|
„Чуму“ и „Еднооки“ се симнуваат од А1 |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Декември.2007 во 12:13 |
|
„Чуму“ и „Еднооки“ се симнуваат од А1
Додека над Македонија се раѓаше новото с'нце на слободата, партиските војничиња си уредуваа сопствени тв програми... Резил, слобода на медиуми. Што беше тоа? „Чуму“ не се вклопува во новата програмска шема на А1, со која ќе се емитуваат многу покомерцијални проекти Телевизијата е заинтересирана за покомерцијални проекти, а Александар Чомовски се враќа во Вестите Емисијата „Чуму“, чиј водител и главен уредник е Александар Чомовски, по пет години емитување, од Нова година се симнува од програмата на А1 телевизија. Со одлука на Велија Рамковски, сопственик на оваа ТВ-куќа, истата судбина ќе ја има и проектот „Еднооки“ на продуцентот и режисер Борис Дамовски. Официјално, основната причина за нивното тргнување од програмската шема на А1 е нискиот процент на гледаност кој го покажале пиплметрите на некоја странска агенција што ја мери гледаноста на телевизиите во Скопје. Во А1 вчера никој, па ни сопственикот Рамковски, не ни појасни кој и како го врши мерењето на гледаноста ниту, пак, која е агенцијата, но во изјавата за „Утрински весник“ вели: „’Чуму‘ и ’Еднооки‘ не се вклопуваат во новата програмска шема на А1 телевизија. Заинтересирани сме за покомерцијални проекти кои подобро ќе ги продаваме, бидејќи како на приватна телевизија важен ни е и финансискиот ефект. Познато е дека емисиите со поголем рејтинг носат и повеќе реклами“. На прашањето дали во симнувањата на двете емисии има и политичка заднина, Велија Рамковски одговори дека ние „тоа можеме и така да го толкуваме, но мотивите се комерцијални“. Познатиот новинар Александар Чомовски, кој е автор на емисијата „Чуму“, исто така, одби да ги коментира евентуалните политички влијанија врз одлуката на првиот човек на телевизијата. „Од сопственикот Рамковски добив барање да се вратам на Вестите и да го кренам нивото на оваа информативна програма“, објаснува Чомовски. „Се договоривме да осмислам проект со целосна слобода на темите и изразувањето. Верувам дека ’Чуму‘ е бренд што остава траги и дека во изминатите пет години, во кои имав 200 емисии, ја водев како работилница на демократското и граѓанското јавно мислење. Моето лично убедување е дека Телевизија А1 беше и треба да остане медиумски промотор на граѓанска и демократска Македонија. Се' уште не можам да верувам дека неопходното комерцијално работење на А1 во иднина ќе се потпира само на телевизиски шоуа во чиј центар е примитивизмот на Лилјана Петровиќ или српскиот турбофолк и кич, преку водители кои се на границата на своевидни квазимода“, вели Чомовски. Истовремено, авторот на „Чуму“ нагласува дека во секоја работа наоѓа провокација, вклучувајќи ја и новата задача да го зајакне влијанието на телевизиските Вести. „На овој план“, тврди тој, „со Велија Рамковски не сум имал судир. Можам да му оддадам признание што ја зачува програмската автономија на ’Чуму‘, но лично мислам дека оваа емисија и натаму ќе биде провокација и бренд што може да се рестартира кога било и каде било“. Неофицијално, според мерењата на гледаноста, „Чуму“ имала почетна гледаност меѓу 8 и 12 проценти, додека последните две емисии забележале мал пад и се спуштиле на 7-9 проценти. Но, дали недоволната гледаност е вистинската причина за последните потези на Рамковски - допрва ќе се види. Во почетокот на годината сопственикот на А1 направи низа смени на новинари и уредници во телевизијата, меѓу кои беше и тргнувањето на Чомовски од местото главен и одговорен уредник. Тогашното образложение на Рамковски беше дека на „екранот треба да се појавуваат млади и нови лица“ |
||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
NIkad od ova drzava ne ke bide, ova e karantin za retardirani
|
||
kicaan
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 20.Октомври.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 47 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Za cumu ,mozebi treba malku odmor ,no toa da ne bide za stalno. Ne mi e jasno za ednooki ,moze bi ne odgovarase terminot inaku emisijata e kul .
|
||
Dogi
Сениор Регистриран: 19.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 3168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не им одговара содржината на некои кои се препознаа во еднооки.
а за Чуму, па чуму ни е Чуму? |
||
Јас сум мајстор!
Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име) |
||
la fille
Модератор Регистриран: 21.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 42032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ednooki nemala gledanost?
e ova e premnogu |
||
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
i zatoa sega Velija ke ni go ovozmozi
zadovolstvoto da go gledame poveke nego...
i reklami...
|
||
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
единствените емиисии кои ги гледав на а1.....
|
||
Antiqua
Сениор Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За Чуми ич нема да ми е жал...ама, за Еднооки навистина ШТЕТА!
|
||
Veni Vidi Vici
|
||
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ednooki ke se prefrlat na druga televizija.....deneska ke se odlucilo toa!
imalo i emailovi so onlajn peticija no kaj mene do sega nema takvo nesto stignato... |
||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аха, еве ја, само не знам како да ја внесам како линк... Нека измени модераторот, а патем и ако може да ми каже како се внесува линк:) http://www.petitiononline.com/edno432/petition.html Изменето од Dogi - 22.Декември.2007 во 00:57 |
||
xmidpoe
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 29.Октомври.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма каква А1 телевизија. Искрено има одредени серии каде што А1 беше пионер и постави одредени стандарди. Но луѓе не гледам А1 телевизија од една едоставна причина УЖАСНО ПРЕМНОГУ ПРЕМНОГУ РЕКЛАМИ НА СРЕД ФИЛМ.Еднашка дури мерев дека во една серија (тогаш беше Пријатели) која траеше 45 минути, 20 минути беа реклами, а истото се повторува и со филмовите. Тоа ептен ептен предизвикува одбивност кај граѓаните, посебно кај мене.
А за „Чуму“ мислам дека е добро народот да одмори малце, додека пак за еднооки мислам дека од порано требаа да менуваат телевизија. |
||
|
||
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.petitiononline.com/edno432/petition.html vo menito imas strelka, koga ke ides so curserot na nego pisuva HYPERLINK...prvo se vnesuva naslovot, ili kako ja sega adresata, a potoa se vnesuva adresata.... |
||
DenizC
Група Регистриран: 30.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 48 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Баш ме интересира што ќе стават на нивно место. Нови термини за Боки 13... По мое чувство мислам дека он има ниска гледаност а не Еднооки и Чуму |
||
skyrider
Нов член Регистриран: 24.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Za Ednooki na mislenje sum deka dobro i dosta se gleada i treba da prodolzi so emituvanjeto.
|
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |