![]() |
|
Платните налози ќе се издаваат од нотар |
Внеси реплика ![]() |
Автор | |
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 02.Јули.2011 во 13:06 |
Судовите веќе не се надлежни да постапуваат по извршните предмети. Од сега по налог на доверителот судот извршниот предмет, ќе го трансферира до извршител или нотар во зависност од тоа во која фаза е предметот.
Сега нотарите се тие кои ќе ги издаваат платните налози кои се однесуваат за неплатена струја вода, парно или за други парични побарувања во однос доверител - должник. Идејата е да се растеретат судовите од огромниот број предмети. „Доколку должникот поднесе приговор на издадениот платен налог, во тој случај законот предвидува дека постапката продолжува пред Надлежниот суд“, рече Михајло Маневски, министер за правда Извор: А1 ------------------------------------------------------ Сепак, треба да се напомене, дека ваквиот начин на издавање решение со кое се дозволува извршување ќе се врши кога станува збор за побарување за кое постои веродостојна исправа. За тоа што е веродостојна исправа, одговор дава Законот за парничната постапка: 1) јавни исправи; 2) приватни исправи на кои потписот на обврзникот го заверил органот надлежен за заверување; 3) меници и чекови со протест и со повратни сметки ако тие се потребни за засновање на барање; 4) изводи од заверени деловни книги; 5) фактури и 6) исправи кои според посебни прописи имаат значење на јавни исправи. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
|
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |