|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 101102103104105 157> |
Автор | |
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не само онака смешно е порно неверство ,занчи ако некој гледа порка го вара партнерот |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каква смисла за хумор имаат хороскопските знаци?
ОвенЛудиот, физички хумор кај Овните доаѓа природно. Овните се едни од најголемите мимичари во Зодијакот, но, покрај тоа можат да бидат духовити и на поразличен начин. БикБиковите имаат „набљудувачки“ хумор. Најчесто се ненамерно духовити и можат од срце да се смеат на своја сметка. БлизнациБидејќи многу брзо ги сфаќаат шегите, ги паметат сите вицови и многу се смеат скоро на сè. Овој знак е најмногу склон кон исмевање на другите, но не од злоба, туку најчесто бидејќи некој им е интересен. РакРаковите се „нежно“ духовити. Најчесто ги засмејуваат другите со некој израз на лицето или глумејќи дека се сериозни и бесни кога не се. Лав Лавот исмева сè од својата околина, па дури и кога претерува другите сметаат дека е духовит и сакаат да се дружат со него и да се смеат на неговите шеги. А пак тој е свесен дека ги држи луѓето до себе токму на таков начин. ДевицаСе нервираат, но не се нервозни; се „јадат“ себеси, а немаат потреба – Девиците се зајадливо духовити, исмевајќи ги луѓето и нивните животи и се многу добри забавувачи. ВагаСарказмот е нивното главно оружје. Кога еднаш ќе тргнат, не можат да застанат, а тие кои се во друштво со нив не можат да престанат да се смеат. ШкорпијаХроничен сарказам! Коментираат сè, што може да делува грубо или пасивно агресивно, но секако е смешно. Проблемот е што понекогаш делуваат злобно, и нивните шеги се примаат како навредливи. СтрелецСè во животот може да стане комично ако сте со Стрелецот. Тој користи комбинација од набљудувачки хумор, сарказам и преувеличување и е еден од најинтересните во друштвото. ЈарецФасада без насмевка! Јарецот ќе го задржи сериозниот израз на лицето претставувајќи ви ја шегата како вистина, составувајќи приказна која треба да го насмее него и другите кога ќе поверувате во неа. ВодолијаПриродно забавни луѓе. Тие не мора да се трудат да ви кажат виц или нешто слично. Најчесто се несвесни дека се смешни. РибиОвој знак во еден момент е смешен раскажувач, а во друг момент е сериозна личност. Сепак, кога Рибата има намера да ве насмее и да ви го задржи вниманието, ќе работи на тоа сè додека не успее. |
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РакРаковите се „нежно“ духовити. Најчесто ги засмејуваат другите со некој израз на лицето или глумејќи дека се сериозни и бесни кога не се. |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kaj mene toa e prodno neli....
ВодолијаПриродно забавни луѓе. Тие не мора да се трудат да ви кажат виц или нешто слично |
|
vivi
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овен
Лудиот, физички хумор кај Овните доаѓа природно. Овните се едни од најголемите мимичари во Зодијакот, но, покрај тоа можат да бидат духовити и на поразличен начин. |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
, но тој може да биде исклучително точен и да открие информации за многу карактеристики на знаците, а особено за оние во врска сексот. Астрологијата нуди совети за кимпатибилнсота на партнерите според нивните хороскопски знаци, но и за тоа кои хороскопски знаци се најдобри во кревет. И секако не заборавајте да го прочитате и годишниот хороскоп за 2013 година.
Овен Овните имаат силна и привлечна појава се добри бакнувачи. Сакаат да имаат контрола и се многу лесно сексуално се возбудуваат. Нетрпеливи се, понекогаш себични во сексот и тоа може да предизвика проблеми во врската. Но ако знаете како да ги возбудите, ниту еден друг љубовник нема да ви пружи постраствени моменти од овенот. За да го заведете овенот, не бидете срамежливи. Покажете му дека сте интелегентни. Бидете спонтани, бидејќи ништо не го воздбудува овенот повеќе од непредвидливоста и не очекувајте комплименти назад. Бик Ова е најмаженствениот знак од сите. Кој хороскопски знак е најдобар љубовник? Бикот е еден од нив. Нивниот апетит за интимност е незапирлива и сакаат физички контакт. Никако не брзајте со овој знак. Сексот за нив е како уживањето во добра храна- треба да потрае долго. Често пати имаат секси глас. За да заведете бикот. Подарувајте им многу подароци и искористете го нивниот осет за сензуалност со секогаш убав мирис, мека кожа и чиста облека. Близнаци Ако сакате паметни луѓе, близнаците се знак за вас. За да направите нешто со близнак, мора да бидете интелегентни и досетливи. Тие се господари на флертот и може многу лесно да паднете на нивниот шарм. Менталниот капацитет ги прави исклучително креативни љубовници, па така никогаш нема да ви биде здодевно со нив. Осигурајте се дека и вие нема да им здосадите на нив, бидејќи постојано бараат промени и возбудувања. За да заведете близнаци, делете им комплименти и фокусирајте се на нивниот ум. Побарајте совети од нив и не заборавајте да ја предизвикувате нивната интелегенција. Рак Ова е најемоционалниот и најчувствителниот знак. Тие имаат потреба од меки, нежни допири и длабока емоцинална поврзаност и партнер кој води грижа за нив и кој секогаш чини добри дела. Тие се слатки и грижливи љубовници, но ако ја изневерите нивната доверба, тие ќе направат се да за ви се одмаздат. За да заведете рак, фокусирајте се на романтична атмосфера и чувствителност. Уживаат некој да се грижи за нив, па земањето грижа за нив може да направи чуда. Лав За многумина, овој знак е најдобриот љубовнил. Тие се многу страствени и имаат огромна сексуална самодоверба и моќ. Секогаш превземаат контрола во креветот и испробуваат различни сексуално задоволства. Константно ги осипуваат нивните партнери со подароци и внимание. Заведувањето на лавот е многу едноставно- тие имаат потреба од констатно внимание на нивната личност. Девица Ако сте спремни некому да му станете едиственото нешто во животот, ниту еден друг љубовник нема ви го овозможи тоа како девицата. Тие изгледаат ладни и смирени, но се многу чувствителни. Но сепак, за многумина не се идеалниот знак за најдобар љубовник. Девиците стануваат опседнати со една личнност и иако нивниот префекционизам значи дека животоѕ за нив никогаш нема да биде лесен, бидете сигурни дека тие се заљубуваат засекогаш. За да заведете девица, бидете колку што можете почисти и средени. Ова им е навистина важно. Вага Како личности кои сакаат да задоволуваат други, вагите се многу внимателни и посветени љубовници. Тие се многу романитчни само бидете трпеливи со нив и пробајте да ги исполните нивните фантазии. Бидејќи флертот за нив е природна работа, сакаат многу да експериментираат во креветот. За да заведете вага, овозможете им класична романтична приказна. Мора да бидете софистицирани, учтиви и претпазливи. Бидејќи и самите се привлечни, мора да им покажете дека може и вие да бидете привлечни и да покажете свој стил. Скорпија Скорпијата е најсексуалниот знак. За многу луѓе тие се дефинитивно најдобриот љубовник од сите останати знаци. Тие имаат магнетна, неодолива личност во физичка смисла, но може да изгледаат емоционално недостапни. Да заведете скорпија е исклучително тешко, бидејќи со нивниот анималискички шарм и манипулативна моќ, тие се оние кои најчесто заведуваат. Стрелец Овој знак е детинест и расположен за игра, но како љубовник може да биде многу креативен. Тие остануваат секогаш млади во срцето, па затоа се отворени за разни експерименти во креветот. Нивниот дух ги прави пасионирани за многу работи, но може наеднаш да им се појави потреба да најдат нешто ново. Немаат моќ да задржат врска, па затоа ако барате одлична авантура, ова може да биде виситнскиот знак за вас. За да заведете стрелец, фокусирајте на нивната половина и на бутовите бидејчи обожават таму да бидат допирани. Имајте лабав пристап кон животот и одлична смисла за хумор и тие веднаш ќе паднат во ваши раце. Јарец Јарецот е многу резервиран и треба да бидат навистина заљубени за да се впуштат во физичка интимност. Тие често не се отворени за нови експерименти, но вистински плус за вас е што се стабилни и лојално партнери за цел живот. За да заведете јарец, трудете се многу, а напредувајте бавно. Фокусирајте се на мали кратко топири и погледи и не им давајте се наеднаш. Водолија Овој знак ве сака поради вашето тело и навистина не се грижи дали кога имате секс сте во врска. Тие сакаат луди физички авантури и непредвидливи романси. Тие исто така се сметаат за едни од подобрите љубовници во зодијакот. За да ги заведете, бидете недостапни. Риби Рибите нудат емотивна врска полна со задоволства и романса. Тие се навистина опуштени и сакаат смирен, среќен партнер. Откако ќе најдат ваков тип на партнер, тие со задоволство ќе ги решаваат сите караници и несогласувања со одличен секс. За да ги заведет, бидете агресивни. Тие се по природа мрзливи и не сакаат многу игри, па затоа ќе мора се сами да направите. |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОТО: Накит за секој хороскопоски знак од ДиорДиор се инспирира од зодијакот за празнична колекција накит. Колекцијата „Tell Me Dior“ вклучува 12 парчиња накит со златен финиш, украсени со бисери и блескави кристали. Сите се изработени според знаците во хороскопот. Француската модна куќа верува дека овој накит е совршен подарок за новогодишните и божиќните празници. Бик Рак Девица Скорпија Јарец Водолија Изменето од Valerija - 29.Ноември.2013 во 15:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој хороскопски знак е најзабавен?
Секој хороскопски знак е духовит на свој начин. Се разбира постојат оние кои секогаш се спремни за шеги на своја или туѓа сметка. Секој знак е чувствителен на некои теми кои тие не ги сметаат за духовити или им пречат. Смеата е особено важна, освен тоа е докажано дека го продолжува животот, исклучително позитивно влијае на секој и е неизбежно заразна. Овен Тој е прв и еден од најдуховитите знаци во хороскопот. Секогаш е подготвен за шеги, секогаш има инспирација како да го подобри расположението на цело друштво. Понекогаш поради владејачката планета Марс, може и да претера во тоа. На прв поглед изгледа како да сака шеги на своја сметка, но не ја допирајте неговата мажественост, бидејќи тука е ранлив. Ќе се обиде да го сокрие тоа, но вистината често се гледа на неговото лице.
Бикот е еден добродушен знак, кој сака сè што е убаво за гледање, вкусно за јадење и секако сака забава и хумор. Тој искрено се смее и во неговите шеги нема лоши намери. Сè е само заради смеа, опуштање и забава.
Ова е еден ведар и комуникативен знак. Подготвен е за шеги на своја сметка. Сака да слуша и да ги коментира сите духовитите приказни. Тој по својата природа е вечно дете, едноставно бара нешто духовито во сè, а понекогаш дури и во проблемите.
Еден од емотивните водни знаци кои сакаат шеги, но на еден специфичен начин, со мера, бидејќи под влијанието на Месечината е многу променлив, па сè зависи од неговото расположение. Не го мешајте неговото семејство во шегите, особено не, неговата мајка. Тоа е негово и само тој има право на тоа.
Тој е крал, тој може сè, но не и неговото его. Неговиот вроден талент за успех и постигнување високи цели не се за шегување. Сметаат дека единствено тие може да ги критикуваат водечките луѓе и држави, бидејќи само тие можат да ги разберат, затоа што знаат што е успех.
Прво ќе помислите, тие не знаат да се шегуваат. Многу заради тоа мислат дека Девиците се досадни. Не е така. Тоа е еден интелектуален знак кому му е потребно време и одредена тема за шеги и смеење. На работа се многу духовити, бидејќи тоа е место каде тие се на свој терен.
Префинетата вага е многу духовита, верувале или не. Дури сака и шеги на своја сметка, само ако не е невкусна и без стил. Сè освен темата љубов е погодно за шеги. Љубовта за Вагата е многу сериозна и важна тема за да се шегува со неа. Умереноста е пред сè, за другата страна да не биде повредена.
Црниот хумор, вицевите и пцовките се карактеристики на овој знак. Но тоа ним им личи, не делуваат неискусно, бидејќи тие ја знаат темната страна на сè што постои. Секогаш се подготвени за шеги и на своја и на туѓа сметка. А сексот? Тоа е тема која тие најдобро ја знаат.
Духовитиот стрелец е весел со оптимистички дух и хуморот е нешто без кое не можат. Нивната духовитост е секогаш отворена, весела, полна оптимизам, весели и ведри теми.
Јарецот е молчалив, но кога ќе прозбори, добриот хумор не изостанува. Често низ цинизам, но зад овој повлечен, молчалив и чувствителен знак се кријат бисерите на духовитоста. Само им е потребно време да се опуштат.
Тој е еден од најдуховитите знаци во хороскопот. Го карактеризира брзиот хумор. Многу брзо и неочекувано се лути. Се шегува со сè освен со гладот во светот и останатите несреќи во светот. Тука е пресериозен и чувствителен.
Рибите се склони на наивен хумор. Малку се повлечени по природа, но после некоја чаша вино, стануваат имитатотри надвор од сите категории. Изменето од Schatzii7 - 04.Декември.2013 во 17:32 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовен хороскоп за декември: Страсна врска или неминовен крај?Последниот месец од годината за некого ќе создаде совршен момент за започнување на нова романтична приказна, додека пак за друг ќе стави крај на проблемите кои веќе некое време се провлекуваат во врската. Во прилог прочитајте што му предвидуваат ѕвездите на вашиот хороскопски знак и какво ќе биде љубовното расположение во декември. Сингл: Доколку не сакате ништо сериозно, тогаш флертувањето со личноста која ви се допаѓа може да биде сосема доволно. Сепак, ако сакате да го запалите огнот кај другата страна, знајте дека ова е идеален момент за да завршите во нечии прегратки. Она што навидум изгледа како невина игра, може да заврши во интересна врска. Во врска: Наместо да молчите, јасно и гласно кажете му на партнерот што е она што го сакате од него и воопшто од вашиот заеднички живот. Што се однесува до сексот можете да бидете и палави и мирни во исто време и повторно да го постигнете саканиот ефект кај партнерот. Среќни денови: 2,6,8,11,31 Сингл: Време е да заборавите на бесот и на сите негативни нешта кои што ви се имаат случено во минатото. Еднаш засекогаш сфатете дека ако размислувате на она што некогаш било нема да имате можност да уживате во она што е сега. Новите авантури и новата надеж се пред вашиот праг. Искористете ги! Во врска: Што сакате од својата врска? Дали се чувствувате помалку осамено во последно време? Декември е месец кога повеќе време ќе си посветите себе си, отколку на својот партнер. Ништо страшно, бидејќи на овој начин повторно ќе се пронајдете себе си, а воедно и страста која што сте ја имале на почетокот на врската. Среќни денови: 5, 13, 14, 22, 25 Сингл: Некој ќе успее да ви го растрепери срцето. Можеби станува збор за некоја личност која што не сте ја виделе долго време или пак за некој кој го буди детето во вас. Ако мислевте дека ова не е вистинското време за љубов, настаните за кратко ќе ви покажат дека грешите. Во врска: Не бидете себични кога станува збор за врската. Другата страна сака да ви каже нешто, а вие упорно глумите дека не слушате. Љубовта не е секогаш мед и млеко, туку компромис на желби и дела. Обидете се да ја разберете и другата страна. Среќни денови: 3, 6, 8, 15, 31 Сингл: Не се залетувајте по личности кои на прв поглед изгледаат како да им е потребна вашата љубов и утеха. Не ви е потребен уште еден човек кој ќе ви ја цица емоционалната енергија и нема да ви даде ништо за возврат. Бегајте од такви. Во врска: Декември ќе донесе будење на страста и многу жешки ноќи поминати со партнерот. По се изгледа дека конечно ќе успеете да ги разбудите оние емоции кои што сте ги имале на почетокот од врската и причината поради која што сте се вљубиле еден во друг. Среќни денови: 4, 9, 18, 22, 25 Сингл: Не ја губете надежта, страста е пред вас. Но, може да дојде во необична форма, како состанок на слепо или пак сосема неочекувана средба. Месецов ќе ви се случуваат необични нешта, кои на крајот ќе ве одведат токму онаму каде што треба да бидете. Во врска: Постојаните излегувања со партнерот помалку ќе ве изморат. Иако сакате да уживате во ноќниот живот, изгледа дека месецов повеќе ќе сакате да останете дома и да се милувате отколку да одите од една на друга забава. Кој знае можеби конечно сте се смириле?! Среќни денови: 3, 6, 8, 11, 17 Сингл: Кажете да кога имате можност. Доколку цело време пребирате ќе останете со празни раце. Престанете да бидете толку сериозни и обидете се на излегувањата да гледате поспонтано со цел повеќе да уживате. Во врска: Следи период на интензивни емоции и многу љубомора. Веднаш престанете да предизвикувате драми бидејќи на тој начин нема да ја добиете битката. Негативната енергија исфрлете преку правење на нешто корисно. Среќни денови: 4, 22, 23, 24, 25 Сингл: Време е да избегате од рутинските излегувања и да испробате нешто ново. Личноста која што ќе ви го разубави животот можеби се наоѓа поблизу отколку што мислите, но и вие мора да се помрднете од своето место за да ја пронајдете. Прифатете го предизвикот! Во врска: Промените кои што доаѓаат значат дека ќе треба да направите некои сериозни избори кога станува збор за вашата врска. Проблемите кои се трудевте со месеци да ги игнорирате сега ќе испливаат на површина, па нема да остане ништо друго освен да се соочите со нив. Среќни денови: 6, 8, 17, 25, 26 Сингл: Вашиот шарм ќе биде неодолив за многумина, па затоа искористете го најдобро што можете. Сепак, наместо да си играте со луѓето бидете подиректни во однос на она што го сакате и храбро тргнете во освојување на нечие срце. Во врска: Доколку сте жена, дозволете му на мажот да биде маж и да чувствува дека има контрола врз ситуацијата во врската. Наместо само да критикувате и да му кажувате што да прави, барем еднаш воздржете се од коментар и играјте по негови правила. Среќни денови: 1, 9, 14, 18, 25 Сингл: Парите не ја купуваат љубовта, но можат да олеснат многу нешта, како на пример направат да се чувствувате добро кога мислите дека имате ужасно здодевен ден. Искористете го месецов да уживате со своите пријатели, па кој знае можеби на една од тие забави ќе пронајдете некој кој одлично се вклопува во вашата шема. Во врска: Уживајте во она што го имате со својата подобра половина бидејќи добрите врски се вистинска реткост во денешно време. Сексуалната желба овој месец е на високо ниво, па очекувајте многу жешки ноќи поминати во друштво на саканата личност. Среќни денови: 2, 3, 6, 30, 31 Сингл: Ако ви се случи мала кратка афера, тоа сигурно ќе биде со личност која плени со својата харизма и сексуален магнетизам. Иако вообичаено бегате од вакви луѓе, овој пат ќе се излезе дека токму тоа ви е потребно за зимската сезона. Во врска: Помалку проблематичен месец за сите парови бидејќи додека едниот од партнерите сака да остане дома, другиот умира за вечер помината во одлично друштвово некој ноќен клуб. Потребно е да направите компромис и да ги задоволите како своите така