|
По што е посебен нашиот главен град Скопје? |
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Автор | ||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Заштитниот знак на Скопје – „Чичко Стоилко“ заминува во историјатаЕден од заштитните знаци на „старо“ Скопје, сендвичарата пред влезот на ГТЦ, познатиот „Чичко Стоилко“ чека булдужерите да го пратат во историјата и сеќавањата на скопјани. Чичко Стоилко ќе оди во историјата. Со реконструкцијата на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН, согласно урбанистичкиот план, киосците за брза храна на плоштадот Македонија ќе бидат урнати. Компаниите кои веќе имаат добиено одобрение за градба ја известиле општина Центар дека треба да почне откстранувањето на времените објекти на ДТУТ Нино ДООЕЛ Скопје, ДОО Лозена компани (Чичко Стоилко) и две бараки помеѓу горенаведените два објекти. По уривањето ќе почне реконструкцијата фасадата на огромната зграда во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија |
||||
karaoglu
Сениор Регистриран: 25.Март.2014 Статус: Офлајн Поени: 244 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
По тетките кај МТВ.......
|
||||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Eve ushte eden moment, samo nie ke si gi imame
Промовирани првите електрични возила и скутери на струја. Петте електромобили, кои ќе служат за туристички прошетки, веќе се пристигнати. Договорот за нивна набавка „Градски паркинг“ го склучи со фирмата „Хипнел“, а едно возило чини 11.420 евра.Познавачите велат дека со овој тип на возила заштедата на граѓаните е најголема. Електромобилите се полнат при самото возење а имаат можност и да возат на гориво, додека пак скутерите на струја се полнат на полнач за само половина час.
Во Скопје неколку компании ги претставија нивните електрични и хибридни возила и ќе се користат за туристички цели, има јавни полначи за електрични возила кои ги плаќа оштината а кои граѓаните може бесплатно да ги користат. Апаратот за полнење на акумулаторите со струја е во рамките на катната гаража „Свети Kирил и Методиј“.
Билетот за возење со електромобил по скопските улици ќе чини 50 денари. Возилата ќе имаат обучен возач, кој во исто време ќе биде и туристички водич. Почетната станица е Порта Македонија, а турата ќе се одвива по улицата Македонија и во реонот на Мал ринг. |
||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
абе тоа што нема што да се гледа и нема некоја посебна издржана траса, тоа нема везе, битно измислија 1000 начини на превоз...
|
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Аааааа... e па, по Зелено пазарче, како прво бе... одам денес и барaм да си купам... гаќи, машки, оние турските бе брат... 3 за 100 денари... да не речат, оној којсумјас знае да збори, а гаќи нема на него да облече... знаеш каков е нашиов народец, се' гледа... - кога, вика мајтапчијата што продава такви неопходни интимни ствари -нема 3 за 100, сега 50 денари едни... -аман бе, ќе одам на друга тезга, викам... -оди кај сакаш- ми пее мајтапчијата- сегде ти е исто, сме се договориле ние пријател уште одамна со другите... видов не видов, си земав 2 за 100, пошто толку ми е буџетот за гаќи, 100 денари... и си мрморам у брада, а бе којсумјас, до сега само бензина ставаше за 500 денари, па колку ќе дадат- толку, сега и за гаќи исто ќе правиш... ќути не збори ако поскапат па станат едни повеќе од 100 денари... ај си викам, батали... да одам патлиџани да си земам... -35 денари кило-вика овојпат една мајтапчика-земај комшија поубави нема да најдеш... - е ајде, дај 2 кила, убави ми се гледаат... она става, јас ставам, она става, јас ги вадам скапаните... -а бе комшија-вика мајтапчиката- или ставај по ред или не земај... -и скапаниве патлиџани да ги земам и да ги платам? - се инатам јас.. -а што ќе им правам па јас- се мајтапи мојата мајтапчика-да ги фрлам...? -незнам, ама фала ти - не ми требаат такви- си мислам, не можеш ти мене да ми продадеш скапани патлиџани... - е па, со здравје да ти е патот- вика она- од такви муштерии, преку галава ми е... и си отидов, со чувство на вина... зошто бе, којсумјас, не и го наполни џебот на мајтапчиката, се ситничариш за неколку скапани патлиџани... балканец еден, селско копито, ебем ли те... и така, продолжувам накај Тинекс... дај викам да земам нешто за дома, лепче, јогуртче, паштетичка... што викаше мајка ми, нека и е лесна земја, што дал господ тоа, колку се може, толку... гледам паштета 42 денари, Аргета бе... е којсумјас, не земаш ти сенешто , само Аргета, не се заебаваш ... (и ова, ете така ме потсети на жената на другар ми... викаше, нејзините деца само CocaCola пиеле кога ќе дојдеа кај нас на гости... а кога ќе отидевме ние кај нив, само сок на размножавање ни служеа... ама јеби га, ова Балкан е, Балкан е...) и земам јас тоа што ми треба, плаќам сметка, излегувам надвор, проверувам... не за друго туку онаа мојата ме навлече на лоша навика , а излезеш од маркет, одма сметката у рака, нешто да не искуцале повеќе... и гледам паштета бе 54 денари... се враќам на каса... - се извинувам- викам- а бе таму стои цена дека е 42 денари а сте ми искуцале 54, грешка е сигурно - се силам - сте згрешиле, ама ОК е, се случува... -ааа, не комшија, цената е таа- ми се насмевнува девојчето на каса- ама не сме стигнале да ги замениме етикетите со цена, не се стигнува... - е па добро, јас сум крив што гледам у сметка - си помислив- и и' изнаредив по список пола фамилија на онаа мојата , што ме навлече на гледање сметки кога ќе излезам од маркет, другата поливина се машки, не забегувам толку де... што убаво си бев порано прост, купи и не гледај во сметки... сељак Балкански, копито, простак идиотски... и така на крај... си отидов кај маалската пиљара... земав патлиџани, ги измери на вага, кило и 860 грама -ми кажува продавачката- 76 денари... ако викам, да си жива и здрава, така се однесува со муштерии... а знам, пустата таа, насмеана, малку уморна, бледичка малку... дека и иде да ме отера у пичку матер... пошто од сабајле и досаѓале еден куп маалски пензионери... што кога ќе дојдат на каса, тогаш им текнува дека заборавиле да земат нешто... па се враќаат да бараат по рафтови, а другите си чекаат додека они најдат што им треба... и така секој ден... ви викам, посебно е нашево Скопје... |
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Денес јадниот јас да не дојдеше другарот од Швајцарија нит ќе го видев
нит ќе седнев во по тоа градбите посебниот ни град... И видов дека градот ни е посебен по педерите кои почнале слободно да си шетаат. По ново хомосексуалци де ги викаат. Изменето од Орка - 27.Август.2014 во 22:09 |
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Една "песничка" за нашите генерации
Кога се чекавме кај Фреш и меѓувремено јадевме по некој тост од оние правоаголните со врат, единствени по вкус во СК, Колосеум, Ла Фабрик и Вулкан беа единствените места кај што дремевме, времето кога место во кафич седевме во парк и пиевме сокчиња или нешто друго, ама ретко кога пијан некој се враќаше дома. Шверц во автобус не беше нешто непознато, па пазевме кога ќе влезе контрола ние одма надвор, а ако не фатеа ни се закануваа дека ќе чистиме автобуси а не како денес одма се закануваат со тужби од 75 евра Чичко Стоилко беше едно од ретките што работеа касно навечер, па секогаш чекавме и по пола саат за да купиме нешто. Денес не знам што работи во парк, чичко Стоилко во изрушија, на плоштад сега кога ќе се направи и новата фонтана нема да има место кај да се свртиш а не да дочекуваш Нова Година, кејот кај Мепсо го "украсија" со галија (што патем НЕ МИ СЕ ДОПАЃА!!! Премногу е отмено, ама лажно отмено, затоа што нели со гипс картони е се) а порано дремевме до ниедно време на тоа место. СИ БЕШЕ ЕДНО СКОПЈЕ, ДА СИ ИБЕШ...Си беше еднаш еден град, за некого дом, за некого гад. Имаше многу насмеани фаци, некои од Корчагин, некои од Рацин.
Имаше и љубов во девојките, насекаде, парковите,клупите, постројките. Машките беа фини, гледаа во очи, а не во мини. Одевме на кафе, да си кажеме што ни тежи, не се олеснувавме со статуси по социјалните мрежи. Сакам да кажам дека не бевме дебили, да се замараме со заеднички профили.
Дури и си праќавме пораки за добра ноќ, да да, Скопје имаше друга моќ. Порано не бевме ни прости, такви не направија оние што ни дојдоа на гости. Можевме да видиме по паркчињата на некоја клупа младич што душа и вади, сега на тие места има згради.
Стварно беше многу фино, знаевме и рака да пуштиме на сред филм во кино, пиевме што било, не чекавме на меѓуградска мама да ни прати од домашното вино.
Порано да облечат танга им беше срам, денес затоа имаат Инстаграм. Излегувавме за забава, дружба и провод фин, а не за еден мизерен чек-ин.
Некогаш имавме и по 100че во џеб, па пак сме здрави и живи, за станче и Ауди не продававме ниви. Имавме Вулкан, Фабрик, Колосеум, девојките ги испраќавме во 2, а не во 7.
На плоштадот не собираше сите и сите бевме исти, денес пола се луѓе, пола се бисти. Ако неможевме да ја најдеме, ја чекавме 'на Фреш', денес се по сепариња, направени 'леш'.
Скопје ќе продолжи да дише, некому Париз, некому клише.
М.П.
Изменето од evangeline - 27.Август.2014 во 23:40 |
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во клубско натпреварување го освои првото место во Европа
Останува уште репрезентативно во Катар да го освоиме светското... И ќе може да си пееме. |
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
По спомените од едни убави времиња...
Додека денес е станат како сцена од филмот Матрикс. Сите заглавени,многумина изгубени талкаат во некое исчекување. Исто како Нео во метро станицата додека ја чекаше Пророчицата. |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Искрено: Скопје зад статуите и споменицитеЕдна од најпознатите страници за туристите, кои редовно својата следна дестинација ја бараат токму таму – Lonely planet, во екот кога беше проектот „Скопје 2014“ година, напишаа цела статија за нашиот главен град. Проектот се уште не е завршен, со оглед на тоа дека кога ќе поминете низ центарот на градот уште гледаме скелиња и работници. Многу различни мислења се слушнаа за овој проект, па имаше и позитивни и негативни реакции. Сепак, уредниците на страната, решиле Скопје да им го пренесат на туристите во вистинско светло, прикажувајќи ги сите убави знаменитости за кои вреди да се дојде и да се почувствува скопскиот дух. Ви ја пренесуваме статијата во целост:
Преку озлогласениот проект „Скопје 2014“ се изградија и реконструираа неколку нови згради меѓу кои и Владата, музеи, националниот театар (да не ја споменуваме и триумфалната порта и двата моста), што може да се опише со мешавина од барок, неокласицизам и мода слична на онаа во Лас Вегас. Во него се вметнати и голем број на нови споменици и бронзени статуи, вклучувајќи ја и статуата на 22 метарскиот Воин на коњ, заедно со фонтана и музичко светечко шоу, која се наоѓа на плоштад Македонија. Проектот требаше да даде акцент врз националниот идентитет, а со тоа и да го зголеми туризмот во главниот град. И покрај тоа што најверојатно успеа да привлече туристи, тоа се случи најверојатно поради погрешни причини: Нов изглед на Скопје со кој се засенуваат автентичните атракции на она што беше важно во овој град цели 1500 години.
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
lethergo
Нов член Регистриран: 10.Мај.2016 Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Позитивно по најмал број на регистрирани хомосексуалци од сите главни градови на државите.
Негативно по најмасовен број на доселени малограѓани кои што сеуште живејат во него. |
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Скопје ти е најдобар у сФет!
Ја не знам шо е оваа скромност кај Зоќо.Бем ти петсто евра плата дај качи даноци,па достојно со зурли тапани и сфе пред шарената триумфална да го прославиме овој успех. Пиче се не мора ваздух нам је дрога! |
||||
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |