IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Силата на Светците
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Силата на Светците

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 21>
Автор
Порака
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 13:56
Тогаш Зидарски имаме еден друг проблем. Од каде знаете кој ,,светец’’ е во Рајот а кој не е за да може да се моли за вас? Иако можеби живеел непорочен живот и можеби се откажал од световните добра и задоволства, сепак неговите дела не се гарант за неговото спасение туку спасението доаѓа преку верата во Христа. Добрите дела можат да бидат потврда за верата, но честопати се случува и атеистите да прават добри дела. Од каде да знам дали некој кој живеел пред неколку векови верувал во Исус, кога честопати гледаме околу нас како многумина отпаѓаат од верата а понекогаш и нас не не одминуваат ваквите стрели на сомнежот.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 14:00
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

И зошто впрочем барате сокаци имајќи го Патот? Зар би го молеле комшијата да го замоли Вашиот татко да ви даде нешто? Еден е Патот!

Се согласувам со оваа илустрација на AlDra. Спред мене не ни требаат застапници пред Бога.

Исус од Назарет јасно не` упати на правилното молење преку: „Оче наш, кој си на Небото...„ јасно адресирајќи го Бога, а не некои од починатите кои биле прогласени за светци.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 14:01
Мајкл не само според тебе и мене, самиот Бог ни вели така!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 14:54
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Мајкл не само според тебе и мене, самиот Бог ни вели така!

Да меѓутоа така кажано секој може да приговори: „ А зошто баш вам Бог ви вели така и од каде знаете дека правилно го разбирате дека тоа е така?„ Секако ова прашање би важело и за тие кои би го поставиле.

Затоа претежно речениците ги формулирам „Според мене...„. Мислам дека тоа е најкоректно до кое би требало да се држат сите на граѓанскиов форум.

Изменето од Majkl - 04.Август.2008 во 14:57
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 16:32
Зидарски,

Зошто сето тоа што го кажуваш не го поткрепиш со некој стих од Библијата, за да биде поверодостојно.
Еве на пример, каде тоа Библијата зборува дека светците можат да се молат за нас, а ние ќе си седиме во кафана и пивце ќе си пиеме.

Се што пишуваш, поткрепувај со стихови, инаку форумџииве нема да ти веруваат.

Изменето од gospel - 04.Август.2008 во 16:32
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 16:57
Prvoto prasanje koe sekoj si go postavuva e dali vo Biblijata ima primer za molitvite na svetcite i zastapnistvoto.Odgovorot na ova prasanje e deka zastapnistvoto na svetite i pravedni luge go ima i vo Biblijata. Na primer Mojsej i Jov. Mnogu pati Bog sakal da go kazni Izrael poradi neposlusnost, no poradi toa sto Mojsej se molel za niv Bog gi postedil. Istotaka i so Jov, koj prinel zrtvi i se molel za prijatelite. Sepak, nekoj ke rece deka Mojsej i Jov bile zivi i zatoa mozele da se molat. Vo Biblijata ima i primer za uslisuvanje molitvi na "pocinat" svetec, a se naoga vo Vtorata Kniga Makavejska glava 15. Tuka jasno stoi deka Prorokot Eremija i prvosvestenikot Onim se molat za Izrailot. Samiot Jeremija vo sonot mu dava i mec na Juda Makavej i mu veli deka ke pobedi. Znaci Jeremija se zastapuval pred Bog za svojot narod. Jasen dokaz za zastapnistvo.
Vtoro prasanje koe se postavuva e zosto ni se nam potrebni svetcite koga i samite go znaeme patot. Svetcite ni se "obraz" na Svetiot Duh. Site cuda, dobrini i pravedniot zivot gi postignale preku silata na Svetiot Duh. Nekogas vernikot gi moli niv da se molat za nego, smetajki deka nivnite molitvi se mokni poradi nivnata pravednost, spored zborovite na Svetiot Apostol Jakov vo negovoto Soborno Poslanie ( Jakov 5,16). Bidejki svetcite bile pravedni nivnite molitvi se mokni.
Istotaka da pojasnam nesto. Mnogu luge mislat deka pravoslavnite gi molat svetcite za spasenie. Svetcite mozat da izmolat od Boga nesto za nas, mozat da izmolat od nego da ne spasi od zemno zlo, no samite tie ne mozat da ne spasat od vecniot ogan i smrt. Znaci Bog moze so pomos na molitvite na svetcite da ni dade proska i vreme za pokajanie. Mnogumina se cudat koga ke slusnat pravoslaven da veli: Presveta Bogorodice spasi ne! Kaj covek koj ne e zapoznaen so pravoslavnoto ucenje se sozdava iluzija deka nekoj ja moli Bogorodica da go izbavi od vecnata smrt, no vsusnost toa ne e taka. Vernikot ja moli Presveta Bogorodica da se zastapuva za nas kaj Boga i da go moli da ne cuva od zemnoto zlo i da ni prosti. Znaci od ova proizleguva deka nie gi molime svetcite da se molat so nas i za nas.

Pozdrav
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 17:13
АлДра - прашуваш како се знае за светците од пред неколку века... тие светци уште тогаш се прогласени за светци, заради нивните дела и нивната вера, од луѓето кои ги познавале.
Мајкл - Алекс објасни убаво - не станува збор за замена на Бог со светци, напротив, станува збор за обична човечка молба - сите останати да се помолат за тебе кај Бога. Така да тоа "застапништво" не е создавање на посредник, туку барање на некој да се помоли за тебе (заедно со тебе) кај Бог. Луѓето го прават тоа секојдневно - кога имаат мака, кога се болни, кога некој близок им е болен, ја замолуваат целата конгрегација да се моли за нив. Дали е тоа застапништво? И каква е разликата?
Госпел - нема да го поткрепам со библиски стихови - затоа што не ја знам Библијата наизуст за да можам одма да ти кажам отвори таму и таму - но има стихови каде луѓе се обраќаат кон светци, и овие дури им одговараат на повикот. Неколку пати сум ти рекол - да ја знаеш Библијата наизуст и да ја разбираш се две различни работи...
Никаде не станува збор дека светците ќе се молат за нас, а ние ќе пиеме пивце... Исто како што во евангелските цркви кога целата конгрегација се моли за некој од нивните членови, тој истотака се моли во тој момент со нив, а не пие пивце, нели? Или и тоа е посредништво?!
Објаснив погоре на наједноставен можен начин каков е концептот на молба упатена кон светец. Не гледам никаква контрадикторност во тоа.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 19:08
Но, верата е интимен дел од мојата личност. Никој не знае дали јас навистина верувам или овде можеби пишувам од разонода. Тоа е однос меѓу мене и Бога и само Тој може да го испитува моето срце. Така било и со тие луѓе. Можеби изгледале како верници но кој навистина знае што се криело во нивните срца? Како што реков и атеистите и најголемите грешници понекогаш прават добри дела. Добрите дела не се гаранција за нашето спасение, туку верата во Исус.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 19:16
Нам ни е оставено да веруваме дека тие луѓе биле добри и дека биле вистински верници. Ако грешиме - тогаш молбите се упатени напразно. Ако не - тогаш се упатени на правото место. Има строга процедура и долготрајни истражувања за да се утврди нечија светост.
Сепак - и да си во право - и соодветниот човек да не верувал и со тоа конкретниот човек да не е светец - тоа не го негира генералниот принцип кој го изложив.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 19:22
Затоа најсигурно е да се молиме на нашиот Создател, нашиот небесен Татко и на Праведникот Кој умре за неправедните. Да не дозволиме грешните учења да не оттргнат од верата и Словото и да се помолиме за оние кои на тој начин грешат, та Бог да ги доведе и нив на правиот пат.

Изменето од AlDra - 04.Август.2008 во 19:22
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 19:25
Ама ние цело време му се молиме нему, тоа воопшто не е спорно, во ниеден момент!
Кога сме во својата црковна заедница, и кога упатуваме молба до останатите да се помолат заедно за доброто на некого - од каде знаеме дека луѓето кои се молат се верници? Затоа што доаѓаат в црква? Не знаеме - но веруваме во нивната доброта и искреност и ги замолуваме да го направат тоа за нас (или за некој друг).
Истото го правиме и со светците. Но тоа што нив ги замолуваме, не значи дека не се молиме на Бога, во ниеден момент! Реков неколку пати - не се молиме на светци - само ги замолуваме И тие да се помолат за нас.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 19:42
Навистина, енергичната молитва од праведен човек има голема сила. Впрочем, апостолот Јаков не вели мртви луѓе да се молат за нас, туку вели: ,,Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени. Енергичната молитва од праведен човек има голема сила!’’(Јк. 5:16). Ако сакате да додадете на ова и ,, и од мртви луѓе кои биле праведни и верувале молитвата има сила’’ тогаш гревот е ваш. Не заборавајте: ,,А испраќам и предупредување до секој што ќе ги чуе пророштвата запишани во оваа книга: Никој ништо да не додава кон ова, зашто на таквиот Бог ќе му ги додаде сите казни опишани во оваа книга!’’(Отк. 22:18)

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 19:51
Никаде ништо не е додадено... но не е и одземено.
Духот е тој што се моли, а не телото или умот. Духот останува жив и по смртта и ако е во рајот - е во постојана состојба на молитва и славење на Бога.
Нема контрадикторност во однос на идејата дека молитвата од праведниот има сила. Ако ја негираме идејата дека духот е во состојба да се моли - тогаш имаме сериозна дилема околу идејата за рајот и за состојбата на духот во него.
8 Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.
9 Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
10 но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.

Ова е само потврда дека духот е далеку посовршен во рајот, дури и од своето земно присуство...
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 19:54
И пак нема одговор на прашањето: Од каде знаеме кои светци се во рајот? Или црковните одбори кои прогласуваат светци одлучуваат за тоа?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.