и желбите на другата страна. Среќни денови: 5, 18, 22, 24, 25 Сингл: Предновогодишните забави се совршеното место за запознавање на нови луѓе, а воедно и за инстант вљубување. Овој месец постојат големи шанси да ви се допаднат повеќе личности, па да не знаете за која да се определите. Во врска: Големите очекувања носат големи разочарувања. Можеби ја преценувате својата врска и очекувате нешта кои реално се невозможни. Се ќе биде во ред сè додека се спуштите на земја и конечно сфатите дека нештата не можат секогаш да бидат како што вие сте ги замислиле. Среќни денови: 7, 8, 16, 20, 26 Сингл: Задржете ги емоциите за себе затоа што објективното размислување овој месец ќе ви помогне да не бидете повредени. Флертувањето ви оди од рака и најверојатно ќе го добиете она што го посакувате, сè додека тоа не е сериозна врска. Во врска: Тимската работа е најголемиот афродизијак за овој месец. Велат дека спојувањето на задоволството и бизнисот не е добар потег, но вашиот случај важи спротивното. Покрај себе имате личност со која што се надополнувате на повеќе полиња, па секој план или нова иницијатива ќе резултираат со успех. Среќни денови: 1, 8, 9, 18, 19 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овен значи со убо ке ја завршам 2013 ајде да видиме
|
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што да очекувате кога ќе запознаете огнен Овен или земјен Јарец? Пред да почнете потрага по сите мали и големи карактеристики на одреден знак...
...запознајте се со трите клучни карактерни црти на секој астролошки елемент. Воздушните знаци Близнаци, Вага и Водолија се:
Земјените знаци Бик, Девица и Јарец се:
Водените знаци Рак, Скорпија и Риби се:
Огнените знаци Овен, Лав и Стрелец се:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Храбри - Огнената бестрашност надоместува за нивната егоцентрична личност
кине |
|
Train hard,Fight easy !
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ОВЕН
Овновите се нестрпливи во сексот, се сакаат сега и веднаш, како и во животот. Сакаат да експериментираат, ги привлекува авантурата и за нив љубовта и сексот се посебна категорија. Многу бараат, па од партнерот очекуваат потполно задоволство во кревет. И самата помисла на телото на партнерот ги возбудува и сакаат помалку ексцентрични пози. Нивни ерогени зони се вратот и ушите. Најдобар секс имаат со личностите родени во знакот на Лав или Стрелец. БИК Биковите се големи хедонисти, како што сакаат да дегустираат добра храна, така уживаат и во интимните моменти. Сакаат долга предигра, можат да се навредат ако ги брзате. Партнерот не смее да штеди на бакнежи и милување, затоа што им е потребно да чувствуваат блискост. Затоа Биковите ретко влегуваат во авантура. Во сексот се страствени, ги возбудуваат допири и врели погледи. Слепоочницата е ерогеното место кое ги возбудува. Им одговараат Девици и Јарци. БЛИЗНАЦИ По природа се љубопитни, но и површни, па затоа најмногу им одговара флертот. Се прават набрзина, па такви се и во сексот. Не ги интересираат долги воведи, сакаат да преминат веднаш на главното. Во љубовните игри сакаат да истражуваат, поместуваат граници и да прават нешто невообичаено. Имаат силни сексуални фантазии, кои понекогаш го збунуваат партнерот. Најдобар секс би имале со Скорпија и Риби. РАК Раковите тоа го прават опуштено, без брзање и со многу емоции. Тоа е, според нив, идеален секс. По природа се неодлучни, па ретко се впуштаат во авантура, но кога имаат постојан партнер, во креветот се опуштаат без пречка. Ќе одговорат на најскриените фантазии. Најпрво разбудете ја страста кај нив, па бескрајните изливи на љубов во креветот се загарантирани. Важен им е контактот со очите додека водат љубов. Идеални партнери се Скорпија и Риби. ЛАВ Лавовите одлично знаат да ги постават границите помеѓу емоциите и желбата за секс, во двата случаи сакаат да се покажат во најдобро светло. Многу се директни, па затоа не им е проблем отворено да кажат што очекуваат од него во кревет или во текот на сексот стравствено на уво да шепнат што ги возбудува. Енергични се и темпераментни, важат за доста потентни и издржливи љубовници. Нивните ерогени зони се препоните и бедрата. Им одговараат Стрелец или Овен. ДЕВИЦА Дискрецијата и умереноста се нивен заштитен знак. Девиците одично ја контролираат нивната страст во креветот, Партнерите може да изгледаат чудно, дури кога во најинтмните моменти водат сметка за манирите, меѓутоа тие работи ќе попуштат со време, кога ќе се оставари блискоста. Девицата ретко ќе биде подготвена за исполнување на сексуалните желби. Ги возбудуваат допирите. Најдобар секс имаат со Бик и Јарец. ВАГА Вагите се многу емотивни и романтични.Тие уживаат во секси игрите. Изливот на љубовта во моменти на стравствените допири, се неизбежен дел. Сексуалната фантазија е поттикната со длабоки погледи, секси движења. Не се премногу склони на експериментирање, но тоа на нивните партнери не им смета, затоа што сексот за нив е вистинска магија. Посебно сексуално уживање им кај половината. Во сексот најдобро се согласуваат со Близнаци и Водолија. СКОРПИЈА На кратко, сексот за нив е уметност. Како љубовници се сјајни и за нив во сексот нема граници. Страта и адреналинот во текот на љубовниот чин им се зголемува и секогаш сакаат да пробаат нови потези и предизвици. Многу се сензибилни, умеат да почувствуваат што му годи на партнерот. Сепак, може да и засмета нивната доминација во креветот. Ерогените зони им се препоните и стомакот. Најдобар секс можат да имаат со Риба и Рак. СТРЕЛЕЦ Стрелецот е најеротичниот знак во хороскопот, па јасно е дека тие навистина знаат да уживаат во сексот. Темпераментни се, импулсивни и пред се директни. Класиката во сексот не ги интересира. Напротив, сакаат да истражуваат и најсреќни се ако партнерот покрај нив е расположен да проба нешто ново. Сексот со нив секогаш е различен, незапирлив и див. Ги возбудуваат допири, посебно на долниот дел на стомакот и грбот. Идеални партнери: Овен и Лав. ЈАРЕЦ Сексот како игра на моќта и доминација во кревет, за припадниците на овој знак е тотална непознатица. Љубовната игра мора да започне полека, помалку невино и забавно, тоа ги доведува до најголемите страсти. Како што се по природа емотивни и ранливи, во сексот секогаш преферираат класика, понекогаш се чини дека не им одговара да ја поминат границата на пристојност. Ги возбудува бојата на гласот, допири и пред сè изјави на љубов и нежност. Нивнатаерогена зона е внатрешната страна на колената. Најдобар секс можат да имаат со Девица и Бик. ВОДОЛИЈА За Водолиите сексот претставува спој на необични, емотивни и еротски искуства. Тие се многу вешти љубовници, се предаваат без одолжување, преферираат оригиналност, спонтаност и одредена доза на егибиционизам. Обожуваат необични пози, па им одговара партнер кој може да ги следи во нивните љубовно-сексуални фантазии. Може да ги возбуди и нечиј провокативен изглед. Според хороскопот, на Водолиите во сексот најмногу им одговараат Близнаците и Вагите. РИБИ Сензуалните Риби знаат како функционира и најмалиот нерв на телото на партнерот. Тие се неверојатно внимателни љубовници, кои во текот на сексот умеат во текот на сексот без зборови да го следат партнерот. Бидејќи љубовта е нивната духовна храна, ги возбудуваат изјави на нежност, топли погледи или самата појава на саканата личност. Токму емотивниот занес кај нив ослободова еротски фантазии, па важат за неверојатно имагинативни љубовници. Нивните ерогени зони се стомакот и зглобовите. Идеални партнери за секс им се Ракот и Скорпијата. Коментирај!!! |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каков родител сте според хороскопскиот знак?
Овен Овенот како родител е строг но привлечен. Од детето секогаш сака упорност и добри резултати. Понекогаш престрого ги воспитува децата. Родителот во знакот на овен не смее да се нервира, да бара премногу од своите деца, бидејќи неговите животни амбиции не се амбиции на детето. Овните треба да бидат повнимателни, само на тој начин би ја добиле титулата фантастичен родител. Бик Родителите родени во знакот на бик секогаш стравуваат за своето дете, дали е гладно, жедно или дали нешто му недостига. Кога детето ќе порасне доколку нема матрејална сигурност, родителот бик секогаш ќе му помага, на сите можни начини. Бикот никогаш не дозволува фамилијата да живее во сиромаштија. Близнаци Близнаците како родители се интересни, добри и весели. Само понекогаш не се знае кој е родител, а кој е дете. Близнаците никогаш не би се откажале од своето дете. Тие секогаш имаат време да зборуваат со своите деца, без разлика дали се зафатени или не. Рак Ракот е еден од најосетливите знаци. Тие се секогаш загрижени, па дури и кога нема причина. Најмногу внимание посветуваат на чуствата на децата и нивните интереси. Кога детето ќе порасне и еден ден ќе се одсели од родителите, ракот родител секогаш ќе биде во близина за да помогне, но и да даде добар совет. Лав Родителот лав ќе биде најдобар другар на своето детеи ќе му ја дава најголемата подршка. Нивните деца секогаш ќе бидат свесни за своите квалитети и можности. Родителот лав никогаш не ги покажува своите чуства со зборови,туку со поклони и гестови. Девица Родителот девица е многу комплициран. Секогаш се мора да биде совршено, а неговото дете никогаш да не прави грешки. Доколку не се сложува со своето дете, радителот од овој знак, демонстративно се врти и си оди. Во случај да сте девица, немојте да ги притискате своите деца кога станува збор за учење или работа. Секој има свој живот и свој свет. Слободно давајте совети, но немојте да претерувате. Вага Родителот вага секогаш се грижи за бон тонот на своето дете. На децата строго им забрануваат непристојно однесување. Но вагата е знак кој најмногу се грижи за иднината на своите деца. За нив, фамилијата е најважна , па затоа истото размислување ќе го бараат од свите деца. Шкорпија Родителот шкорпија се знае и се гледа. Од него ништо не може да се сокрие затоа што тој секогаш поставува прашања. На шкорпијата најбитно и е детето да биде обезбедено. Шкорпиите знаат да бидат напорни, но тие е не се лоши родители. Едносавно сакаат работите да ги држат под своја контрола. Стрелец Родителот стрелец им дава голема слобода на своите деца. Стрелецот ништо не им забранува на своите деца, секогаш им ги исполнува желбите и секогаш ги води на патувања. За родителите стрелци факултетот и спортските активности се многу важни. Јарец За да не испадне дека јарецот е најстрог знак и дека тоа е лошо, во овој случај е добро. Јарецот знае да се постави и да има авторитет, а тоа е најважно за правилно воспитување на едно дете. Родителот јарец не се меша во се, но секогаш знае да даде добар совет. Водолија Родителот водолија е најдобар пријател. За разлика од стрелците, водолијата не им попушта на своите деца. Доколку детето не ги исполнува барањата на водолијата, присутни се санкции. Доброто е во тоа што љутината кај водолијата многу брзо. Детето треба да има поставено цели и да ги реализира. Риба Рибите иако се прават дека ништо не гледаат, тие знаат се. Рибите не ги притискаат своите деца, секогаш ги оставаат да бидат она што навистина се. Во повеќето случаи тоа е добар начин на воспитување, но понекогаш може да има и спротивен ефект. |
|
Внеси реплика | страница <1 101102103104105 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |