IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Греење и ладење во домот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Греење и ладење во домот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Греење и ладење во домот
    Испратена: 28.Декември.2013 во 13:47
Гледам дека нема и ваква темасреќа
Со што се греете или ладите?

Греење и климатизација

Централно греење (ѕидно и подно греење)

Ѕид од кој доаѓа топлина

Ѕидното греење е незабележително и пред сè пријатно. Тоа го знаеле и старите Римјани кај кои тоа било тренд уште пред 2000 години. Во последните 10 години "топлината од ѕидовите" доживува вистинска ренесанса.

Радијаторите кои на многу луѓе им бодат очи, кај ѕидното греење едноставно ги нема. Топлината се добива на вообичаен начин преку топлински котел или пумпа, но водата од централното греење на површината на ѕидот има едвај 85ºC, што е доволно за константно изедначена температура во просториите.

Некои системи (на пр. во бањите) можат да се изведат како комплетно решение со комбинација на подно и ѕидно греење. Овој вид греење овозможува "меко" одвојување на топлината при што хоризонталното одвојување на топлината преку големите ѕидни површини повеќето луѓе го сметаат пред се за пријатно искуство. Во споредба со радијаторите, конвекцијата е многу помала па поради тоа има и помалку прашина, што е посебно важно за луѓето кои се алергични на домашна прашина.

Температурата во просториите може да ја спуштиме за 1-4°C ако се користи ѕидно греење наместо систем со радијатори. Ова е поради тоа што човекот температурата на воздухот од 18 дo 19°C ја осеќа за пријатна исто толку како во случај кога се користат радијатори кои произведуваат температура од 20 дo 22°C, а падот на температурата од 2 до 3°C ги намалува трошоците за грееење 10 до 15 %. Постојат мислења дека ѕидното греење може да заштеди и до 30% од трошоците за греење.

Подно греење – конфор под нозете

Багодарејќи на овремените радијатори температурата во просториите можеме брзо да ја регулираме. Површинското греење пак нуди константна температурата и многу пријатна температура во просториите и според тоа потрошувачката на енергенсите е минимална.

Тие што ќе се одлучат при реновирање или изградба на новиот дом за "комбинирано решение", т.е. за комбинација од повеќе технички решенија кога е во прашање греењето на сопствениот дом, ќе направат вистински чекор кој во иднина ќе им донесе заштеда на пари. Подното греење е особено погодно за искористување на енергијата.

Тоа значи дека ќе се постигне пријатна клима во станбениот простор: подот благодарејќи на греењето ќе биде топол, а воздухот кој е поблиску до таванот постуден. Тоа значи дека:"Нозете секогаш ќе бидат на топло, а главата секогаш ќе биде трезвена". Топлиот воздух кој константно струи нагоре го засилува чуството на пријатност.

При овој вид греење температурата на воздухот може да ја намалиме за степен до два, бидејќи подот и ѕидовите се во просек потопли благодарејки на подното греење. Намалувањето на температурата за еден степен целзиусов значи и заштеда за 6% од вкупно потрошената енергија, а со тоа и заштеда на пари. Веќе одамна подното греење не се смета за луксузна опрема.

По правило подното греење финансиски гледано не е поскапо од конвенционалното греење. Полиетиленските цевки и инсталации на подното греење отпорни се на корозија, високи температури и притисоци, а претставуваат и еколошки прифатливо решение. Покрај ова, подното греење рамномерно и оптимално ја загрева подната површина.





Изменето од Valerija - 28.Декември.2013 во 13:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:48

Греење на електрична енергија 

Електрично греење – пример за еколошки и економски прифатлив вид на греење

Ограниченоста на нафтените и гасните извори во светот, зголемувањето на цената на енергенсите на светскиот пазар, како и нивното штетно влијание на природата наведуваат на размислување за употреба на други извори на енергија за загревање, меѓу кои спаѓа и електричната енергија. Во високоразвиените земји се повеќе се размислува за заштеда на енергијата и намалување на емисијата на CO2, SO2 и други штетни соединенија. Постојат податоци дека и до 50% од емисијата на штетни материи во атмосферата настануваат како резултат на загревањето на животниот и работниот простор.

Еден од начините на греење со електрична енергија е греење со грејни плочи (конвектори). Тие можат да се изработени од гранит, камен и мермер кои претставуваат грејни тела. Воздухот во контакт со изворот на топлина (конверторот) станува поредок и без вентилатор, со благо струење обезбедува пријатно распределување на топлината во просторијата. Конвекторите се одликуваат со висока способност за загревање на просторијата, допатлив изглед и неограничен век на траење. Греењето се остварува на тој начин што во компактната плоча (мермер,гранит..) се вградува електричен грејач. Овие плочи се монтираат брзо и едноставно на било кој ѕид во просторијата.

Грејната мермерна плоча се приклучува на извор на напојување од 220V, а преку термостатот може да се регулира саканата температура во секоја просторија посебно.

По вклучувањето, плочата се загрева на работна температура од 85ºC за 30-40 минути. Пренос на топлината од грејачот се врши со зрачење и конвекција. Овој начин на греење овозможува и загревање на цврстите тела во просторијата (ѕидовите, подовите, мебелот) кои на тој начин стануваат складишта на топлина.

Овој начин на греење ја елиминира разликата помеѓу температурата на таванот и подот, па ја сведува циркулацијата и сушењето на воздухот на минимум, а тоа е во интерес на здравјето (посебно за асматичарите, на сите кои имаат потешкотии со дишењето, како и на лица кои имаат склоност кон алергии).

Одржувајќи пријатна температура во просторот кој има просечна изолација, потрошувачката на електрична енергија изнесува приближно 400-500 Wh x m² / 24 h, што претставува заштеда на електрична енергија од приближно 25-50% во однос на останатите видови греење. Покрај ниската цена на вградување, ги нема трошоците за изработка на котли, оџаци, складирање на горивото, одржување и поправка.

Како опција е и системот за управување кој овозможува регулација на температурата во одредени простории во текот на денот во зависност од надворешната температура и според вашите барања, како и опција за далечинско управување (на пр. со мобилен телефон), можност за комуникација со компјутер (визуелизација, управување, документација). Овој систем посебно е погоден за поголеми простори како што се: мини хотели, станбени згради со повеќе станови, деловни простории или викенд куќи.

Грејните плочи не поседуваат делови кои предизвикуваат бучава и вибрации, штетни зрачења и штетни промени на околината. Правилната заштита е со повеќеслојна изолација на електричните водови така да не постои можност за струен удар или изгореници при допир. Поради ова можно е да се монтираат и во влажни простории (на пр. бањи).



Изменето од Valerija - 14.Октомври.2015 во 14:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:50

Греење на течно гориво 

Масла за горење – независен извор на енергија

Резервоарот за снабдување на системот за греење со масла за горење побарува доста простор и потребно е да се инсталира во одвоена просторија. Можно е на пазарот да се најде во најразлични варијанти и облици.

Претежно овие резервоари се инсталираат на подот. Постојат и одредени изведби во висечка положба. Во споредба со системите со греење на природен гас, не се занемарливи ни трошоците за одржување на резервоарот. Енергетската искористливост на масла за горење е помала од енергетската искористливост на природниот гас. Поради тоа кај овие системи се среќаваат поинакви технички решенија.

Во последно време на пазарот се појавуваат две различни изведби на согорување на масла за горење во печката. Новата верзија со т.н. син пламеник овозможува потполно согорување на маслата за горење така да на тој начин се ослободуваат многу помали количества на штетни соединенија.

Голема предност на греењето на масла за горење се огледува во фактот дека не сме принудени да користиме надворешно мрежно напојување. Маслата за горење можеме едноставно да ги складираме во соодветен резервоар во одреден дел од куќата, и на тој начин можеме долгорочно да ги планираме трошоците за греење.





Изменето од Valerija - 14.Октомври.2015 во 14:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:51
Греење со клима уред


Клима уредите може да се користат како исклучително ефикасни грејни тела поради фактот дека трошат помалку електрична енергија (во споредба со топлотната енергија која ја ослободуваат) од останатите грејни тела кои работат на струја.

Така за 1,2 kW потрошена електрична енергија климата емитира 2,5-3,8 kW енергија (податоците се за клима со 12000 BTU, а количеството на емитирана енергија зависи од енергетската класа). Тие, освен електричната енергија, ја користат и енергијата на фреонот.

Притоа, ефикасноста на загревањето зависи од типот на клима уредот и од надворешната температура. Најниските работни температури на клима уредите се наведени во нивните спецификации. Кај класичните клима уреди одат и под нулата (обично до -5°C), а кај клима уредите со инвертер технологија претежно до -15°C.


Карактеристични појави при греење со клима уред

• При вклучување на клима уредот, ќе забележите дека се отвораат крилца за насочување на воздухот, но дека климата веднаш не почнува со внесување на воздух, како што би било случај во режимот на ладење, бидејќи тоа би бил студен воздух. Потребно е одредено време од неколку минути за да се загрее сакето на внатрешната единица и дури тогаш климата почнува да внесува млак воздух.

• Во зима, кога се користи режимот за греење, надворешната единица е студена, па од неа излегува вода, за разлика од режимот во лето кога ситуацијата е обратна и водата излегува од внатрешната единица. Количината на вода која излегува зависи од влажноста на воздухот и од моќноста на уредот.

• Климата уредот не е електрична греалка, туку топлотна пумпа. Ниските температури предизвикуваат низок притисок на гасот, а со тоа и послабо загревање.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2014 во 13:32

Еден од главните проблеми на зимата е топлиот дом, без превисоки сметки за струја и греење.

soveti-za-topol-dom-i-niski-smetki-za-greenje-01

Од финансиски причини веројатно штедите максимално, но тоа можете да го направите и без да се смрзнувате додека сте дома.

Следете ги овие 8 едноставни и бесплатни трикови кои ќе ви помогнат во оваа и секоја следна зима:

1. Затворајте ги вратите од собите кои не ги користите

Ако ја затворите вратата нема само да ја спречите топлината да се шири, туку и студенилото од другите соби да влезе во просторот каде што сте.

Доколку имате голем простор помеѓу вратата и подот, не заборавајте да го пополните со мека ткаенина која нема да ја пропушти ниту топлината, ниту студениот воздух.

2. Разместете го мебелот

Седечката гарнитура тргнете ја подалеку од прозорците, затоа што тој дел од собата секогаш е најстуден, а истото важи и за надворешните ѕидови.

Сепак, од друга страна треба да внимавате да не го потпирате мебелот на радијаторот, за да не го спречите ширењето на топлината.

3. Покријте ги подовите

Теписите не се важни само заради визуелниот впечаток, туку и заради задржување на топлината.

Десетина од топлината оди во долниот дел од собата, па како што плочките може да ви одмогнат во загревањето, така теписите може да го олеснат.

soveti-za-topol-dom-i-niski-smetki-za-greenje-02

4. Фолија

Обичната алуминиумска фолија може да биде од голема помош. Ако задниот дел од радијаторот го облепите со фолија, топлината ќе се одбива кон внатрешноста.

5. Топли алтернативни помагала

Колку и да ви звучи чудно, во вечерните часови кога температурата на парното или било кое грејно тело се намалува, имате алтернативни решенија.

Топлото ќебе и жешкиот чај се одлично решение кое нема да ве чини цело богатство.

Наместо да палите дополнителен грејач во 11 часот навечер, стуткајте се во топлиот јорган и одете порано на спиење.

Наутро, кога целиот дом не е затоплен, користете грејни тела кои дуваат топол воздух, наместо обична греалка. Не заборавајте да користите навлажнувач на воздухот во тој дел од денот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2014 во 08:18

Штедливи трикови за потопол дом


Како што деновите стануваат постудени, така сметките за струја и парно, стануваат повисоки. Но, не е решение ниту да се замотате во јорган и да не можете ништо друго да правите.

stedlivi-trikovi-za-potopol-dom-01

Наместо таквите жртви, подобро е да живеете во согласност со некои полесни правила за оптимално греење.

Без разлика на што се греете неопходни ви се некои практични совети за секогаш да ви биде топло, но и да не го платите тоа трипати поскапо.

1. Не ја загревајте собата премногу

Бидејќи секој степен штеди енергија потребна за греење, важно е да ја знаете оптималната температура на секоја просторија. Во дневната и во детската соба оптималната температура е 21°C, во спалната соба е 17°C, а во бањата е 23°C, додека во кујната оптимална температура е 18 °C, остатокот од топлината тука го обезбедуваат фрижидерот и шпоретот.

2. Паметно проветрување на просториите

Прозорот кој е постојано подотворен е најголем крадец на енергијата и топлината. Затоа, најдобро е неколку пати во текот на денот широко да ги отворите прозорците во траење од 5 минути, отколку еден прозорец да е цел ден малку отворен. Во текот на ноќта сите прозорци треба да бидат затворени.

3. Загревајте рамномерно

Доколку постојано го вклучувате и исклучувате греењето може да ви се појави влага или мувла во просториите. Затоа се препорачува просторот постојано рамномерно да се загрева.

stedlivi-trikovi-za-potopol-dom-1.jpg

4. Испуштете го воздухот од радијаторот

Ако во системот за греење се слушаат необични звуци како клокотење, тогаш значи дека во него има воздух. Тоа го намалува капацитетот на греење, па затоа препорачливо е да го испуштите воздухот од радијаторот.

5. Намалете со трошењето топла вода

За загревање на водата се трошат околу 12 отсто енергија. Главата на тушот намалува за околу 5 отсто од количината на потрошената топла вода , а на тој начин ја намалува и потрошената енергија.

6. Ослободете го просторот околу грејните тела

Завесите и мебелот кои се поставени пред грејните тела спречуваат топлиот воздух да се шири низ просторијата, па затоа потрудете се просторот околу изворот на топлина да остане празен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2015 во 08:18
20-super-idei-kako-da-go-dekorirate-domot-so-drvata-za-greenje-001.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2015 во 14:50
Како да се заштедат пари за греење во зимата што ни претстои?

 

 

 

Со одвојување на мал дел од слободното време во разгледување на алтернативите за греење, на подолг рок можете да заштедите илјадници денари, кои вообичаено се трошат за греење во текот на зимските месеци. Покрај финансиската заштеда, изборот на индивидуален начин на греење води кон намалување на загадувањето како горлив проблем за македонските градови и кон заштеда на енергија.

 

Покрај традиционалната опција за греење со дрва, во моментов најдобрата опција за греење е дрвата за огрев да се заменат со брикети. Погледнете го изборот и контактирајте со продавачите на брикети овде. Нивната атрактивност произлегува од фактот што употребата на еден тон брикети со висок квалитет се еквивалентни на четири до пет кубика огревно дрво. Со употребата на брикети се надминуваат горливите проблеми на сечење и складирање на огревното дрво, кое по правило зафаќа огромен дел од подрумските простории или останатите површини од домот. Различните модели и цени на котли на дрва погледнете готука. Во зависност од карактеристиките што ги нудат, можат да се набават квалитетни уреди од реномирани компании од Германија, Италија, Хрватска и од други европски земји.

 

 

 

Како обновлив извор на енергија, во Македонија од година во година се зголемува побарувачката за греење со пелети (видете го изборот овде), кои се супериорно гориво за греење во однос на останатите енергенси. Пелетите штедат пари бидејќи еден тон пелети има топлинска моќ колку четири кубика огревно дрво, при што зафаќаат само една третина од просторот кое би го зафаќало огревното дрво. Можеби најважен податок е дека согорувањето на пелетите го одржува воздухот чист, тие се докажано најчисто цврсто гориво за согорување. Покрај самото гориво, камин на пелети (кликнете тука за да погледнете избор од различни фирми) е извонреден избор од неколку причини. Еден просечен камин на пелети има голема ефикасност на согорување, и тоа до 85%. Овие уреди произведуваат помалку пепел – се чистат еднаш на неколку недели.

 

 

 

За разлика од централните системи за греење, затоплувањето на електрична енергија овозможува енергетска самостојност на секој дом или на работното место. Можноста веднаш да се активира или исклучи уредот за загревање е незаменлива предност која овозможува постигнување на посакуваната температура во просторијата, со што истовремено се овозможува заштеда на финансиските средства кои се трошат за централното греење во моментите кога никој не се наоѓа во просторијата. Како најпрактични за еден дом се панелните конвектори, кои лесно се монтираат и зафаќаат помал простор, во споредба со традиционалните радијатори. Идеални за поголеми простории се фенкојлерите, кои со интелигентната контрола на управување овозможуваат адаптација на внатрешната температура и флексибилност иманентна на вентилаторските конвектори. Затоплувањето на електрична енергија е извонредно лесно со помош на инвертер клима уредите, кои во споредба со останатите уреди за загревање, можат да се користат во текот на целата година и за ладење на просториите. Богат избор од десетици разновидни инвертер клима уреди, кои можат да се набават со попуст и до 15% погледнете тука.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2015 во 14:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2015 во 15:04

Енергетско ефикасните клима уреди- најевтини за греење



Грејната сезона почнува од денеска за граѓаните кои секоја година имаат дилема кога станува збор за изборот на греење. Дали да ги затоплуваат нивните домови на дрва, грејни тела или клима уреди. Македонците постојано се во потрага по најевтиното и најефикасно греење и се трудат оваа потреба да не удри драстично врз нивниот џеб како и да не го оптовари дополнително нивниот буџет.

„Од минатата година изборот во нашиот дом е инвертер клима уред и тоа со енергетска ефикасност, што придонесува во намалување на потрошувачката на електрична енергија. Така што, нашето решение е поевтино и побрзо затоплување на домот со енергетско ефикасна клима“, вели жител од населбата Аеродром.

Последниве години се поголем е трендот да се користат апарати со енергетска ефикасност со што се намалува потрошувачката на електрична енергија. Кај клима уредите енергетската ефикасност се одредува преку односот помеѓу добиената топлина и потрошената електрична енергија.

Во однос на алтернативите за греење, останатите граѓани кои ги прашавме одговорија дека се греат комбинирано, дел со грејни тела и клима уреди, но и дел на дрва. Според експертите, греењето со дрва најмногу ја загадува околината. Рационалното размислување сѐ повеќе ги тера граѓаните да изберат греење со клима уреди, затоа што на тој начин најбрзо го стоплуваат домот со прилагодена и посакувана висина на температурата. Затоплувањето со клима е погодно и во однос на периодот од денот за оние семејства кои се отсутни од домот сѐ до вечерните часови.

Од продавниците за бела техника велат дека затоплувањето со инвертер клима уреди е се почесто и дека граѓаните полека ги откриваат предностите на ваквиот начин на затоплување.

„Со цел да им помогнеме во изборот на граѓаните за најдобро и најсоодветно решение за затоплување, Техномаркет денеска ја стартуваше акцијата што ќе им овозможи поголема заштеда на електрична енергија и истовремено ефикасно затоплување на домот. Им нудиме бесплатна монтажа на енергетско ефикасните LG клима уреди, со кои ќе добиваат пониски сметки за струја, акција што ќе трае еден месец“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.

Од страна на граѓаните интересот за инвертер клима уредите се повеќе расте поради бенефициите од истите. На нив гледаат како долготрајна инвестиција затоа што подлежат под гаранција од страна на продавниците за бела техника и затоа што претставуваат производи кои може да се користат во текот на целата година зависно од потребите.



Изменето од Valerija - 23.Ноември.2018 во 12:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2015 во 15:09
ИЗЛАДЕТЕ ГО ДОМОТ И БЕЗ КЛИМА УРЕД

Високите температури негативно влијаат на нашиот организам и го попречуваат неговото нормално функционирање.

На високи температури не можеме да спиеме, да јадеме, да ги извршуваме рутинските секојдневни активности. За да жештината во летните денови не ви создаде дополнителна анксиозност се применуваат неколку трикови, кои помагаат да се намали топлината во домот.

Веруваме дека вашата одлука се сведува на вклучување на клима, но експертите предупредуваат дека клима уредите не треба да биде уклучена дневно повеќе од четири часа. Значи, пробајте ги овие неколку решенија. Може да на прв поглед, овие совети ќе ви бидат неефикасни, но верувајте дека многу помагаат.

 Постелнината од креветот убаво здиплете ја и петнаесет минути пред спиење, внесете ја во фрижидер. Се разбира дека ќе ви биде попријатно да заспиете на разладена, отколку на топла постелнина.


 Извадете ги теписите. Секако дека е полесно и попријатно да чекорите по ламинат, плочки, или паркет, отколку на дебел килим. Наместо тоа, користете потенки стази кои покриваат помалку од подот, а теписите поставете ги повторно на есен.

 За летните денови се задолжителни завеси со потемни бои или ролетни. Уште првото утринско сонце почнува да прави топлина во собата. Затоа заштитете се со потемни завеси.

 Важно правило е дека во летните денови не треба да се готви дома. За готвење употребете ја терасата ако ја имате, и мал летен шпорет што може да се носи внатре и надвор кога е потребно. Ако немате ваква опција, тогаш потрудете се да готвите во раните утрински часови за да го избегнете затоплување на домот, кога надвор ќе стане пожешко.


 И светилките многу загреваат, затоа избегнувајте да ги палите кога не е потребно. Подобро е да изберете штедливи сијалици, кои се добри од две причини, трошат помалку и помалку ја греат просторијата.

 Исто така, направете "промаја" па ќе ви биде посвежо во собата. 

Претпоставуваме дека без клима не се може во лето ни во вашиот дом, но во времето кога е исклучена, користете ги овие совети.


Изменето од Valerija - 23.Ноември.2018 во 12:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2015 во 19:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2015 во 19:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2015 во 18:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.