|
Haj Amin al-Husseini |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Март.2008 во 14:33 |
OK Gi molam moderatorite da ja zatvorat ovaa tema za da ne bide upropastena so prepukuvanja, daden e iscrpen odogvor i ovaa vredi da stoi vo arhivata na forumov.
Isto bi sakal da mu zablagodaram na Temimi za ovaa negovo izlaganje i doblesta da ja podeli negovata riznica od znaenje so nas. Mora da priznam deka kvalitetot na napisanoto korespondira so objektivnata istorija i deka nema pricina da ne se veruva vo istografskite fakti. Sto se odnesuva do nekoi drugi tocki i gledista tie se mozebi licen stav na avtorot ili pak stav na odredena grupa, no toa vo ovoj slucaj ne e vazno. Bravo Tamimi |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Масакрот Дир Јасин Во истиот ден милитантните банди на Хагана на чело со Беген, подоцна ќе стане премиер на Израел, го нападнале селото Дир Јасин близу Кистал. После немилосрдна и тешка битка еврејските терористи го освоиле селото. Тука се случил ужасен и невиден масакр. Колеж од кој се крева косата на главата. Мораме тука да застанеме за да ги видиме злоделата кои се сторени во овој колеж. Први настрадале двајца младенци на денот на нивната свадба. Нив и уште триесет и три гости Евреите ги кутнале пред еден ѕид и без предупредување ги изрешетале сите до еден. Едно дванаесетгодишно момче кое го преживеало масакрот но и никој друг од неговото семејство, вели: „Евреите им наредија на членовите на моето семејство да застанат со лицата свртени кон ѕидот. Потоа почнаа да пукаат. Мене само површно ме ранија во колкот. Неколкумина од нас, децата, успеавме да се спасиме бидејќи се скривме под телата на нашите роднини. Одненадеж еден к*ршум ја разнесе главата на мојата четиригодишна сестра. Татко ми, мајка ми, дедо ми, баба ми, моите чичковци, моите стрини и нивните деца, сите беа убиени!“ Халима Ид, која во времето на колежот имала триесет години, вели: „Видов кога еден Евреин од непосредна близина пукаше во вратот на мојата снаа Халида. Таа требаше да се породи во секој момент. Тој застана над неа, го извлече ножот од корици и & го пресече стомакот! Кога една жена се крена да го извлече живото бебе од нејзиниот стомак, Евреите ја фатија и на лице место ја застрелаа! Нејзиното име беше Аиша Ридван.“ Ханан Халил која во тоа време имала шеснаесет години вели: „Видов кога еден еврејски џелат го извади големиот нож и со него почна да ја сече мојата сосетка Џемила Хабеш од главата до нозете. На ист начин го измасакрира и соседот Фетхи.“ Во овој колеж учество зеле и многу жени од редовите на еврејските џелати и терористи. Претставникот на Црвениот крст во тоа време вака го опишал колежот во Дир Јасин: „Видов деца и стари луѓе, девојки и зрели жени, сите Евреи, беа вооружени со пушки, пиштоли и бомби. Беа цели натопени со крв. Една девојка во едната рака држеше голема кама, а во другата држеше пар човечки очи од кои сеуште капеше крв. Играше со нив како со воен трофеј. Влегов во една куќа разнесена од бомба. Насекаде по собата беа расфрлани човечки тела. Кога сакав да излеам од таму слушнав пригушен глас. На подот допрев мала топла нога. Тоа беше едно десетгодишно девојче распарчано од гелер на рачна бомба. Го кренав девојчето, а еден Евреин се обиде да ме сопре. Јас го турнав и продолжив да го носам девојчето.“ Селото Дир Јасин имало 400 жители. Идеологот на тој масакр, премиерот на Израел, Менахим Беген, со гордост изјавил. „Акцијата во селото Дир Јасин ни донесе резултати какви што не очекувавме! После оваа акција Арапите силно се исплашија и почнаа да бегаат од нас! Од 800.000 Арапи кои живееја на тој простор сега останаа само 165.000 поради стравот да не им се повтори Дир Јасин! Масакрот во Дир Јасин е најголем повод за нашите досегашни победи на фронтот!“ Во Дир Јасин биле убиени повеќе од 250 мажи, жени и деца. И покрај ова дивјачко беснеење на еврејските џелати, никој во светот не се огласи да ја осуди нивната постапка. Единстено движењето Ихванул-муслимин од Египет утредента на југот од Палестина во местот Сахра Некаб нападнале еврејска населба каде што убиле и раниле неколкумина ционисти. (слика, еврејските џелати од Сафд, старо, младо, машко и женско) Евреите прогласуваат своја држава Во оваа година националниот татковински совет издава декрет за втемелување на нова еврејска држава во Палестина. Тоа го направиле на денот кога британските сили се повлекуваат од Палестина. Арапскиот отпор продолжил, но, продолжило и вооружувањето на Евреите од страна на Европа, а посебно од САД. (слика, Дејвид Бен Горион, првиот премиер на ционистичката држава) Британија повторно им помага на ционистите На 18. април, истата година, Британија насилно раселувала палестински села за да им овозможи на Евреите истите да ги населат по напуштањето од страна на Арапите, поради страв од можен масакр. На 22. април ционистите го окупирале градот Јафа и ги протерале сите Арапи од внатре. На 30. април ционистите успеваат да го окупираат и Западниот дел на Ерусалим, и повторно со егзодус врз сите тамошни жители-муслимани. (слика, Евреи на воена обука) |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Politicki go objasni periodot ama pak nema odgovor na prasanjata???
|
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ел-Хусејни е на сцена во Египет Бојкотот и востанието продолжуваат, но тие се во хаос и неред. На сцена повторно се враќа Емин Ел-Хусејни. Избегал од француските зандани и одеднаш се појавил во Египет. Радоста била огромна и во негова чест се организирани големи свечености низ цела Палестина. Арапската Лига го назначила за претседател на Високиот комитет. Но, Ел-Хусејни сеуште имал проблеми со окупационата британска власт од Ирак, Јордан, а сега и од Египет. Никогаш не се појавувал во јавност. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Toa ti e nakratko....
Pa ti razmisli si, a se nadevam kje imas moznost sto poskoro da ja najdes knigava na nekoj saem ili knizarnica....
|
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА Во овој период Германија ја започнала Втората Светска Војна. Хитлер ги напаѓал европските држави кои едноставно се топеле пред силата на нацистите. Прегазена била Полска, потоа и големата Франција, а сега и Британија била на ред. Но, САД веднаш & притекнале на помош. Во Италија Бенито Мусолини обзнанил сојузништво со Германија. И Советскиот Сојуз бил вовлечен во војна. И Јапонија застанала на страна на Германија. Ваква војна светот досега не видел. Загинале повеќе од 25.000.000 луѓе. Во Германија Евреите биле под силен притисок на нацистите. Од нивните редови гинеле неколку милиони луѓе. Британија немала време за Палестина бидејќи била зафатена со оваа голема војна во Европа. Се обидувала да ги смири Арапите, а Евреите кои бегале пред нацистичкиот гнев сега ги носеле во други држави. Евреите се исплашиле дека Британците ќе го сменат ставот и се одлучиле на пеколен потег. Го кренале во воздух бродот со кој се превезувале еврејските бегалци за да им дадат на Британците до знаење дека не прифаќаат друга земја освен Палестина. 1941 година или 1360 х.г. Ел-Хусејни на средба со Хитлер Во своето прогонство Ел-Хусејни отишол во Ирак. Кога Британија на власт во Ирак донела свој марионетски крал, тој заминал во Иран. Од Иран преминал во Турција, а од таму за Германија. Во таа година Ел-Хусејни се сретнал со Хитлер и побарала поддршка за битката против Британците во Палестина. Овој веднаш се соглсил. Германија и Италија се огласиле дека ја поддржуваат палестинската револуција против Британците. Тоа не било од љубов кон Арапите туку од непријателство кон Евреите и Британците. 1942 година или 1361 х.г. Германците ја обучуваат арапската војска Врз основа на овој договор, Емин Ел-Хусејни ги повикал Арапите од цела Европа да дојдат во Германија поради воена обука. На стотина Арапи се приклучиле во оваа војска со цел да им се спротивстават на Евреите. Германците ја вооружиле оваа војска со цел поткопување на британското присуство на територијата на Исламскиот Исток. САД им помагаат на Евреите Истовремено Евреите со силна пропаганда се повикувале на Хитлеровите ликвидации. Повикале на сеопшт еврејски конгрес во Балтимор, САД. Таму јасно дале на знаење дека нивна единствена татковина може да биде само Палестина. Демократската и републиканската партија на САД веднаш ја дале својата поддршка на овој проект. САД на Британците им нагласиле да го сменат ставот кон Палестинците и да не креваат раце од Евреите. Бидејќи Британија влегла во жестока војна против Германија имала потреба од американска помош, па поради тоа го прифатила американското барање. Повторно била отворена вратата за еврејската миграција. Се случила миграциона експлозија на Евреите од Европа кон Палестина. За време не војната во Палестина се населиле 90.000 Евреи Хитлер го помага Ел-Хусејни Ел-Хусејни побрзал да побара помош од Хитлер за да ја спречи оваа миграција. Хитлер веднаш испратил војска преку Либија кон Палестина. Во Либија биле пренесени околу 30.000 парчиња различно пешадиско оружје. Евреите планирале протерување на Британците од Палестина Сега Евреите планирале да ги избркаат Британците и да воспостават своја држава. Нивните вооружени формации достигнале бројка од 60.000 милитанти. Евреите ликвидирале неколку големи воени заповедници во Палестина. Британците биле тешко погодени од овие напади бидејќи ситуацијата на европскиот фронт веќе многу ги исцрпила. Ситуацијата станала уште полоша кога Бен Гурион од организација Хагана јавно изјавил: „Израелу мој, твојата земја е од Еуфрат до Нил!“ Евреите тврдат дека тоа се границите на нивната земја во Стариот Завет т.е. Тората. Бен Гурион побарал од сите Евреи од светот да ја помогнат оваа идеја. 1944 година или 1363 х.г. САД и Британија ја поддржуваат еврејската држава Британија ја почувствувала својата немоќ во Палестина и видела дека сега Евреите имаат сила сами да прогласат своја држава. Во мај истата година Лабуристичката партија на Британија ги повикала Палестинците да ја напуштат Палестина, а за возврат би им биле исплатени финансиски средства. Тоа било од причина што не сакале никој да ја спречи еврејската миграција од целиот свет. Во истата година на парламентарните избори во САД ова било заедничка изборна платформа на републиканците и демократите со цел создавање на израелска држава во Палестина. Во октомври 1944 година по прв пат се завеало еврејското знаме на палестинска земја. Следната година во Каиро Евреите го убиле Лорд Морин, британски министер, со цел зголемување на притисокот да ја напуштат Палестина. 1945 година или 1364 х.г. Крај на Втората Светска Војна Војната завршила со пораз на Германија и нејзините сојузници. Со тоа паднале во вода амбициите на арапската војска од Германија. Оваа година Бен Гурион успеал во директен контакт со некои конгресмени да издејствува купување на големо количество американско оружје за Евреите во Палестина. Големи финанскиски средства од САД сега се слевале во рацете на Евреите во Палестина. Претседателот на САД, Труман, побарал од британскиот премиер Ајтли да дозволи миграција на 100.000 Евреи во Палестина. Овој веднаш прифатил. Од друга страна, пак, милитантната организацијата Хагана продолжила со атентатите врз Британците кои сеуште се наоѓале во Палестина. Се придружила и организацијата Аргон кревајќи ја железницата во воздух. Во сенка на овие случувања Арапската Светска Лига упатила протест до САД и Британија во врска со еврејската миграција. Британија одговорила дека и понатаму ќе ја помага еврејската миграција. Јавно се откажала од Белата книга каде што ветила формирање палестинска држава и повторно го потврдила ветувањето на Белфор. Формиран е американско-британски комитет за изнаоѓање идеално решение на палестинскиот проблем. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Депортација на Ел-Хаџ Емин Ел-Хусејни Британија поитала да ги забрани сите палестински политички движења и организации. Од Палестина се депортирани пет истакнати личности. Издадена е потерница по Емин Ел-Хусејни, па тој пребегал во Либан. Од таму го управувал востанието и сега судирите со Британците добивале на интензитет. (слика, Ел-Хаџ Емин Ел-Хусејни) За време на договореното примирје Британија ја активизирала миграцијата на Евреите. Предност имале оние од Европа. Своите воени услуги несебично им ги давала на милитантните организации Хагана и Аргон. Сега испланирале напад врз Палестинците. Организацијата Аргон почнала со атентати на истакнати арапски личности. Организацијата Хагана објавила дека ќе ја брани секоја нападната еврејска населба во Палестина. Британците одредиле ционистички капетан по име Одри Вингарт за да ги обучува еврејските терористи. Тоа била претходница на денешната израелска војска. На 11.11.1937 година Британија формирала специјални инквизициони воени судови. Куќите на муслиманите биле безобѕирно претресувани. Ако во некоја куќа било пронајдено оружје, куќата веднаш ја рушеле, а воено способните мажи од тоа семејство на лице место биле убивани. Арапите постојано возвраќале на тие варварски напади. (слика, Високиот Арапаски Комитет е распуштен) 1938 година или 1358 х.г. Британија го зајакнува своето воено присуство во Палестина Со оглед на зголемувањето на воените акции, Британија била принудена да го зголеми своето воено присуство со нови сили од матичната земја и Египет. Капетанот Одри Вингарт обучил специјални командоски единици од редовите на Хагана со цел атенатати врз палестинската младина. Британците и организацијата Аргон кренале во воздух неколку пазари. Палестинците ги нападнале еврејските пазари. Секако, Евреите биле први кои употребиле експлозив и бомби на јавните пазари во Палестина со цел ликвидација на обичните граѓани-цивили. Во сенка на овие воени дејствија, Британија ја зголемила еврејската миграција и барала големи финаниски средства од светските еврејски организации. На Евреите им пристигнувале и пари и оружје од сите страни. Оваа година биле подготвени 5708 акции против еврејско-англиската коалиција. Британците во оваа војна загубиле 10.000 војници и исто толку биле ранети. Нешто помалку загинати имале Евреите. Од страната на Палестинците бројката на загинати била 12.000 шехиди (маченици), со Божја воља. Сите се убиени во судирите со англиската војска. Британија ангажирала 82.000 војници и полицајци, а Евреите 60.000 вооружени милитанти во големата операција за „чистење“ на Палестина. Биле уапсени 50.000 палестински муслимани, а пет илјади куќи биле срамнети со земја. Британија во тоа време како воено најсилна држава во светот влегла во војна со воено слаб и немоќен народ без организирана војска. Така го бранела светскиот ционистички поредок. Арапските земји останале само неми набљудувачи и не пратиле никаква помош на нивните сонародници во Палестина.[1] [1] Истата слика се повторува и денес. Арапските земји, управувани од еврејско-американската политика, немо набљудуваат како во Палестина секојдневно гинат на десетици невини муслимани кои само се бранат од еврејската окупација. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абдулакдир Ел-Хусејни ги предводи муџахедините Истовремено Абдукадир Ел-Хусејни отпочнува со џихадски акции. Централата им се наоѓала во Бирузејт. Акциите ги усмериле против центрите на економската моќ на Евреите и Британците. Британските касарни трпеле големи загуби, а исто така и нивните оклопни единици. Британците се кренале на против удар со голема воена кампања. Почнале да рушат куќи и цели населенија кои претставувале појдовна точка на палестинскиот отпор. Во тоа срдечно им помагале еврејските милитантни организации Хагана и Аргон. Веста брзо се прошири низ исламскиот свет. Кон Палестина се упатиле голем број на исламски доброволци. Пристигнале од Јордан, Сирија и Ирак. Либанецот Февзи Кавукџи пристгнал со 150 вооружени муџахиди. Во август 1936 година акциите достигнале број од 4.000 испланирани напади. (слика, Февзи Кавукџи) Арапските лидери против џихадот во Палестина Британија ги употребила сите расположливи средства за уништување на револуцијата. Дивјачки и безмилосно удирала, но не ја уништила револуцијата. Се одлучиле на нова интрига и побарале од арапските лидери да реагираат. Овие пак од своја страна, како по обичај навикнати на предавства кон своите браќа, му се обратиле на Високиот Арапски Комитет со следните зборови: „Нас многу нè погоди ситуацијата во Палестина и тоа ни предизвикува само болки! Ние, во договор со нашите браќа, арапските кралеви, а и принцот Абдуллах, управникот на Јордан, ве повикуваме да ја прекинете борбата во желба за прекин на крвопролевањето. Длабоко сме уверени во добрата намера на нашиот пријател Британија дека навистина сака спроведување на правда подеднакво за сите во Палестина!“[1] После ова обраќање на арапските предавници, Високиот Арапски Комитет бил принуден да престане со воените активности. Голем број на воени и политички аналитичари тврдат дека доколку арапските лидери не се вмешале во оваа војна, Британците и Евреите многу бргу ќе биле протерани од Палестина. Но, голема улога одиграло и политичкото неискуство на палестинските муџахедини кои поверувале во зборовите на арапските лидери од регионот. Воените активности се прекинати со ветување дека Британија сериозно ќе ги разгледа нивните барања. Од страв да не се разбие единственоста на палестинската заедница, муџахедините и покрај тоа што не сакале да запрат со револуцијата, прогласиле примирје сè до остварувањето на британското ветување. На 11.11.1936 година во Палестина пристигнал комитет на кралскиот кабинет за да ги утврди причините за големата револуција. Истрагата се водела со постојани разговори помеѓу сите страни. Така настаните се одвивале цели осум месеци кога револуцијата била ставена во потполно мирување. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абдулкадир Ел-Хусејни Овој настан на Палестинците им дал до знаење дека треба да се кренат на сеопшто востание. Емин Ел-Хусејни формирал Арапска палестинска партија со тајно воено крило на истата. Од друга страна се формирала и нова организација Светиот џихад под водство на Абдулкадир Муса Ќазим. Нив ги финансирал Емин Ел-Хусејни. Евреите не останале неми набљудувачи на оваа ситуација. Како одговор формирале милитантна нацоналистичка организација Аргон. Одговорен бил човек по име Џабот Скеп. Оваа организација била крајно екстремистичка и се одвоила од вооружените групи финансирани од Британците. Отпочнале со натрупување на големи количества оружје. Оваа година на пристаништето Јафа било откриено огромно количество шеврцувано оружје од Белгија, наменето за Евреите во Палестина. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојбата на Ерусалим сè до 1922год. До оваа година бројот на жителите на Палестина се покачил на 757.000 жители. Арапите сеуште ја имале бројката од 78%, Евреите само 11%, додека процентот на христијаните опаднал до 10%. Муслиманите биле сеуште апсолутно мнозинство во Палестина. Август 1922 година или зул-хиџе 1340 х.г. Константна политичка дејност Муслиманите одржале Втор, Трет и Четврт Палестински Конгрес. Во месецот август на Петтиот Конгрес во Наблус бил прогласен џихад со цел ослободување на Палестина и остварување на арапското единство. Палестинскиот национален совет категорично отфрлил можност за изградба на еврејски населби и нивно населување. Од друга страна, пак, сирискиот верски авторитет Изудин Ел-Касам објавил џихад против англискиот окупатор и против еврејското населување во Палестина. (слика, Третиот Палестински Конгрес) 1925 година или 1343 х.г. Движење за Исламски џихад Во оваа година е завршена изградбата на еврејскиот универзитет. Британскиот министер за надворешни работи Белфор лично го отворил универзитетот. Муслиманите во Палестина се побуниле и се одржал јавен бојкот во знак на незадоволство со неговата посета и со отварањето на еврејскиот универзитет во Палестина. Шејх Изудин Ел-Касам обзнанил дека со Англичаните ќе се пресмета само на начин на кој се пресметале со Французите во Сирија. Во 1925 година формирал движење за Исламски џихад со парола „Ова е џихад! Или победа или маченичка смрт!“ (слика, Четвртиот Арапско-Палестински Конгрес) Изудин Ел-Касам & се спротивставува на Франција Изудин Ел-Касам бил роден во Сирија во 1871 година. Го организирал отпорот против Французите во Сирија, а се борел и против Англичаните три години по ред од 1918 до 1920 година. Франција го осудила на смрт и почнала потрага по него низ цлиот регион. Бил присилен да ја напушти Сирија и се сместил во селото Јаџор, блиску до Јафа, во Палестина. Во тоа село станал главен верски учител. Потоа станал хатиб.[1] Почнал да ја оживува исламската свест во тој регион и веќе се здобил со голем авторитет но и со многу истомисленици. 1928 година или 1346 х.г. Ел-Касам е симбол на џихадот Во оваа година е формирана и организацијата на Исламската младина. Тоа е огранок на истоимената организација од Египет. По некое време, оваа организација Изудин Ел-Касам го прогласила за свој водач, а веќе бил водач и на движењето за Исламски џихад. Подоцна тој ќе стане и главен на движењето Ихванул-муслимин за Палестина. Ова движење е формирано во Египет во 1928 година Овој човек станал симбол на џихадот и главен протагонист за отфрлање на мирни решенија со непријателот. Од друга страна, пак, муфтијата на Ерусалим (Кудс) Емин Ел-Хусејни сеуште се надева на можно мирно решение. Во оваа година повикал на Седмиот, воедно и последен, Палестински Конгрес. Побарано е Британија да се дистанцира од ционистичкиот проект во Палестина. Конгресот не добил никаков одговор од окупаторската управа. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1922 година или 1340 х.г. Британско делегирање После оваа политичка иницијатива, муслиманите ги соединија своите редови. Тоа беше заслуга на Емин Ел-Хусејни кој формирал Исламско Високо Собрание. Ова Собрание станало појдовна точка за татковинското движење во Палестина. Како одговор, Британија издала Бела Книга, секако, со дозвола на ционистичкото собрание. Оваа книга содржела и нов устав на Палестина во кој било зацртано дека британското делегирање на Палестина не смеело да се менува. Исто така се потврдила и полноважноста на Белфоровото ветување кое не прифаќало никакви преговори. Овој устав бил предочен на тогашната Лига на Народите, претходник на Организацијата на Обединетите Нации, и на 22.07.1922 година било потврдено делегирањето на Британија со Палестина. Светот го ставил својот потпис со кој се одобрила окупацијата на Британија врз муслиманска Палестина. Британија во својата дволичност и итрина, формирала палестински парламент, но, без право да се бара отпуштање на нивното делегирање или пак да се повлече ветувањето на Белфор. Овој парламент немал право да расправа околу населувањето на еврејската популација на територијата на Палестина. Овој парламент немал право да одлучува за финансиската структура на земјата и со еден збор, овој парламент немал никакви права. Овој парламент имал 23 пратеници, а само 10 од нив биле Арапи, и покрај тоа што во тоа време нивниот број изнесувал 78% од вкупното население. Евреите го одобриле овој парламент додека Арапите ја отфрлиле неговата валидност уште на самиот почеток. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1921 година или 1339 х.г. Востанието во градот Јафа Кога провокациите на еврејските узурпатори ја прелиле чашата, на 01.05.1921 година народот на Јафа се кренал на големо исламско востание. Од Јафа се проширило низ целиот север на Палестина. Муслиманите ги напаѓале Евреите по целата територија. Убиле 47, а раниле 146 еврејски узурпатори. Англичаните повторно им прискокнале на помош на Евреите и убиле 48 муслимани, а раниле 73 од нив. Востанието не траело подолго од една недела, благодарејќи на дивјаштвото и братската помош на Британците. Евреите не биле во состојба да им се спротивстават на муслиманите. Од друга страна, пак, почнала политичка дипломатска иницијатива и една делегација од Палестина се упатила кај Черчил, кој во тоа време бил министер за колонизација во Британија. Но, средбата со него не дала никакви резултати, како и сите поранешни пропаднати обиди од моментот на влегувањето на Евреите на палестинска земја. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1920 година или 1338 х.г. Револуција на семинарот за Мојсеј Во овој период е организиран исламски семинар под име „ Муса (Мојсеј), нека е Божјиот мир над него“. И додека семинарот траел, се кренала голема револуција против Британците и Евреите. Оваа револуција ја нарекле Севретул-ашрин. Востанието било вперено против Евреите кои веќе ги провоцирале Арапите, а и муслиманите воопшто, дека цела Палестина била нивна. Убиени биле пет Евреи, а ренети 211. Британците побрзале да се осветат и убиле четворица Арапи, а раниле 24. (слика, Емин Ел-Хусејни во разговор со кралот Фејсал I) Токму тогаш на сцена настапила една од најпознатите личности во историјата на Палестина, тоа е Ел-Хаџ Емин Ел-Хусејни. Подоцна тој ќе стане муфтија на Ерусалим (Кудс). Револуцијата била задушена, а водачите биле осудени на петнаесет години затвор. Британскиот воен заповедник бил сменет бидејќи во неговиот извештај нагласил дека повод за востанието е еврејската провокација упатена на сметка на Арапите. Ситуацијата тргнала кон полошо кога на конгресот Сан Рејмон му се дала предност на ветувањето на Белфор пред правото на Арапите. Конгресот за свој застапник ја избрал токму Британија и така воената власт се претворила во граѓанска окупација. Првиот цивилен управник во Палестина бил Херберт Самвел, некогашниот министер за внатрешни работи на Британија. Тој по потекло бил Евреин. Неговата улога била да го зајакне ционистичкото влијание во Палестина. Херберт Самвел поитал да прогласи дозвола за продавање на земја на еврејските доселеници. Ционистичката идеја веќе стапила на сила преку рацете на оваа личност. Херберт печател поштенски марки испишани на арапски, англиски и хебрејски - јазикот на Евреите. Британската влада издала декрет со кој се дозволувало секоја година во Палестина да се населат по 16.500 Евреи од целиот свет. Во меѓувреме за муфтија на Ерусалим (Кудс) бил назначен Ел-Хаџ Емин Ел-Хусејни. Овој исламски свештеник веднаш почнал со организирање на исламската структура на Ерусалим, посебно во Месџидул-Акса. Почнал со ѕидот Бурак, Евреите го нарекуваат „Ѕидот на плачот“. Го реновирал просторот околу ѕидот ѕидајќи околу него нов ѕид во склоп на големата џамија Акса. Тогаш Евреите дрско и арогантно се побуниле против муслиманите и му се пожалиле на нивниот ментор Херберт во врска со „грешната“ постапка на муфтијата без „нивна“ дозвола. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo red e deka toaa e sveta zemja za vas i t.n. Zboruvame za drugo prasanjata se navedeni ... |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |