|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 102103104105106 157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Знаеме дека љубовта доаѓа од желудникот, но ако не сте голем гурман, а фантазијата ви е како исушено гранче, обидете се за заведување да го...
...искористите кафето. Дознајте каков вкус сакаат чувствителните Ракови, острите Лавови или нежните Риби. 1. Авантуристичките Овни секогаш се во движење. Нивниот немирен дух е подготвен за качување на високи планини и пешачење по козји патеки. Каков дух – таков вкус. Богат вкус на кафе ќе ги собори од нозе. Подгответе силно кафе со беспрекорен мирис. 2. Кога ќе пронајдат вкус кој им се допаѓа, тврдоглавите Бикови му остануваат верни. Гурманските кралеви на хороскопот преферираат кафе кое е подготвено без пестициди, хербициди или вештачко ѓубриво како видовите од Гватемала. Епа, тргнете во потрага. 3. По природа инаетчивите Близнаци, еден ден сакаат еден вкус, а наредниот друг вкус на кафе. Нервозни и по малку лесноумни, сакаат и слабо и силно кафе, и први би го пробале новото на пазарот. Светски познатото кафе од Нова Гвинеја би ги заинтригирало барем на неколку дена. 4. Раковите ќе одберат кафе без кофеин, за да не го трошат вишокот на енергија без потребно и непромислено. Едноставно – со Раковите ви е потребен многу труд. Само нека е миризливо и со повеќе шеќер. 5. Први кои ќе го пробаат најновото еспресо и ќе научат сè за неговата подготовка дефинитивно се Лавовите. Дома имаат апарат за кафе на кој се усовршуваат и подготвуваат совршена пена. Ако бидете подобри од нив, заведувањето ќе биде успешно. 6. Конзервативните Девици се верни на традиционалниот и проверен вкус на колумбиско кафе. Ако имате намера да ја изненадите со некое егзотично зрно – не губете време бадијала. 7. Секогаш во потрага по рамнотежа, Вагите ќе одберат Mocha-Java, најпозната светска мешавина на кафе. Иако по природа се мошне неодлучни, кај уживањето со кафе знаат што сакаат - 1/2 Mocha и 1/2 Java е добитната комбинација. 8. Драматичните и таинствени Скорпии, ја топат својата мрачна страна во шолја French Roast кафе. По стресните периоди огнените Скорпии би се „продале“ за шолја од омиленото топло кафе. 9. За авантуристичките Стрелци, идеален одмор изгледа секако, само не е едноставно. „Шмукање“ по пространата савана во Танзанија, криење низ грмушките со шолја кафе со мирис на цреша, односно Peaberry зрна кафе и набљудување на дивите животни – тоа е нивниот сон. Ако веќе сакате да заведете Стрелец, можеби е подобро да се откажете од заведувањето со кафе. 10. Љубители на традицијата, отмени и елегантни, Јарците уживаат во испробување на најфините и најскапите кафиња. Ова е аристократски знак кој бара најдобар квалитет, па започнете да штедите, затоа што тие не се задоволуваат со ништо помалку од светски познатото Estate Coffee. Преголем залак за вашиот џеб? 11. Неконвенционалните и авангардни Водолии сакаат да експериментираат и да прават свои мешавини. Веројатно никогаш не пиеле кафе на ист начин. Тие внимателно мерат и мешаат разни состојки сè додека не дојдат до совршениот вкус. 12. Ако видите дека Риба пие кафе по вечерата, знајте дека во шолјата додала малку алкохол. Тие едноставно сакаат сè да испробаат, па било какво егзотично силно кафе би било совршено за заведување. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индијанците важат за големи претскажувачи на судбината, а имаат и своја карактеристична астрологија. Волк, змија или гуска.... Дознајте што сте вие, кои се вашите карактеристики и која е вашата судбина? Сокол (Овен) 21.03 – 19.04 Карактеристика: динамичност Соколот е нескротлив. Тој симболизира слобода и независност. Луѓето родени во овој знак се секогаш спремни за акција гладни се за авантура. Често пати се иницијатори за некое случување и умеат да ги водат другите, но од време на време се премногу импулсивни. Тежнеат да се издвојат од групата и да го задржат својот изразен идентитет.
Карактеристика: доследност Заради својата потреба за сигурност, дабарот е симбол на лежерност и комфор. Сака да поседува вредни предмети, тоа го смирува. Дабарите се упорни, стабилни и издржливи. Познати се по тоа што знаат да чекаат цела вечност додека нешто не добијат.
Карактеристика: сила Елените се немирни и неуморни, па личностите родени во овој знак даваат впечаток на многу интелигентни и секогаш се надеваат дека можат да го променат светот со своите постапки. Имаат огромна волја и широка душа. Креативни се и интуитивни.
Карактеристика: чувствителност Лицата родени во овој знак постојано се во потрага по сигурност и заштита и се грижат за своите изразени емоции и пречувствителност. Го сакаат својот дом и семејството. Имаат бујна фантазија и страдаат од нагли промени во расположението. Животна цел им е да живеат вo хармонија со околината.
Карактеристика: самодоверба Вродената внатрешна сила и страст на родените во овој знак им дава моќ успешно да ги совладуваат сите препреки во животот и при тоа да останат достоинствени. Горди се, спонтани и одлучни. Храбри, амбициозни и желни за успех. Одлични лидери. Постојано ја бараат смислата на животот и сакаат да доминираат.
Карактеристика: практичност Кафените мечки се срамежливи и нежни суштества. Луѓето родени во овој знак најдобро се чувствуваат во организирана средина и опкружување кое е предвидливо и над кое можат да имаат контрола. Дискретни се, имаат смисла за детали и често се перфекционисти. Толеранцијата и оптимизмот се нивни слаби страни, на кои треба да поработат.
Карактеристика: дипломатија Луѓето родени во знакот на гавран поседуваат голема сила, која им овозможува да се носат со сè. Брзо се социјализираат, шармантни се и пријателски настроени, па ретко кога се сами. Интелигентни се, паметни и мистериозни. Тие се идеалисти кои тежнеат кон хармонија и заедница, а слаба точка им е што се несигурни и недоследни.
Карактеристика: опстанок Во многу култури, змијата е симбол на почитување бидејќи се смета дека е заштитничка на многу животни мистерии. Лицата родени во овој знак имаат добра способност за расудување и интуиција и се стручни за анализа на човечката душа. Реални се и знаат да се контролираат.
Карактеристика: мудрост Во старите култури бувот симболизира мудрост и знаење. Лицата родени во овој знак ги карактеризира спонтаност, ентузијазам и идеализам. Тие се секогаш чекор пред времето, гледаат во иднината и желни се за духовно знаење. Љубопитни се, дарежливи и им веруваат на луѓето.
Карактеристика: Упорност Лицата родени во знакот на гуска имаат изразено чувство за натпреварување и упорност. Обично имаат големи животни планови и полека, но сигурно ги остваруваат. Тие се оние кои секогаш стигнуваат далеку. Нивното мото е: „Тивка вода, брег рони“. Внимателни се, независни и добро се прилагодуваат на новите ситуации. За оние кои им значат, спремни се да загинат.
Карактеристика: креативност Видрите се весели животинки, па лицата со овој знак ги карактеризира интелектуална стимулација, слобода на духот и креативност. Имаат изразени вербални способности. Заради високо поставените идеали од другите, секогаш бараат повеќе од она што тие можат да им дадат. Пред сè, ја бараат вистината.
Карактеристика: лојалност Иако се чини дека волкот е многу моќно животно, тој е исто така и плашлив и чувствителен. Луѓето родени во овој знак се емпатични кон другите и крајно предадени. Главна цел во животот им е да пронајдат и задржат вистинска љубов. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубомората е најчесто видена причина за расправија кога двајца се во врска. Дали сте вие љубоморна личност? Проверете што вели вашиот хороскопски знак.
Ние би ви препорачале да бидете умерено љубоморни – ни премногу, ниту воопшто. Овен Вашите сентиментални односи се јасни и точни. Секогаш се чувствувате сигурни во себе. Кога ќе ве обземат страстите станувате многу чувствителни. Вие сте “мајчински“ тип, кој цврсто и сигурно се грижи за своите блиски. Заради оваа особина исто така љубоморно ја чувате и саканата личност. Бик Кој ќе се одлучи да биде со вас, ризикува многу затоа што Биковите се исклучиво љубоморни личности. Положбата е трагична ако вашиот партнер не сака да биде ваш роб. Ако изберете Водолија или Скорпија ќе ви биде многу полесно. Тие имаат многу лицемерност во себе така што ќе ви го кажат тоа што сакате да го чуете. Близнаци Давате впечаток на неутрална и рамнодушна личност, а во суштина сте одличен глумец кој одлично ја игра секоја улога. Сакате да бидете господар на саканата личност и да управувате не само со нејзината љубов туку и со материјалното богатство. Рак Вие сте нежно и чувствително суштество кое длабоко се врзува за својата љубов, а од својот партнер бара дупло повеќе почит и разбирање. Правите често љубоморни сцени, најчесто и без потреба, и ја нарушувате хармонијата во врската. Премногу ги анализирате постапките на својот партнер, а при тоа заборавате како се однесувате вие со него. Лав Секогаш истакнувате дека љубомората е глупост, но не сте сигурни во себе и секогаш го следите партнерот – каде оди и со кого разговара. Длабоко сте љубоморни, но го криете тоа во себе не сакајќи да ја нарушите сопствената гордост и достоинство. Но, кога сте сами со партнерот избива вистинска река од љубоморни префрлања. Девица Секогаш сте разочарани од љубовта и го обвинувате партнерот. Кога тој ќе погледне во друга личност губите тло под нозете. Погледнете се себе си и ќе видите дека и вие сте прекрасна личност. Вратете ја самодовербата и заборавете на љубомората. Вага Вам ви е неопходна заштита и сигурност. Ве плаши помислата да ја загубите саканата личност. Но, кога ќе ве напуштат за брзо време се враќате во форма и наоѓате замена. Вие постојано кокетирате со љубоморните изливи и тоа ви одговара. Скорпија Никогаш не се срамите од својата љубомора. Сакате да приредувате љубоморни сцени и тоа во јавност. Ако некој не ве познава доволно, никогаш не би рекол дека сте љубоморна личност. Надарени сте со голема самодоверба и итрина. Стрелец Секогаш победувате во љубовните конфликти. Вашето мото е “Имам голема самодоверба!“ и многу добро се согласувате со својот партнер. Љубовта за вас е убава работа, но ве обзема повремено. Заради тоа и не патите од љубомора. Јарец Премногу сте горди и заради тоа не подлегнувате на љубомора. Дури и кога ќе се појави благо чувство на љубомора, ви поминува брзо. Се водите од мислата “Ако веќе е со мене, ќе мора да остане со мене засекогаш!“ Водолија Љубовта ја менувате со секс и затоа многу ретко патите од љубомора. Ваш принцип е “Секој од нас мора да има свој живот, но добро ни е и во двојка“ . Сепак, често вие сте жртва на љубомора и во тие моменти не можете да сфатите што е тоа што создава недоразбирање во љубовта. Риби Вие сте романтична личност и често плачете заради невозвратена љубов. Мислите дека можете да се одмаздите, но тоа се само пусти сништа. Во животот сте многу примерни и смирени и не знаете што е тоа љубомора. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некои од знаците совршено се сложуваат, а некои пак постојано се одбиваат. Односите на вториот тип на хороскопски знаци не се препорачуваат ниту како пријатели, ниту како љубовници. Откријте ги најлошите љубовни хороскопски парови кои никогаш нема да успеат. Овен - Вага Овенот секогаш ќе ја води неодлучната вага. Тој се смирува со нејзината рамнотежа и учи за дипломатските односи и правила. Проблемот може да настане кога Овенот е во фаза на акција, а Вагата тежи кон мир и блага пасивност. Тогаш е неопходен компромис. Добро е што Овенот е секогаш подготвен на нешто ново, а Вагата е прилагодлива, па само со ваков став ќе може да опстојат. Бик - Скорпија Ова е прилично еротична комбинација затоа што и двајцата сакаат да уживаат во животот и љубовта. Сензуални се и секогаш се сложуваат во сексот, а проблемот може да се јави кога и двајцата ќе ја покажат отворено својата посесивност и љубомора. Доколку пронајдат пристојно решение, врската може да опстои. Главната разлика се наоѓа во темпераментот. Близнаци - Стрелец Овие два знаци може да опстојат само ако некаде отпатуваат заедно. Близнакот ќе зборува постојано, а Стрелецот филозофски ќе размислува. Двајцата се отворени и друштвени, а проблемот може да настане затоа што Близнакот е приземен знак, додека Стрелецот сака да лета високо. Токму затоа повеќето врски се осудени на пропаст. Рак - Јарец Ова е длабока и искрена врска. И двата знаци се амбициозни, но Ракот е популарен повеќе од Јарецот. Овој пар тежнее кон семејство и дом, па додека Јарецот работи и заработува, Ракот ја создава емотивната страна. Проблемот може да се јави во периодот кога Јарецот ќе биде успешен и ќе се сврти исклучиво кон својата кариера, додека Ракот очекува нешто повеќе на приватно поле. Лав - Водолија Ова е идеален пар за сите видови на забава. Лавот обожава публика, а Водолијата секогаш има оригинални идеи. Тие привлекуваат внимание и идеални се за дружба. Лавот сака деца, а Водолијата сака да биде слободна. Тука може да настане голем проблем, кога Лавот ќе се обиде да ги наметне своите принципи. Водолијата може да игнорира одредено време, а потоа да се препушти на тоталната слобода во која ужива. Девица - Риби Ова е врска во која има постојано надмудрување. И двата знаци се интелектуални типови, а може да имаат нерасчистени и нејасни цели заради тоа што немаат доволно храброст. И додека Девицата сака сè што е уредно, кај Рибите е обратно. Не е ни чудо што оваа љубовна врска постојано се справува со ситни кавги и несогласувања. Рутините за Рибите се неподносливи, додека Девицата го сака деталниот план на животот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Спротивно на лавиците, прилично одмерените Девици оставаат впечаток на совршени дами на кои речиси сè им е онака како што посакуваат, на свое место. Мајстори се за подреденоста на работите. Големи педантерии, понекогаш дури и ситничари. Гардеробата ја одбираат многу внимателно, гледаат да биде едноставна но да им стои како кроена за нив. Имаат одличен вкус за минималистичкиот стил и не сакаат некои екстремни промени и стилови. Жените Девици ги краси класичниот стил на облекување, без претерано нападни детали. Тие ја сакат облеката беспрекорно чиста, испеглана, а пред сè секогаш да изгледа како нова. Девиците не се љубители на преполн гардеробер со облека чија намена не се знае со години. Тие купуваат исклучиво облека која им е неопходна и ја купуваат наменски, што често пати ја оправдува превисоката цена. Девиците посебно пребираат материјали и често на себе сакаат да имаат чист памук заради нивната осетлива и нежна кожа. За жените родени во овој знак најчесто ќе искоментирате како се секогаш средни од глава до пети, без разлика дали на себе имаат гламурозен фустан или едноставно здолниште. За нивниот секојдневен стил доволно е да искомбинираат здолниште, кошула, сако, потпетици и чанта. Секој детал е добредојден, но ако е изработен исклучиво од скапи, драгоцени материјали и камчиња. Тоа ги прави да се чувствуваат како кралици. Големите аксесоари ги избегнуваат. Најдобро им прилега сината боја, сивата, белата и сите останати нежни, светли бои. Со оглед на тоа колку водат сметка за облеката, нивното мото е „помалку е повеќе“. Овие жени ќе ги препознаете по нивната префинетост и перфекционизам кој се чини дека нема крај. Модни предлози за жените родени во овој знак:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден од најелегантните хороскопски знаци, дами кои во моментот кога ја напуштаа просторијата оставаат заносен облак од парфем за да ве потсетува на нив. Вагите се посебно посветени на својот физички изглед, често се перфекционисти и обожаваат да бидат видени во круговите на високата мода. Секогаш во тренд, често модни стручњаци за сечиј изглед и модни музи и инспирации на многумина. Од шопинг се враќаат со повеќе од едно парче облека. Ја задоволуваат секоја своја потреба кога станува збор за стилот, си овозможуваат многу задоволства како накит, високи потпетици и фустани. Гардероберот на жената Вага е секогаш подобро опремен дури и од оној на врвните креатори. Некои од жените Ваги ќе ги препознаете по неспоивите комбинации, но и по умерените бои, одлично одбраните парчиња облека и начинот на кој ги носат. Секогаш изгледаат средено и соодветно на пригодата. Лесните материјали се препознатливи за жените родени во овој хороскопски знак исто како и многу детали и аксесоари. Пастелните бои се нивниот избор, иако знаат да ги комбинираат со впечатливи, па дури и дречливи нијанси. Доколку сретнете дама со необична фризура за време на некој обичен, секојдневен настан, тоа е жената Вага. Сакаат да носат детали во косата, повеќе бои на себе кои одлично знаат да ги вклопат, како и високи потпетици. Совршено нашминканото лице е исто така нивна важна карактеристика. Модни предлози за жените родени во овој знак:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tаленти според хороскопотЗа секој успех неопходна е работа, но некои предиспозиции ги стекнуваме родени под одреден хороскопски знак. Дознајте кои таленти...
Овен – спонтаност, одлучност, љубопитини, борбени, страствени, упорни. Бик – спретност со пари, здрав разум, трпеливост, самосвесност. Близнаци – мултитаскинг, елоквентност, прилагодливост. Рак – социјална ангажираност, сочувство, кулинарство. Лав – креативност, уметнички вештини, харизма. Девица – перфекционизам, организираност, точност. Вага – дипломатија, хармоничност, естетичност. Скорпија – упорност, насоченост кон целите, прилагодливост. Стрелец – оптимизам, друштвеност, толерантност, чувство за правдина. Јарец – реализам, стабилност, одлични советници, ориентираност кон важните работи. Водолија – опуштеност, креативност, снаодливост, зборливи. Риба – фантазирање, снаодливост, одлични пријатели, чувствителност. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој има особини кои ги привлекуваат или ги одбиваат другите луѓе. Добро е да бидете свесни за своите маани и да ги поправате колку што можете. Треба да знаете да прифатите дека никој не е совршен, па ни вие. Ова се мааните на секој знак кои може да бидат вистинска пречка доколку сте во врска со нив. Но, некој можеби знае и да направи компромис. Ако за некој едни маани се неприфатливи, за некој друг можеби се сосем вообичаени. Пронајдете ги мааните на својот партнер или пронајдете го партнерот чии маани можете да ги прифатите. Овен - Имаат импулсивен карактер и треба да знаат како да го намалат изливот на бес. - Кога сте во врска со Овен понекогаш ќе имате чувство дека сте со некој незрел и наивен тинејџер, а не со возрасна личност. - Овните сакаат да се впуштаат во нови работи, но не очекувајте дека ќе ги завршат до крај, бидејќи лесно им се привлекува вниманието со нешто друго. - Имаат голем проблем со трпението. - Многу се себични и со тесни погледи, па не се чудете ако не ги разберат и прифатат вашите амбиции.
- Биковите се познати по својата тврдоглавост, затоа немојте да очекувате дека ќе победите во некоја расправија. - Не попуштаат. - Нивните потреби се секогаш поважни од вашите. - Ужасно се здодевни. - Тешко се отвораат емотивно, па не можете од нив да очекувате да ги поделат своите грижи.
- Непослушни личности. - Секој ден е нов предизвик, бидејќи не знаете како ќе бидат расположени. - Слаткоречиви се и многу ветуваат, но сè останува само на зборови. - Брзо се заситуваат од сè. - Да се живее со Близнак, значи да се живее со полу завршени проекти и идеи.
- Нивните промени на расположението се исцрпувачки. - Раковите се склони на навредување, но не и на преземање одговорност за последиците. - Наметливи се и несамостојни. - Може да ве запросат уште на вториот состанок. - Животот со Раковите може да биде прилично досаден. Тешко може да ги наговорите да одите на некое патување или за некаква авантура.
- Никогаш нема да чувствувате целосна сигурност во врскаат со нив, бидејќи се склони на флерт со кој било и каде било. - Никогаш нема да ве сака вас повеќе од својот одраз во огледалото. - Ниеден Лав никогаш не признал дека не бил во право. - Нивната палавост е непријатна. - Мора секогаш да бидат во центарот на вниманието, па покрај нив секогаш ќе бидете по малку во сенка.
- Склони се кон осудување и претерани критики. - Животот со Девица значи дека секогаш вие ќе треба да го направите првиот чекор. - Превртливи се. - Несигурноста им е вродена, а тоа воопшто не е секси. - Ако случајно оставите валкана чаша во мијалникот и си заминете, долго ќе ве потсетува на таа несмасност.
- Никогаш нема да знаете што навистина мислат бидејќи тие ќе ви го кажат само она што сакате да го слушнете. - Донесувањето одлуки трае со часови. - Во секој момент може да ви го свртат грбот без предупредување. - Опседнати се со физичката убавина. - Им недостасува силна волја.
- Љубомората е далеку позната за Скорпиите. - Никогаш нема да знаете што точно чувствува, бидејќи знае вешто да манипулира и со своите и со вашите емоции. - Подготвени се да ве повредат како никој дотогаш. - Лажливи се и таинствени. - Малите караници редовно се претвораат во огромни драми.
- Стрелците се најлоши слушатели од сите знаци. - Забавата им е единствено постојано нешто во мислите 24/7, а ако ја немаат непрестано се жалат. - Тие знаат апсолутно сè, така што тешко прифаќаат да им кажувате нешто ново. - Доминантни се и склони на контролирање. - Често се невнимателни за туѓите чувства.
- Нивен приоритет е работата и тоа јасно ќе ви го стават на знаење. - Опседнати со контрола. - Сè што прават, прават исклучиво за себе без грижа дали ќе ве повредат. - Сакаат рутини, па врската со нив е малку досадна. - Затворени се зад своите ѕидови.
- Животот го живеат во својата глава, па често се отсутни. - Тие знаат најдобро, па често ќе ви даваат инструкции. - На состаноците ретко ќе бидете сами, бидејќи најмногу од сè сакаат друштво. - Сакаат однапред да донесуваат одлуки, заклучоци и осуди. - Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко и што чувствуваат.
- На Рибите им треба многу простор. - Не можете да ги наговорите да направат нешто што не сакаат. - Ретко кога знаат што сакаат од животот. - Рибите ќе ги жртвуваат своите емоции и потреби за поквалитетна врска, но подоцна ќе ви префрлаат за тоа. - Ја идеализираат секоја своја врска, па од вас се очекува да ги исполните нивните фантазии за совршенство. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали верувате во реинкарнација? Знаете ли често да кажете „ех ова сигурно ми е познато од минатиот живот“? Според годината на раѓање, проверете што сте биле во минатиот живот, што правите во сегашноста и што ве чека во иднината. Трагачи по среќа Години: 1927, 1936, 1945, 1954, 1963, 1972, 1981, 1990, 1999, 2008, 2017 Минато Сегашност Иднина
Години: 1926, 1935, 1944, 1953, 1962, 1971, 1980, 1989, 1998, 2007, 2016 Минато Сегашност Иднина
Години: 1925, 1934, 1943, 1952, 1961, 1970, 1979, 1988, 1997, 2006, 2015 Минато Сегашност Иднина
Години: 1924, 1933, 1942, 1951, 1960, 1969, 1978, 1987, 1996, 2005, 2014 Минато Сегашност Иднина
Години: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013 Минато Сегашност Иднина
Години: 1922, 1931, 1940, 1949, 1958, 1967, 1976, 1985, 1994, 2003, 2012 Минато Сегашност Иднина
Години: 1921, 1930, 1939, 1948, 1957, 1966, 1975, 1984, 1993, 2002, 2011 Минато Сегашност Иднина
Години: 1920, 1929, 1938, 1947, 1956, 1965, 1974, 1983, 1992, 2001, 2010 Минато Сегашност Иднина
Години: 1919, 1928, 1937, 1946, 1955, 1964, 1973, 1982, 1991, 2000, 2009 Минато Сегашност Иднина |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој е злобен, арогантен и вечно ги потценува луѓето, а кој опсесивен, нападен и невротичен? Во овој хороскоп ќе дознаете каков карактер навистина имате!
Овен - злобни
гадови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Сето тоа е
најверојатно резултат на малиот пенис, или минијатурните гради. Болни
посесивци кои на партнерот би му ја одземале целата слобода, а себе би
си дозволиле харем љубовници. Секогаш целат кон неосвоиви тврдини и не
познаваат пораз сè додека комплетно психички не бидат уништени. Многу се
несредени во мозокот, скокаат за сè и сешто и се што ќе замислат мора
да биде така, не тактизираат, а ги нервира чекање.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Научници Години: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013 Минато Сегашност Иднина |
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Превери и сега може имаш кралска крв |
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не важи за сега, за следниот живот демек ќе го има.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некогаш со најдобра намера, често пати за да сокријат што навистина мислат, но сите некогаш лажат и ја заобиколуваат вистината. Ви нудиме мал водич...
Секој знак на зодијакот покажува одредено однесување кое го издава. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 102103104105106 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |