|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 100101102103104 200> |
Автор | |||
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ova stvarno citam ili haluciniram ..........aj nema da te komentiram..gledam oti nema svrha |
|||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во моментот се радува како и сите надосегашниот успех на нашите кошаркари и е во исчекување како и сите ние во освојување на бронзата
Е арно ама во меѓувреме МОРА да се фати за работа, посебно делот за министри Албанци и редно е некој да го замени (оти очигледно сам нема намера да си даде оставка) Сафет Незири кој како заменик-министер едноставно не ги почитува законите и бара нивно кршење. И што е уште потрагично, за тоа што не му е дозволено прекршување на законот дури се осмели да прети дека ќе ги извести странските амбасади. Незнам зошто ама Незири ми наликува на оние децана задорничиња кој прави бељи и чим му се покаже заби оди да ја собира “бандата“. Дали човек треба да верува на заменик министер кој ПРВ не ја почитува регионализацијата. Треба ли сите да постапат така-да ги запишуваат децата во училишта каде не припаѓаат а училиштата во нивните маала неека зјаат празни. Искрено, иако Стевче Јакимовски никогаш не ми бил симпатичен заради онаа негова несреќна изјава за просветните работници сепак што е право, право е тој е во право. И МОН, БРО, ДПИ како институции треба да застанат зад неговата одлука. Станува ли ОУ „Братство“ меѓуетнички проблем?И не станува меѓуетнички проблем туку покажува како неспособните решааваат со мускули.Не им обезбедиле услови на своите гласачи па сега се растрчале да ги грабнат тие кои некој друг ги обезбедил.На потег е владата-да не го дозволи ова. Дури, следејки го својот к*рс редно е на коалициониот партнер да му каже да си одбере асални кадри на одоворни функции. |
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Poshto celata vlada e del od narodot slobodno kje kazjam deka za narodo/drzjava ne pravi ama bash nishto. Pravi samo za sebe. Pravi spomenici vo vreme koga socijala ni e na ochajnichko nezavidno nivo, namesto da otvara potencijali kade kje go zgrizji narodot i so toa kje ja namali socijalata, siromashtijata/bedata i brojot na gladnite i bezdomnicite. Zakljuchok: ,,Raboti sama za sebe. Sekoj zema od narodniot kolach onolku kolku mu dozvoluva funkcija,, |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Donesuva Zakoni za legalno zbogatuvanje na snetka na narodot.
Umno si raboti, oti brgi kje i pomine mandatot i mora po hitna postapka da se zbogati. Zatoa na narodot sekoj den mu donesuva nov ARACH. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Баш би сакала, сите форумски поддржувачи на оваа влада, да ги слушнам, прочитам за две- три години ...
Трошење на непродуктивни пари на фасади, при толкава невработеност, е тоа што оваа држава ќе ја доведе до- банкрот. Да бевме богата држава, да имавме 1500 еур просечна плата, да разберев владата да тера политика на ’’разубавување на фасадите’’. Да градеа фабрики, да инвестираа во нешто што ќе вртеше пари и ќе го полнеше буџетот, ќе беше поинаку. Вака, приказната е следна: За брзо време, буџетот ќе биде во големи минуси. Кога владата ќе ги потроши сите пари за реклами, споменици и административни плати, и ќе бара повторно кредити и позајмици, кој ќе и даде ? Македонија ќе постане втора Грција: во долгови до гуша. А да не се лажеме- ја немаме репутацијата на Грција, па да некој се труди да не заштити и помогне- не сме ни членки на ЕУ. Кој ќе и помогне на Македонија, ММФ, Светска Банка.....? Се сомневам. После слични испади како овие на новинарите, откако ќе ги видат сите извештаи и како се трошат парите, никому нема око да му трепне за нов кредит за Македонија. Е, тогаш, ќе влезат картиците на административците во минуси кога не ќе можат да си ги покријат трошоците, и кога ќе заглават во кредити...ќе почнат да се кратат пензиите на пензионерите...да се одземаат бесплатните денови за возење со ЈСП...да се зголемуваат давачките....да се затвараат малите и средни компании...итн итн. Тогаш, ќе биде јасно каде се движи Македонија. Изменето од Kali - 27.Септември.2011 во 16:21 |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Со господ напред, ќе се читаме по две-три години. И ако е вистина набројаното ќе си признаеме дека сме погрешиле. И да се разбереме, не ја подржуваме целата влада туку оние министри, оние ресори кои даваат добри резултати. Ииии кога сметаме дека нешто не чини, критикувам добрите). Не би било нормално да нема лоши чекори бидејки идеално нема. Изменето од mamamd - 26.Септември.2011 во 19:39 |
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
mamamd, тоа што некое министерче ќе донесе тука и таму некоја добра одлука е слично на приказната, една ластовичка не ја прави пролетта.
Економијата е таа која е најбитна за силна стабилна држава. И правото. За правото, не го споменав во постот, а и нема веќе потреба, доволно е напишано. Ситуацијата е јасна- за тој кој сака да ја види. Прашањата се едноставни и конкретни, не мора никој верува или не во нив, туку само да погледне околу себе и здраворазумски да размисли. Не мора човек да гледа многу далеку, ниту да поседува посебни Баба Ванѓа вештини за да предвиди каде води оваа политика, за да донесе заклучок. Секој домаќин човек ќе рече: кога парите од домашниот буџет се трошат за облеки, за да сме убави пред светот, а никој дома не заработува- значи парите се трошат, но не се влеваат. Тие пари се непродуктивни, не инвестирате никаде, не ги вртите парите, туку само ги трошите. Исто како и во нашата држава. Кој паметен, банка или комшија, вам ќе ви позајми пари кога ќе снемате, кога ќе види како ги трошите парите? Судбината на Грција не ни бега. Изменето од Kali - 26.Септември.2011 во 20:27 |
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vo red, eve da se soglasam so tebe deka ovaa vlada ne ja biva i treba da se smeni . Koja e alternativata i kogo treba da stavime na vlast? Sto mislis Kali ? Koj ke ne spasi ? |
|||
SOLI DEO GLORIA
|
|||
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Sigurno Branko......oti on do sega sekoj pat ne vadese od kalta....
|
|||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како да го разберам ова, дека велиш дека всушност нема подобра алтернатива? Или навистина прашуваш која алтернатива ја сметам за подобра? Мене воопшто не ми беше зборот за алтернативите. Јас само пишувам и се прашувам за политиката која сега и овде, оваа влада ја води. Ако вие сметате дека треба да се согласиме на ваквата политика, или воопшто да не ја дискутираме, само поради тоа што не гледате други алтернативи, тоа е сосема друго. И патем, тоа е исто така проблематично. Нема смисла човек да се согласува на лоша политика само поради тоа што не гледа други алтернативи. Всушност, изборите поминаа пред неколку месеци. Нема логика сега да разговараме за тоа кој би бил подобар. Возот помина...меѓутоа со оглед на се, претпоставувам дека набрзо ќе дојде следниот. Па тогаш, ќе разговараме за алтернативите. |
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Mislam deka bev jasen vo mojot post. Najlesno e da se kritikuva , na sekoj moze da mu se najde mana . Ako veke nesto sakame da rusime, treba da bideme spremni namesto toa da izgradime nesto podobro. Taka li e? No vo pravo si, gragjanite si go kazaa svoeto na poslednite izbori na kogo mu veruvaat. |
|||
SOLI DEO GLORIA
|
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мислам дека во мојот пост никаде не стана збор за некакво рушење
Критикувањето е нешто позитивно-наместо критизирањето. Поставив конкретни прашања кои ме загрижуваат, во врска со тоа ШТО ПРАВИ ОВАА ВЛАДА. Тоа што оваа политика не трпи критики, особено не конструктивни, е нешто што исто така ме загрижува, кога веќе спомнуваме.... Изменето од Kali - 28.Септември.2011 во 15:39 |
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Najlesno e da se kritikuva, od toa nema nisto polesno No dali mozes da predlozis i resenija so koi bi mozel da i pomognes na ovaa kutra vlada ? ( dokolku ne si partiski opoziciono opredelena , razbira se ) |
|||
SOLI DEO GLORIA
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Едни велат дека оваа влада САМО ја задолжува, презадолжува и ја носи кон банкрот дравата
Други велат дека оваа влада гради, средува (додуша само Скопје) ама важно гради (иако оние првите велат дека не гради туку кради). Јас чекам да видам кој е во право |
|||
Внеси реплика | страница <1 100101102103104 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |