|
Епилепсија |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Април.2009 во 15:16 |
Знае некој нешто повеќе за ова?
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
samo simptomi...pricina ne...
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
моја познаничка има тинејџерска епилепсија, нешто како полесен вид на епилепсија, знам дека мака мачеше во Македонијава додека открија што и е, но си пие терапија и сега се е ок...
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
можеби има повеке од 100 вида на епилепсија...така да самата болест епилепсија не значи ништо додека не се утврди за каков вид епилепсија станува збор.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Малку имам слушнато за ова. Инаку за време на будна состојба мозокот продуцира електрични бранови. Пореметувањето на нормалната електрична активност на мозокот се нарекува состојба на епилепсија. За време на епилептичните напади има драматично пореметување на електричната активност на мозокот. Притоа, можно е да не се интервенира навреме на епилептичниот напад, а да се остранат сите предмети кои можат да го повредат болниот.
|
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
scream4help
Група Регистриран: 27.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е Епилепсија?
Епилепсија е нарушување во мозокот при кое сплетови од нервни келии, или неврони во мозокот напати укажуваат на некакво нарушување. При епилепсијата, нормалното функционирање на невронската активност се пореметува, предизвикувајки невообичаени појави, чувства и однесување или напати грчење, грчеви во мускулите и губење на свеста. Епилепсијата претставува нарушување од многу различни причини. Се што го нарушува нормалното функционирање на невроните - од болест до оштетување на мозокот па се до абнормалитет во развојот на мозокот - може да доведе до појава на напади. Епилепсијата може да се појави како резултат на некое нарушување во мозокот, нарушена рамнотежа на хемиските супстанции во нервниот систем наречени невротрансмитери или комбинација на повеке фактори. Доколку една личност има напад не значи дека има епилепсија. Само по појава на два или повеке напади се смета дека тоа лице има епилепсија. Дали може да се излечи? Штом се дијагностицира епилепсија, важно е да се започне со третманот што е можно побрзо. Околу 80 проценти од лицата кои имаат епилепсија, нападите можат да се контролираат со помош на современи медицински и хируршки техники. Некои лекарства против епилепсијата можат да го попречат ефикасното дејство на оралните контрацептивни средства. Во 1997 година, се воведе во употреба оралниот нервен стимулатор наречен вагус за лица кај кои нападите не можат да се контролираат само со лекови. Каква е прогнозата? Многу лица заболени од епилепсија можат да живеат нормално. Иако не постои ефикасен лек против епилепсијата, кај некои луѓе по извесно време целосно се губи. Најголем дел од нападите не предизвикуваат оштетување на мозокот. Луѓето заболени од епилепсија, посебно децата, не развиваат некои посебни бихевиорални или психички нарушувања, освен оние кои доаѓаат како последица од стравот дека ќе бидат малтретирани, задевани или избегнувани во училиштето и други проблеми од општествена природа. Кај некои лица заболени од епилепсија, ризикот од напади ја намалува нивната самостојност (во некои држави лицата со епилепсија не смеат да поседуваат возачка дозвола) и ги ограничуваат нивните рекреативни активности. Лицата заболени од епилепсија подложат на два високо ризични услови: состојбата наречена епилептикус и неочекувана смрт. Најголемиот дел од жените заболени од епилепсија можат да забременат, меѓутоа мора да се консултираат со својот лекар во врска со лекарствата кои ги примаат. Жените заболени од епилепсија во 90 проценти од случаите раѓаат нормални, здрави бебиња. Какви истражувања се направени досега? Научниците проучуваат нови лекарства против епилепсија со цел да го направат поефикасен третманот против епилепсија. Научниците продолжуваат да работат на тоа како невротрансмитерите се вмешуваат во функционирањето на нервните келии и како не-невронските келии во мозокот допринесуваат до појава на напади. Еден од најпроучуваните невротрансмитери е ГАБА, или гама-аминобутринската киселина. Научниците работат на одредување на гените кои можат да влијаат на појавата на епилепсија. Оваа информација може да биде од голема корист за лекарите за спречување на епилепсијата или во одредувањето на најсоодветниот третман за даден случај на епилепсија. Лекарите во моментов експериментираат со повеке нови начини на терапии за епилепсија, како што се трансплантација на неврони од свиња во мозокот на пациентите за да утврдат дали трансплантираните келии можат да ги контролираат нападите, со трансплантација на матични клетки и употреба на направа која е во можност да ги предвиди нападите 3 минути пред да се појават. Научниците постојано го усовршуваат МРИ и другите направи за скенирање на мозокот. Истражувањата покажаа дека во некои случаи, децата можат да имаат помали напади доколку се придржуваат кон одреден начин на исхрана - наречена кетогена диета - со повеке масти, а помалку јагленохидрати. Напади Епилепсија: Десет Совети за Лица кои имаат Напади Гери Кордингли 1. Целта е нула напади и нула секундарни ефекти. Доколку сеуште страдате од напади или посилни од најслабите секундарни ефекти од медицинските препарати кои ги земате, тогаш не сте ја завршиле работата целосно. Највисоката цел во процесот на справување со нападите е да ги спречите потполно и тоа без секундарни ефекти од третманот кој го користите да ги елиминирате тие напади. Повторувањето на нападите не е добро ни за мозокот ни за телото. Ако нападите не престанат, можат да го нарушат функционирањето на мозокот на начин на кој може само да се зголеми бројот на напади во иднина. Исто така, лицата со неконтролирани напади многу почесто паѓаат и се повредуваат отколку лицата кај кои нападите престанале да се појавуваат. Возењето автомобил исто така не се препорачува се до потполното губење на нападите. 2. Не брборете. Вашето медицинско досие е доверливо, па информациите кои ги добивате, чувајте ги за себе. Не ги ширете добиените информации со луѓе кои не се на никаков начин поврзани со медицината. Еднаш штом ја раширите веста, веке немате контрола како таа се употребува или злоупотребува. За жал, некои луѓе сеуште имаат предрасуди во врска со епилепсијата. Не им давајте повод да Ви се мешаат во животот. 3. Не лажете. Доколку лицата за кои е неопходно да знаат дека имате епилепсија, мора да им ја кажете вистината, иако не треба да ги опишувате сите детали кои можеби се и непотребни да се соопштат. Луѓето кои "мора да знаат" се Вашиот работодавец, осигурателот и Управата за Издавање Возачка Дозвола. Ова се неколку примери поради кои не смеете да лажете: Претпоставете дека сте возач на автомобил кој доживува сообраќајна несреќа. Доколку сте ја сокриле вистината од Вашата компанија за осигурување дека имате епилепсија, компанијата може да не Ви го исплати обештетувањето кое Ви следува, било дали во тој момент сте имале напад или не! Олеснителна околност може да претставува доколку сте имале само еден напад во животот, па е медицински исправно да кажете дека немате епилепсија. Потребни се минимум два напади за да може да се каже дека едно лице има епилепсија. 4. Редовно пијте ги лековите. И најдобриот лек на светот не дејствува ако не го земате редовно. Необично ми е жал за оние луѓе кои мора да пијат лекови за спречување на нападите. Кога јас нема да се напијам антихистамин, единствената последица со која ќе се соочам е течење на носот, меѓутоа лицата кои нема да се напијат лек против напади можат да ја платат таквата немарност со појава на неочекуван напад. Секако, човечко суштество сте, нормално е дека некогаш ќе заборавите да се напиете лек. Во тој случај консултирајте се со лекар кои чекори треба да ги преземете. 5. Не се опседнувајте со количината на лекарства во крвта. Не мешајте средство со цел. Целта е да немате напади ни секундарни ефекти, а не да одите нон-стоп на лабораториски тестирања. Во одредени случаи, количеството на лекарства во крвта може да биде корисно средство, меѓуоа напати пациентот или лекарот или обајцата, се опседнуваат со тие податоци и ја губат перцепцијата за крајната цел. Еден професор по неврологија дал добро резиме: "Да се контролира напад со набљудување на количеството на лекарства во крвта е како да се вози автомобил и да е гледа само во брзинометарот. Некогаш е добро да се свртите напред и да видите каде одите!" Опсесијата со количеството на лекарства во крвта може да доведе и до тажни последици. На пример, доколку количеството на лекарство падне во рамките на очекуваниот дијапазон при лабораторискиот тест, пациентот и лекарот би можеле да изведат заклучок дека се што беше во рамките на човечките можности се направи. Но ако пациентот сеуште има напади, мора уште да се работи на случајот. Исто така е лошо доколку пациентот и лекарот претпостават дека количеството на лек во крвта надвор од "нормалниот дијапазон" е лошо. Некои пациенти можеби најдобро функционираат со повисоко количество на лек во крвта од она што е лабораториски утврдено, или обратно, подобро се чувствуваат со помало количество на лек од пропишаното. Лабораториски добиениот дијапазон е само релатвно мерило. 6. Водење сметка за времето на секојдневните активности. Знам дека сте живо и динамично човечко суштество. Меѓутоа напати во Ваш интерес би било да си замислите дека Вие сте една здодевна личност, која се буди во исто време наутро и во исто време заспива навечер. Непридржување во биоритмот на спиење придонесува кон почесто појавување на нападите. На пример, еден човек кој ми е пациент никогаш не успеа целосно да ги контролира нападите додека се будеше и заспиваше во различно време, а воспостави совршена контрола кога започна да го применува горенаведениот совет. 7. Водете запис за нападите. Во процесот на одредување на соодветен третман кој ќе овозможи целосна контрола врз нападите, мора да водите беспрекорно досие на бројот на нападите и нивното времетреање, што претставува одлично средство во проценката дали сте на правиот пат или не. Жените треба го запишуваат и менструалниот период. Напати може да постои поврзаност помеѓу нападите и менструалниот циклус. 8. Разговарајте со лекарот. И најпаметните лекари на светот не можат да ги решат проблемите за чие постоење не знаат. Доколку сеуште имате напади или секундарни ефекти од лекарствата против напади, имате големи шанси Вашиот лекар да се погрижи за нив ако му ги соопштите. Советот кој ќе го добиете ќе Ви помогне подобро да го искористите времето, отколку да чекате да дојде следниот закажан преглед за да му ги соопштите. 9. Консултирајте се со Вашиот лекар околу бременоста. Доколку планирате да останете бремени, тогаш е вистинско време најпрво тоа да му го соопштите на лекарот. Можеби ќе биде потребна промена на лековите кои ги пиете. Ако сте бремени, ваквата опција веке не доаѓа во предвид. Во секој случај, Вие или било која жена која може да забремени треба да пие барем 800 микрограма (0.8 милиграма) фолна киселина (позната и како фолат) на ден за да ги сведете на минимум оштетувањата кај фетусот. Штом дознаете дека сте бремени, можеби веке сте го пропуштиле периодот во кој користењето на фолната киселина било најпотребно. Редовното пиење на оваа киселина е најдобриот тек на настаните. 10. Целта е нула напади и нула секундарни ефекти. Да, знам дека се повторувам, но тоа е толку важно! превземено од :http://www.zegin.de/cms/ |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
од тоа што јас го имам слушнато, во најголем дел од случаите нападите се случуваат при будење
а епилепсијата може да биде предизвикана најчесто од неправилно спиење и различни времетраења на сонот, потоа многу зависи и од стресната состојба на човекот, колку тој е смирен и колку на него влијаат социјалните односи @ блу, ако има повеќе од 100 вида, малце по малце сакам доколку има некои кои се запознаени со овој проблем да го разгледаме |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako drugar, super. i mene me interesira.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mozokot......prestavuva edinstveniot del od coveckoto telo koj uste ima svoi tajni i neobjaslivi slucuvanja....megju koj i teskata bolest epilepsija ...
Zosto teska?? Zatoa sto sekoja "kriza" moze da bide fatalna ili da go stavi zivotot vo opasnost na osobata koja ima EPI. Ova e edna od najneomilena tema , ama poradi ljubov kon "zabegan" bi sakala da kazam i jas nesto........ Panikata na "zabegan" me voznemiruva...........dali e vo prasanje pojava kaj negovi bliski ili kaj nekoja simpatija(devojka)jas bi rekla deka ne moze on tuku taka da doznae sve za ovaa bolest , a najmalku ovde na forum..........ednostavno toa e sirok poim......i bara strucno repliciranje..... Dovolno "zabegan" da go znajs angliskiot jazik i na net mozes da najades raznii objasnuvanja ,statii i trudovi kako i direkten kontakt so lekari niz cel svet i veruvaj mi deka ke dobijes odgovor na tvoeto prasanje za kratko vreme..... Mene me zagrizuva nezaintersiranosta na segasnive specijalisti vo ovaa oblast( sekoja cest na isklucoci ) koi se uste se baziraat na svoeto znaenje steknato pred mnogu godini koga bile studenti , ne trudejki se da gi naucat , zapoznat novinite vo medicinata voopsto ..... Pa ve molam ,ne sledat nitu novini na net , a kako bi koga ne znaat i ne se trudat da naucat angliski jazik .....ama toa e veke druga tema.......zborot mi bese deka za niv medicinata zastana .....i za zal pruzat zastarena medicinska pomos na pacientite so epilepsija...... Eve samo eden primer kako sosema slucajno pomognav..... rasplakana majka mi se ispoveda trazejki pomos , sovet ili bilo sto za nejziniot 25 godisen sin koj bil vo mnogu teska sostojba ......bile soodvetno na specijalist soodvetno tretiran so terapija ,ama sinot od tolku cesti epilepticni napadi veke mu bilo opasno po zivot so oslabnuvanje na organizmot .......prasuvajki ja ,dali mu e napravena laboratoriska analiza na krvta .......taa se zacudila mislejki deka zboruvame za anemicnost ,a ne za epilepsija -zamislite , nikoj od site lekari ne predlozile da se vidi koncentracijata na soodvetnite lekovi za epilepsija sto gi piel nejziniot sin.... Posle izvrsenata analiza vrednostite bile tolku niski na CARBAMAZEPIN i PHENOBARBITON sto sinot kako da ne zemal voopsto lekovi ........zgolemuvanjeto na dozata na lekot ......promenite bile vidlivi za nepolna nedela so nieden epilepticen napad, a gi imal mnogu cesti.......... Sinot veruvajte se vrati vo normala so eden zbor se spasil..........blagodarnosta na majkata bese beskarajna i nejzinite solzi radosnici na moeteo lice bese najaka satisfakcija za pomosta....... No sto so drugite pacienti sto odat kaj vakvi lekari koi lecat so stari metodi ,lekarstva ........opravdanosta na situacijata naogjajki ja kako "taka mora da bide " ..... uffff.....ne mozam da zamislam za posledicite..... |
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kaj najgolem broj individui koi imaat epilepsija prviot napad se javil vo prvata ili vtorata decenija od nivniot `ivot. Napadite mo`e da zapo~nat i pokasno. No,kolku bolniot e postar tolku e pogolema zastapenosta na simptomatska epilepsija. Duri i Hipokrat zabele`al deka slu~aite kade epilepsijata se javuva pred pubertetot, podocna poka`uvaat izvesno podobruvawe, dodeka slu~aite kaj koi epilepti~nite napadi pocnuvaat po 25-ta godina zavrsuvaat so smrt.,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,, |
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заради епилепсијата моето дете користи RIVOTRIL 0.5mg.Не се увезува во РМ. Може ли некој да ми помогне да го добивам лекот во државава, немаме толку средства секој месец да патуваме во странство. А и тешко е со години некој да го молиш да ти носи лекови. Има ли начин да го набавуваме овде? Од Бирото за лекови и од Министерот сеуште не ми се јавуваат што да правам, а лекот ми треба!Поздрав.
|
|
Кој бара ќе најде.
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За локација ќе бидете дополнително известени
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми текна дека имав ставено тука известување за настанов, синоќа бев преморена а денес е веќе доцна изгледа
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
l.ljube
Нов член Регистриран: 14.Септември.2015 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mолам ако на форумов постои неуропсихијатар да ми одговори кои лекови најчесто се даваат на постари лица со епилепсија ,над 55 години.Мојата мајка покрај што ги има знаците на епилепсија, нејзе и станува лошо,цел метаболизам и се обрака наопаку...
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |