IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Првосвештеничка служба на Господ Исус Хри
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Првосвештеничка служба на Господ Исус Хри

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Првосвештеничка служба на Господ Исус Хри
    Испратена: 06.Јуни.2007 во 21:22

ПРВОСВЕШТЕНИЧКАТА СЛУЖБА

Иако Спасителот укажал на патот кон спасението и ги научил луѓето како да се спасат, сепак тоа не било доволно. Значи, со пророчката служба ги научил луѓето, но било потребно спасението н да се спроведе. Он тоа го направил преку Својата првосвештеничка служба, која е тесно поврзана со пророчката.1

1. Трите правци на Христовата првосвештеничка служба.
.
Бндејќи во службата Учителот - Пророк Исус Христос е директно насочен кон нас, а тоа ја
вклучува Неговата желба да не соедини со Отецот, ние со исполнувањето на таа наука ја извршуваме волјата на Отецот, а тоа значи дека Своето првосвештеиичко служење, каде што Самиот се ,принесува на жртва е насочено кон Отецот. Сепак, во оваа служба е вклучен и правецот насочен кон луѓето, затоа што сака да ги вклучи. Бидејќи во тоа ја принесува на жртва човечката природа, оваа служба има правец н ефект насочен кон неа. Овие три иравци се толку испреплетени така што невозможно е да се разделат, па затоа не може да се зборува за секој посебно. Светото писмо и мислењето на Светите оци ги потврдуваат овие три спомнати нравцн во Христовата првосвештеннчка служба. Св. апостол Павле вели: "Зашто секој првосвештеник, кој од луге се избира, за луѓето се поставува на служба Божја, да принесува дарови и жртви за ѓревовите" (Евр. 5,1).

Секое отстранување на некој од овие три правци во Неговата ирвосвештеничка служоа ја осиромашува смислата и ефикасноста на Христовото спасителско дело. Западната теологија -римокатоличката и протестантската - елиминирајќи го ефектот на првосвештеничкото Христово служење на Неговата човечка природа и сметајќи го само како дело за задоволување на Божјата правда во име на луѓето кои Го навредиле со својот грев, или само како трпење на нивната вина, го елиминнрала сиот чин на обновување на човечката природа преку жртвата, прво во Христа, а потоа и кај оние кои веруваат во Него, односно секој аскетски подвиг н осветувачка и обожувачка жртва, сведувајќн ѓо на прост и едноставен чин, надворешен за човечката природа.

Светите отци толку многу го нагласиле ефектот на жртвата, насочен кон обновување, осветување и обожување на човечката природа во Христа, а преку неа н на сите кои веруваат во Него, така што понекогаш некои православни теолози паѓале во искушение во жртвата да видат помало служење н славење насочено кон Бога, нагласувајќи поголемо служење насочено кон обновување на човечката природа во Христа, а преку неа и на другите луѓе. Тоа се случувало заради опозиција на римокатоличката теологија која тврди дека гревот на ја ослабел ниту ја извитоперил човечката природа, туку само го навредил Бога. Според тоа, жртвата нема што да оправда во нашата природа, туку единствено треба да го отстрани гневот на навредениот Бог, та да може природата повторно да биде во однос со Него, или, пак, како опозиција на протестантската теологнја, која вели дека не само што Бог бил навреден поради гревот, туку признаваат дека и нашата природа е толку изменета, така што веќе не може да се излечи, па според тоа доволно е признавање н поднесување на вината пред Него и ветување за нејзино обновуваше во идннот живот.

Значи најсеопфатно поимање на Христовата жртва е тоа кое го гледа нејзиниот правец кон Бога, исто така нејзиниот правец насочен кон човечката природа која ја зел Христос, а преку неа и на друѓите луге. Оваа сеопфатна концепција е својствена на светите отци која е својствена на концепцијата на Светото писмо.

Значи, фактот дека Христос со жртвата принесена на Отецот, ја обновува и обожува човечката нрирода, му дава на правецот насочен кон Бога поинаква смисла од она просто задоволу-вање на навредената Божја правда. Бог не можел да ја сака гревовната состојба на луѓето, затоа што тоа е состојба на непријателство на луѓето кон Него. Христос како човек, ослободувајќи го човекот со Својата жртва од човековото непријателство кон Бога, ја здобива љубовта Божја кон човечката природа. Или пак обратно: манифестирајќи ја со жртвата, желбата на човечката природа потполно да Му се поклони на Бога, таа се обновува од нејзината болна состојба. Значн постојат два нераздвојнн аспекти на жртвата. Родителот се радува на детето кое повторно се враќа со почитување кон него, не поради тоа што во тоа гледа обновување на своето достоинство, туку поради тоа што во тоапочитување, кое детето му го оддава, гледа обновување на моралните, па дури и на онтолошките сили во неговото битие.

Со еден збор, жртвата служи за воспоставување на заедницата помегу Боѓа и човекот. Човековата жртва е неопходна за обновување на заедницата како за Бога, така и за човекот.

Светото писмо и светите отцн, во првосвештеничката служба и во Христовата жртва, сите три правци ги гледаат во взаемна меѓуусловеност, која им ја дава спомнатата смисла.

Што се однесува до правецот кон Бога, видовме што вели Посланието до Евреите 5, 1. Христовата жртва ги заменува сите старозаветни жртви кои биле насочени кон Бога, нормално за гревовнте на народот: "ниту крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп" (Евр. 9,12).

Со оваа жртва принесена на Бога, Христос, нсто така, се усовршува Себеси како човек, а со тоа ги осветува и ги усовршува и другите. "А, откако се усоврши, стана причина за вечно спасение на сите оние, кои Му беа послушни" (Евр. 5,9); "Зашто, ако крвта на јуиче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите, за очистување на телото, тогаш, колку ли повеќе крвта на Христа, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела, за да Му служиме на живиот и вистински Бог (Евр. 9,13-14); "Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекоѓаш-зашто преку едно принесување осветуваните Он ги направи засекогаш совршени" (Евр. 10,10 и 14).

Од сето ова ја гледаме реалноста и нотребата од двата правци опфатени во Христовата жртпа; оној кои Бога н оној заради луѓето, за да ги привлече кон Бога и понатаму ке ја разгледаме внатрешната содржина на жртвата како правец кон Бога и нејзиното значење за човечката природа која ја прими Христос, како и нејзиниот мотив за исклучително тесната врска со луѓето.

Смислата на Христовата смрт, како жртва насочена кон Бога и со голем ефект кон Својата човечка природа, е потполно поклонуваи»е на Христа како човек на Отецот. Побуда за страдањето вклучено во жртвата заради Неговата врска меѓу луѓето и Бога е Неговото длабоко и тотално со-страдание со луѓето. Тоа сострадание доведува до смрт заради нас, како целосно предавање на Оте-цот, за да ни покаже дека и ние треба да се жртвуваме за Отецот, има дејствителна моќ над луѓето н над Неговата човечка природа. Неговата љубов кон нас е преголема и се подложува на страшни страдања заради нашите гревови, иако самото страдање не може да не спаси од гревот. Сака да ни ја инфузира желбата да го надминеме егоизмот и да ја земеме силата од Неговата смрт, да ја надминеме нашата бесчувствителност и да ја примиме Неговата жртва достојно, за да се спасиме. А ние можеме да се спасиме преку Неговото воскреснато тело, преку кое на сите ни се испраќа боженствен оган, кој во Него ја отстранил смртта и од Него се шири на нас, за да не осветли, очисти и обожи та во нас да се стопи силата на смртта. Христовото тело има централна важност затоа што не е жртвувано од некој друг, без Негова волја, туку Он самиот лично се жртвува, по Своја желба, како Оној Кој во Себе го има Божеството кое го носи Ипостаста на Словото. Така Христос не е само Учител и иностазирано учење прку Себе, туку е и Архиереј и Жртва по Себе. Првата служба не би ностоела ако не била втората и обратно. Првосвештеникот е едно со Жртвата н обратно. Така, норади тоа е врховен Учител и учење. Исто така, Он е врховен Првосвештеник и врховна Жртва затоа што Сам Се принесува на жртва за сите луѓе. Он е врховен нрвосвештеник поради тоа што е Бог и така може да биде совршен посредннк помеѓу Бога и луѓето и со Своето воскресение да ни го даде лекот за нашето спасение и воскресение на општиот суд, а тоа е Неговото тело.

Свети Кирил Александрискија развива идејата дека ние можеме да влеземе во заедница со Отецот единствено како чиста жртва. Бидсјќи ние не можеме да се претставиме во таа состојба на чиста жртва, Христос ја прифатил таа состојба на чиста жртва, за да може, влегувајќи во Отецот во таа состојба, и нас да не приведе соединети со Него, или пак Он сам да се всели во нас. Така влегуваме во заедница со Христа како Бог, затоа што влегуваме во заедница со Неговиот Отец, Кој на тој начнн станува и наш Отец. За таквото општење е потребна жртва. Жртвата се постигнува со тежнеењето кон заедништво, а тоа е одрекување од себе заради друг, односно самозаборавање од љубов кон друг. Затоа Отецот Го даде Својот Син на жртва, затоа што ние не бевме во состојба да ја принесеме таа жртва. Го иратил Него во тело за да ја принесе оваа неопходна жртва заради заедннчарење, но не за да го реши конфликтот меѓу Него како Бог и нас, туку од жртвата на Својот Син да даде сила и моќ за наша жртва. Затоа Христос станува Првосвештеник и Жртва заради нас. Он така е исполнувач на заедницата со Бога, а исто така и меѓу нас самите. Христовото спасителско совршенство како Првосвештеннк, Леонтиј Византиски го гледа во тоа што Он не е само човек, туку и Бог. Како човек го принесува Своето тело на жртва, а како Бог го поставува од десната страна на Отецот. Така жртвуваното тело се прославува и може да свети од Него обожувачка сила врз сите нас. Така Христовото тело е вечна жртва, внесувајќи го во нас духот на жртвата, но исто така тоа е место каде што се вселнла сета боженствена слава и сила одредена за нас. Тоа е тело во постојана жртвена состојба, но и обожувачко дејство и постојано ни дава сила.4

Првосвештеничката служба на Спаснтелот се разликува од старозаветната првосвештенич-ка служба. Старозаветното свештеиство е привремено, а Христовото - вечно. Христос е вечен првосвештеник Кој е од Бога помазан и Самиот е Бог и тоа по чинот Мелхиседеков, а не по чинот Авраамов или Аронов по кој биле помазувани старозаветните свештеници. Мелхиседек, цар салимски, бил Божјн свештеник. Го благословил Авраам кога се враќал од бнтка и овој му дал десеток од својот плен. Во лицето на Авраам, Мелхиседек ш благословил и сите негови потомци па и синовите Левиеви, старозаветните свештеннци. Со ова е претставено предимството на Христовото новозаветно свештенство над левнтското, старозаветно, затоа што поголемиот го благословува помалиот. Колку што е Мелхиседк поголем од Авраам, толку е поголемо и новозаветното свештенство од старозаветното. Освен тоа Мелхиседек значи: цар на правдата, а салимски - цар на мирот. Христос е и едното и другото. На Мелхиседек не му се знае ниту почетокот, ниту крајот, а исто така и на Христос. Старозаветните свештеници како луѓе ги принесувале приложените жртви за своите и за гревовите на народот, додека Христос Себеси Се принесол на жртва за гревовите нашн, затоа што Он е безгрешен. Истовремено бил и приноснтел на жртвата - Првосвештеник и жртва.5 Оваа Своја служба Христос ја презема уште пред зачнувањето и примањето на човековото тело. Така, уште од Своето раѓање како човек, има во Себе впечатена желба за жртва, осветена и иницирана од Отецот. Христос е посветен и се посветува да се принесе на жртва откако станува човек. Оттогаш, како човек го остварува почетокот на заедницата со Бога. Но Он е посветен и како принесена жртва, затоа што преку неа, како човек влегол во единство со Отецот. Свети Кирил Александриски вели: 'Оној кој беше во достоинството на Бога... се покажа и како служител на светињата и како висти-нски шатор. Тогаш се посвети заедно со нас". Во Посланието до Евреите, кое го претставува Синот како свештеник, се вели: "Поради тоа влегувајќи во светот, вели: Жртви и дарови Ти не посака, а телото Ми Го приготви. Сепаленици за гревот не Ти се уѓодни. Тогаш реков: ете, идам, напишано е за Мене во почетокот на книгата, да ја извршам, Боже, волјата Твоја' (Евр. 10, 5-7). Овде се гледа прифаќањето на човекот - Христос за остварување на тоа единство на човештвото со Бога, нормално преку Неговата доброволна жртва.

Овде, нормално, не смее да се заборави и улогата на Светиот Дух во сето ова. Христос како свештеник е посветен од Светиот Дух и тоа е исполнување на превечниот совет на Света Троица.

Христовата смрт како осветена и осветувачка жртва е и средство за победа над смртта. Знаеме на кој начин се соединети двете природи во Господ Исус Христос. Христос како човек ја прифаќа смртта со потполна доверба во Бога, дека ќе Го воскресне преку потполно соединување со Него, кое ќе се постигне со потполно одрекување од Себе, односно давајќи се од Себе. Тоа може да Го направи затоа што ја има човечката прнрода во Својата боженствена Ипостас, која е неразделна од Ипостаста на Отецот. Така ќе ја објави во Себе Божјата слава. Тоа единство во исто време е максимално општење на Синот како човек со Отецот, поради тоа што Он воедно е и Бог и како таков имал сила да остане во совршено единство со Отецот и Светиот Дух. Така прифатената смрт на која и следи воскресението, воедно е резултат на Неговото самоодрекување, а исто така означува и осветување и заедница со Отецот. Со Христовото воскресение и вечната победа над смртта, во Православната Црква се помирува состојбата на Жртва и вечен Првосвештеник, Неговото седење оддесно на Оца, затоа што со Својата крв влегол во Светињатз на Светинте на небесата. Така може и нас, преку силата на Својата жртва, да ни ја вреже состојбата на чиста жртва и да не приведе кон Отецот. "Ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп" (Евр. 9,12). Така Он смртта ја претвара во воскресение. Идејата дека Христос со смртта воспоставува единство со Бога и дека засекогаш ја победува смртта, ја искажал св. Кирил Александриски на многу места вели: Господ Исус Христос, откако го врзал мноштвото нечисти демони и ја пролеал Својата крв за нас победувајќи ја смртта, не правн Своиближни и како такви повеќе да не живееме со нашиот живот, туку со Неговиот. Неговата смрт била победнички чин над смртта, односно надминување на неединството на човекот со Бога и ближните, затоа што тоа било заради Отецот и заради нас. Ако не умрел заради нас, немаше да се спасиме; и ако не беше меѓу починатите, немаше да го стресе неподнесливото госнодарење на смртта".

Ние не мораме да умрсме како Христос, затоа што тоа би значело дека нашата смрт не била уништена со Неговата. Но сепак, ние умираме на крајот од животот, но не од смрт како казна, затоа што таа смисла на смртта е уништена во Христа за оние кои се соединуваат со Него. Ние умираме соединети со Христа во подобие на Неговата смрт. Умира стариот човек, односно гревот, оставајќи да ги претрпиме како и Христос страдањата кои не водат во смрт, неизмешани со гревот, значи, не како казна за гревот, туку како средство за надвладување на смртта и како страдања за подвиг зара-ди одрекувањето од нашиот грешен и страстен егоизам. "Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението, знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уншитено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот" (Рим. 6, 5-6). Ние самите треба да се осветиме со силата на осветеното Христово тело, Кое седи од десната страна на славата и со Кое се причестуваме, борејќи се против нашите грешни страсти и поднесувајќн слабости или страдања како последица од гревот, безгрешно и "да Ги подадеме телата наши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, и тоа ќе биде наша духовна служба" (Рим. 12, 1), слична на Христовото тело. Тоа е нашето свештенство и жртва по подобне на Христовото свештенство и жртва.

Во својата улога како свештеник, човекот треба самиот да се принесе на жртва на Бога. Во таа смисла св. апостол Петар го врзува "царското свештенство" на оние кои веруваат во Христа за нивната должност да ги "возвестат совршенствата на Оној, Кој ве повикал од темнина во Својаша чудна светлина" и "да се пазат од телесните желби, што војуваат против душата" (1. Петр. 2, 9 и 11). Единствено откако и ние ќе станеме свети жртви, влегуваме во Отецот, т.е. во за-едница со Него. Според тоа, единствено во Христа можеме да влеземе во таа заедница со Отецот. Во тоа и се покажува распространувањето на Христовата осветена жртва во нас, та и нас да не направи, нормално со наша согласност, осветени жртви и бндејќи Христос воедно е и свештеник, да не направи и свештеници во блнска врска со Него. Свети Григориј Ниски вели дека единството на душата и телото, односно Воскресеннето, кое Христос Го направил за Својата човечка природа, конечно се распространило на сите. Прнчината за тоа распространување е во тоа што Христос, како боженствена Ипостас, Кој преку Својата човечка природа е во непосреден однос со нас и Кој Сам ни ја нонуди Својата човечка природа за причестување, влегува во најприсен однос со нас како наша суштинска нпостас. Затоа, во повторното соединување на душата и телото на Неговата човечка природа при воскресението, виртуелно се опфаќа идното соединување на душата и телото на секој. човек кој умрел со вера во Него, или наоѓајќи се во непосреден однос со Него. Св. Кирнл Александ-рискн вели: "Во човечкиот состав, која го примила душата, откако влегла повторно во телото, Он го нзвршил соединувањето на разделеното, кое преминува на целата човечка природа. Тоа е тајна на Божјиот домострој во поглед на нашето воскресение од мртвите, што не го спречува телото да се оддели од душата при смртта, што е и нормален природен закон, туку повторно ги соединува со Воскресението, та да биде сред двете, живртот и смртта, зацврстувајќи ја во Себе разделената прнрода по смртта, правејќи се Самиот Себеси почеток на соединувањето на разделеното". Во чо-вечката природа, која Он ја држи во Својата вна трешност, дозволува одвојување на душата од телото т.е. смрт, но со Својата сила повторно воведува во неа вечен живот, та сите оние кои умнраат соединети со Него, или кои се наоѓаат близу до Него, да воскреснат со Него.

Христовата богочовечка Ипостас ја користи смртта за усовршување на односот со Бога и луѓето. Воспоставувајќи таква совршена заедница, Она ја победува претрпената смрт во Себе зарадн другите ипостаси. Смртта без надеж во воскресението доаѓа од изолираноста на гревот и смртта без воскресение и е еднаква на конечно потонување во самотија.



Изменето од чаир - 06.Јуни.2007 во 21:43
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 22:16
Originally posted by чаир чаир напиша:

Христос е вечен првосвештеник Кој е од Бога помазан и Самиот е Бог



Христос е вечен првосвештеник... Колку интересно... LOLLOLLOL

значи нема веќе други првосвештеници, „велико“-достојници, итн итн... Христос е последниот, еднаш засекогаш застапник за нас пред Бога...Wink
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 22:36
Originally posted by аџија аџија напиша:

Originally posted by чаир чаир напиша:

Христос е вечен првосвештеник Кој е од Бога помазан и Самиот е Бог



Христос е вечен првосвештеник... Колку интересно... LOLLOLLOL

значи нема веќе други првосвештеници, „велико“-достојници, итн итн... Христос е последниот, еднаш засекогаш застапник за нас пред Бога...Wink

не вади реченици од контекст и читај цели постови Христос е вечен првосвештеник Кој е од Бога помазан и Самиот е Бог ама каде пишува дека е последен
ако имаш нешто паметно да додадеш арно ако не немој да ми ги расипуваш постовите досадно е
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 22:43
Чаир, што сакаш да кажеш со тоа "ама каде пишува дека (Исус) е последен (свештеник)" ?
Сакаш да кажеш дека не е последен? Дека ќе има и некои други свештеници после Исус?
Зарем ако некој му ја одземе свештеничката служба на Исус, зарем нема тоа да го побие фактот дека Исус е вечен првосвештеник?
Вечен значе дека неговото свештенство никогаш нема да престане и дека нема да премине на друг!
 
Библијата вели дека еден е посредникот помеѓу Бога и луѓето - а тоа е никој друг, туку Исус Христос!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 22:47
не го расипав јас постот чаир, туку само ве потикнувам да прочитате и сфатите ШТО СТЕ НАПИШАЛЕ..... затоа што само лапрдања колку сакаш, а никој сериозно не ги размислува дадените зборови...

што значи вечен според тебе ако не ЗАСЕКОГАШ? Зар има и друг после Христос (не дај боже мохамед)????

затоа велам, прочитај си што пишувале отците, и пробај да ги сфатиш... а не само слепо да бидеш индоктриниран од оние кои ти ги „објасниле“ овие работи...
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 22:49
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Чаир, што сакаш да кажеш со тоа "ама каде пишува дека (Исус) е последен (свештеник)" ?
Сакаш да кажеш дека не е последен? Дека ќе има и некои други свештеници после Исус?
Зарем ако некој му ја одземе свештеничката служба на Исус, зарем нема тоа да го побие фактот дека Исус е вечен првосвештеник?
Вечен значе дека неговото свештенство никогаш нема да престане и дека нема да премине на друг!
 
Библијата вели дека еден е посредникот помеѓу Бога и луѓето - а тоа е никој друг, туку Исус Христос!

па кој рече дека Христос не е вечен Првосвештеник и дека тој е постедник меѓу луѓето и Бога сега имаме новозаветно свештено устројство спрвосвештеници нема
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 23:01
омаловажување на Христос како последен свештеник е БИЛО КОЈ да се претставува како свештеник после него...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 23:04
јас не реков дека МПЦ нема свештеници, јас реков дека новозаветната црква нема. Извини не сме се разбрале, моја грешка, требаше да појаснам.

Изменето од EvAngelos - 06.Јуни.2007 во 23:04
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 23:07
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

јас не реков дека МПЦ нема свештеници, јас реков дека новозаветната црква нема. Извини не сме се разбрале, моја грешка, требаше да појаснам.

Originally posted by Аџија Аџија напиша:

омаловажување на Христос како последен свештеник е БИЛО КОЈ да се претставува како свештеник после него...


значи дека апостолите го омаловажуваат христа или незнаевте дека првата литургија која ја служат свештеници е напишана од Свети Апостол Јаков Брат ГосподовLOL
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 23:12
ајде посочи ми го цитатот во Светото Писмо каде пишува дека Јаков бил свештеник и дека држел литургија? LOL
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 23:15
Originally posted by чаир чаир напиша:

[
Originally posted by Аџија Аџија напиша:

омаловажување на Христос како последен свештеник е БИЛО КОЈ да се претставува како свештеник после него...


значи дека апостолите го омаловажуваат христа или незнаевте дека првата литургија која ја служат свештеници е напишана од Свети Апостол Јаков Брат ГосподовLOL


абе не треси зелени... каква литургија...море... и какви свештеници... LOLLOLLOLLOL
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 23:40
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

ајде посочи ми го цитатот во Светото Писмо каде пишува дека Јаков бил свештеник и дека држел литургија? LOL


Originally posted by Аџија Аџија напиша:

абе не треси зелени... каква литургија...море... и какви свештеници... LOLLOLLOLLOL


вас ке ви се смее народот пошто немате поим од историја отвори Google и напиши литургија на Свети јаков Брат косподов и ке ја видиш

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2007 во 09:46
нема што да ни се смее... кога еден студент на богословија, драг чаире, е толку испран што ни самиот не ги знае веќе аргументите, туку слепо верува се што ќе му кажат...

Таканаречената Литургија на Јаков, воопшто не е литургија од Јаков, драг мој чаире, бидејќи ако знаеш, ако памтиш, Јаков е убиен уште 62 г., како еден од првите христијански маченици... Од друга страна, првиот пишан доказ за некаква си литургија со неговото име, односно лажно претставена под неговиот псевдоним, го имаме од Еузебие, во 320 година... драг мој квази-„богослове“...

и сега кој на кого ќе се смее? Tongue
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2007 во 11:01
"ниту крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп" (Евр. 9,12).

"А, откако се усоврши, стана причина за вечно спасение на сите оние, кои Му беа послушни" (Евр. 5,9); "Зашто, ако крвта на јуиче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите, за очистување на телото, тогаш, колку ли повеќе крвта на Христа, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела, за да Му служиме на живиот и вистински Бог (Евр. 9,13-14); "Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекоѓаш-зашто преку едно принесување осветуваните Он ги направи засекогаш совршени" (Евр. 10,10 и 14).

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.