IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Регионална комисија за воените злосторства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Регионална комисија за воените злосторства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Регионална комисија за воените злосторства
    Испратена: 04.Јули.2010 во 21:01

Вчера 03/07/2010 во Скопје во ,, Веѕt Western Hotel Turist,, е одржана:
Регионална консултација со граѓанското огаптество за Иницијативата за Регионална комисија за утврдување и јавно изнесување на фактите за воените злосторства и другите тешки прекршувања на човековите права во поранешна Југославија (РЕКОМ).
ДНЕВЕН РЕД

10:00 —10:20            Отварање на собирот

Јасмина Најдовска, Фондација Институт отворено општество - Македонија Кога Аhmetајѕ Член на Координативното Собрание, РЕКОМ

Претставување на учесниците

10:20 - 11:20             Потребите на граѓанското општество во Македонија и во другите пост-

југословенски држави во односот кон минатото

Модератор и воведничар: Vе1оп Мuја, Ѕуri i Vizionit, Косово

11:50 -12:20              Зошто РЕКОМ

Lazar Stojanovic, Fond za humanitarno pravo, Белград

Мarko Velickovic,, Centar za razvoj civilnog drustva, Белград

12:20-14:00               Тек на консултативниот процес за Иницијативата за РЕКОМ

Воведничар: Eugen JAkovcic, Dokumenta, Хрватска

Дискусија

15:00 -16:30              Дискусија за целта и задачите на РЕКОМ

Воведничар и модератот: Dzenata Karup Drusko, Координатор на Коалицијата за РЕКОМ во Би

___________________________________________________________

Судењата за воени злосторства пред Хашкиот трибунал и пред домашните судови се единствениот правен инструмент за да се утврдат поединечните кривични одговорности за извршените воени злосторства, но не се доволни за да се формира фактички запис за се што се случувало во оружените конфликти во некогашната СФРЈ. Потребно ни е и тело во чијшто фокус ќе бидат жртвите од воените злосторства и кое ќе ги утврди и јавно ќе ги соопшти фактите за се што се случило во блиското минато.

Иницијативата РЕКОМ е нашиот пат кон иднината, без страв дека злосторствата ќе се повторат. Тоа е иницијатива на регионалната коалиција на невладините организации, здруженијата на жртвите и поединците кои се договараат да основаат официјална меѓудржавна (регионална) и независна комисија што ќе може да утврди и јавно да ги соопшти фактите за воените злосторства и другите тешки повреди на човековите права во поранешна Југославија, вклучувајќи го и расветлувањето на судбината на исчезнатите и пронаоѓањето на нивните посмртни останки. Пет цели на консултативниот процес за иницијативата РЕКОМ Иницијативата РЕКОМ е промовирана на 9 мај 2008 година во Подгорица, во рамките на дебатата меѓу здруженијата на жртвите од регионот во врска со инструментите за документирање и соопштување на вистината за минатото.

1.  Создавање јавна платформа за да можат жртвите и граѓанското општество
да зборуваат за своите потреби и обврски во однос на направените неправди
во минатото.

2.             Зајакнување   на   поддршката   од   страна   на   граѓаните   и   властите   во
постјугословенските земји со цел да се прифати иницијативата РЕКОМ.

3.             Градење на моделот на РЕКОМ.

4.             Отворање дебата во локалните заедници и воспоставување комуникација
меѓу различните општествени групи за се што се случило во минатото.

5. Создавање клима за промена на општествениот однос спрема жртвите (поттикнување сочувство и солидарност спрема жртвите од другите етнички заедници).

Зошто РЕКОМ?

За да се спречи во јавноста да се прикажат одредени лаги или, ако веќе се прикажани, да се покаже дека тие повеќе не се веродостојни.

Затоа што може да изгради јавна платформа и да им даде глас на жртвите и со нивна помош да поттикне сочувство, почит и солидарност кај јавноста не само за жртвите со кои таа веќе сочувствува, туку и за жртвите на кои во минатото не можело да се гледа како на жртви.

Затоа што може да изгради регистар за жртвите и човечките загуби и со тоа засекогаш да ја спречи манипулацијата со бројките на настраданите и убиените.

Затоа што може да помогне во судењето за воените злосторства, обезбедувањето докази, охрабрувањето на сведоците и на жртвите да учествуваат во судењата за воените злосторства, како и во организирањето на досиејата за одредени случаи.

Затоа што може да им помогне на постојните официјални комисии за исчезнати во откривањето на тајните масовни гробници и решавањето на судбината на исчезнатите.

Затоа што може да поттикне разбирање и толеранција и да го врати достоинството на жртвите и на нивните семејства.

РЕКОМ е:

         официјално тело коешто го формираат државите наследнички на поранешна
СФРЈ;

         тело кое е строго независно од своите основачи;

         регионално тело кое се фокусира на искуствата на жртвите;

         привремено тело, основано на одреден временски период и сместено на
територија на која се вршеле злосторствата;

         вонсудско тело во чијшто мандат се извршени најтешки злосторства во
точно одреден временски период;

         вонсудско тело коешто донесува заклучоци во однос на фактите и она што
се случило, врз основа на својата истрага и утврдените судски факти, но не
извлекува правни заклучоци;

         истражно тело кое има овластување да го интервјуира секој кој може да даде
релевантни информации, да спроведе мултидисциплинарни истраги и да
повикува поединци во лично својство, како и претставници на институции,
политички групи и верски заедници кои ќе дадат податоци и ќе го искажат
своето мислење за надминување на тешкото минато;

         истражно тело коешто може да обезбеди докази за начинот на кој одредени

         институции, поединечно или групно, не успеале да ги зачуваат и да ги

         заштитат човековите права во минатото;

         одговорно тело кое ќе ги земе предвид само наодите за воените злосторства

         што се потврдени од најмалку два независни извора;

         тело кое не суди никому, но може да ги именува вршителите и одговорните

         за злосторствата, како и да препорача механизми за нивното отстранување

         од институциите;

         истражно тело кое, во соработка со официјалните комисии за исчезнати

         лица, спроведува истрага за судбината на присилно исчезнатите;

         тело кое составува препораки во насока на изработка на програми за

         надомест за жртвите, во форма на материјална компензација, извинувања,

         градење споменици, меморијални центри, мапи на сеќавање, и

         кредибилно тело коешто го сочинуваат поединци истакнати во своите

         заедници и области, претставници од различни етнички групи и религиски

         заедници, кои се назначени и избрани врз основа на прецизно поставени

         критериуми.



Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:09
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 21:00
Вредно да се погледа, за да би се сватила и суштината на

                              РЕКОМ,

http://www.korekom.org/

http://www.zarekom.org/bhms-cir/spot

     ЗОШТО ,,РЕКОМ..?

http://www.zarekom.org/bhms-cir/zasto-rekom



Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:10
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 21:37
МЕСТА ВО КОИ СЕ НАПРАВЕНИ КОНСУЛТАЦИИ,

http://www.zarekom.org/bhms-cir/inicijativa-na-filmu

Во Македонија воведната косултативната седница се одржа на 20/21 Јануари 2010 година.
Званичната консултација за отворање на Канцеларија на РЕКОМ  и нејзината работа се одржа н 03 Јули 2010 година.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2010 во 00:41
Повеќе за РЕКОМ,
поглдајте......


Статут на Коалицијата РЕКОМ
http://www.korekom.org/public/fck_files/Statut%20KoREKOM-28_05_2009%281%29.pdf

Членови на Коалицијата РЕКОМ
http://www.korekom.org/webpage/52

15 години од крајот на војната во Хрватска и Босна и речиси 11 години од војната во Косово, семејствата на 16.000 исчезнати и натаму трагаат по тајните гробници на своите најблиски.


Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:10
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 00:03
Од конференцијата на РЕКОМ во Скопје,

Војните низ поранешна Југославија завршија, но фактите за злосторствата се уште остануваат мистерија. Зборувајќи за европските интеграции, политичките елити во новоформираните држави заговараат свртување кон иднината и заборав, додека семејствата на над 16.000 исчезнати и натаму тргаат по тајните гробници на своите најблиски.

Коалиција на невладини, медиуми и поединци од целиот регион со намера ова да го промени. Заговараат формирање на мешовита меѓудржавна комисија која ќе има задача во рок од 3 години да направи регистар на сите жртви од 91 до 2001 ва и на околностите во кои загинале.

На тој начин, според идејата, треба да се дојде до фактите за настаните, кои потоа ќе бидат од корист и на историчарите и политичарите, но и на судовите.

„Сите воени злосторства и сите потешки случаи на кршење на човековите права ќе бидат предмет на работа на оваа Комисија, така што таа ќе настојува да ја утврди сликата за целиот настан, да ги утврди во секој таков поединечен настан и околностите и сторителите и причините и тие настани да ги доведе во некаква корелација“, изјави Лазар Стојановиќ, Фонд за хуманитарно право - Белград.

Иницијатива постои веќе 4 години, а треба да кулминира во април и мај идната година кога се планира да се соберат 1.000.000 потписи, и со нив од сите влади да се бара да ја прифатат идејата и да учествуваат во формирањето на Комисијата.

„Идејата засега е Комисијата да ја сочинуваат луѓе со висок морал, кои имаат чисто минато и се разбира, не политичари. Веројатно владите ќе бараат членови на Комисијата да бидат и политичари, но ние како иницијатори на таа идеја веројатно ќе се обидеме да не бидат или да бидат во многу мал број“, вели Ветон Муја НВО активист од Косово.

Идејата во земјава се уште е во зачеток, но доколку успее ќе овозможи конечно расветлување на фактите и за настаните од конфликтот во 2001-вата, во кој и по скоро 10 години не е познато колку точно жртви имаше и во кои околностите загинале.





Изменето од orlov - 25.Август.2010 во 00:08
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 19:40
...a, ...koliu nevini i zrtvi padnale,..i ...

...se ushte ke pagjaat tuka,..

...na nikoj ne go ni,...zabole.....?


za ovie,...dve decenii...?!?!

Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 19:47
Originally posted by brza brza напиша:

...a, ...koliu nevini i zrtvi padnale,..i ...

...se ushte ke pagjaat tuka,..

...na nikoj ne go ni,...zabole.....?


za ovie,...dve decenii...?!?!



Podobro e da zemesh da prostudirash podolu linkot vo site negovi segmenti pa potoa da desh svoe mislnje. Pogledajgo i spotot i toj mnogu kazjuva.

http://www.zarekom.org/bhms-lat/spot
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Elmo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)
Gresnik i Otpadnik

Регистриран: 20.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Elmo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 16:15

Pa spored mene nie vo Makedonija prvo treba da rascistime koj od makedoncite ucestvuval vo vojnite vo poranesna Jugoslavija i kakva bila negovata uloga.Zrtvi Makedonci sem Gesovski nema ama vo borbite koi donele zrtvi ucestvuvale i makedonci.

Tuka mislam na makedoncite pripadnici na JNA podocna na ARM za koi se povleceni krivicnite prijavi vo Hrvatska posle 2000 godina i mislam na oficeri na JNA srbi koi se vo Makedonija a koi isto taka ucestvuvaa vo ramki na JNA vo borbenite dejstvija Bosna i Hrvatska.

Inaku HAG si ja tera rabotata pa se znae brojkata na zrvite sigurno. I krivcite za zrtvite se znaat. Ima dokumentarci dosta za tie raboti samo koj ima vreme da gi gleda.
Sakam da kazam neznam da recam
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 19:30
Originally posted by Elmo Elmo напиша:


Pa spored mene nie vo Makedonija prvo treba da rascistime koj od makedoncite ucestvuval vo vojnite vo poranesna Jugoslavija i kakva bila negovata uloga.Zrtvi Makedonci sem Gesovski nema ama vo borbite koi donele zrtvi ucestvuvale i makedonci.

Tuka mislam na makedoncite pripadnici na JNA podocna na ARM za koi se povleceni krivicnite prijavi vo Hrvatska posle 2000 godina i mislam na oficeri na JNA srbi koi se vo Makedonija a koi isto taka ucestvuvaa vo ramki na JNA vo borbenite dejstvija Bosna i Hrvatska.

Inaku HAG si ja tera rabotata pa se znae brojkata na zrvite sigurno. I krivcite za zrtvite se znaat. Ima dokumentarci dosta za tie raboti samo koj ima vreme da gi gleda.


Vo zabluda si.
Makedonci,
samo vo gradot na Sashgko Gjeshovski sem nego ima ushte dvajca poginati od raspadot na ex YU.
Vkupnata brojka i taa e poznata. Od taa 1991 godina odnese 60 zjrtvi samo od Makedonija.
Znachi opravdano e formirana REKOM.



,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 02:12
Originally posted by orlov orlov напиша:

Од конференцијата на РЕКОМ во Скопје,

Војните низ поранешна Југославија завршија, но фактите за злосторствата се уште остануваат мистерија. Зборувајќи за европските интеграции, политичките елити во новоформираните држави заговараат свртување кон иднината и заборав, додека семејствата на над 16.000 исчезнати и натаму тргаат по тајните гробници на своите најблиски.

Коалиција на невладини, медиуми и поединци од целиот регион со намера ова да го промени. Заговараат формирање на мешовита меѓудржавна комисија која ќе има задача во рок од 3 години да направи регистар на сите жртви од 91 до 2001 ва и на околностите во кои загинале.

На тој начин, според идејата, треба да се дојде до фактите за настаните, кои потоа ќе бидат од корист и на историчарите и политичарите, но и на судовите.

„Сите воени злосторства и сите потешки случаи на кршење на човековите права ќе бидат предмет на работа на оваа Комисија, така што таа ќе настојува да ја утврди сликата за целиот настан, да ги утврди во секој таков поединечен настан и околностите и сторителите и причините и тие настани да ги доведе во некаква корелација“, изјави Лазар Стојановиќ, Фонд за хуманитарно право - Белград.

Иницијатива постои веќе 4 години, а треба да кулминира во април и мај идната година кога се планира да се соберат 1.000.000 потписи, и со нив од сите влади да се бара да ја прифатат идејата и да учествуваат во формирањето на Комисијата.

„Идејата засега е Комисијата да ја сочинуваат луѓе со висок морал, кои имаат чисто минато и се разбира, не политичари. Веројатно владите ќе бараат членови на Комисијата да бидат и политичари, но ние како иницијатори на таа идеја веројатно ќе се обидеме да не бидат или да бидат во многу мал број“, вели Ветон Муја НВО активист од Косово.

Идејата во земјава се уште е во зачеток, но доколку успее ќе овозможи конечно расветлување на фактите и за настаните од конфликтот во 2001-вата, во кој и по скоро 10 години не е познато колку точно жртви имаше и во кои околностите загинале.



 
Ubavo sto ke se formira komisija... Ama kako ke gi nateraat Hrvatite, Albancite i Mudzahedinite od Bosna da ucestvuvaat i da priznaat deka cesto sami si gi ubivale svoite civili za da go svrtat javnoto mnenie protiv Srbija?  Eve vi edna emisija sto otkriva malku od pozadinata na vojnata vo Jugoslavija. Izgledajte gi site devet delovi, interesni se. Vakvi emisii ima se poveke na zapadnite mediumi, a ne samo na srpskite. Brojot na zaginatite nema nikogas da se doznae, zatoa sto pobednickite strani povekekratno i namerno go zgolemuvaat, so znaenje i poddrska od zapadnite sili - a tie sigurno nema da priznaat deka lazat.
 
 
 


Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:16
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 17:09
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

 
Ubavo sto ke se formira komisija... Ama kako ke gi nateraat Hrvatite, Siptarite i Mudzahedinite od Bosna da ucestvuvaat i da priznaat deka cesto sami si gi ubivale svoite civili za da go svrtat javnoto mnenie protiv Srbija?  Eve vi edna emisija sto otkriva malku od pozadinata na vojnata vo Jugoslavija. Izgledajte gi site devet delovi, interesni se. Vakvi emisii ima se poveke na zapadnite mediumi, a ne samo na srpskite. Brojot na zaginatite nema nikogas da se doznae, zatoa sto pobednickite strani povekekratno i namerno go zgolemuvaat, so znaenje i poddrska od zapadnite sili - a tie sigurno nema da priznaat deka lazat.
 
 



Poshto vekje rabotime kako REKOM slobodno kje ti kazjam deka so Kosovo rabotata odi dobro i tokmu od tamu se pochna. Hrvatska e na red a potoa Bosna zaedno so Repulika Srpska.
Chinjenica e deka najgolemiot problem kje go imame vo Makedonija bidejki pritisocite i opstrukciite pochnaa odma po samoto formiranje odnosno od najavata deka kje se odrzji sesija na REKOM vo Skopje.
Znachi site se spremni samo nie- nashata vlada teshko deka kje dademe svoj pridones a mozje i da se sluchi da ne ni se dozvoli i dda rabotime na taa problematika.
Zasega rabotitte ovaka stojat.




Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:17
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2010 во 18:13

http://www.korekom.org/news/read/153

Од  и за, косултативната седница на РЕКОМ

одржана на 20.11.2010 година, во Скопје

 

Сите екс YU Републики, сега држави од 1991 година до 2001 година поминаа низ неминовниот процес на делба кој секогаш и секаде резултира со војна/и.

Во овакви процеси војните се од најразличен вид- карактер, но секогаш пратени со егоистичкиот мотив- мене ми припаѓа повеќе.

Критичните години 1991/94 согласно договорот Глигоров – Аџиќ Република Македонија ги помина безболно ако не ги земаме во обзир македонските жртви во Хрватска, Словенија, Босна, кои во таа 1991 година се затекна во составот на тогашната ЈНА. Заминувањето на екс YU армијата беше без никакви последици по човечки животи но со штети по објектите кои таа ги напушташе.  По нејзиното заминување остана само отворено или недефинирано прашаењето со северната граница во целост.

По условното завршување на војната со Хрватска и Босна, СРЈ го отпочна- продолжи или интензивира веќе поодамна почнатиот фронт  за решавање на внатрешните проблеми со  тогаш АП Косово, сега Р. Косово. Во тој процес на решавање на внатрешните проблеми кај северниот сосед неминoвно беше да се наметне и друг проблем кој се пресели кај нас со бегањето- на албанското население  со што ни се наметна проблемот со бегалците (попознат како бегалска криза) кој створи криза во нашата држа. Ова Македонија свесно го стори давајки им можност на жителите на Косово да ја избегнат војната и да дојдат во Македонија онаму каде имаа и свои блиски; поточно во западна, северо- западна и северна Македонија.

Во почетокот на бегалската криза Македонија беше хумана држава се до моментот кога и самата се соочи со кризата која и се наметна со згрижувањето на бегалците од Косово за кои меѓународниот фактор ветуваше помош од секаков вид.Мeѓународната заедница не само што не пружи помош туку Македонија се соочи и со фактот дека секој додатно населен од Косово кај нас веќе преставува потенцијална опасност за реализирање на вековните аспирации за созддавање на голема Албанија. Кризата во Македонија се продлабочуваше. Во еден момент од МНР се реагираше кај меѓународната заедница која ветуваше помош за бегалците дека не го почитува ветеното- односно не дава никаква помош за бегалците. На таа реакција меѓународната заедница одговори со.........,,зар толкав терет ви се тие луѓе кои може да се сместат во стотина автобуси?,,...на ова следуваше одговор од нашето МНР поточно од сега веќе покојниот Борис Трајковски кој остро им возвраќа: ,,ако не се терет тогаш земетесиги кај вас,,.

Следната година Борис Трајковски стана претседател на Република Македонија на редовните претседателски избори.Но, Македонија се повеќе се соочуваше со кризата на која како додаток и се случуваше и наглата сомниелна приватизација на народниот имот. Сето ова погоре во 2001 година резултираше со војна. Големо е прашањето дали воопшто требаше да ни се случи војната - 2001 ???? Независно од СЕ таа се случи на начин поразличен од војните во Хрватска, Босна, Косово. Уште поразличен од воената интервенција на САД- НАТО врз тогаш СРЈ. Но, и оваа војна иако од домашниот фактор не е  призната и квалификувана како војна сепак беше војна. Тоа ни го кажа и Хашкиот Трибунал со ослободителната пресуда на Љубе Бошковски кој во 2001 година беше министер за внатречшни работи. Против него беше покренато обвинение за случајот(масакрот) Раштански лозја. Трибуналот го отфрли обвинението против него и го ослободи поради командна одговорост.......условно кажано Бошковски примил НАРЕДБА од врховниот командант (тогаш претседателот на РМ, Борис Трајковски) на единствените ОС на РМ, а според тогаш постоечкиот закон за Одбрана и согласно уставните одредби, само во услови кога државата е воено загрозена претседателот на државата е и врховен командант на едиствените ОС. Не треба да заборавиме дека и самиот почеток за ОДБРАНА  на Македонија резултираше со НАРЕДБАТА за ангажирање/мобилизирање на резервниот состав со нагласување да се постапи по Елаборатот од 1997 година кој акт е наменет за Одбрана на државата во услови кога е загрозен уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитетот на  државата. За жал овој акт не беше доследно применет со што беа повредени одредби од домашното и меѓународното воено право. Не треба да се изостави фактот дека ако не беше војна или поточно ако не беа утврдени две завојувани страни организирани во свои воени формации немаше да дојде ни до Охридскиот Рамковен Договор на 13 Август 2001 година на кој покрај другото се донесе и Одлуката за разоружување позната под името НЕОПХОДНА ЖЕТВА.

Значи; во 2001 година имавме две воено спротивставени страни и тоа терористи организирани во свои воени формации со главна команда во Призрен- Косово чии командант беше Али Ахмети, и од друга страна ангажирани за одбрана на државата единствените Оружени Сили на Република Македонија.

Сето ова кажу дека во 2001 година на Македонија и се случи војна. Војна, но сепак поразлична од друѓите војни во државите кои произлегоа од распадот на СФРЈ.

Условно, војните завршија низ сите екс YU простори но зад себе оставија достаболни траги, доста нерешени работи, доста мистерии и други нејаснотии.

Трибуналот во Хаг се обиде во својот мандат да реши доста од тоа што се случуваше кај Нас  и што се случуваше ширум екс YU просторите, но за жал само делумно успеа во тоа. Поради тоа неминовно беше да произлезе РЕКОМ која би требало да реши и разјасни доста од нејасното, мистериозното и нерешеното. Но, како сега тоа да го реализира РЕКОМ????

На сите досегашни ДЕБАТИ, земајкија во обзир и ДЕБАТАТА од 20/21 Јануари 2010 година на тема: Историја и апокрифи- Демитологизација и демистификација на 2001 година, сите учесници своите дискусии ги изнесувавме пристрасно но и со факти (велам со факти за нас припадниците на единствените ОС, политичкиот блок и аналитичарите на неалбанскиот дел). Истот го чинеа и преставниците на ОНА/УЧК, и тоа без да изнесат факти но, говорејки дека ги имаат.

На наредните Дебати/сесии- седници треба да седнеме растеретени од сето она кое го носиме во себе како товар/белег од војната 2001 година и од неа да го извлечеме само поучното, како би можеле успешно да ја завршиме во најголем процент задачата која ни престои.

Без било какви предрасуди да одпочнеме со:

1.Утврдување на бројките на погинатите во и за времена дејствијата и надвор од нив каде причина за погинување се самите воени дејствија во близина на местото каде тие се навоѓаат во тоа време.

2.Утврдување на бројката на масакрираните

3.Утврдување на бројката на исчезнатите

4.Утврдување на бројката на повредените

5.Утврдување на бројката на раселените кои сеуште не можат да се вратат во своите домови, и

6.Да се изнајде начин/модел како да им се помогне на ЖИВИТЕ ЖРТВИ, директни учесници во војната и на нивните семејства (како пример мора да се земе италијанската влада која за своите мисионери кои само неколку месеци престојува на балканските простори за нивна рехабилитација од ПТСР годишно издвојува по пет милиони евра). Порaди веродостојност на податокот да се види написот во неделникот ФОКУС број 602 од Јануари 2007 година.

7.Утврдување на бројката на починатите од ПТСР- како последица од дејствијата во војната- 2001 година.

Сето ова укажува дека мора да имаме сериозен пристап кон ЗАДАЧИТЕ КОИ НИ ПРЕСТОЈУВААТ, за да не им оставиме на генерациите после Нас нерешени и неразјаснети прашања.

Не смееме да дозволиме ниту една педа од територијата поради било какви предрасуди да се оддели од Република Македонија. Мораме да создадеме клима за соживот, но мораме и реално да ги решиме сите задачи кои ни престојат а кои ни ги овозможува РЕКОМ.

Сите процеси кои ќе ги водат комисиите мора да се транспарентни. Јазвност/транспарентност  пред се ако сакаме резултати во работата.

Мораме да се надминемесамите себе доколку имаме воља во зацртаното да успееме.

На крај верувам дека на сесијата која ни престои ќе бидеме поефективни а со тоа и официјално ќе ја отпочнеме сериозната и одговорна задача која е доста осетлива и дека нема во Нас да владеат индивидуалните чувства и емоции. 

 

Активен учесник во војната 2001

Припадник на командата во зона Запад

Сега, член на РЕКОМ



Изменето од orlov - 05.Декември.2010 во 18:14
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2010 во 18:05
Следната седница на РЕКОМ во Македонија е на 18 Декември 2010 година. Во меѓувреме на 11 Декември 2010 година РЕКОМ е во Приштина а потоа доваѓаат кај нас.  
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2010 во 15:47
 Во Сабота ќе се верификува обврската на државите подписнички.

Обврска на државите за соработка со Комисијата


1.      Сите органи на потписничките се должни да соработуваат со Комисијата и да ѝ овозможат делотворно извршување на задачите во согласност со Статутот.

 

2.      Надлежните органи на власта во државите потписнички, на барање на Комисијата благовремено ќе обезбедат пристап на податоци, вклучувајќи ја можноста за земање изјави од претставник на државна институција и спроведување на теренско истражување, освен ако со тоа би биле прекршени прописите на државите потписнички за тајност на податоците.

 

3.      Податоците или документите кои за цел имаат прикривање на сторени кривични дела, или кои се однесуваат на тешки повреди на основните човекови права, не се сметаат за тајна.

 

4.      Во случај ако државата смета дека откривањето на одреден податок или документ кој го бара Комисијата би било спротивно на прописите за тајност на податоците, ќе се преземат сите разумни мерки со цел да се надмине спорната ситуација со заедничко ангажирање на Комисијата и државата. Овие мерки подразбираат:

 

(а) изјаснување на Комисијата за релевантноста на податокот и/или документот кој го бара;

 

(б) договор за условите на откривање на податокот, вклучувајќи, меѓу другото, делумно откривање на содржината на документот, ограничување на објавувањето на податокот и примена на други мерки за заштита на доверливоста на податокот.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,512 секунди.