IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 20:17
Vardar - Metalurg   28 : 27

I vo cetvrtoto derbi pobedi Vardar, mnogu jaka utakmica so mnogu ubavi akcii od dvete ekipi.

Imase negde 4'000 publika, odlicno navivanje od Komiti uste ednas povise pokazaa kako se bodri svojata ekipa...

Golmanot na vardar e car 16 odbraneti topki!!! Pribak najefikasen od Vardar bese potoa Mojsovski koj so povreda sepak dobro odigra.


Igra magicno magicnoooo, Vardar igra fantasticnooooo, oooooo, oooooo

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 08:45
Борба за третото место во ракометната супер лига

Со одигрувањето на натпреварите од 23-тото коло остануваат уште малку дилеми околу разврската за изгледот на табелата во ракометната супер лига. Првите две позиции се познати (Вардар Про прв, Металург втор) и сега останува борбата за третото место за кое конк*рираат ракометарите на МРК Вардар и Пелистер.

Во 23-тото коло беа постигнати следниве резултати: Вардар Про - Борец/Младост 46:26, Тинекс Пролет - Металург 30:33, Пелистер - Преспа 39:22, ВВ Тиквеш - МРК Вардар 24:29.

Табела: Вардар Про 65, Металург 59, МРК Вардар 42, Пелистер 36, Тинекс Пролет 31, ВВ Тиквеш 29, Борец/Младост 6 и Преспа 4.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 17:28
Без промени на табелата по 24. коло во ракометната Супер лига

Постигнатите резултати во синоќа одиграните натпревари од 24-тото коло од ракометната супер лига не донесоа промени на табелата.

Резултати:

    * МРК Вардар - Вардар Про 28:44
    * Металург - Пелистер 36:29
    * Преспа - ВВ Тиквеш 33:35
    * Борец Младост - Тинекс Пролет 22:30

Табела:

   1. Вардар Про 68 бодови
   2. Металург 62
   3. МРК Вардар 42
   4. Пелистер 36
   5. Тинекс Пролет 34
   6. ВВ Тиквеш 32
   7. Борец Младост 6
   8. Преспа 4.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 18:01
Ракометна завршница во Купот на Македонија

Достоинствено и во фер игра пред полна сала да поминат полуфиналето и финалето на ракометниот Куп на Македонија што викендов ќе се одржи во Скопје, е пораката која ја испратија претставниците на клубовите учесници во завршницата.

Купот ќе се одржи викендов во салата „Борис Трајковски“, а организатор е Ракометната федерација на Македонија.

На денешната прес-конференција беше соопштено дека се запазени сите детали околу регуларноста на натпреварите и во тој контекст е жребувањето на судиите на два часа пред почетокот на полуфиналните дуели.

- Еден натпревар е во прашање и нема поправен. Се е можно во Купот. Очекувам да играме финале без во ниту еден момент да го потценам противникот во полуфиналето Пелистер, изјави тренерот на Вардар Про Веселин Вујовиќ.

Тренерот на Пелистер Борче Марковски ја истакна фаворитската улога на Вардар, но нагласи дека ќе го дадат максимумот за да го направат полуфиналето неизвесно.

- Имаме млада и перспективна екипа и нема да му дозволиме на Металург лесно да стигне до финалето иако има поквалитетна екипа од нас, е коментарот на Стојан Петрушевски, тренерот на МРК Вардар, за мечот со Металург.

Во Металург посакуваат сменети улоги со Вардар Про од ланската сезона. Репрезентативците Лазаров и Миркуловски се едногласни дека ќе се спротивстават со сите сили и покрај повредените играчи.

- Ако Металург лани беше шампион, а Вардар ни го зема Купот сега нека биде обратно кога веќе Вардар ја обезбеди шампионската титула, истакна Филип Лазаров.

Вардар Про - Пелистер од 18:30 и Металург - МРК Вардар од 20:15 се двете полуфинални двојки за в сабота.

Финалето е закажано за в недела со почеток од 17:30 часот.

     

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 23:12
Коцевски и Бујанова ќе доцнат

Наташа на почетокот на јуни игра плеј оф со својот Баер (Л) и ќе дојде на подготовките на 3 јуни, а од истите причини ќе задоцни и Русинката со македонски пасош од Динамо (Волгоград)

Селекторот на женската репрезентација на Македонија Владимир Глигоров, кој веќе го објави поширокиот список од 20 ракометарки за претстојните бараж средби со Австрија за СП 2010 во Кина, контактира со репрезентативките кои играат во странство. Така, на првиот собир, закажан за 27 мај во Скопје, нема да присуствуваат две интернационалки.
- Се слушнав со сите ракометарки кои играат во странство и засега се е во ред со нивното доѓање на подготовките со исклучок на Наташа Коцевска и Русинката со македонски пасош Олга Бујанова - вели Глигоров.

Коцевска, која е членка на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, игра плеј оф на 1 и 2 јуни со Нирнберг за шампонската титула и најави дека следниот ден доаѓа на подготовките. Од истите причини ќе задоцни и Олга Бујанова, која со рускиот прволигаш Динамо од Волгоград во овој термин ќе се бори за титулата. Очекувам да бидеме во комплетен состав, сериозно ги сфаќаме дуелите со Австријките, веќе собираме информации за нив и мислам дека со добри подготовки можеме да ги минеме и Македонија по шести пат да игра на Светско првенство, со што ќе го продолжи континуитетот на настапи на големите европски и светски натпреварувања. Што се однесува до контролните средби, се уште немам информации од РФМ дали пред дуелите во баражот со Австрија ќе се одржи "Трофејот Македонија" или ќе одигравме две пријателски средби со селекции од соседството. Засега се комуницира со репрезентациите на Хрватска, Србија, Словенија, Романија, Црна Гора... заврши Глигоров.



Taa Kocevska uste li e vo reprezentacija, vrska nema od rakomet ima sto pati bolje rakometarki od nea vo MK!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 23:25
Темелковски го состави поширокиот список
19.05.2009.
ImageСениорската машка репрезентација на Македонија ќе ги започне подготовките за претстојниот квалификациски циклус за учество на Европското првенство 2010 год. во Австрија.
     Селекторот Темелковски го објави списокот на 28 кандидати за националниот тим, од кои дел ќе бидат повикани на претстојните подготовки на репрезентацијата.Дефинитивниот список ќе биде објавен следната недела.
 

1. Ристовски Борко

Р.К. Металург

2. Ангелов Петре

Франција

3. Митревски Никола

Р.К. Вардар Про

4. Брестовац Данило

Р.К. Металург

5. Алушевски Стевче

Р.К. Вардар Про

6. Макалоски Гоце

Р.К. Вардар Про

7. Недановски Владо

Р.К. Металург

8. Темелков Владимир

Германија

9. Мојсоски Златко

Р.К. Вардар Про

10. Јовиќ Александар

Р.К. Металург

11. Георгиевски Гоце

Р.К. Металург

12. Павловски Игор

Романија

13. Маркоски Никола

М.Р.К. Вардар

14. Наумовски Левко

Португалија

15. Стоилов Стојанче

Р.К. Металург

16. Стојановиќ Радослав

Словенија

17. Лазаров Филип

Р.К. Металург

18. Стоилов Мите

Р.К. Металург

19. Маркоски Велко

Р.К. Вардар Про

20. Караиванов Мите Р.К. Вардар Про
21. Јоновски Ацо Босна и Херцеговина
22. Мојсовски Наумче Р.К. Вардар Про
23. Миркуловски Филип Р.К. Металург
24. Кузмановски Горан Шведска
25. Ангеловски Бранислав Дубаи
26. Лазаров Кирил Хрватска
27. Митков Влатко Германија

28. Мајнов Лазе

Словенија

 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 11:34
Почнуваат подготовките за двобојот со Австрија

Женската сениорска репрезентација денеска ќе го има првиот собир со што се означува стартот на подготовките за квалификацискиот бараж натпревар со Австрија, за пласман на СП Кина, кое ќе се одржи во декември годинава.

Селекторот Глигоров одбра 20 ракометарки за оваа акција, досега има само еден отказ. Александра Славковска од Кале Кичево поради повреда на менискус и лигамент на коленото нема да може да биде дел од овие квалификации.

До вчера немаше најави дека и би можело да има и други откажувања, единствено што однапред се знае е дека Наташа Коцевска и Олга Бујанова нема да бидат денеска на пладне во "Континентал". Тие ќе се приклучат подоцна на подготовките.

Другите 17 ракометарки, вклучувајќи ги и сите интернационалки, треба да бидат денеска на првиот собир.

Македонија на 7 јуни, во "Борис Трајковски" ќе ги одмери силите со една од најслабите репрезентации (од редот на тие кои се редовни учесници на првентвата). Реваншот е на 12 јуни во Инсбрук, Австрија.

На списокот на Глигоров сега се наоѓаат вкупно 19 ракометарки:

Тања Андрејева и Ева Диневска (голмани), Ана Десподовска, Тања Цаневска, Симона Николовска, Наталија Тодоровска (крила) Мирјета Бајрамовска, Наташа Коцевска, Надица Трајковска, Олга Бујанова, Билјана Црвенкоска, Драгица Кресоја, Јулија Партенко, Елена Георгиевска, Душица Георгиевска, Даниела Новеска (бекови), Наташа Младеновска, Робертина Мечевска и Ленче Илкова (пикери).

Има повеќе измени во составот во однос на тој со кој Македонија настапи на Европското првенство, но суштински нема битни разлики. Костурот на тимот и играчите врз кои ќе падне најголемиот товар се истите кои играа и на првенството во Македонија.

Останува да видиме во каква форма доаѓаат интернационалките затоа што од нив првенствено ќе се очекува да бидат играчите кои би ја однеле Македонија на уште едно СП. Домашните играчи, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа нашиот најсилен тим, ќе имаат можност во подготовките кои следат да надополнат од сето што во текот на сезоната го загубија. Во секој случај нема место за песимизам, противникот е по мерка, па се очекува Македонија по две недели во Скопје да го направи исчекорот кој ќе ја однесе во Шангај во декември.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 10:21
Нова пикерска линија за квалификациите
 
ImageСелекторот на македонскиот ракометен состав, Илија Темелковски го намали за седуммина првичниот список на репрезентативци, кој ке имаат право на настап во наредните квалификациски натпревари.

 

Нова пикерска постава

Во отсуство на повредените пивоти во репрезентацијата - Ванчо Димовски, Горан Ѓоргоноски и Стојанче Стоилов, селекторот се одлучи да ги повика Игор Павловски, кој игра во Романија, Левко Наумовски, кој потпиша за португалскиот АБЦ Брага и Никола Маркоски, младиот пикер на МРК Вардар. Стојанче Стоилов вчера имаше операција на славината и тој ќе паузира во наредниот период.

 

 Три братски тандеми во репрезентацијата

Кирил и Филип Лазаров, Наумче и Златко Мојсовски и Велко и Никола Маркоски се трите братски тандеми повикани во ракометната сениорска репрезентација на Македонија за јунските квалификациски средби за ЕП 2010 година. Иако се повикани неизвесно е дали тие воопшто ќе бидат заедно на некоја од средбите. Златко Мојсовски вчера замина за Белград на операција на очите и малку е веројатно дека ќе може да одговори на повикот на селекторот Темелковски

 

Добрите игри на Георгиевски во Купот забележани 

Во однос на СП ќе ги нема ни бековите Радослав Стојановиќ и Влатко Митков, како ни десното крило Владимир Темелков.
Повредата на Влатко Темелков и одличниоте настапи во завршницата на националниот Купот, конечно, го свртеа вниманието кон младото десно крило на Металург, Гоце Георгиевски, а повредата на Влатко Митков го врати Лазе Мајнов по пауза од две и пол години.

 

Најдобрите македонски ракометари квалификациите ги почнуваат на 6 јуни со гостување кај Белгија, а ги завршуваат со Норвешка, дома на 21 јуни. Во меѓувреме треба да го одиграат уште реваншот со Белгија (13 јуни), на гости кај Норвешка (10 јуни) и на гости во Исланд (17 јуни).
По трите одиграни кола Македонија е четврта во групата од пет селекции. Само првите две репрезентации од седумте квалификациски групи ќе обезбедат пласман на ЕП 2010.

1.Ристовски Борко

Р.К.Металург

2.Ангелов Петар

Франција

3.Митревски Никола

Р.К.Вардар Про

4.Алушевски Стевче

Р.К.Вардар Про

5.Макалоски Гоце

Р.К.Вардар Про

6.Недановски Владо

Р.К.Металург

7.Мојсоски Златко

Р.К.Вардар Про

8.Јовиќ Александар

Р.К.Металург

9.Георгиевски Гоце

Р.К.Металург

10.Павловски Игор

Романија

11.Маркоски Никола

М.Р.К.Вардар

12.Наумовски Левко

Португалија

13.Лазаров Филип

Р.К.Металург

14.Стоилов Мите

Р.К.Металург

15.Маркоски Велко

Р.К.Вардар Про

16.Јоновски Ацо

Босна и Херцеговина

17.Мојсовски Наумче

Р.К.Вардар Про

18.Миркуловски Филип

Р.К.Металург

19.Кузмановски Горан

Шведска

20.Лазаров Кирил

Хрватска

21.Мајнов Лазе

Словенија

 

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 14:02
Владимир Глигоров поднесе неотповиклива оставка

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија Владимир Глигоров, денеска поднесе неотповиклива оставка, на само пет дена до првиот бараж дуел за Светското првенство 2009 во Кина, што македонската репрезентација го игра со Австрија во салата „Борис Трајковски“.

Глигоров за МИА изјави дека се решил на ваков чекор откако вчера во стручниот штаб на репрезентацијата како советник е назначен поранешниот тренер на Кометал Ѓорче Петров и на Металург Јошко Петковиќ. Пред 10 години Петковиќ ја предводеше женската селекција на Македонија.

За оставката телефонски е известен и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Михајло Михајловски.

Потегот на Глигоров беше за очекување особено што во слична ситуација се најде и на неколку дена пред почетокот на Европското првенство што лани во декември се одржа во Македонија. Тогаш без да биде консултиран, за советник го доби Русинот Акопјан.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 22:43
Уше еднаш,Македонија се докажа со својот ракометен состав и со освиената победа над Белгија со 27-19. Наште ракометари се покажаа во своето најдобро светлоголема%20насмевка
 
Благодарение на белгискиот спортски репортер ,со задоволство ви пренесувам,неколку мига од ,за мене незаборавен мечголемо%20гушкање
IMG_6063.jpg
IMG_6068.jpg
IMG_6101.jpg
IMG_6173.jpg
IMG_6105.jpg
IMG_6120.jpg
IMG_4330.jpg
IMG_6165.jpg
IMG_6212.jpg
IMG_6237.jpg
IMG_6359.jpg
IMG_6398.jpg
IMG_6400.jpg


Изменето од marija1000 - 07.Јуни.2009 во 22:58
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 23:02
То Марија големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Многу убави фоткиголемо%20гушкање
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 23:14
големо%20гушкање
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 23:37
Македонија - Австрија 32 - 28
 

Македонската женска ракометна репрезентација во првиот бараж дуел со Австрија оствари победа од 4 гола, 32-28.

Нашите репрезентативки добро стартуваа и поведоа со 7-5, но потоа следеше игра со многу грешки од наша страна, промашен седмерец на Тодоровска, за со одличната реализација на Ачимовиќ, Австријките  да направат серија од 5-0 и водство за нив од 10-7.

Во тие моменти одлично реагираше нашиот селектор Петковиќ и игравме со фластер на левиот бек на Австрија, а Андреева имаше неколку добри одбрани, па на полувреме отидовме со 13-13.

Во вториот дел до 50 минута натпреварот беше изедначен за потоа ние да дојдеме до највисокото водство од +5 (28-23).

Можевме и да го зголемиме тоа ако Кресоја и Тодоровска реализираа два седмерци при +4 за нас, но сепак и ова добар резултат пред реваншот кој се игра на 12-ти (петок) со почеток во 20:20. 

Победникот од бараж дуелот ќе патува на СП кое ќе се одржи во декември во Кина.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 10:57
Победа за враќање на атмосферата во машката ракометна репрезентација на Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа се враќа од гостувањето во Белгија.

Синоќа во Херстал, Македонија со 27:19 (12:8) ја совлада Белгија што беше деветта победа во исто толку натпревари со овој противник.

Со овој триумф се враќаат шансите за пласман на ЕП 2010 во Австрија, но евидентно е дека ќе мора да се бара победа на гости против директниот ривал Норвешка.

На чело на табелата во групата 3 сега Исланд и Норвешка имаат по 7 бодови од 4 натпревари, Македонија има 5 бодови од истотолку дуели, Естонија има 5 од шест натпревари, а Белгија е последна без бодови.

Следниот натпревар Македонија го игра на 10 јуни против Норвешка на гости.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.