|
13 НОЕМВРИ - значаен историски датум за Скопје |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||||||
PAVLIN
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Локација: Saint Helena Статус: Офлајн Поени: 889 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 13.Ноември.2007 во 16:08 |
|||||
Еден од најзначајните за македонската престолнина е Денот на ослободувањето, 13 Ноември 1944 година. Денеска, се одбележуваат точно шеесет и три години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода. Денеска им се оддава почит на 87 жртви и 1200 борци кои на 13 ноември 1944 година учествуваа во негово ослободување од германскиот окупатор. Старите скопјани со носталгија се потсетуваат на култните објекти
како што беа Офицерски дом, Народната банка и Театарот уништени во
земјотресот 1963 година и со радост ја очекуваат нивната обнова. Се
сеќаваат и на незаборавните игранки, корзото и пајтоните, на градските
плажи и маала по кои денес трчаат некои нови деца... И младите имаат со
што да се гордеат. Новите современи архитектонски решенија,
многубројните места за културно и забавно живеење, кафулиња и
дискотеки...Се разбира има и многу недостатоци за кои ние редовно
пишуваме и ги покажуваме со прст. Затоа, денеска ќе ги заобиколиме. Да
се надеваме дека во иднина ќе ги има се помалку. Во Музејот на Град Скопје, претпладнево ќе се одржи детската манифестација "Го градам својот град", а вечерва е традиционалната манифестација АСК "Архитектура Скопје". Во рамките на манифестацијата ќе биде отворена изложба на дела на скопските архитекти и ќе бидат доделени наградите за архитектонски достигнувања. За 19.30 часот е закажано свеченото доделување на највисокото признание на Град Скопје, Наградата 13 Ноември". |
||||||
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре |
||||||
borec
Сениор Регистриран: 22.Септември.2007 Локација: Australia Статус: Офлајн Поени: 1294 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
SREKEN PRAZNIK GRADU MOJ!!!!!
ZIVEJ VECHNO!!!! |
||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Слава на Паднатите борци за ослободување на Скопје и Македонија
|
||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Востанието во Македонија започна во октомври 1941 година во Прилеп, Скопје и Куманово. Во Тиквешијата било прифатено засолнувањето на партизаните од Прилепско и Велешко. Во 1942 година се помагани и со оружје.
Во 1943 година на Славеј планина е форморан партизанскиот батаљон “Мирче Ацев“ од кој е создадена народноослободителната војска на Македонија. Во март 1943 година доаѓа до реорганизација на политичкото и воено раководство при Главниот Штаб на Народноослободителните партизански одреди на Македонија (ГШ на НОПОМ) се проширува и преименува во Главен Штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ), а територијата на Македонија во 5 оперативни зони ја контролираат околински и обласни комитети со воени штабови. Тоа доведува до формирање на првите единици на Нароослободителната војска на Македонија, а како прва поголема воена единица е баталјонот “Мирче Ацев “, формиран на 18 август 1943 година. Овој ден се смета за Ден на создавањето на организирана македонска војска и како таков е прифатен и за Ден на Армијата на Република Македонија. Тиквешијата (Кавадарци и Неготино), Гевгелија, Велес и дел од Мариово беа во Третата оперативна зона.Во оваа зона ЦК на КПЈ и на Македонија, одлучиле да се формираат два партизански одреда, еден Тиквешки и еден Гевгелиски. На 14 мај 1943 година во месноста Вишешница на планината Рудина над Полошкиот манастир под с. Правадник е формиран ПО "Добри Даскалов" - Тиквешки. Истовремено на Кожуф Планина, кај Полана е формиран партизанскиот одред "Сава Михајлов" - Гевгелиски. Двата одреда од 25 мај дејствуваат заеднички. На 14 и 18 мај одредот "Добри Даскалов" е во Ресава, Гарниково и Бојанчиште, каде се судрува со фашистичката бугарска полиција и војска. Со оваа акција на одредот, јавно се огласи повторно востанието во Македонија. Летото одредите се во Егејска Македонија, во реонот на Кајмакчалан. Во средината на септември тука доаѓа ПО "Гоце Делчев", викан Битолско-прилепски. Со тоа силите на НОВ и ПОМ се зголемени. Од тие причини, ГШ на НОВ и ПОМ, донесува одлука на Третата оперативна зона да се формира еден баталјон, во кој влегуваат, одредите "Добри Даскалов", "Сава Михајлов" и "Гоце Делчев". Формирањето е на 24 септември 1943 година кај Влашките колиби на Кајмакчалан во јачина од 125 борци од кои девет младинки. Одредите стануваат 1, 2 и 3 чета. На 30 октомври е формиран Вториот баталјон на Третата оперативна зона со 113 борци. За командант е назначен Тихомир Милошевски - Тико, заменик, Пандил Николовски, политички комесар Коле Тодоровски, заменик политички комесар Киро Спанџов - Коста. Националниот состав на Вториот баталјон бил: 31 Македонец, 28 Италјанци, осуммина Словенци, 29 Срби, осум Бугари, тројца Турци, а другите биле работници од пиротскиот крај. На 18 декември 1943 година од заробените и доброволно дојдени бугарски војници од караулите Конско, Лукар и други во село Фуштани, Егејска Македонија бил формиран бугарскиот баталјон "Христо Ботев". Фактички тоа бил Третиот баталјон на Третата оперативна зона. За командант бил поставен поручникот од каруалата Конско, Дичо Петров, заменик Никола Пеев Груев, политички комесар Ристо Бајалски - Савата, и заменик политички комесар Мито Мицајков - Слободан. На 20 декември 1943 година, ГШ на НОВ и ПОМ со Штабот на Третата оперативна зона ја формираат Втората МНОУБ во село Фуштани, Егејска Македонија од трите баталјона на зоната. Во присуство на политички раководители на Народноослободителното движење на македонскиот народ и на Главниот штаб, предводен од генерал Михајло Апостолски, како и во присуство на антифашистичкото движење во регионот: ЕАМ, ЕЛАС, во присуство на американска, англиска и француска воена мисија, како на преставници на антифашистичкиот фронт на Бугарија, предводени од Бојан Блгарјанов, се формира Втората македонска народноослободителна ударна бригада. Веднаш по чинот на формирањето, оваа воена групација почна со операции на потегот Мариово-Витолиште-Фуштани-Гевгелија. Дејствуваше врз најчувствителните објекти што ги користеше непријателот: железнички пруги, мостови, телефонски врски, патишта и разбивањето на границата меѓу бугарскита окупациска зона и јужно од неа - во Егејскиот дел на Македонија, во Мегленско. Беа загрозени највиталните комуникации: вардарската, пелагониската и потпланинската и посебно Гевгелија - Скопје и Битола - Лерин - Воден - Кукуш - Солун. Против неа се отвори најширока непријателска офанзива во тоа време на Балканот. Непријателот ги насочи 91. германски армиски корпус од Солун, со 4 нивни бригадни групи и бугарската непријателска војска: Петтата бугарска армија во Македонија со своите 15. битолска, 14. скопска и 17. штипска дивизија За командант на бригадата бил назначен Диме Туриманџовски - Горски, за заменик Лазо Калајџиски - Добри, политички комесар Трифун Трифунов - Балкански, а за заменик на политичкиот комесар Мито Хаџивасилев - Јасмин. На 23 јуни 1944 година еден баталјон од Втората МНОУБ, од 120 борци, присуствувал и влегол во составот на Четвртата МНОУБ, која е формирана во источна Македонија на врвот Лисец на планината Плачковица. На 25 август 1944 година, Втората МНОУБ, Деветтата и Десеттата МНОУБ во село Шешково, Тиквешко ја формираат Првата македонска и 41. Југословенска дивизија. Бригадата водела борби во Тиквешко, Прилепско, Кичевско, а на 19 декември 1944 година била во Тетово и броела 2 312 борци и раководители. Пред да тргне на Сремскиот фронт на 7 октомври 1945 година за командант на бригадата бил поставен Пецо Гудев, а за политички комесар Ристо Стојановски - Железни. Бригадата стигнала во Стара Пазова на 15 јануари 1945 година и влегла во 48 дивизија на 15-ти ударен корпус. Бригадата се вика Тиквешка, бидејќи раководството и борците во поголем број биле од Тиквешијата. Бригадата водела борби на Сремскиот фронт против германските фашистички окупатори сè до завршувањето на војната сè до Целје во Словенија. Бригадата придонела за ослободување на земјата, а дала голем број на жртви, но и 11 народни херои. Бригадата по ослободувањето била одликувана со Орден за заслуга на народот со златен венец и Орден на братство и единство со златен венец. Веќе на 4 август 1944 година е донесена одлука да се конституира Главен одбор на единствениот Народноослободителен фронт на Македонија, да се спроведе општа мобилизација, да се формираат дивизии и корпуси и народното стопанство да се мобилизира за обезбедување на Народноослободителната војска. Епилогот е очекуван: во октомври, птретходно реорганизираните воени оперативни зони се претвараат во корпусни области и се формираат: Прв Македонски, Брегалничко-Струмички и Кумановско-Скопски корпус. МАНИФЕСТ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОДМАНИФЕСТ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД 2 август 1944 година
Во деновите на најголемите световни стресенија, во времето на најкрвавата борба на македонскиот народ, твоето прво народно Собрание израснато од крвта и од животите на најарните свои синови, во твое име излегува пред лицето на цел свет да каже на пријатели и душмани, на сојузници и окупатори, на блиски и далечни, оти македонскиот народ е решен да заживее слободен живот и оти никаква сила на светот не може да му застане на неговиот пат кон полна национална слобода. Во моментот кога картечниот оган на нашите бригади го уништува крвавиот окупатор од Куманово и Струмица до Тиквеш и Дебар, кога нашата борба оди кон својата највисока точка и кога нејзиниот успешен крај стана јасен за секого, првото македонско Народно Собрание излегува со прокламација за полна национална слобода на нашиот народ.
Овие исторически печалби кои ти ги оповестува воето прво Народно Собрание не се ни случајни ни аризани. Тие се плод од реки пролеана крв и од купишта коски посеjани од едниот до другиот крај на Македонија. Во петвековното ропство разни поробувачи е грабеа твојата земја и го поробуваа твојот народ. Единото средство које не можеше да ти биде ограбено, беше борбата. Таја остана најсилното оражие во твоите раце и ти помогна да не бидеш збрисан како народ. Во следните денови на Илиндeнското востание и Крушевската република, ти разбра колкава е силината на това оражие. Илинденското востание откри пред цел свет колку е тврда твојата решеност да не бидеш роб на никого, ами да живееш како слободен народ. Илинденската епопеја ти покажа и тебе колку е силна твојата тупаница кога се подига за извојување на слободата. И токму таква сила ги заплаши твојте скиени и отворени душмани - империјалистите од комшиските балкански држави. Уплашени од таја борбена сплотеност тие се обидоа за својата отровна пропаганда да те разединат за полесно да те поробат. И, благодарение на предатели и измамници во твоите редови, ти ја дочека, решителната 1912 година разединен, закрвавен, неорганизиран и твојата земја бидува разделена меѓу империјалистичките грабители. Во 1919 година се повторува срамната делба на Македонија, и ти не к*ртули од јаремот на ропството.
Впрегнат во невидено економско ропство, одречен како народ, обезправен политички, заостанал просветно, ти беше пред 23 годишниот живот под великобугарското ропство, доведен во положение на колонијален народ. Србизирањето стана националното гесло на белградските реакционери, занданите - нивното единствено умиротворително средство, економскиот грабеж - нимниот стопански принцип. Това што те одржа за тие тежки години, това беше твојата борба против великосрпските грабачи и нивните македонски измеќари. Во таја борба ти прогледа и узреја политички, во неа ти си ги најде својте, најдобри сојузници. Това беа другите поробени народи на Југославија. Това беше и братскиот српски народ зад чие име се криеја поробувачите од белградската чаршија. Во борбата против великосрпските повелачи, ти го искова своето братство со другите народи на Југославија. Това братство, покрај твојата борба, стана уште една гаранција, за спечалване на слободата.
Со подлиот напад на геманско-фашистичките империјалисти во 1941 година Југославија бидува прегазена, а Македонија за четврти пат во 30 години, поделена меѓу фашистичките јатаци на Хитлера. Пред великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ. Грабежот зема невидени дотогај размери, македонското селско стопанство бива исцело ставено во услуга на Хитлерова Германија. "Дирижираниот стопански" грабеж ги рашири своите крила над Македонија. Не остана произведение од селско стопанство, које можеше да к*ртули од реквизиционата експлоатација. Селаните беа бутнати во понорот на бедата. Со нив заедно тонеа во мизерија сите други сасловија. Целото македонско стопанство беше подложиво на најбесрамен грабеж за сметка на Германија. Бугарските фашистички измеќари се преобратија во најверни кучиња на Хитлера. Спекулата стана неписен закон. Македонија беше стопански изцрпена. Македонскиот народ потона во дотогај невидена невидена беда. Дури на една страна се трубеше неуморно старата поробувачка песна оти македонски народ немало, оти ние сме биле асли Бугари, на друга страна се полнеа занданите со чесните синови на Македонија, а во полицајските участаци со инквизаторски методи се мачеа народните борци. Војно-полевите судови работеја усилено, интернациите обухватија цели села и околији, на бесилките увиснија најдобрите синови на Македонија. Крвожедниот фашистички окупатор тргна кон физичко истребување на македонскиот народ. Модерните Хуни ги надминаја во крволочноста најсуровите турски катили.
През долгите години на ропство, тешката стварност те научи оти ти против поробувачи имаш само едно сигурно оружие: борбата. И ти машки го стегна това оружие. Во позивот на КП на Југославија за борба, ти ја чу свеста на најдобрите твои синови. Во нејзиниот револуционерен дух ти ја осети бунтовната силина на еден поробен народ. Во нејзината организациона стегнатост ти го виде твојот водач и умен организатор. Во нејзината доследност ти виде гаранција оти борбата ќе биде изведена до победоносен крај - и ти не се поколеба да тргнеш со смелиот водач и организатор. Револуционерната традиција на Илинден пак оживеа. Настануваат најславните години во твојата историја, настанува епопеја на светата народна ослободителна борба, во која ти се препороди како народ и се осети ослободен да си ја земиш судбата во сопствените раце. Во неравната борба, во која ти влезе смело, израсна од малите партизански одреди - првата во твојата историја Народно-ослободителната војска, која го прослави македонското име по цел свет и стана страх и трепет за фашистичкиот окупатор. Сјајните победи при Кичево, Дебар, Тушин, Ристовац, Злетово, Кратово и Струмица се славна историја на твојата војска. Ослободувањето на Македонија е нејзиниот свештен завет. Надахната со лјубовта за својот народ, запоена со духот на Делчев, одушевена со борческиот елан на Тито, твојата војска ќе го исполни тој свештен завет и нема да го испушти оражието од рацете дури последниот окупаторски војник не биде избркан од нашата татковина, дури последниот воен преставник и предател не добие заслужено неказани и дури слободата не биде исцело извојувана и осигурена.
Изненаден од твојата сплотеност, исплашен од смелите удари на твојата војска, поганиот фашистички окупатор разбра оти сам нема да може да се додржи во Македонија. По стариот обичај на сите поробувачи, тој побара и најде гнасни изроди, готови за фрлената коска да го продадат сопствениот народ. Чкатровци и Ѓузеловци, Китанчевци и Ципушевци се натпреваруваат кој посрамно да те предаде. Од шпионско служение на фашистичкиот окупатор, овие одвратни јуди стигнаја до организиране на банди, составени од најкриминални албански и домашни елементи, за борба против нашата Народно-ослободителна војска, за крволочно избиване на мирното македонско население и за паленје на македонските села. Уплашениот фашистички окупатор сега ја фрли и последната карта во борбата против македонскиот народ. Крволочната банда на Ванчо Михајлов, потоната во нивната крв на толку македонски синове, пак, се јавува на предателската сцена, овој пат на чело со познатиот фашистички агент Александар Станишев. Професионалните убици од софијските улици прават сега јалов опит со терористички јадра со коцкари и пијаници да ја отежат праведната борба на македонскиот народ за слобода. Во борбеното единство на македонскиот народ со другите народи на другите народи на Југославија, овие погани изроди ја гледаат најголемата опасност за своите противнародни планови. Удирајќи бесно против српскиот народ, тие сакаат да удрат против единството на братските народи во Југославија, да го оделат македонскиот народ од нив, да го осамат во борбата, и, изолиран од неговите сојузници, полесно да го уништат. Со својата бесна кампанја против Маршал Тито, тие се опитаха да го отделат македонскиот народ од генијалниот водач на Народноослободителната борба и да ја закопат за вечни времина слободата на македонскиот народ. Фрлајќи лаги и одвратни клевети против нова, демократска и федерална Југославија, тие сакаат да го турнат македонскиот народ во поразениот лагер на фашистите и да го дотераат утре на оптуженичка клупа заедно со фашистичките заложници. Велико-српските хегемонисти на Дража Михајловиќ и Милан Недиќ, демаскирани како слуги на окупаторот и отфрлени од српскиот народ, презрени од демократската светска јавност, разбиени исцело во Македонија, притаени во разни германски претпријатија, дебнат момент да се фрлат на македонскиот народ и пак да го прегнат во јаремот на белградските шовинисти. Сите овие браќа во криминалот и душмани на македонскиот народ се верни слуги на истиот господар - крволочниот Хитлер. Но ти брзо ги откри пеколни планови на овие злочинци и им даде достоен одговор. Немилосрдната борба против фашизмот и крвавиот великобугарски окупатор, беше твојот одговор на нивните обиди да те впрегнат во јаремот на фашистичкото ропство. Разбивањето на контрашките банди уште во нивниот зародиш, беше твојот одговор на нивниот обид да го разделат македонскиот народ и да е уништат неговата борба. Нераздружимото братство и единство со другите народи во Југославија, беше твојот одговор на нивните обиди да те осамотат во борбата. изградуванјето на нова, демократска федеративна Југославија, на чело со маршал Тито и твојата сплотеност во редовите на Народно-ослободителниот фронт на Македонија, е твојот одговор на сите планови на великосрпските хегемонисти и на разбојничките прохтеви на големоалбанските фашисти. То е денес твојот одговор на сите овие душмани - твојата праведена борба за слобода. Утре никаква сила нема да ги спаси овие продадени души од немилосрдниот народен суд. Никаква сила нема да ја запре твојата осветничка тупаница да ги разбие главите на овие гнасни изроди и подли поробувачи. Борбата за твоите праведни идеали се најдува пред победоносен крај, пред полна национална слобода.
Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денес првото Народно Собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел свет полната национална слобода на македонскиот народ во ПРВАТА СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Вековниот идеал на македонскиот народ се постигнува. За прв пат после Самоила македонскиот народ створи своја сопствена држава; за прв пат македонскиот народ ќе се осети во Македонија како во своја кукја; за прв пат тој стана дребна пара во сметките на грабежливите сили, ами слободен народ во слободна држава. Това е најголемата придобивка во историјата на нашиот народ, спечалена во гигантскиот антифашистички фронт со крвта на најдобрите синови на Македонија и со помошта на другите народи на Југославија, осигурена во нова, федеративна заедница на народите на Југославија. Тргајќи од животните интереси на македонскиот народ од неговите заеднички борби со другите народи во Југославија против големо-српската хегемонија и од скапите жертви дадени против заедничкиот фашистички окупатор, првото македонско Народно собрание изјавува во твое име оти Македонскиот народ влегува како национално ослободен рамноправен член во нова Демократска и Федеративна Југославија на принципите установени на II заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободуене на Југославија (АВНОЈ), на кое му се признаја правата на национална слобода. Со това македонскиот народ станува градител на нова Југославија, која е дело и израз на нераздруживото единство и братство на сите нејзини народи, а најголемата гаранција како за слободата на секој отделен народ, така и за слободата на сите народи во Југославија заједно. Како дел на нова, демократска и федеративна Југославија, македонскиот народ станува сојузник на големите сили победителки. Тргвајќи од вековните идеали на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание го прокламира пред цел свет своето праведно и неостапно сакање за обединение на целиот македонски народ на принципите на правото за самоопределување. Со това ќе се тури крај на робството на македонскиот народ во сите негови делови и ќе се создадат условија за искрена солидарност и мир между балканските народи. Бидејќи е свесно оти фашизмот е најголемиот враг на малите народи и на славјанството, првото македонско Народно собрание тржесвено изјавува оти македонскиот народ нема да го остави оружието дури фашизмот со сите негови помагачи не биде исцело разгромен. Борејќи се за слободата на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание ги прокламира правата на полна слобода и рамноправност на сите народности во Македонија.
Првото македонско Народно Собрание ги прокламира овија свети принципи во момент кога братската победоносна Црвена армија стапува на германска земја и неиздрживо оди кон Берлин, кога нашите англо-американски сојузници на запад го пробија атланскиот зид на Хитлеровата европејска зандана, кога сојузничките армии од југ настапуваа кон Алпите, кога со смелата Титова армија се готви да тргне на Белград, Љубљана, Сарјево и Скопје. Првото македонско Народно Собрание ги прокламира овие големи принципи во согласие со основните решениа на Московската и Техеранската конференција, кои ги гарантираа правата на слободен живот на секој народ, ангажиран во борбата против фашискиот окупатор. Во овија дни се решава судбата на нашиот народ за векови. Историјата ве поставила пред судбоносна проба. Од вас зависи дали Македонија ќе биде зандана за робови или слободна татковина на слободни луѓе. Жртвите на вашите браќа и првоборци ве викат на последен јуриш. Иднината ваша е иднина на нашата земја и таа не вика на последен, одлучен бој. Наредете се сите во народно-ослободителниот фронт и докажете оти сте достојни и докажете оти сте способни да си ја спечалите слободата и изградите сами сетнина.
Обединението на целиот македонски народ зависи од вашето учестие во гигантскиот антифашистички фронт. Само со борба против подлиот фашиски окупатор ќе го спечалите правото на самоопределување и обидение на целиот македонски народ под покровот на Титова Југославија, која стана слободна заедница на слободни и равноправни народи. Нека борбата на македонскиот пиемонт ве одушеви за посмела борба против фашискиот поробувач! Нека патот на овој дел на македонија стане и ваш пат, оти само тој води кон слободата и обединението на целиот македонски народ! Нека вашето учестие во свеопштата антифашиска борба им даде живот на принципите прокламирани на првото македонско Народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници који разделија брат од брат, Македонец од Македонец.
Поробувачите на Македонија од везден сакале да не разделат и скарат за полесно да ја владат нашата татковина и да ги грабат нашите народи. Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи са исти, а нивната судба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние изградуваме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме. Вашите синови учествуваат во македонската војска и земат веќе командни места. Вашите првоборци учествуваат како пратеници - народни претставители во Народното Собрание. Првото македонско Народно Собрание е прокламира слободата и равноправноста на сите народности во Македонија. Мобилизирајте ги сите народности поскоро да ги оствариме неговите свети принципи. Учествувајте равноправно во изградуванјето на слободна Македонија - слободна татковина на сите народности.
Крвавиот фашиски окупатор спекулира со вашите жертви и со вашата крв. Тој срамно ги изопачува целите на вашата несебична борба во минатото. Тоа се опирва да го сроза вашиот авторитет, употребувајќи ве како перде за страшниот грабеж и терор спроведуван над вашата земја. Тој подмолно се опитва во најрештелните моменти да го раздели вашиот народ на стари и млади. Се исполнуваат целите за кои вие сте се бориле. Македонија врви кон својата слобода, кон непостигнатиот идеал за кој хиладници ваши другари ги дадоа својте животи во Илинденската епопеја. Вашиот првоборец и другар Димитар Влахов е еден од нашите водачи. Вашето место е покрај вашите синови и внуци. Напред во борбата за идеалите за кои вашата генерација се бореше а нашата ги исполнува! Напред стари и млади за изградување на слободна Македонија.
Ропството на нашата македонска родина ве оддели од вашите куќи, од вашите блиски, од вашите села и градови. Тешката судба на вашата поробена татковина ве фрли во шапите на подлиот кобурговски диктатор. Во мрачните завоевателни планови на крвавиот кобурговски дворец, на вас ви беше предопределена ролјата на воени провокатори на Балканот и на камшик во рацете на тираните против слободољубивиот бугарски народ. Ние синовите на боречка Македонија везден сме правеле разлика между убијците од бандата на Иван Михајлов и чесната македонска емиграција. Ние од везден сме знаеле оти во вашите гради никога не престанало да биде едно чесно срце на нашата обшта родина, оти нашите идеали са и ваши идеали, и оти во вас никога не угаснало желанието да се најдете пак во вашата слободна и незастранена македонска татковина. Првото македонско Народно Собрание ви испраќа пламени братски поздрави и ве кани во дружна борба за ослободуванје на Македонија и изградуванје на слободна Македонска држава. Отфрлете ги самоназначените водачи околу крволокот Иван Михајлов! Присаединете се кон нашиот Народно-ослободителен фронт за избркуване на фашиските поробители! Земете учестие во ослободуванјето на обштата македонска татковина! Дајте го својот дел во нејзиното изградуванје! Нека нашата сплотеност стане остар одговор на сите поробувачки планови! Нека нашето единство стане страх и трепет за враговите на Македонија! Нека нашиот боречки патриотизам стане гаранција за подобра иднина на нашата татковина!
Вие први разбравте оти фашизмот е вашиот најголем душман, најсвирепиот поробител на вашиот народ, а вие први влеговте во светата броба против него. Зад секоја победа во оваја трогодишна борба се крие пожртвуваноста на вашите првоборци. Секој успех против крвавиот фашиски окупатор е израснал од крвта на вашите другари. Во слободна Македонија, во нова Југославија, вие ќе започнете еден посреќен и подостоен за вас живот. Во предвечерието на слободата ни еден ваш другар не смее да остане на страна на борбата. Напуштајте ги фашиските работилници, фабрики и рудници! Напуштајте ги фабриките во фашиска Германија! Влегувајте во вашата народно-ослободителна војска и станете нејзини грбнак!.. Со своето масовно учестие станете првоборци на Народно ослободителната борба! Со својата храброст станете гордост на нашиот народ! Со својата прикажана упорност изградувајте ја слободна Македонија и станете нејзини најпредани творители! Направете од новата македонска држава вистинска, слободна и праведна татковина на целиот работен народ.
Вие најдобро осетивте на сопствената кожа што значи фашиско ропство. Во овија три години плодовите на вашиот труд се грабеа и се грабат по најбесрамен начин, а на вас ви остава само ропска работа, беда и безправие. Фашиските повелачи ве оставија да живите само за тоа, да можете да работите на нивната воена машина. Од вашиот труд се гојат окупаторските грабачи, а вие остануете гладни, голи и боси. Фашизмот ви зеде се, а не ви даде ништо. Во овије неколку месеци се решава судбата на македонскиот народ. Судбата на Македонија е судба на македонскиот народ. Судбата на Македонија е садба на македонските селани, дека вие сте најголемиот негов дел. Не давајте ги својте произведенија на фашиските изеденици! Кријте го житото! Избивајте ги реквизионите комисии! Палете ги фашиските општини! Не плаќајте данаци на вашите поробители! Влегувајте смело во редовите на нашата војска! Станете сите како еден да ја извојуваме слободата и да ја изградиме слободна Македонија.
Вие бевте првата жертва на фашиските окупатори и вие се кренавте први во борба против нив. Со својата прикажана храброст вие дадовте пример како се служи на народните идеали. Вие денес го чините најборбеното јадро на нашта војска. Во борбата што се води денес се изградува поарна младинска иднина. Слободна Македонија вие треба да (ја) изградите. Со сите сили помогнете за спроведуенето на решениата на АСНОМ и (за) изградуенето на новата народна демократична власт во Македонија и (на) нашата Македонска држава.
Со вашата прикажана смелост вие го разнесовте македонското име по цел свет. Со својата безпримерна пожртвуваност вие му натеравте страв во коските на фашискиот окупатор. Со крвта на најдобите свои другари вие е исписавте историјата на македонскиот народ. Победата е близу, но требат уште напори да се извојува слободата на македонскиот народ. Во гиганската борба што се води денес, вие не сте сами. Вие сте дел на славната Народно-ослободителна војска на Југославија и како такви - сојузници на победоносната Црвена армија и на англоамериканските војски, кои ги задаваат последните удари на фашискиот окупатор. Запалените села по цела Македонија ве канат на освета! Поробениот македонски народ чека од вас слобода! Држете го уште поцврсто оражието спечалено со крв, јакнете ја уште повеќе вашата дисциплина и воена вештина! Дигнете го уште повисоко знамето на Гоце Делчев! Гответе се за последните удари на фашискиот окупатор! Гответе се за ослободуене на Македонија!
Во оваја величествена борба вие го дадовте својот крвав дел. Во слободата на македонскиот народ вие ќе си ја спечалите и собствената слобода. Во утрешна слободна Македонија вие ќе бидете нејзини слободни и равноправни сторители. Учествувајте уште помасовно во народно-ослободителната борба! Мобилизирајте ги сите свои другари за борба на фронт и работа во тилот. Борците на фронтот имат нужда од вашата поткрепа. Слободата на вашиот народ имат нужда од вашата помош. Изградувајнето на новата држава не може да се замисли без вашето равноправно учестие. Прегнете ги сите сили за поскоро да ги оствариме принципите провозгласени од првото македонско Народно Собрание.
Зората на слободата изгрева! Од крвавата слобода израсна веќе слободна Македонската држава, во нова, демократска и федеративна Југославија. Но борбата уште не е завршена. Прегнете ги сите сили да се истргне слободата што поскоро, да се зачуваат печалбите на сегашната борба, мобилизирајте ги сите снаги за изградуванјето на нашата држава и направете од неа сретна татковина на среќен народ. Се за фронт - се за победа! Да живее Македонската Држава |
||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Музеј на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
Спомен костурница
|
||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Помислив да не си заборавил. Додека чекаме за одговор да ви честитам освобождението на Скопие станало во резултат на Стражин-Страцин и Кумановска настапателна операција. Повеке: тук
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Вие сте не ослободиле еднаш, сега тврдите дека сте не ослободиле уште еднаш.....немам зборови...(не го разбрав баш најдобро текстов, ама мислам дека се зборуваше дека бугарската армија го ослободила Скопје-нека ме поправи некој ако грешам). |
||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Напишано е што Бугарската армија (БНА) влиза во Скопие на 14 ноември... Вие казвате што партизаните са усвоили Скопие уште на 13 ноември. Нема проблем. Само да кажам што Бугарската армија е част од ІІІ-ти украински фронт (јужното крило) под командването на маршалот Толбухин. Числен состав на БНА: над 450 хил. добре обучени човека. Незнам во каква степен са били обучени партизаните за водене не на партизанска а на конвенционална војна... но си мислим што тие са немали голем опит. Сепак и тие са били потчинети на општото воено командуване на маршал Толбухин. Сепак сум изненадан што у вас тотално се отрича придонесот на БНА во борбата срешту хитлеристките војски. Се ловим на бас што никој кај вас не е слушнал за боевете при Стражин-Страцин и за разгромот на елитарната СС дивизија "Принц Еуген" например... |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Во заблуда си, никаде не се одрекува придонесот на БНА при борбата со германските сили, како дел од антифашистичките сили и Црвената армија. Да не говорам дури и дека има заеднички акции со антифашистичките сили од бугарската армија, па дури има и формиран одред "Христо Ботев" во Македонија со оние кои не сакале да бидат фашисти, а биле дел од бугарската армија и бугарскиот народ. Денес тој одред има и споменик во Македонија. Нема спор за заслугите на некои луѓе и одреди, како што се горенаведените! |
||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
При Сталинград се дадоа 200 000 жртви. При Скопие - толку 87 жртви. Вопросот е: колко загинаа при Стражин-Кумановската настапателна операција? |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Секако дека во Скопје ќе има малку жртви, Бугарите веќе не беа противници, само Германците беа, од друга страна Германците веќе се повлекуваа, па партизаните можеа полесно да дејствуваат. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Се одбележува 13 ноември - Денот на ослободувањетоВо рамки на 65-годишнината од ослободувањето на Скопје, премиерот Никола Груевски положи цвеќе пред споменикот на борецот во близина на Владата. Централната манифестација ќе се одржи вечерва во Домот на армијата, каде градоначалникот Коце Трајановски на годинашните добитници на највисокото признание што го доделува Градот, свечено ќе им ја врачи наградата „13 Ноември“ за 2009 година. Годинава има 12 добитници на наградата, меѓу кои се Симон Трпчевски, средното училиште „Марија Кири Склодовска“, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, прим. д-р Петар Кроневски, специјална болница за хируршки болести „Филип втори“ и други. Извор: А1 |
||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Била лесна битка која се хероизира (може да се каже дека е нормално кога се бара самодоверба). Германците бегале (БНА била позади петите ) и ако партизаните не ги гониле - тие ке избегаа без ниту една страна да даде жртви. Изменето од Македон - 13.Ноември.2009 во 19:24 |
||||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
самочувствие е самодоверба на МК
|
||||||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |