам ви одговараат шпанските и италијанските градови, особено Сицилија, а ве привлекуваат и Чикаго, Њујорк и Рио де Жанеиро.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-8

Стрелец

Ниедно место вам не ви одговара во целост, бидејќи сакате промени. Ви се допаѓа спој на модерното и традиционалното, градови со раскошна архитектура во кои има културни и спортски случувања.  Најмногу ви одговараат Мадрид, Рим, Барселона и Палма де Мајорка.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-9

Јарец

Љубители сте на историјата и ја почитувате традицијата, па вам, освен родното месо, ви одговараат и Лондон, Единбург, Кардиф. Градови во кои може да уживате во разгледувањето на средновековни замоци.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-10

Водолија

На вашиот сензибилитет одговараат модерни градови во кои се живее брзо, како Амстердам, Хонг Конг, Њујорк, Париз, Берлин и Санкт Петербург.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-11

Риби

Ви одговара близината на водата, а најмногу океанската. Сакате мали градови без многу гужва, како Валете на Малта, градовите на Сардинија, Малдивите, Азурниот Брег, Куба и големи градови како Сиднеј.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-12

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 15:36

Секој е секси на свој начин, но карактерно, според хороскопот постојат 3 знаци кои важат за вродено сексипилни.

koi-se-trite-najseksipilni-horoskopski-znaci

Можете ли да претпоставите за кои станува збор?

Скорпија

Најсексипилен знак во целиот зодијак. Ако некогаш сте запознале некој во овој знак, знаете дека има неодолива моќ за привлекување. Мистеријата со која се окружени не остава никого рамнодушен. Тие се храбри, доверливи и заводливи.

Лав

Лавот ќе направи се за вас, и секогаш ќе бидете во центарот на вниманието. Лавот ги прави работите секогаш подобро од другите. На сопствен начин заведува и излудува, има најубава насмевка на светот и тело создадено за флерт.

Рак

Раковите се тешки за освојување, но уште потешко и ќе ги преболите. Ќе ве привлечат за кратко време, ќе ви влезат под кожа и нема бегање. Ќе ве сакаат од срце, а сексот со Раковите е незаборавен.


голема насмевкаВажно јас спаѓам во еден од трите наведени



Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 15:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 16:56

Близнаци

Обожавате градови кои никогаш не спијат како Њујорк, Копенхаген, Милано, Стокхолм, но и приморските места во кои никогаш не може да ви биде досадно. Такви се Херцег Нови, Ница, Кан, Лидо ди Изоло. 

Tokmu taka!!!!!!

Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 21:32
Originally posted by zverka_ zverka_ напиша:

Близнаци

Обожавате градови кои никогаш не спијат како Њујорк, Копенхаген, Милано, Стокхолм, но и приморските места во кои никогаш не може да ви биде досадно. Такви се Херцег Нови, Ница, Кан, Лидо ди Изоло. 

Tokmu taka!!!!!!


A Џорџе Петров го заборави голема насмевка
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 22:39

Каква харизма имаат хороскопските знаци?


Секој човек има своја единствена харизма која го прави различен од останатите. Но, астролозите велат дека луѓето кои припаѓаат на ист хороскопски знак имаат слична харизма.

ОВЕН
Овните се искрени и спонтани, а исто така и многу доминантни. Таков е и првиот впечаток кој го оставаат – бучен и впечатлив. Сепак, во нивната детска искреност и наивност, тој прв впечаток најчесто е многу мил и придонесува луѓето лесно да ги засакаат.

БИК
Биковите секогаш сакаат да остават добар впечаток. Но, ретко преземаат иницијатива, па можно е на прв поглед да изгледаат резервирано и строго.

БЛИЗНАЦИ
Одлично се снаоѓаат со контролата врз емоциите, а од друга страна се непресушен извор на забава. На нивниот шарм и духовитост тешко е да се одолее, а емоционалната резервираност создава мистерија за секого.

РАК
Раковите се многу чувствителни и многу често го менуваат расположението, па поради тоа може да остават прв впечаток на неискрени личности. Сепак, со тек на време овој впечаток не е тешко да се поправи, бидејќи воопшто не се такви какви што изгледаат на прв поглед.

ЛАВ
Генерално, Лавовите се одбивни при првата средба поради нивната претерана самодоверба и фалење. Сепак, нивната искреност и детска наивност, исто како и Овенот, лесно ќе направи да ви се вовлечат под кожа.

ДЕВИЦА
Девиците се перфекционисти, па првиот впечаток за нив е дека се строги, што и не е далеку од вистината. Но, кога искрено љубат некого, тоа го прават со цело срце, па нивната строгост е во втор план.

ВАГА
Вагите мислат дека се совршени и мошне лесно можат да залажат некого дека се токму такви – но, само за кратко време.

СКОРПИЈА
Скорпиите се големи заводници. Кај истиот пол најчесто оставаат негативен прв впечаток поради нивната доминантност, но пак, за спротивниот пол се вистински магнет бидејќи се многу силни личности. Сепак, кога некој ќе ги повреди, одмаздата е неизбежна.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците се енергични и храбри знаци полни со самодоверба, но не и со егоизам, што ги прави едни од омилените во друштвото. Тие се подготвени да ризикуваат, но кога навистина ќе се заљубат, партнерот го чуваат подобро од сопствените очи.

ЈАРЕЦ
Јарецот е уште еден строг знак кој не се оддава лесно на емоциите, а првиот впечаток за него најчесто е негативен. Кога подобро ќе го запознаете, ќе сфатите зошто е таков и кои му се приоритетите во животот, а кога ќе одвои време за вас уште повеќе ќе го цените.

ВОДОЛИЈА
Водолиите се ексцентрични и провокативни, а во исто време весели, што ги прави многу привлечни и шармантни. Со нив никогаш нема да ви е здодевно и секогаш ќе ви недостасува нивното друштво.

РИБИ
Рибите се многу емотивни, а ако ги фатите во таквите моменти, може да бидат многу здодевни. Но, кога ќе ве засакаат, лесно ќе најдат начин за да ви влезат под кожа.


Train hard,Fight easy !
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 105106107108109 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.