IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 100101102103104 157>
Автор
Порака
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 17:16
Овен

Машките родени во знакот овен најмногу ги привлекуваат самостојни, храбри и спонтани жени, кои знаат што сакаат. Тие ги почитуваат оние припаднички на понежниот пол кои ја покажуваат својата духовна сила. Овие мажи сакаат предизвици и уживаат кога ги заведува жена полна со самодоверба, која ќе му се противи таман колку за да биде уште поинтересна.

Бик

Бикот сака жени кои се слатки, мирни и пријатни и кои обожаваат милувања и бакнежи. Преферираат жени кои се лежерни и цврсто газат на земја, но не и онакви кои се премногу самостојни и енергични.

Близнаци

Мажите родени во знакот близнаци ги привлекуваат жени кои се паметни, но и мистериозни. Може да ги привлече и некоја жена која не е премногу убава, но е духовита и интересна, бидејќи тоа се особини кои близнаците ги ценат повеќе од надворешната убавина.

Рак

Раковите ги привлекуваат жени кои се спремни да бидат крај него секогаш кога му се потребни и ќе му покажат грижа. Жената којашто ќе го пази и гали овој маж и ќе направи тој да се почувствува сакано, многу брзо ќе добие место во неговиот дом, бидејќи сака крај себе да има дама, која ќе биде одлична и сочувствителна сопруга.

Лав

Лавот сака жена со која ќе може да се гордее, жена која ќе направи тој да изгледа добро во очите на другите, само затоа што се шета крај него. Прекрасни, драматични, префинети и резервирани жени ќе го уловат вниманието на овој хороскопски знак.

Девица

Девицата секогаш прво ќе забележи некоја дотерана жена, облечена во конзервативен стил. Овие мажи се многу пребирливи и не сакаат ништо помалку од совршеност, поради што многу често се сами.

Вага

Мажите родени во знакот вага ги привлекуваат жени кои имаат стил, но кои не се премногу формални кога нема потреба да бидат. Таа може да биде малку префинета, но не смее да биде надмена. Исто така смее да биде пребирлива, но не премногу. Дамата која ќе го привлече овој знак може да има доста контрадикторни особини, но сè додека е искрена во своите намери и нема скриени тајни, нему му е ОК.

Скорпија

Жените кои ги привлекуваат емотивно нестабилните машки скорпии, мораат да бидат многу витални и страсни. Тие сакаат динамични и силни жени, кои не се неодлучни и апатични.

Стрелец

Машките стрелци сакаат жени кои се чесни, директни и горди, а кои истовремено можат да им бидат пријатели. Тие сакаат жени кои можат во еден момент да се однесуваат како дете, а во следен да зборуваат за сериозни работи. Жените кои се постојано среќни и задоволни, засекогаш ќе останат во нивното срце.

Јарец

Мажите родени во знакот јарец ги привлекуваат жени кои се прифатени од околината и донекаде формални и резервирани. За нив, идеални девојки се оние кои имаат поставено високи цели во животот и кои се трудат да ги остварат.

Водолија

Мажите родени во овој знак ги привлекуваат жени кои се интелигентни, самостојни, со слободен дух и кои знаат да направат добар муабет. Мистериозноста и неконвенционалноста ги фасцинираат, а претераната емоционалност ги одбива.

Риби

Мажите родени во знакот риби сакаат жени кои се романтични, емотивни, чувствителни и страсни. Ако таа е мистериозна или способна да направи тој да се чувствува сигурно, лесно може да стане вистинската личност за него.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 17:41
Близнаци

Мажите родени во знакот близнаци ги привлекуваат жени кои се паметни, но и мистериозни. Може да ги привлече и некоја жена која не е премногу убава, но е духовита и интересна, бидејќи тоа се особини кои близнаците ги ценат повеќе од надворешната убавина.
 
Epten tochno голема насмевка 
 
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 22:33

Оти само за мажи? збунетост
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 22:57
Pogore ima eden drug samo za zheni голема насмевка 
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2013 во 00:40
Хороскопот може многу да ни каже за карактеристиките на одредена личност. Меѓу другото, тој може да ни ја покаже склоноста на знаците кон одредени зависности, или пак пороци.

ОВЕН
Овенот е изразен индивидуалец кој е привлечен од алкохолот и цигарите, а штом се посвети на тоа, не е лесно да го отргнете од тоа. Особено поради тврдоглавиот став дека пушењето ослободува од стрес, а и тие сметаат дека изгледаат прилично гламурозно со цигара во рака.
БИК
Бикот е стабилен знак, но кога се во прашање храната и пијалоците тој дозволува тие да го обземат неговото тело. Угодувањето на неговите желби за него е на прво место, така што лесно е да го замислиме со чашка добар пијалок во рака.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците често го менуваат своето расположение што е обично проследено со разни пороци поврзани особено со цигарите, но и голема зависност од интернет и компјутери.
РАК
Ракот е под големо влијание на Месечината, која го води кон таблети и алкохол. Бесерот неретко го контролира со претерана количина на храна, а освен тоа тие пушат многу.
ЛАВ
Лавот по дефиниција верува во својата бесмртност, така што за него сите пороци се добродојдени.
ДЕВИЦА
Девицата може да биде најголем воркохолик, бидејќи причично опсесивно им пристапува на работите во животот, а штом нештата тргнат во погрешна насока, утехата ја наоѓаат во алкохолот и таблетите за смирување.
ВАГА
Вагата ќе се обиде да побегне од лошата реалност со помош на алкохолот, а за нив ништо ново не се ниту лесните дроги. Меѓутоа, за разлика од другите знаци, тие многу лесно се навикнуваат на физичките активности кои доста често ги практикуваат.
СКОРПИЈА
Скорпијата ја носи титулата за најголем зависник од сексот, а заедно со тоа доаѓа и алкохолот. Цигарите за нив се омилен порок со практична причина, бидејќи им помагаат да ја одржат линијата, за да не морат да бидат на диета.
СТРЕЛЕЦ
Стрелецот како и лавот има став на бесмртник па ништо не е ново за него. Тој често се наоѓа во проблеми со пари поради зависноста од патувања кои не одговараат на неговиот џеб.
ЈАРЕЦ
Јарецот е најмалку склон кон пороци, единствено цигарите според него не спаѓаат во пороци. Друга крајност за него се анорексијата и булимијата поради нивната опсесија дека треба да бидат слаби и убави.
ВОДОЛИЈА
Водолијата по дефиниција сака нови нешта. Нив лесно ќе ги најдете во сите можни крајности, од вегани кои живеат здраво до боемски ликови.
РИБИ
Рибите го обожаваат алкохолот бидејќи тој им помага да ја намалат болката која ја чувствуваат во животот. Секогаш кога ќе се јави одреден проблем, за нив зависноста од таблети е неизбежна.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2013 во 12:53
Originally posted by SVOJA SVOJA напиша:

овен е грешка ме направи алхохоличар и пушач а ништо од тоа
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2013 во 23:03
mhm jas li te napraviv?
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2013 во 12:32
Originally posted by SVOJA SVOJA напиша:

mhm jas li te napraviv?

Па ти го постираше , нема врска се шалам сосема спротивно сум од ова
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2013 во 19:59
„СКОРПИЈА
Скорпијата ја носи титулата за најголем зависник од сексот, а заедно со тоа доаѓа и алкохолот. Цигарите за нив се омилен порок со практична причина, бидејќи им помагаат да ја одржат линијата, за да не морат да бидат на диета.“

точно, ама практичноста на цигарите ја оправдувам во други насоки
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2013 во 20:13
РАК
Ракот е под големо влијание на Месечината, која го води кон таблети и алкохол. Бесерот неретко го контролира со претерана количина на храна, а освен тоа тие пушат многу.

Lazgi so opaskiплазење

Рак

Раковите ги привлекуваат жени кои се спремни да бидат крај него секогаш кога му се потребни и ќе му покажат грижа. Жената којашто ќе го пази и гали овој маж и ќе направи тој да се почувствува сакано, многу брзо ќе добие место во неговиот дом, бидејќи сака крај себе да има дама, која ќе биде одлична и сочувствителна сопруга.

donekade se u pravoнамигнување

Изменето од laki_bu - 20.Ноември.2013 во 20:25
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2013 во 20:16
Сите испаднавме зависници според хороскоповзагриженост
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2013 во 13:49
Желбата за неверство не е еднаква со извршување неверство. Сепак, за припадничките на понежниот пол, многу е важно дали нивниот партнер им е целосно посветен и верен длабоко во срцето. Иако не треба да се земе здраво за готово, различни хороскопски знаци имаат различна тенденција да покажуваат разни скриени видови неверство, кои понекогаш можат да бидат и поопасни од самото изневерување.

Видови неверство во машкото срце според хороскопскиот знак
Неверство со очи – Јарец и Рак

Седите во кафуле кога одеднаш забележувате како вашиот партнер упатува скриен поглед на другиот агол, проследен со блага насмевка на неговото лице. Вие чурите од љубомора. Тој тоа можеби го прави бидејќи има потреба да си ја задоволи својата суета или пак за да си ја докаже својата привлечност.

Неверството со очи, иако наивно, може да биде многу вознемирувачко за жените. Но, наместо бурно да реагирате, штом забележите ваков испад, дајте му поддршка: „Нели е добра русокосата на сепарето во аголот, и мене многу ми се допаѓа.“ Ваквите зборови обично ќе го вратат во вашата прегратка.

Неверство со мислите – Бик и Вага

Згодна бринета поминува покрај вас и вие забележувате како тој магично е обземен од нејзината појава. Наеднаш станува сосема отсутен и изгледа како веќе да ги допира нејзините усни и се милува со неа во кревет. Тоа се тие машки фантазии кои на жените им делуваат како неверство со мислите.

За овој вид неверство жените имаат еден вид шесто сетило, веднаш го забележуваат, но наместо да се прашувате дали повеќе не го привлекувате, најдобро е да му дадете до знаење дека и вие сте ја забележале привлечната бринета која ви го пресекла патот. И оп, ладен туш, тој за секунда се враќа назад во реалноста.

Неверство во соништата – Вага и Скорпија

Станувате наутро од спиење и тој се однесува чудно. Додека појадува ве загледува и ви дава некој чуден коментар од типот: „Можеби треба да симнеш некое килце.“ Бум! Зборови кои делуваат како куршум во градите на секоја жена. Секако дека поради таквиот коментар ќе се запрашате дали тој повеќе би сакал да биде со некоја друга, но вистината е дека фантазирањето и мечтаењето за друга личност е сосема нормално во бракот и во долгите врски. Навечер, кога тој ќе легне да спие, во мислите може да му дојдат мечти за друга жена, па потоа да следуваат и соништа кои ќе се темелат на таквите негови желби.

Опасноста од овој вид неверство лежи во тоа што нашите соништа се најчесто реакција на нашите потсвесни размислувања. Добрата вест пак е што овие желби во реалноста ретко ни се исполнуваат. Ако пак се работи за мечтаење со отворени очи, тоа е веќе знак за опасност – тие се показател на вистинско незадоволство во врската или бракот.

Порно неверство – Бик и Водолија

Билборди со разголени гради на секој агол, телевизиски реклами со атрактивни девојки, пристап до разголени убавици со само едно притискање на копчето на лаптопот или телевизорот… Па, кој би можел да им одолее на сите овие можности и да не се препушти на искушението да биде во друштво со убава девојка. Иако е нормално и очекувано, и ова однесување може да се доживее како неверство. На пример, доколку тој остане да гледа порно до доцна навечер, додека таа е веќе одамна во кревет.

Без никакво реално изневерување, и во овој вид неверство сепак се крие опасност. Во случај кога мажите само сонуваат за порнографски содржини и убави девојки, тие сè повеќе стануваат незадоволни и тоа е знак за повлекување црвена линија.

Неверство со зборови – Овен, Стрелец и Рак

Тој веќе не разговара со неа. Таа, за своите маки и проблеми може да разговара само со другарките. Наутро се бакнуваат само од рутина, а прегратката веќе ја нема онаа топлина што ја имала порано. Врската е заглавена во ладна состојба.

Најлош степен на овој вид неверство е кога ќе замре и нежноста. Тоа е веќе неверство со чувствата. Ова некогаш може да го навести тажниот крај на една врска, но понекогаш е и само минлива криза, фаза во која и двајцата партнери не даваат сè од себе за да ги решат моменталните проблеми. Од ваквите кризни ситуации може да се извлечете само со искрен разговор.

Неверство со ладно однесување – Лав и Риби

Тој во друштво на своите другари често знае да каже: „На некој што е толку долго во врска како мене му е потребна мала промена. Со тек на време, секоја жена губи од својата привлечност.“ Машки муабети. Па на овие зборови ќе се надоврзат останатите во друштвото за да се покажат пред самите себе и пред другите дека го имаат истиот тој по малку циничен став.

Но, дури и кога неговите забелешки не се искрени и се само нешто што го пополнува машкото време во муабет, сепак изневерувањето со зборови е сериозен показател на непочитување и недостаток на чувства за она што тие двајца го имаат.

Вистинско неверство – Близнаци и Девица

Постојано нешто замерува и бара повод за кавги. Во последно време делува како да е отсутен со духот. Има ли друга? Мисли ли на друга? Мажите лесно го изразуваат своето лошо расположение на својата партнерка. Но, зошто тоа воопшто се случува?

Постојат 3 основни причини за овој смртен грев:

1. Заради суетата: Тој бара потврда на својата машкост. Сака сам на себе да си докаже дека сè уште има влијание врз жените. Овој флерт е најчесто безопасен и минлив.

2. Заради фрустрации: Во криза е. Мисли дека си го прокоцкал животот и сака да се врати во младоста. Со другата жена тој си го остварува сонот за возбудлив живот. Овој подвид на неверството е доста опасен бидејќи ќе биде тешко тој да се врати на својот стар животен пат.

3. Заради сексуалното искуство: Му треба промена. Излегува по ноќните клубови и си бара плен – најтипичната „машка болест“ на денешницата. Ова е фатално за врската бидејќи со текот на времето неговите чувства потполно ќе затапават.

RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2013 во 14:13

хахахахаха порно неверство
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2013 во 16:38
bik ste?
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 100101102103104 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.