|
Концерт посветен во чест на Тоше Проески |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Тема: Концерт посветен во чест на Тоше Проески Испратена: 02.Октомври.2008 во 16:46 |
СЕ ФИНАЛИЗИРААТ ДЕТАЛИТЕ ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА
Видеобимот од Евровизија на концертот за Тоше Проески Бината, на која ќе бидат сместени симфонискиот оркестар и учесниците, ќе биде грандиозна и на неа ќе бидат поставени 250 лед-екрани На концертот што во спомен на Тоше Проески ќе се одржи на 5 октомври, на Градскиот стадион во Скопје, ќе биде поставен најголемиот видеобим на Балканот, кој беше користен на годинашниот Избор на песна за Евровизија во Белград. Дознаваме дека бината, на која ќе бидат сместени симфонискиот оркестар и учесниците, ќе биде грандиозна и на неа ќе бидат поставени 250 лед-екрани.Чекајќи ги официјалните информации за големиот концерт во чест на легендарниот македонски пејач, во српските медиуми се шпекулира со имињата на учесниците што ќе настапат на оваа манифестација. Според дневниот весник „Прес“, на сцената ќе се појават пејачката и авторка Леонтина, грчката ѕвезда Ана Виси и Иван Плавшиќ. Менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, ни изјави дека официјалниот список со учесници се' уште не е дефиниран. - Грчката ѕвезда Ана Виси нема да пее и не е потребно да се шпекулира со имињата на учесниците додека не биде комплетиран списокот со изведувачи. Точно е дека на сцената ќе се појави Иван Плавшиќ, кој е дел од хуманитарната акција „Големо срце“ и им помага на талентите со инвалидитет и функционира во рамките на Фондацијата на принцезата Катарина Караѓорѓевиќ. Лани се договоривме Тоше да биде вклучен во оваа акција со одржување хуманитарни концерти во 2008 година. Мојот ангажман и помошта што ќе ја пружам во оваа акција се со единствена цел - да го одржам ветувањето на Тоше. Шест години бев негова менаџерка. Се' што ветив, исполнив. И затоа треба да им се верува на моите зборови дека останувам само менаџерка на Тоше Проески - истакнува Петровиќ. Српскиот новинар и пејач Иван Плавшиќ, кој од мали нозе е во инвалидска количка, на семејството на Тоше постхумно ќе му ја врачи статуетката „Големо срце“, а на концертот во Скопје ќе ја отпее темата „Соба за тага“. „Дневник“ викендов веќе објави дека на концертот што на 5 октомври ќе се одржи на Градски ќе бидат исполнети три аманети на Тоше. - Со овој концерт ќе ги испочитуваме и исполниме трите желби на Тоше. Едната е Градскиот стадион да биде преполн со публика, а втората, со неговиот англиски албум да ја промовира Македонија во светот - ни изјави Петровиќ. Третата желба на Тоше била на следниот концерт, кој планирал да го одржи на Градскиот стадион, да настапи со внукот Кристијан. Еден месец пред својата прерана смрт напишал нумера што сакал да ја отпее дует со внукот, но сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, во која го загуби животот, го спречи во таа намера. Од таа причина, демо-снимката од композицијата постхумно е доработена во Лондон, кај Енди Рајт. Менаџерката Петровиќ и „Аворд-продукција“ доставиле молба до семејството да ја стават на англискиот албум. Листа на учесници на концертот Naum Petreski Kaliopi Aki Rahimovski Ruslana Alenka Gotar Sintezis Bilja Krstic Vitalij Kozlovski Sandi Cenov Marija Sestic Bojan Marovic Nina Badric Toni Cetinski Ivan Plavsic Tifa Simon Trpceski Goca Trzan Adrijan Gadza Maja Tatic Leontina Zeljko Samardzic Anjeza Sahini *Темава ја отворив зашто мислам дека треба да се оди на концертот....едно да искажеме почит кон нашиот покоен Тоше на уште еден начин и да допринесеме до остварување на една негова неостварена желба, друго и зашто е хуманитарен концертот а картата воопшто не е скапа. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Испратена: 02.Октомври.2008 во 17:01 |
да многу сакам да бидам дел од ова.....се ме потсетува на последниот негов концерт
Во прв момент реков:Обавезно ќе бидам таму..... Но,тешко ми иде кога знам дека нема да има радост,и се ќе биде само плачки... Сега се двоумам........ А можеби тоа е и последно нешто што можеме да направиме за него....да завршиме нешто што тој го почна Тоше те сакам ,каде и да си Изменето од mrzla - 02.Октомври.2008 во 17:03 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Испратена: 02.Октомври.2008 во 17:07 |
Како и да е...знам дека ке цмиздрам али ке одам со сестра ми поред неа посилна ке мора да сум...не сакам да ми ја види слабата страна сепак се работи за хуманитарна акција плус ....ете уште со што ке се тешам.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
super babicka
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 348 |
Испратена: 02.Октомври.2008 во 18:32 |
Samo vremeto da se pogodi da ne vrne,no i da vrne cadorite se spremni,vo spomen za nashiot Toshe i negovoto humano delo koe treba da prodolzi preku manifestacii podrzani od negovite kolegi i site ostanati ucesnici /a tie sto ke go sledat koncertot na TV imaat moznost da doniraat samo 100,00 den.preku mob.tel.no neznaci deka ke odime da ne titneme nekolku pati-so edna misla deka ke pomogneme na nekogo .Samata se preslushuvam:ke stojam i sigurno ke bidam tazna bidejki minatata godina na istiot den zaedno so mladite gi potpevnuvav site pesni,gi krevav racete gore,bev srekna a sega?
|
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Испратена: 03.Октомври.2008 во 13:57 |
А ме интересира дали концертот ќе се пренесува на некои од нашите телевизии?Ако има некој сознание нека ми одговори.
|
|
macaparket
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Испратена: 03.Октомври.2008 во 17:00 |
Концертот ќе го пренесува МТВ!!
Јас ќе одам ама како ќе го поднесам сето тоа незнам.Најверојатно ќе се скршам од плачење!!!!!!!!!!!!!! |
|
UMRENI LJUGE UMRENI LJUGJE
NA UVO MI SE DERAT UMENI LJUGJE UMRENI LJUGE MNOGU GOMNA SERAT |
|
Dogi
Сениор Регистриран: 19.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 3168 |
Испратена: 04.Октомври.2008 во 15:21 |
бидејќи не сум во можност да одам, моментално сум на боледување, би ви посакал убаво да си поминете и да ги пеете сите песните на Тоше, заедно со сите настапувачи!
се надевам дека концертот ќе прерасне во голема и долга традиционална свирка, која ќе се повторува секој 5-ти од десетиот месец, во годиниве пред нас. но и дека ова како и секое достоинствено спомнување на Тоше, ќе ни одземе барем малку од болката, која секој за себе си ја носи, од тој трагичен, трагичен ден. ние никогаш не му рековме дека го сакаме, затоа да му покажеме, бидејќи знаете нели? Тој не гледа од горе. |
|
Јас сум мајстор!
Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име) |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Испратена: 04.Октомври.2008 во 19:52 |
И да врне и да вее Тоше секогаш ќе ја има нашата поддршка.Секако дека ке одам на концертот.
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Испратена: 05.Октомври.2008 во 20:23 |
па најверојатно......ќе одам,со закаснување ама.....
|
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Испратена: 05.Октомври.2008 во 20:31 |
не можев...немам сила...не би можела да поднесам...и само од ова што го гледам сега на телевизија се тресам и неможам да се смирам,а камо ли па да бев таму...Премногу е тажно
|
|
Sasko047
Нов член Регистриран: 04.Октомври.2008 Локација: Polynesia Статус: Офлајн Поени: 24 |
Испратена: 06.Октомври.2008 во 00:36 |
Luge, neznam, nemam zborovi. Posebno pesnata so ja napisal Tose za vnuk mu, prv pat ja slusnav. Tose si znaese deka ke zamini.
Da gledame site da naucime nesto. Ako i eden procent site nie stanime podobri luge, togas negovata misija ke bidi uspesna. Da stanime site podobri i koga ke ni se javi nekoja zla, losa misla da se setime na Tose. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Испратена: 06.Октомври.2008 во 00:39 |
Site pejaci sto bea kako da kleknaa na kolenici i
pokazaa deka ne mozat da se ramnat so Tose. Prv i posleden pat veruvam
peeja pred 40.000 publika i 30 000 000 gledaci niz balkanot i posiroko.
Ova samo Tose go moze i nikoj drug. Sekoja cest za pesnata so Kristijan
koja tolku mnogu me natazi kade sto veli "Izvini sto ne te pozdraviv no
morav da odam".....Maliot super pee podobro zvuci i od samiot
Samardjic....Cudno e sto od nasa scena bea samo Kaliopi Gadja Naum i
Simon....
Vo sekoj slucaj milo mi e sto sekoja godina na 5ti oktomvri ke se slucuva ova i ke se zapamti vo cest na nasiot najgolem covek (pogolem od bilo koj nas borec i heroj zasto imase cista dusa) Milo mi bese sto vidov mnogu maski na koncertot sto za zal porano ne mozese da se vidi taa slika na negovite koncerti. 90% odea samo devojcinja a mnogu pati slusav od maskite losi zborovi. Milo mi e sto se osvestija (barem sega) nekoi i svatija deka Tose bese i sekogas ke bide golem covek i golem makedonec. Za nas mnogu niz svetot se slusna samo poradi nego. Nekade mozebi nekoi seuste nemase da znaat koja e Makedonija da ne bese toj. Golema steta sto veke ne e so nas....golema praznina i bolka.....no nie nikogas nisto dobro ne sme zadrzale ...osobeno ne tolku dobro kako sto bese Tose. Ko kazneti da sme da stradame no toa e toa.....Sto ne ne ubiva, toa neka ne celici.. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Испратена: 06.Октомври.2008 во 00:53 |
Se isturiv od placenje....mnogu zalno...
|
|
~Live the life you love, love the life you live~
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Испратена: 06.Октомври.2008 во 01:12 |
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |