IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Екологија
  Активни теми Активни теми RSS - ЕКОЛОШКА СЛОБОДНА (МУАБЕТ) ТЕМА....
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЕКОЛОШКА СЛОБОДНА (МУАБЕТ) ТЕМА....

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ЕКОЛОШКА СЛОБОДНА (МУАБЕТ) ТЕМА....
    Испратена: 28.Април.2010 во 19:43
Лесно е да се каже ......потешко е да се реализира....
ајде да видиме НИЕ што правиме за почиста средина......
секој нека си каже .....да видиме каква еколошка свест има.....
или што конкретно му пречи .......
нови сознанија поврзани со екологијата.....
.....едноставно тема за еколошки муабет...
да


Изменето од bijonse1 - 28.Април.2010 во 20:14
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 19:50

ПРИРОДАТА ЈА СПАСУВА ОД ЗАГАДУВАЊЕ..

А СЕМЕЈСТАВОТО ОД ГЛАДУВАЊЕ......

ЕКОЛОШКА МИСИЈА НА ЅВОНКО...да

Не е срамота тоа што егзистенцијата за семејството ја обезбедувам собирајќи отпад, срамота е ако децата ми бидат гладни и без облека, вели прилепчанецот Ѕвонко Митрески

Откако му здодеало да работи како автомеханичар на вересија, прилепчанецот Ѕвонко Митрески одлучил да се зафати со работа со која природата ќе ја спасува од пластичен отпад, а семејството од гладување. Сега, вели, од ѓубрето обезбедува храна за себе, сопругата и за двете деца. Тој пред една година од Прилеп се преселил во куќата на своите предци во селото Старо Лагово, чиј двор сега е претворен во пункт за отпадна пластика, најлон, искршени пластични гајби...
- Тоа е лебот за мене, за мојата петгодишна Мартина, тригодишниот Виктор и за сопругата Делфина. Живееме од собраните шишиња од реките и од разни депонии, дури и од депонијата кај Алинци. Се откажав да бидам автомеханичар во див дуќан, од кој секојдневно ме гонеа инспектори во Прилеп, а за муштериите работев на „жими мајка“ дека ќе ми платат во некои „подобри времиња“ - вели Ѕвонко Митрески.
Тој признава дека работата не е лесна, уште помалу хигиенска, но со вложениот напор се вади за пристоен живот. Заработувачката, вели, не е мала, ниту преголема.
Неговата 22-годишна сопруга Делфина е помошник во бизнисот. Таа е задолжена за подготовката на шишињата за транспорт во фабриката во Велес, откако сопругот ќе ги донесе во дворот.
- Јас им ги вадам капачињата, оти тие се од друг вид пластика, која не треба да се меша. Шишињата ги одделувам по бои. На една страна проѕирните, на друга кафеавите, набашка зелените. На крајот им ги вадиме хартиените етикети за Ѕвонко да ги мине со автомобил за да се изгмечат поради намалување на волуменот и за пакување во големи вреќи. Пипава и гнасна работа, ама мора да се работи - вели Делфина.
Семејството Митрески има редовен откуп на суровината, а откупуваат пластика и од други муштерии.
- Од класичните пластични шишиња од литар и пол за килограм суровина се потребни 21 парче, а килограм се плаќа по седум денари. Некои прилепчани што разбрале за бизнисот доаѓаат и тргувам по малку колку што имам пари, зашто исплатата ми стигнува со мало задоцнување - вели Ѕвонко.
Младиот жител на Старо Лагово размислува како да пронајде мала рачна мобилна машина за сечење на пластиката на местото каде што ја пронаоѓа, за да го намали габаритот и полесно да ги донеси шишињата до дома.
- Ќе смислам некое машинче. Ќе се снајдам, ако не најдам соработка со некои еколошки друштва заеднички да бараме донатори за машина. Имам сознанија дека и локалната самоуправа во Прилеп ќе подготвува проект за собирање шишиња. Затоа очекувам да најдеме заеднички интерес со нив да ја чуваме загрозената околината и да обезбедуваме живот, не само за нас, туку и за повеќе невработени луѓе. Со тоа ќе го подигнеме и нивото на еколошката култура кај граѓаните. Сметам дека со кампања за одделување на пластичниот отпад од другиот уште од местото на создавање, во семејствата, ќарот ќе биде за сите поголем, а природата почиста - вели Ѕвонко Митрески.......БРАВО ЗА ЅВОНКОаплауз

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 20:05
ЕКОЛОГИЈА ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО.....

Историчарот Лин Вајт (Lynn White) во 1967 година го објави познатото дело ’Историските корени на нашата еколошка криза’. Господинот Вајт, декларирајќи се како христијанин во своето дело заклучил дека многу од нашите проблеми со природната средина можат да се посочат кон фактот што Господ ја дава земјата на луѓето за нивно користење и специфично ги упатил луѓето да доминираат над земјата и над сите животински форми.Со ова не се согласува најголемиот дел од теолозите и христијанските мислители. Всушност христијанството се смета дека е исклучително еколошки насочено, неспоредливо со останатите религии. Од првата глава на првата книга мојсеева (создавање) па се до последната книга Откровение, луѓето се повикувани да се грижат за созданието. Господ ги зема за одговорни луѓето за состојбата на земјата и ќе им суди за квалитетот на нивното управување. Еколошката улога на човекот во Библијата е толку важна и сериозна, што во последната книга Откровение за критериум се дава како луѓето се однесуваат со земјата, по кој Господ ќе му суди на секој човек (Отк. 11:18).........

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 20:20
Екологијата
била замислена како наука за економиката на природата, но денес повеќето луѓе главно помалку ја поврзуваат со нејзинот дел logos (гр.)- наука, а повеќе со oikos (гр.)- куќа, т.е. со состојбата на околината во која живееме и потребата од нејзино зачувување. Во рамките на екологијата постојат многу темелни прашања и проблеми, како на пример зачувувањето и користењето на природата и нејзините потенцијали, потоа прашањата и проблемите кои од нив произлегуваат, како на пример социјалните и политичките стојалишта спрема производството и загадувањето, социјалните промени, губењето на културното наследство и сл.
Сето тоа екологијата денес ја прави наука која освен што набљудува и дејствува, а во чии рамки постојат многу гранки од кои една е и
здравствената екологија......
Повеќето научници денес здравствената екологија ја дефинираат како наука која ги проучува промените во човечкиот организам, т.е. единките или популациската структура во однос на факторите на околината, со посебен акцент врз односот кој е секогаш динамичен. Единките не живеат изолирано, туку се меѓусебно зависни, како дел од комплексно организиран систем. Резузлтатите од таквите проучувања создаваат научна база за разбирање на биолошкиот и социолошкиот аспект на човечкиот вид.
 Медицината не е само лечење на веќе заболени, туку нејзин составен дел е и превенцијата на болеста со создавање на здрави животни услови и средина која го јакне здравјето. Во својата историска, а со дел и модерна смисла медицината се темели врз биомедицинските науки, иако денес се препознава неизоставната улога и на психосоцијалните науки. Здравствената екологија во својот пристап ги носи идеите на живеење во хармонија со околината и здравите животни услови, еднакво биолошките, физичките и психосоцијалните.
 Објект на проучување на здравствената екологија се единките и/или популациите. Во процесот на еволуцијата новите својства се јавуваат со секое ново ниво на биолошка комплексност, а тие никогаш не би можеле да се предвидат само од студиите на историјата (анамнезата) на единките. Затоа, иако извори на податоци ни се живите единки, стварниот објект на проучување на здравствената екологија е популацијата. Популацијата е просторно или социо- културолошки дефинирана група на единки која се репродуцира во себе си. Уште попрецизно биолошки дефинирано, популацијата е група во чии рамки постои најголема веројатност дека единката ќе пронајде партнер за репродукција.
 Секоја човечка популација можеме да ја посматраме како континуиран ентитет во одреден биотоп и статистички да ја опишеме со низа на параметри кои се всушност релативни со оглед на поединецот. Тие параметри се, на пример, наталитетот, морталитетот, густината на популацијата на некој географски простор, но и различните фреквенции на гените во рамките на групите или подгрупите. Во однос на единките што ја сочинуваат, популацијата е перманентна. Поединецот со раѓањето или со доаѓањето станува дел од популацијата која била тука и пред неговото доаѓање, но останува по неговата смрт.
Здравствената екологија ги посматра интеракциите на популацијата и околината кои во денешни услови се менуваат константно во неповолен правец за здравјето на човекот. Главна задача на здравствената екологија е да се пронајдат квантитативни податоци кои би послужиле во заштита на човековото здравје од неповолните ефекти на околината, како и да го унапредат здравјето со позитивно влијание врз околината.
 Основни барања на здравата околина се чистиот воздух, здравствено исправна вода за пиење и доволни количества на вода, соодветна и сигурна исхрана, сигурни и мирни населби и стабилна глобална околина. Интеракцијата помеѓу чоечкото дејствување и неговата физичка, хемиска, биолошка околина ги дефинира Светската здравствена организација во 1992. Врз здравјето влијаат три групи на фактори, но и човечкото здравје влијае врз нив. Тоа се интензитетот и природата на човечкото дејствување што ја чинат: земјоделското, индустриското и енергетското производство, користењето и управувањето со водата и отпадот, урбанизацијата, дистрибуцијата на заработувачката и економиите во рамките и помеѓу земјите, квалитетот на здравствениот систем и нивото на заштита на животната, работната и природната околина.
 Физичката и хемиската околина се воздухот, водата, храната, хемискиот состав на почвата вклучувајќи ја и радијацијата, климата вклучувајќи ја и температурата, влажноста, врнежите и сезонските промени. Биолошката околина се видот и раширеноста на патогените и векторите, како и видовите и застапеноста на нивните живеалишта.
 
Сепак, можеби идејата за нераскинливата врска на луѓето, нивното здравје и околината е најсилно изразена во говорот на индијанскиот поглавица за време на ширењето на територијата на северна Америка:
 „... Сите сме ние дел од мрежата на животот и што и да и правиме на таа мрежа си правиме на самите себе...“.....


Изменето од bijonse1 - 28.Април.2010 во 20:21
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 17:14
Јас лично никогаш не фрлам ништо на улица, сите конзерви, лименки, стаклени шишиња и пластични ги носам во центар за рециклирање редовно. Пластични кеси после употреба или повторно ги користам или ги носам на рециклирање. Стара облека се што не донирам исто така на рециклирање.
Сите прозиводи од хартија и картон-исто така. Вода трошам онолку колку навистина е потребно и освен она што навистина не бара високи температури во машина за перење алишта, гледам да перам максимум на 40С се со цел да ја намалам потрошувачката на електрична енергија која е познат причинител за прекумерно прегревање на планетата Земја.
И за крај секогаш кога не морам да патувам со кола, одам пешки.
Што се однесува до мене толку мозам сега за сега.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 22:10
Bravo аплауз   Glenn.....ama ti sigurno ne zhiveesh ovde vo MKD ili greshka sum..
jas mislam takvo neshto kaj nas nema se ushte e nauchna fantastika.....mislam za prostor ili centar za recikliranje..
jas momentalno se karam so decata od maloto.....
a be sho ubav park si imame..lichno imam posadeno i neguvano nekolku drva
a be sho najdoa ispokrshija.....sekoe drvce go unishtuvaat....
malku nasila so niv.....i sega barem pred mene ne pravat belja sedat mirno...
ako ne drugo ne gi gledam......a roditelite.....,, ama pa ti ostavi gi....tie se samo deca!!,,лутина i sega shto??



Изменето од bijonse1 - 30.Април.2010 во 22:13
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2010 во 16:14

Загадувањето со жива?

Американците се изналовија риба насекаде и сеуште немаат најдено риба која не е полна со овој метал. Главни извори на загадувањето се термоелектраните и рудниците.

Не постои риба која може да го избегне загадувањето со жива. Ова е основната порака на американската федерална студија за контаминација со жива во која биле тестирани риби од скоро 300 речни текови ширум САД.Собирањето на повеќе од илјада примероци за студијата на U.S. Geological траело од 1998 до 2005 година, а токсичниот метал бил пронајден во сите примероци. Но, за утеха, иако сите риби имале траги од загадување, само една четвртина од нив содржела количина на жива која ги преминувала стандардите за сигурност по здравјето.Живата која ја примаме преку исхраната може да го оштети нервниот систем. Најголемиот извор на загадување пристига од термоелетраните на јаглен, но прилично загадени се и реките во близина на рудниците за жива и злато. Живата која излегува преку оџаците доаѓа во водите преку дождот, а подоцна ги контаминира живите организми........тага

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 20:31
Кога китовите вршат нужда ја спасуваат цела планета?!

Изметот на китовите може да и помогне на светската клима, тврдат австралиските научници објаснувајќи дека со порастот на популацијата на китови расте и површината богата со алги кои успешно апсорбираат CO2.

Научниците од организацијата Australian Antarctic Division заклучија дека изметот на китовите, кој претежно е составен од преработена количина на ракови со кои се хранат, е одлично ѓубриво за растот на морските растенија.

- Кога китовите консумираат ракови, кои се богати со железо, голем дел од оваа супстанца се екстрадира назад во водата и на тој начин повторно се започнува синџирот на исхрана, изјави Стив Никол.

Истражувањата покажуваат дека со зголемување на бројот на китовите расте и бројот на подморските растенија, а  со тоа се зголемува способноста на океанот да го апсорбира јаглерод диоксидот, одговорен за глобалното затоплување.

Железото е клучен елемент за размножувањето на алгите кои го користат јаглерод диоксидот додека растат, а јужните океани станаа навистина анемични. Една третина од светските океани има многу ниско количество на железо, покажа истражувањето на Antarctic Climate and Ecosystems Cooperative Research Centre.

Научниците додаваат дека китовите консумираат неколку тони ракови секој ден, а откриваат дека посебно ги изненадило количеството на железо во нивниот измет, кое е 10 милиони пати поголемо од концентрацијата во морињата околу Антартикот.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2010 во 10:11
Еве една интересна вест што ја прочитав пред малку..

Научниците открија ураниум во парче мраз на Антарктикот

    – Група научници открија постоење на ураниум во парче мраз на 133 метри длабочина на платото Детроит на територијата на Антарктикот.

            Трагите од ураниум се совпаѓаат со зголемувањето на вадење ураниумова руда во 1995. година во Австралија. Научниците тврдат дека атмосферската циркулација им помогнала на честичките ураниум да стигнат до Антарктикот.

            Истражувањата се направени од научници на Институтот за климатски промени на универзитетот во сојузната држава Мејн во САД, на институтот во Чиле(INACH) и Универзитетот на Рио Гранде ду Сул, Бразилија.

            Истражувањата започнале во ноември 2007. година. На почетокот на 2009. година американските научници соопштија дека температурата на Антарктикот се зголемила за 0,5 степени во периодот меѓу 1957 и 2006. година.

            Покрај тоа, индустриската револуција ја зголемила просечната глобална температура на Земјата за 0,6 степени.



Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2010 во 17:29
ЕКОЛОШКИ СОВЕТИ ВО МЕСТОТО КАДЕ НАЈДОЛГО ПРЕСТОЈУВАМЕ....... КУЈНАТА
  • http://www.abcdom.com.mk/is_sliki/S-676/3.kujna.jpghttp://www.tales.com/CA/EncinitasDesignCenter/2390.jpg

  • Контрола над течението на вода – Не пуштајте ја водата беспотребно да тече кога не ви е потребна во моментот, на пример меѓу миење на нешто, запирајте ја. Постојат нови направи, поточно нови видови на славини со аератор со низок тек кој во течението на водата додава воздух, со што се заштедува на вода, а воедно не влијае врз притисокот на истата.
  • Вашата машина за миење на садови – Можеби ќе ве изненади тоа што кога ја користите машината за миење садови, се троши помалку вода отколку кога тоа го правите рачно. Пуштајте ја машината да ги мие садовите само тогаш кога е целосно полна. Наместо да го употребите греачкиот систем за сушење на садовите, изнесете ги влажни надвор и оставете да се исушат по природен пат.
  • Сменете го детергентот за садови – Постојат голем број на продукти кои се денес достапни, кои се еколошки пријатни и не ја загадуваат животната средина. Вообичаените детергенти содржат фосфати кои го создаваат својот пат во водните патишта на вашата средина и предизвикуваат растење на алги, кои се директна закана за дивиот свет. Многубројни детергенти ќе пропуштат и количества на хлор.
  • Научете да создавате ѓубриво – Ако не живеете во град, тогаш можете да научите од отпадокот (се разбира од природно потекло) да правите ѓубриво за вашата градина. Отпадок како лушпи од јајца, банани или сл., кога правилно се ракува со нив, се добива нутрицистичко ѓубриво за вашата земја.
  • Поголемо не значи подобро – Малите апарати штедат многу повеќе енергија од големите. Ако готвите мали порции храна или затоплувате остатоци, користете тостер или микробранова. Ако имате потреба да зовриете вода, обидете се со употреба на електричен котел кој употребува многу помалку енергија отколку шпоретот.....да



Изменето од bijonse1 - 18.Мај.2010 во 17:39
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2011 во 20:06

воздухот во Скопје е ...НЕ ЗДРАВ.

Сегашно ниво: 339 
 Вредност на Индексот  300 
 Ниво за здравје  Опасно 
 Мерки за претпазливост Сите треба да избегнуваат секаква физичка активност надвор

препорака од мене...логирајте се на ИДИВИДИ....и немајте гајле..по здравјето.да

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2011 во 20:14
Originally posted by zagor zagor напиша:

воздухот во Скопје е ...НЕ ЗДРАВ.

Сегашно ниво: 339 
 Вредност на Индексот  300 
 Ниво за здравје  Опасно 
 Мерки за претпазливост Сите треба да избегнуваат секаква физичка активност надвор

препорака од мене...логирајте се на ИДИВИДИ....и немајте гајле..по здравјето.да

...zatoa jas,  po doma si go vozam ,....tochakot!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2011 во 23:29

да ти кажам право...иако се делиме по СИТЕ основи,барем истиот воздух го дишиме...СИТЕ!.

ПМ....10 пати на ден...повеќе од другите...366/24.

што човеци ќе бевме бре 20 години да се труеме и пак живи да бидеме....?или зомби сме..?

... тоа бактериите и вирусите нема шанса во телово да преживеат !.имуни сме на загадена средина,...ваљда...не знам

овие што умираат така ..одеднаш,гарант по странство се мотале...на чист воздух и здрава храна.збунетост

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 17:39
Ако сакате да го чистите станот со еколошки препарати, истите можете конечно да ги купите во продавницата Биокулт во ГТЦ на 3-тиот кат. Цената воопшто не им е многу поголема од другите препарати за чистење, но затоа пак нема да ве боли главата од миризбата, нема да ве пецкаат очите, нема да треба да луфтирате цел ден.
Тука можете да најдете и таблети за машина за миење садови. Факт е дека кога се мијат садовите со машина, средството со кое се мијат знае да остане на нив па и него го конзумирате кога јадете храна или пиете. Ако средството е штетно, тогаш е штетно и за вас.    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.