![]() |
|
Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 69> |
Автор | ||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Прашав многу едноставно: Има или нема доказ? Гледам нашироко реплицираш на моето прашање, а не даваш никаков одговор. Think about it!!! |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
![]() |
||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Еве ти доказ
и тоа како се лути едниот ,а како другиот е тажен, на страната имаш и Аудио снимка,а со МАтеријалеите имаш и ЦД, ќе се достави до Обвинителство. И нормално сега можете да се задоволите од Гнасотилаците претставени преку овие двајцата(ако ја слушнете снимката,само 15 минути е не боли). Но препорачлива е за Полтроните и оние кои веруваат во празно,што им нуди овој систем,кој самиот со себе се Прислушкува. Бедно.
Изменето од Gorazd777 - 11.Февруари.2015 во 01:28 |
||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||
![]() |
||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Очигледно не си ме разбрал што прашувам, па ќе повторам уште еднаш:
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
![]() |
||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Очигледно ТИ не ги разбираш работиве,чисто и јасно е кажано против кого се поднесени кривични Пријави,тука се и доказите,тоа ќе го цени Јавното обвинителство,освен ако не одат по нардната , Кадија те суди,Кадија те тужи.
Вистината излезе на Видело,постапката е таа што ќе ги изнесува Доказите,ако се спроведува во Правниот систем. За почеток од експертите,само ова ,за да се спроведе вакво прислушкување,покрај Софистицираната опрема(што ја има мвро-то и неговата УДБА-ДБК,а е набавена од Израел ,да следи веднаш 20.000 разговри),соучесник треба да е и Операторот-телекомуникациски,во случајот Т-мобиле и Вип,едниот е од Гертмански газда,а другиот Австриски,кои имаат броевите што ги издале на корисниците.Единствено тие можеби ВЕ бунат,како странски служби,ама и во тој случај ,пошто се во Македонија,пак некој ги викнал за Соработка. Интересно е што сакаш да го амнестираш Груевски онака Наивно,се знае тоа кон што води,нема потреба да се правиме нешто што сака оваа власт сите да ги направи,а веројатно им успеа на Полтроните кои слепо ја поддржуваат.
|
||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||
![]() |
||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Нема нова епизода од серијата овие 2 дена? Зошто е оваа пауза... за пазарење? А и овие од Владата, со молчење ќе се бранат? ![]() |
||||
![]() |
||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Gorazd777, безброј пати сме повториле да се коментира за коментарите, а не за коментаторите. Колку што се сеќавам никогаш не сум те анализирал јавно на форумот, а ти упорно го правиш тоа со своите соговорници. Те опоменувам уште еднаш да се рестриктираш од таквата навика и тоа не само кога другите не го споделуваат твоето мислење. Сега, за прашањето и одговорот… … од оноа што си го напишал разбирам дека нема доказ кој ги направил објавените разговори. На страна од тоа што тие (доколку ги земеме за автентични) не даваат никакви бомбастични информации од аспект на сигурноста за државата, освен приватни размислувања за личности и случки кои и онака ги слушаме по кафаните и пријателските седенки, од досега говореното може да се заклучи дека: Некој снимал телефонски разговори и сега јавно се објавуваат. Тоа наведува на следниве заклучоци: 1. Снимано е од страна на државата 2. Снимано e од страна на надворешна известувачка служба 3. Заев во договор со некоја организација или приватни лица дошол до овие материјали и јавно ги обелоденува Не навлегувајќи во автентичноста и содржината на снимките, од заклучоците следува: 1. Една од работите на државните служби за обезбедување е следење, регистрирање и аудио-видео снимање на организации и приватни лица доколку постои сомнение дека работат против сигурноста и интересите на државата. Така е во сите држави, така било од секогаш, така е сега и така ќе биде и во иднина. Би требало сите да не загрижи доколку нашата држава (било која влада) не го прави тоа. Од тој аспект покажувањето со прст кон државните служби дека прислушкуваат е беспредметно. Прашањето дали тоа е легално не прави многу логика бидеjќи легалноста ја одредува и дава државата. Единствено држи вода прашањето дали тоа следење е потребно во ситe случаи. 2. Снимањето од странска известувачка служба, како што неколку пати наведе Заев за овој случај, не само што е нелегално, туку е непријателски акт кон нашата држава. Законот тука е јасен и секој оној кој што влегол во таква нелегална и противдржавна активност подлегнува под тој закон. Така е во сите држави на светов и никакво евентуално тврдење дека истото се прави за нивно добро не се зема како одобрување и оправдување. 3. Објавувањето на тонски и видео снимки направени без знаење на сниманите и без добиена дозвола од нив, како и легална дозвола од државата за објавување на истите, претставува кривичнo дело. Тоа се фактите кои ги имаме во аферата "Пуч". Од нив следува следното: - Доколку се докажи дека снимките се направени од државните служби тие треба да докажат дека биле легално направени. - Доколку се докажи дека снимките се направени од странска известувачка служба истите ќе бидат употребени како доказен материјал за непријателска активност против државата. Во врска со објавените снимки, дури и да се докажи преку секое сомнение дека некоја снимка е направена од државните служби, не може никогаш да се докажи, преку секое сомнение, дека истите не се подоцна манипулирани со монтажи и дека меѓу објавените снимки нема и фалсифицирани снимки направени од странска известувачка служба за интересите на нејзината држава. Во секој случај, од до сега изнесеното јасно е оти вака понудената бомба повеќе наликува на димна бомба отколку на атомска која би срушила било каква влада. Од неа ќе се заматат некои очи и ќе се закашлаат некои луѓе, но очигледно е дека правно најмногу ќе бидат афектирани токму оние кои ја фрлиле затоа што на ним паѓа тежината на докажувањето на понудените материјали и оправдувањето за нивната акција која е во спротивност co Законот на државата. Целава работа мèне ми изгледа или како слабо пресметан очајнички обид на Заев да се задржи на својата позиција (што одговара на неговиот досегашен профил) или како негово наместено лизнување за да се реализира враќањето на Бранко Црвенковски кој ќе се претстави како спасител на опозицијата и државата. Изменето од Messenger - 11.Февруари.2015 во 17:19 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
![]() |
||||
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Па за краток тајминг излегоа во јавноста информации за фалсификувани пасоши,сега за прислушкување,за патни налози од по 25 000 еура,инфо за Фирмите на домашната адреса на Јанакиевски и крајно беше и смртта на девојчето.
Ова буди многу,многу сомнежи ....особено дека нешто многу чкрипи во нашата ни малечка државичка. |
||||
![]() |
||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Во однос на првиот дел за навреди,очигледно погрешно си ме рабрал,а чинам дека и моја мисла употребуваш,јас никогаш друг не коментирам ,туку пишувам пост за настанот.Ако ти така си ме разбрал ,тоа е само реплика на претходниот пост,каде мисе обраќаш со начин на повторување за одредениот настан.Инаку немам намера со навлекување да спорам со тебе за да имаш можност за санкционирање,затоа што заканите од претходниот период од твоја страна не ми значат ништо,а за конструктивен разговор,расположен сум во секое време. Што се однесува до случајот со странско ,немакедонско и несоодветно име(тоа само ја покажува неписменоста на власта)пуч,таков збор не постои во Македонскиот јазик,и ако тргнеме по аналогија на власта,безпредметно е да се зборува,исто како и таа што сега се понаша игнорантски и со празни полемизирања од страна на нејзините режимски медиуми. Опозицијата ги изнесе фактите,и тоа работи, кои згрозија многу од граѓаните кои размислуваат трезвено,а за тоа гледам како реагираат и одредени странски релевантни медиуми. Во однос на нашето мислење,секој си мисли според своето убедување,едно е да се мисли,онака како што ќе му кажат други(режимот),а друго е мислење со разумна глава и да се размислува за работите на разумен човечки начин. Криењето зад наводните закони,кои во оваа држава веќе и немаат правна основа за вистинска регулатива,е само водење кон тоталитаризам и тоа секој го знае,затоа системот на власта се препознава на кој начин функционира и тие местени работи,можат да ги препознаат стручните лица и оние кои поминале низ такви случки. Затоа беспредметно е да спореми за тоа понатаму,секој си има свое мислење и може да дискутира ,односно да го изнесува пред форумот во разумни рамки.
|
||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||
![]() |
||||
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Одговор нема никој да ти даде а најмалку доказ во моментов, разликата е во следното. ФАКТ е дека некој преслушкувал и за тој чин нема побивање. Твојата теза е кој прислушкувал но сепак алудираш повеќе на странски служи. Ајде вака, докажи дека Груевски и Мијалков не дале наредба за прислушкување на граѓаните. Мислам дека би било ова прашање поконкретно бидејќи странските служби да го направат тоа би било меѓунарoден скандал и незнам кој би бил нивниот интерес во сето тоа а најмалку да објават или да ги дадат аудио снимките на кого? На Заев? Која тајна служба објавува или дава аудио снмки на политичар кој истиот може еден ден да ја врши службата на премиер.... не ми држи сето тоа вода! Really think about it!!! Very deep..... Изменето од Buggyman - 11.Февруари.2015 во 19:59 |
||||
Homo homini lupus est...
|
||||
![]() |
||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Шилегов: Поднесена е кривична пријава против Груевски и Мијалков за неовластено следењеДа видиме сега Правниот систем на оваа држава како ќе постапи.
|
||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||
![]() |
||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Тоа е факт кој никој не го побива.
Остави тези, претпоставки, заговори и други работи на страна. Јас не говорам за тоа, туку поставувам едноставно прашање: дали има доказ за тоа кој ги направил снимките? Во коментарот (кој според твојава реплика претпоставувам не си го прочитал) кој претходи на твојава реплика пишувам дека има две опции: влада или странска служба. Не верувам дека некој поединец или двајца-тројца другари со скенер и лаптоп може да снимаат разговори на 20.000 лица и истовремено да направат нивна анализа која потоа да му ја дадат на Заев да ја користи за уценување на Премиерот и владата.
Ова нема логика и тоа е последното што би било демократски прифатено од било која јавност, а најмалу од суд во било која држава. ![]() Одговорноста и тежината на докажувањето паѓа на оној кој обвинува, а не на тој кој е обвинет. Информирај се малу за тоа и Really think about it!!! Very deep….. ![]()
Убеден сум дека ни приближно не си толку наивен како што произлага од напишаново. Па зошто служат шпијунските и известувачките служби и зошто врбуваат и соработуваат со луѓе од сите сфери на општетвото во другите држави, а особено со нивните политичари ??? Изменето од Messenger - 11.Февруари.2015 во 21:57 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
![]() |
||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Заев: Писмото до Верушевски е автентичноНели ,добро е да се знае и тоа,човекот ја потврдува автентичноста на писмото и во која цел е напишано,а режимските телевизии,посебно сител(мајстори за искривување на вистината ,уште од почетокот на самостојноста на Македонија),денес ,а и претходно кажува невистини и лаги.
|
||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||
![]() |
||||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
само што го ислушав муабетот на Гоца и Ставревски... какви будалаштини објавува Заев па тоа ни дете од градинка не би ги сварило...
а дали писмото до Верушевски ( еден од најголемите криминалци во МК ) а автентично или не тоа на суд ќе се разјасни... еднаш се спаси од ќорка поради криминал, сега тешко... а и време му е, премногу штета направи на државата со неговото малоумно однесување... но државата ќе направи грешка ако само Заев се санкционира... мора истрагата подлабоко да оди... други луѓе исто се умешани... глупердата Заев вакво нешто не ни можел да смисли ни на сон... премногу е мутавченко за вакви заебанции... ама сум сигурен дека ќе признае се, за некоја година помалку во Идризово... инаку во УСА за вакви работи доживотна не би му гинела...
|
||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||
![]() |
||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Го изгледав интервјуто, добро направено. ![]() Браво за новинарот, добри прашања му постави. На неколку места се заплетка Зоки, ама ќе си го сочувам мислењето за себе. Ама нешто што не можам да го голтнам.... Му ургирал на Верушевски за странска виза. Зоки ќе му вади виза на Верушот??? Па ангажирал странски премиер, па амбасадори, па писма по К*рири, ти-реков-ми-рече. А бе не зафркавај... Сака да му го лапне бизнисот на Миленко изгледа ![]() Не му поверував ама ич за ова. Не му верувам ниту дека САМ ги преслушал сите снимки и никој друг не знаел што има на нив, а половина СДСМ се фалат дека знаат за кој се' имало снимки и што има на нив. Како што не му поверував ни на Груевски дека снимката за Македонска Банка била монтажа. Лажат-сушат и двајцата. Ама овој барем излегува на интервјуа, и по цена да се изглупира. Груевски па никаде го нема, освен ако не е на некое интервју со подготвени прашања кај другарчињата му. Изгледа навистина решил да се брани со молчење. Интервјуто. Изменето од Анастеа - 12.Февруари.2015 во 10:56 |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 69> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |