|
Влијанието на медиумите врз младите |
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Автор | |
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ок, значи јас не го негирам влијанието на медиумите! Само добив впечаток дека изјавата на Кили направила такво разорно дејство на развојот на младите луѓе да мислиш готово од утре сега сите ќе се однесуваат така. Однесувањето на еден млад адолесцент е мноооогу голема, ОГРОМНА констелација на влијанија, афекти, ставови, мислења, вредности и т.н. сето тоа во комбинација со хормони. ПЦУЕЊЕТО НА КИЛИ НА ТЕЛЕВИЗИЈА НЕ Е ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕДНО ДЕТЕ ДА ТЕ ИЗЛАЖЕ! Има влијание, но не е нужно! А, кога веќе говориме за влијанија, што правиме со влијанието на комшиите (пцујат ко кочијаши у продавница), влијанието на видео - игрите, влијанието на facebook и т.н. Едноставно, како родител, не можеш да го лимитираш тоа влијание, особено не на групата врсници. Ти можеш да го пазиш детето во стаклено ѕвоно, да го воспитуваш најдобро што можеш, но кој ти гарантира дека друг родител исто така внимателно го воспитува своето дете, кое по некоја случајност ете, се дружи со твоето дете?! И баш тоа дете, може да има влијание врз твоето дете, па детето да ти дојде ќор пијано дома! И сега што е тука страшно?!? Сакам да кажам, сите ние, сме биле под овие влијанија, па никому ништо...
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Доволно е моето дете да е воспитано. За другите не ме интересира. Кога јас нема да му дозволам да го гледа Полат, Кили и слични глупости на нив моето дете нема да има од кај да го поприми тоа. Таков говор не им личи ни на уличарите а не па на дете од добра фамилија, која сите ја знаат како културна, совесна и чесна.
Дозволи ова, дозволи она, па нормално дека после и комшиите ќе ги имитираат. Ако не му укажеш на детето дека тој чичко не зборува како што треба, утре детето ќе ти рече ... Тато, ај иди у ПМ....
Извини, ама ако ти му дозволиш на детето да го гледа секое ѓубре по телевизииве и при тоа да не реагираш доколку поприми од нивното однесување, тогаш не знам што да ти кажам. Некој погоре ги спомна децата на Кили. Искрено, да сум ја имал таа можност на времето на Кили би му го одземал татковството. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
супер, ти не му даваш на син ти да гледа Полат, јас на ќерка ми и давам. Двајцата имаат по 13 години, ете се здружиле. Мојава ќерка е поџамбаз, ама згодна, син ти се зацапал у неа... Сигурен си дека си го лимитирал влијанието врз син ти?
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде бе, женско ќе земе пиштол и ќе го застрела типот што и истурил да речеме коњак на блузата?
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Види, не би рекол дека поставувањето на бомбата е резултат на гледањето на Полат. Во однесувањето и постапките на луѓето има два модула : carrier (причинител), modulator (канал за оправдание на постапката и act (дело). Поставувањето на бомбата со ИЗГОВОР за Полат е модулатор на однесувањето, причинителот е нешто друго. Така да ако и истуриш пијачка на женско и она извади пиштол и те застрела, истурањето на пијачката е модулатор, причинител е нешто друго (и раскинач дечко, татко и бил насилен пијаница, има проблеми сама со себе и т.н.). Поентата ми е, секоја индивидуа си наоѓа некаков си модулатор, преку кој ги правда своите постапки пред себе си, причината е нешто друго. И никогаш не можеш да ги тргнеш модулаторите, ако не се на ТВ, ќе ги има како некој друг медиум, друго влијание, тоа сакам да кажам. И да, не е чудно да женско земе пиштол и застрела некој зошто и истурил коњак на блузата. Зошто тоа би било чудно, зошто е женско?
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Факт е дека медиумите имаат огромно влијание врз младината, повеќе негативно отколку позитивно, но да се запрашаме зошто е тоа така, зошто младите применуваат се што ќе им се сервира на Тв? Јас не би ги обвинувала само медиумите, дека тие се главни и единствени виновници. Главни виновници се и родителите бидејќи тие им дозволуваат да гледаат се и сешто по тв, не контролираат колку гледаат тв на ден и што гледаат. Уште од мали нозе им дозволуваат на децата да седат пред тв неограничено и да гледаат цртани филмови, да играат игри на компјутер и сл. наместо да си играат со своите играчки, да се дружат со своите врсници, да им се читаат сказни, да цртаат, бојат и сл. Ќе дадам еден конкретен пример од моето искуство како бебиситерка во Германија. И во двете фамилии каде што престојував на децата им беше дозволено најмногу 1 час да поминат пред Тв во денот, гледајќи цртани или серии за деца. За компјутер да не зборуваме, не ни знаеја како изгледа. Децата од едната фамилија беа девојчиња на возраст од 4 и 6 години, а од втората машко на 2 годишна возраст. Кога ќе прашаа зошто не смеат подолго време да останат пред Тв, им објаснувавме наједноставно дека ќе ги болат очите, ќе си го расипат видот и ќе носат наочари. И уште една многу битна работа, децата мораа да си легннуваат навечер најдоцна во 20 часот, со многу мали и ретки исклучоци ( ептен ретко се случуваше тоа да биде во 21ч. ). Можеби после ова некој ќе каже германски режим, многу строги родители или сл. но размислете што е подобро за вашите деца и дали во нашава земја родителите се премногу меки спрема своите деца па се им е дозволено, што подоцна кога ќе пораснат и те како ќе се одрази. И кога ќе имате проблеми, вината не ја барајте во друг, туку во вас бидејќи премногу сте им допуштиле уште од мала возраст. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Целосно се согласувам со Shatzii7. Но, не заборавајте ја и веќе вродената личносна структура и темпераментот. Тоа е вродено, некогаш едноставно, врз однесувањето на децата, влијание има и самата негова личност и темперамент, на кои не може да се влијае едноставно. Не се медиуите креатор на личноста на еден млад човек, туку цела една констелација, вредности на суп-културите (во периодот додека се бара себе си, нели некогаш е скинхеад, друг пат е балетан, па панкер, па све и свашта, ова како пример нели). Во патот на растаењето сите попримаме од некого, ставови, мислења, вредности (од баби, дедовци, професори, роднини, пријатели на родителите и т.н.). Не смее да се заборави дека особено во период на адолесценција, колку и да звучи лудо и невозможно, младо дете има своја ЛИЧНОСТ! И едноставно, може да пројави однесување кое е САМО НЕГОВ ПРОДУКТ, ПРОДУКТ НА НЕГОВАТА ВЕЌЕ ОФОРМЕНА ЛИЧНОСТ (за период на адолесценција и пубертет говорам, па и порано 9-10 години). И едно дете од 10-11-12 години може да има ЛИЧЕН СТАВ и ЛИЧНО МИСЛЕЊЕ! Најчеста грешка , поради која се раѓаат фрустрации е ОСУЕТУВАЊТО НА ТОКМУ ТИЕ СТАВОВИ И МИСЛЕЊА,кои се продукт на неговата ЛИЧНОСТ, а на родителите не им се допаѓа. Како да им е тешко да прифатат дека нивното дете е ЛИЧНОСТ (со свои вредности, норми, ставови и мислења) и дека таа ЛИЧНОСТ можеби и не соодведствува на нивната слика за нивното дете!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Медиумите-Да имаат огромно влијание врз младите-посебно она А1 на Сител-волците де и нивната долина
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tochno a vo nekoi zemji ., mislam vo germanija beshe ., zabraneta ., zaradi pregolema upotreba na pishtoli vo serijata |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
има две главни работи што се проблем тука
медиумите немаат средена програма, односно, програмата која се емитува, не е прикладна за времето во кое се емитува и тука се жртви и децата, џабе се сите тие предупредувања, кога немаат влијание втора работа е воспитувањето кое најголем дел од родителите се обидуваат да го игнорираат кај ваков проблем, најлесно е да се бара друг кривец, исто како кај образованието кога професорите ви се криви знам дека е претерано тешко постојано да внимаваш на тоа што го прави детето или да контролираш што све прима со својот ум, ама неопходно е да се прави тоа како и да е извинете, ама дете ако се фрли од тераса или во шахта, или детето има некакво психичко пореметување, или родителите го оставиле само на себе, па не ги научило последиците од таквите постапки... на крај краева, и јас сум гледал секакви глупости на телевизија, било да е насилство или нешто друго, па сум пораснал сосема нормално без никакви последици а морам да признаам дека сам без никаква контрола со саати сум гледал телевизија, што значи дека не е се до контрола на тоа што го гледаш, туку контрола на тоа како го разбираш тоа што го гледаш |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од онаа Долина на волцине ни една епизода немам гледано...
|
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А на Латас гласот му го немав слушнато месец дена...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da, "Влијанието на медиумите врз младите" postoi kako shtio postojat i drugite vlijanija vo opshtestvoto kako shto se semejstvoto, uchilishtata, religiite ulicite, prijatelite, rodninite...
I "Влијанието на медиумите врз младите" e podednakvo dobro i losho kako site ovie nabrojani neshta vo nashiot zhivot bidejkji istite lugje, so istite znaenja, ubeduvanja, veruvanja i interesi rabotat vo medijumite Medijumite ne se padnati od Mars, tuku se nashi produkti i dela. Изменето од Messenger - 26.Декември.2011 во 05:55 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред неколку години кога можев да се вбројам во категорија на млади, случајно паднав на едно интервју на А1 со Ален Хаџи-Стефанов (главен на Џез радио). Го прашаа дали гледа телевизија. Рече дека не гледа, затоа што најголем дел од работите се лаги. Долго време го обмислував неговиот одговор и навистина колку лаги се изнаслушавме за разни грипови, за разни „не/демократии“ во светот...
Бидејќи го знам и лично Ален, си реков дека е ептен во право и се исклучив и јас од Македонскиот етер (е*иветер). |
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |