IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 102103104105106 242>
Автор
Порака Обратен редослед
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:44
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Ке пишам овде нешто што ми се врти во памет од вчера.Знаете веке што се случи и цело време паметот ми е таму.Но една работа ја мислам и толку ми е мило за тоа.Мајка ми на работа (кога одеше сега е дома на боловање веке подолг период)имаше колега Албанец...Откако го познавам јас тој човек секогаш  бил со нас и во добро и во лошо.Моите одеа и на свадба кога правеа неговата сестра или пак брат..Тој доаѓаше за Нова Година кај нас, за Велигден особено никогаш не забораваше да дојде да ни честита празник....ни носеше баклава за Рамазан..ептен беа блиски пријатели со моите и тој и неговата фамилија, и сеуште сме.Кога и беше роденден на баба ми, памтам, ако не можеше да дојде ке и пратеше торта по такси...тагаА баба ми до последен момент го спомнуваше него....Вчера, за погребот, тој се фати за едната страна на сандукот да ја носи ....и она што ми остана во памет бешеБеа тоји неговата сопруга. И двајцата влегоа во Црква и запалија свеки да и го осветлат патот и се помолија за нејзината душа. Јасно, не се прекрстија и не бација икона...но како што запалија свеки така и на крај од молитвата и читањето на Евангелието од Јован, тие се поздравија со неа како што ние тоа го правиме.Навистина секоја им чест, значи пријателствата немаат граници.И сепак ке речам, било и ке биде тоа така, не е битно која вера сме и која националност...додека се има разбирање кој во што сака нека си верува, тоа си е негова лична работа и НЕ СМЕЕМЕ мегу себе да се јадеме за тоа. Можеби некогаш ми сметаше тоа, не велам не...Но мислам дека човек кој верува искрено во Бога нема да ги гази другите вери туку ке остави секој да си одреди по кој пат ке тргне за да стигне до Бога...

Како се викаше бабати да се помолиме за нејзината душа?

Изменето од Опитен - 25.Октомври.2008 во 06:46
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:40
Би сакал и јас нешто да кажам на оваа тема.

Како прво темата воопшто не е благородна. Кој и што вози и кој и што прави... Нели Господ не учи најпрво да си ја гледаме гредата во своето око односно она што го имаме во своето срце и да го чистиме.

Мене мојот духовен отец ме учеше дека ако го препознаваме гревот кај другиот тоа значи дека ние самите сме болни од истиот. А како доказ ке наведам еден пример. Ќе го напоменам примерот со блудната страст. Простете ми ако сум вулгарен ама го наведувам како најочигледен за нас иако може да се каже и за секоја друга страст.
Ако ние видеме некоја убава и разголена девојка(момче во зависност од полот и страстта) ќе се соблазниме и веднаш во на,с ако не повеќе ќе се развијат барем помисли, ама кај децата не е така. Зошто?

Што значи преку гревовите и слабостите на другите секогаш да си ги препознаваме своите и да не ги судиме другите.

Тогаш дали е разумно да одиме да го лечиме другиот, а ние самите сме болни, и дали би плачеле над туѓ мртовец ако ние имаме свој мртовец дома?

Од друга страна.

Владиката е преставник на Црквата и ги зслужува сите достоинства и пошести од наша страна исто ако и пресседателот, премиерот и тн за државата. Па и срамота е ако не ги почитуваме.

Јас многу добро познавам еден наш Владика кој во своето возило и спиеше, што значи постојано беше подвижен на мисија. Од почетокот истиот тој Владика имаше мала кола и најпрво онаму каде требаше да се појави како Владика и преставник на Црквата беше враќан од стражарите и мораше пешки да оди, ај и тоа не е толку важно туку, таа своја мобилност и тогаш ја имаше со таа разлика што му беше многу потешко, а и мисијата му беше скратена. Незнам ништо за возила но знам дека правеше најмалку 10 пати повеке километри од секоја јавна личност кај нас.

На крај краева сепак Владика е, Црковен Великодостојник. Монах е едно а Владика сосем друго иако и Владиката длабоко во својата срж во својот внатрешен живот е монах ама кој тоа да го види и сфати.


И ве молам ако не сте во неговата кожа, положба, не судете никого.   не судете за да не ви се суди оти судењето е својство на паднатиот човек и нема ништо со Христа и кој повеќе кој помалку е тема на соблазна и суд.

Затоа советувам да се избегне оваа неблагодарна тема и да се фатиме за проблемите од внатрешен карактер.

Луѓе мои,
зошто никој овде не зборува за љубовта?
зошто никој не зборува за молитвата?
зошто микој не зборува за милостињата?
зошто никој не зборува за смирението?
зошто никој...

Ке ви кажам.

затоа што незнаеме ништо за нив оти ги немаме, а сме се фатиле за догматски теми, а без здрав и правилен добродетелен живот во Црквата нема ни правило разбирање на верата и за кои светите Оци со страв се осудувале и да пропелтечат.

Молете се за мене грешниот.



Изменето од Опитен - 25.Октомври.2008 во 07:02
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 05:53
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

4 Х не


Барем добро е што си искрен, за разлика од некои твои сеоверници. Тоа е за пофалба
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 05:52
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Искрено, не можам да верувам дека скапите возила се донации. И доколку се, зошто МПЦ не ги продаде и парите да ги раздаде? Еве со еден скап џип би можела да работи една народна кујна неколку месеци. Зар не е така? Цело време вие Православните посочувате на фактот дека не е потребна само вера туку и дела за спасение. Каде се делата на вашите владици?


Jас ти тврдам од ептен лични блиски извори дека возилата се донации. На игумен од еден манастир (нема да спомнувам име), кој многу го почитувам и ептен, ептен добро се познаваме, му дадоа донација кола. После година и пол, поради тоа што имаше проблеми со возење на истата, му ја сменија колата за нова, и тоа беше донација. Истото го тврдам и за владика од Македонија кој има скапа кола, а му е донација од човек кој го почитува.

Самиот си кажа дека не си бил во контакт со ниту еден владика, а сепак пишуваш нешто што не е основано.
А што се однесува до народните кујни, да не си грешка нешто? Секогаш кога одам во манастир јадам и спијам без пари. А и црквите организираат народни кујни. Прошетај низ Скопјето малку. А ако не знаеш каде треба да одиш за да се увериш во ова, кажи, ќе ти најдам соодветна придружба. (и немој да го продолжуваш овој разговор за народните кујни затоа што има и фотографски материјал на нет, па да не останеш посрамен, или да ги искористам твоите зборови - за келвета се добива и казна).

И бај д веј, јас сум видела многу добри дела од многумина владици, а дали сум видела некое твое добро дело?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 00:48
1. Зошто ги судиш владиците за работи за кои не знаеш каква позадина имаат?
2. Зошто ги судиш дека не делуваат, кога не си бил и не си видел што прават и како го прават - а во истото време многумина тука потврдуваат од лично искуство дека не си во право?
3. Зошто според делата на еден (или неколку) недообразован или грешен свештеник во твоето маало, судиш за целото православие и за сите православни верници?
4. Колку и што ти самиот имаш направено и помогнато на оние кои се во нужда?

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

1. Не ги судам.

Според она што го напиша претходно - ги судиш. Ги судиш дека купиле скапи коли, без воопшто да знаеш за што станува збор во случајов. Истотака - ги судиш за тоа што не ги продале колите за да помогнат, истотака - без да знаеш за што станува збор и како тоа се одвива.

Цитирај 2. Пак не ги судам; не се сеќавам некој да рекол нешто добро за нив.

Туку што ги судеше за тоа што не делуваат... затоа и прашав дали некогаш си бил во нивно присуство. А неколкумина тука зборуваат обратно, потпрочитај низ форумот - имаш тема за монаштвото...

Цитирај
3. И по трет пат не ги судам; Тоа што повеќето се такви не значи дека сите се, зар не? Затоа се трудам со Божја помош да ги обратам оние кои не се такви. Баш заблудите кои се внесени во Православието ги соблазнуваат мои блиски роднини, пријатели, колеги, цимери- тоа е она што мене најмногу ми пречи.

Тоа што има грешни исклучоци меѓу свештенството не значи дека сите православни се грешни. А критиките кои ги упатуваш се однесуваат на православието во целост, а не на конкретен свештеник кој го познаваш.
Делот за заблудите, нема да го коментирам - тоа е надвор од овој муабет за сега...

Цитирај
4. На ова нема да ти одговорам, зашто тоа би било фалење. Патем тогаш преку мене Бог дејствувал, па излегува дека јас ништо не сум направил.

Имено! Се надевав дека вака ќе одговориш.
Соодветно - јас не знам за твоите добри дела, нели?
Но... јас не се ни осудувам да кажам дека ти не правиш дела, затоа што може и да правиш, а да не се фалиш за нив (како што и треба!), па затоа јас не знам.
Е сега... ајде и ти истото помисли си го за владиците. Не знаеш за нивните дела, затоа што не се фалат со нив. Но - доволно е да побараш малку информација, да се потрудиш - и ако си со навистина чисти намери и чисто срце - ќе видиш многу дела...
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:34
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Abe, koga se odi protiv neprijatelot, ne samo shto kiseloto vino i loshata pesna se dobri, tuku i "Vest" se promovira vo sveto pisanie na koe dogmatski ne smee da se posomneva i mora da se prifati kako "Oche nash..."   


Јас само кажав што пишува во Вест. Имаше слики и тоа го сматам за веродостојно. Го гледав истото и на телевизија. Во градов кадешто живеам имам видено грчки владици, со уште полуксузни возила. Бог нека им е на помош!
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:32
1. Не ги судам.

2. Пак не ги судам; не се сеќавам некој да рекол нешто добро за нив.

3. И по трет пат не ги судам; Тоа што повеќето се такви не значи дека сите се, зар не? Затоа се трудам со Божја помош да ги обратам оние кои не се такви. Баш заблудите кои се внесени во Православието ги соблазнуваат мои блиски роднини, пријатели, колеги, цимери- тоа е она што мене најмногу ми пречи.

4. На ова нема да ти одговорам, зашто тоа би било фалење. Патем тогаш преку мене Бог дејствувал, па излегува дека јас ништо не сум направил.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:32
Abe, koga se odi protiv neprijatelot, ne samo shto kiseloto vino i loshata pesna se dobri, tuku i "Vest" se promovira vo sveto pisanie na koe dogmatski ne smee da se posomneva i mora da se prifati kako "Oche nash..."   
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:25
Претпоставував (не затоа што те познавам, а затоа што читам што пишуваш тука).
Штом е така... еве уште 4 прашања. Овој пат бараат поопширен одговор. (поедноставно ми е вака да дискутирам - проштевај).

1. Зошто ги судиш владиците за работи за кои не знаеш каква позадина имаат?
2. Зошто ги судиш дека не делуваат, кога не си бил и не си видел што прават и како го прават - а во истото време многумина тука потврдуваат од лично искуство дека не си во право?
3. Зошто според делата на еден (или неколку) недообразован или грешен свештеник во твоето маало, судиш за целото православие и за сите православни верници?
4. Колку и што ти самиот имаш направено и помогнато на оние кои се во нужда?

Ти благодарам за одговорите.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:18
4 Х не
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:16
И ти од написот во Вест реши дека нашите владици не вршат дела?!
Ајде да те прашам некои работи, бидејќи гледам си "познавач" на православното делување и очекувам едноставни и кратки одговори.
1. Дали некогаш си разговарал со православен владика?
2. Дали некогаш си се обидел да стапиш во контакт со православен владика?
3. Дали некогаш си поминал извесно време со некој владика?
4. Дали некогаш си видел што прави некој владика, како делува и како го поминува денот?

Не заборавај - за добрите дела не смееме да се фалиме, затоа што славата и заслугата е само Божја!
А сега - одговори ми на некое од овие 4 прашања.
Мојот одговор на сите 4 е Да. Твојот?
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:11
Искрено, не можам да верувам дека скапите возила се донации. И доколку се, зошто МПЦ не ги продаде и парите да ги раздаде? Еве со еден скап џип би можела да работи една народна кујна неколку месеци. Зар не е така? Цело време вие Православните посочувате на фактот дека не е потребна само вера туку и дела за спасение. Каде се делата на вашите владици?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:08
Алдра - читаш што пишувам или прескокна низ постот и избра два-три збора?!
Ајде уште еднаш, те молам читај овој пат.
Скапите возила се донации! Црквата не купува скапи возила.
Црквата купува теренски возила (како Лада Нива) - затоа што има локации во кои има активни цркви и манастири низ Македонија, каде што само со такви возила може да се стигне. Истотака - има комбиња и товарни возила за пренос на продукти - од манастирските стопанства.
Некои од владиците имале коли од пред да се замонашат, кои ги донирале на манастирите во кои се замонашиле и тие и другите црковни лица ги користат сеуште - дадов пример со стариот мотор на владиката Наум - го имав видено пред едно 5-6 години (барем 30 години стар мотор)... Сите такви се сосема обични и стари возила.
Единственото скапо возило кое беше купено со црковни пари - беше нелегално купено од човекот кој ја направи најголемата финансиска проневера во црквата во Македонија, па потоа одлежа и затвор заради тоа.

Доволно јасно е ова или пак е МПЦ крива за нешто? Ако е пак - тогаш те молам објасни за што...
Do what is right, come what may...
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 22:40
Кога некој ја нема при себе (или не му е цел да ја задобие) молитвата на срцето, се фаќа за такви работи. Како шо рече еден отец, „мора за нешто да се зборува“.

Кои за владици, кои за попови - лопови, кои за препирања, кои за догмите.

Ако сакаме вистински да се поучиме во верата, го имаме Светото Писмо, ги имаме Отците...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 102103104105106 242>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.