|
F.E.I.T. - Fundamental Emergency Intelligence Team |
Внеси реплика |
Автор | |
Viximus
Нов член Регистриран: 19.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 28 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Февруари.2010 во 14:41 |
F.E.I.T.... Fundamental Emergency Intelligence Team... Целта на овој мал проект е да се направи игра која ќе биде поврзана со Факултетот за електротехника и информациски технологии. Сметавме дека огромните можности кои ги нуди Unreal Engine најдобро ќе бидат искористени доколку направиме игра која ќе изобилува со многу акција, моќни звучни ефекти, напредна физика што досега не е видена во ниту една друга компјутерска игра, предизвикувачка вештачка интелигенција и незаборавни филмски секвенци. Видео играта претставува приказна за еден член на специјалниот одред F.E.I.T., кој е испратен во Факултетот за електротехника и информациски технологии, за да го истражи случајот на исчезнување на еден од роботите од Институтот за автоматика. На почетокот тој влегува во зградата на факултетот и се шета низ Главниот хол, притоа чувствувајќи дека нешто го гледа...нешто чудно..нешто мистериозно. Доаѓа до орманот што се наоѓа пред Амфитеатарот, го отвора (го притискате копчето „E“ од тастатурата) и наоѓа оружје во него. Одеднаш роботот детектира дека тој претставува можна закана за него и го напаѓа. Започнува епска битка која завршува со победа на главниот протагонист. По поразот роботот се телепортира во центарот на атриумот во видно изменета форма. Главниот лик доаѓа пред него и одеднаш се појавуват скелети кои му се закануваат со лоша судбина доколку не им се приклучи. Меѓутоа, тој одбива и играта завршува со што се остава можност за продолжение. Линк за превземање: Дел 1: http://www.mediafire.com/?0wnwdmgm5ml Дел 2: http://www.mediafire.com/?w23ezhngmnz Уживајте! превземено од: http://makedonijalive.qsh.eu/NewsRead.aspx?newsId=148 Изменето од Viximus - 19.Февруари.2010 во 14:43 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |