|
Како до бронзен тен!? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Andrea_Gail
Нов член Регистриран: 24.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Јули.2008 во 10:15 |
Кои препарати за сончање или комбинации од природни состојки ве довеле до прекрасен тен!
|
|
OCEAN441
Нов член Регистриран: 24.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Maslinovo maslo so kantarion (ali ovaa smesa treba da otstoi min.4 meseci).Zavisi od pigmentacijata sto ja imas megutoa VO SEKOJ SLUCAJ E MNOGU EFIKASNO razlicna e samo brzinata na dobivanje na bojata!
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАНТАРИОНОТ Е ДОБАР И ЛЕКОВИТ АМА АКО НЕМАШ ЗАШТИТЕН ФАКТОР ПРИ СОНЧАЊЕ ОТИДЕ КОЖАТА......МОЖЕ КАКО ДОДАТОК СО ДРУГИ МАСЛА ЗА СОНЧЕЊЕ
|
|
An4i
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kantarion i margarin smesno ama toa e
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
доматите помагаат за убав тен
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Побезболно до бронзен тен
Сончевите зраци се состојат од два важни вида ултравиолетови зраци: УВА и УВБ, тука се и УВЦ-зраците за кои се тврди дека се апсорбираат од атмосферата, но постојат и движења на научници кои тврдат дека тие се најштетни за кожата, но големите фирми за производство на средства за заштита од сончање го негираат нивното постоење за тоа што нивните производи не штитат од УВЦ. УВБ-зраците го горат горниот дел од кожата (епидермисот), додека УВА-зраците пробиваат подлабоко (во дермисот) и предизвикуваат потемнување на кожата. УВА-зраците се тие што предизвикуваат стареење на кожата, а УВБ се поврзуваат со предизвикувањето на она од што најмногу се плашиме, ракот на кожата, за кој, сепак, придонесуваат и УВА. Потемнетиот тен е видлив показател за тоа дека вашата кожа е оштетена. УВ-зрачењето ги стимулира клетките познати како меланоцити да го произведуваат пигментот меланин. Меланинот ги штити клетките и дава потемен тен. Според концентрацијата на меланин, има шест типа кожа. Типот 1 е најсветла кожа и тоа обично се луѓе со црвена коса, а типот 6 го има црната раса, која речиси никогаш не гори на сонцето. Претераното сончање води до стареење на кожата, може да доведе до слабеење на видот, до слабеење на имунитетот и до рак на кожата. Ракот на кожата е епидемија на развиениот свет, најчесто го има во САД. Додека бројот на другите видови рак, сепак, опаѓа, бројот на заболени од меланом расте, неговиот краен стадиум е фатален. Се разбира, доколку воопшто не излезете на сонце, нема потреба да се грижите за претходното, но кој сака да живее така? Најдобар начин да се грижите за вашата кожа е да го најдете балансот меѓу активноста и заштитата. Еве неколку совети: -Секој ден намачкајте се со заштитен крем со фактор 15. Правете го тоа секој ден, па и кога е облачно. Зошто би се мачеле и со тоа кога не сте на одмор. Затоа што дерматолозите заклучиле дека 90 проценти од сончевите зраци ги апсорбираме попатно, додека одиме на работа или го шетаме кучето. За кремовите е битно да имаат широк спектар на заштита и да се хипоалергиски, односно да не предизвикуваат чешање, да не ги затвораат порите и да не предизвикуваат акни. Доколку ова ви е напорно, потрудете се барем со кој било хидратантен крем што по дифолт има заштита од сонце. -Внимавајте да не се изложувате на сонце по пливање или потење затоа што капките го зголемуваат ефектот на сонцето. -Ако веќе се сончате намерно, ставете крем со висок заштитен фактор - 30 на пример. Избегнувајте какво било изложување на сонце од 10 до 16 часот, што сигурно го знаевте и досега. -Внимавајте на очилата за сонце, нивниот квалитет и нивото на заштита од УВ-зраци. Избегнувајте површини што рефлектираат зраци, како вода, снег или која било бела површина. -Важно е и тоа да се обрати внимание на медикаментите што ги користите, многу од нив ја зголемуваат осетливоста на кожата на штетни зраци од сонцето... Многу од наведените нешта сигурно ви се познати, но нека биде ова потсетување, за да се задржи еластичноста на кожата. Можно ли е да се поцрни без да се почувствуваат штетните последици? Дури и кога сте фанатично заинтересирани за својата кожа, понекогаш ќе посакате да "прошетате" бронзен тен. За среќа, постојат многу производи што можат да го сторат тоа на побезболен начин. Ако помислувате на солариум, не станува збор за него, ниту пак за кварцните ламби. Поради фактот што кварцните светилки емитуваат само УВА-зраци, се мисли дека тие не се штетни и се сигурен начин да се поцрни, без да се излезе на сонце. Сепак, и покрај убедувањето на нивните производители, повеќето од нив емитуваат и УВБ-зраци, а нивната концентрација е пет пати поголема отколку кај сончевиот спектар. Така, гледано на долга патека, трпите петпати поголемо зрачење, па кожата старее многу побрзо, а меѓу другото, брзото сончање не и дозволува таа постепено да се адаптира. Најдобар начин за бронзен тен е да се користат средства за темнеење без да се изложувате на зрачење. Тие содржат состојки кои го оксидираат горниот слој од кожата, давајќи и го посакуваниот темен тен. Можете да ги нанесете т.н. "селфтенери" неколку часа пред очекуваната случка, а ефектот трае 6 дена. Овие производи се продаваат како спрееви или лосиони и се лесни за употреба (единствено, внимавајте на упатството). Така ќе знаете дека кожата ќе ви остане млада и убава без намерно да се изложувате на сонце. Како и да е, не заборавајте дека сончевите зраци, меѓу другото, помагаат за синтетизирање на витаминот Д, изворот на растење и здравје, и за добро расположение. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
do bronza znam so pomos na bakar i kalaj
do ten pojma neznam valjda na more ne????? Изменето од anakin - 06.Јули.2010 во 00:45 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Совршена боја во 13 чекори
- Направете темелен пилинг на кожата за да ги отстраните изумрените клетки, тоа на кожата ќе и овозможи рамномерно да го впие средството кое го користите, без притоа да ви се направат флеки. - Намачкајте се со хидратантен лосион или млеко за тело за да може и средството за потемнување да може да се впие подобро. - Не мачкајте се пред потемнувањето, туку после туширање и пилинг, што би требало да биде неколку часа пред самопотемнувањето. - Пред самопотемнувањето нанесете некоја многу мрсна крема на линијата на косата, веѓите и заноктиците. - Бирајте производи за благо и постепено потемнување – не тежнејте за чоколаден тен. - На дланките и на стапалата нанесете само креми за благо потемнување или измешајте ги со хидратантна крема во сооднос 1:9, во корист на кремата. - Ако користете појака крема за потемнување, користете ракавици. - За потешко достапните делови на телото најдобро е да користите спреј. - Рацете темелно измијте ги по мачкањето, посебно делот меѓу прстите и заноктиците. - Не се депилирајте еден ден пред или после самопотемнувањето. - Производите со AHA киселини и ретинол влијаат на бојата, па не ги нанесувајте истиот ден кога ќе ја нанесете кремата за самопотемнување. - На потемнувањето посветете ми најмалку половина час. - Почекајте кожата да го впие средството за потемнување, па потоа облечете се. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Може и на море...а може и со креми за самопотемнување...и оваа полошата варијанта..солариум Ма море...до 12 часот на сонце... Кремите...внимателно размачкување да не бидеме како 101 далматинец Солариумот....е тоа не ми се допаѓа...не си давам живот ..за боја |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ajducka trava so masilnovo maslo
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Минатото лето користев Genera-olio solare кој содржи витамин Е и бета каротин и си добив убав бакарен тен кој траеше долго.
Ова лето пак ќе купам исто уље. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ау, јас поцрнувам и тоа многу брзо. Ама не ми стои, личам на циганела.
Ќе се сместиш поблиску до вода, средство за самопотемнување и фурај. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bronzeniot ten ne e vece IN....vo moda e bled izgled....
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во мода е блед изглед...ама ако си бел/а ...нешто како русите(колку се само убави тие девојките )
Ако е некој како мене..родена циганела...нема шанси да обелам..па гледам што поубаво да поцрнам |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |