|
Сакате да вежбате? Ви треба мотивација? |
Внеси реплика | страница <1 23456 10> |
Автор | |
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секоја чест за времето што го одвојувате за вежбање!!! 15 пати подобро тело 15 пати повеќе здравје!!! |
|
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да трчаат почетниците.
Водич Ако сте поставиле цел, да истрчате маратон или eден блок од вашата улица, без да застанете,трчањето во секој случај ќе даде голем придонес за да бидете во форма. Всушност со трчањето согоруваат многу повеќе калории во минута отколку со други форми на кардио вежби.Многумина имаат впечаток дека трчањето е многу тешко и дека никоигаш нема да бидат ‘доволно фит’ за да трчаат.Вистината е дека, многу малку луѓе можат да истрчаат долги патеки без претходно да се подготвуваат кондиционо. Но со соодветен тренинг и неколку важни услови,трчањето ќе биде носител на вашата ФИТ форма. Пред да почнете со трчање треба да имате добри патики.Трчањето не бара големи инвестиции во поглед на опрема,но добри патики мора да имате. Овие патики треба да бидат специјално направени за да го намалат ударниот шок кој патува нагоре по ногата,кога ќе удри стапалото на земја.За да одберете вистински патики обратете се во некоја специјализирана продавница каде ќе ви дадат токму тоа што ви треба. Професионалците кои работат во овие продавници ќе видат како газите и како се движите на подвижна лента или на тророар,па според тоа ќе добиат идеја за формата и ќе ви препорачаат соодветни патики. Можете да вложите и малку повеќе при купувањето бидејќи трчањето на долги патеки мора да биде безбедно за вас. Како да почнете? Дали само ги врзувате патиките и веднаш почнувате со трчање и гледате колку долго можете да издржите? Не треба така.Прво мора да потрошите малку време на вашата издржливост. Но ако работите според некоја добра програма,издржливоста ќе ја постигнете за пократко време. Пред да почнете со трчање потребно е да пешачите 20-30 минути.Ако тоа ви изгледа многу,тогаш прво надградете се тука на ова ниво,па потоа во пешачењето вметнете го и трчањето,така ќе станете по силни и по фит (по витални). Кога еднаш ќе ја совладате со леснотија поставената патека пешачејќи,вметнете мали серии со трчање. Добро за почеток би било да пешачите 4 мин и потоа една минута да трчате.Повторувајте го овој пешачење/трчање процес по должината на целата патека за трчање. Вашата цел е постепено да го намалувате времето поминато во пешачење а да го зголемувате времето поминато во трчање.Сесиите за трчање треба да бидат предизвикувачки,штом трчањето од 1 минута ви станува многу лесно,трчајте 2 минути и тн. Набрзо, без да осетите, веќе ќе трчате 30 минути без престан. Но не заборавајте дека загревањето и истегнувањето не треба да се избегнуваат тие се ОБАВЕЗНИ!! Многу почетници што трчаат се жалат дека неможат да дишат(немаат здив)додека трчаат а ова бара од нив на кратко да застанат, да направат пауза. Ако ви се случи ова,забавете и одморете се.Најпосле ова нее трка. Една од најголемите почетнички грешки е брзото трчање. Ако не можете брзо да трчате, забавете го чекорот,што е правилно. Не треба да збифтате.Концентрирајте се на длабоко дишење од долниот дел на стомакот,наспроти кратки,површни дишења. Во ред е да се одморите ако тоа ви е потребно,и не брзајте повторно почнете да трчате кога се чувствувате спремни за тоа. Соодветно држење на телото ќе ви помогне да ја одржувате енергијата а да ги избегнете повредите. Треба да бидете исправени,рамената нанзад,собран стомак, без влечкање и наведнување. Гледајте во хоризонтот пред вас наместо да гледате во вашите нозе. Не заборавајте ги рацете!Тие треба да одат напред назад,наизменично за да ви помогнат во забрзувањето,бидејќи ако рацете ги држите вкочанети или ги нишкате тогаш не ви помагаат во трчањето.Особено ако отрчате по угорнина тие ќе ви помогнат многу. Запомнете дека е важно да одржувате усогласен напор,не е потребно да одржувате чекор кога трчате нагоре. Трчањето многу ќе ви помогне за да успеете да бодете ФИТ!!! Запомнете дека треба да се консултирате со вашиот лекар пред да ја започнете активноста,посебно ако сте пушач или имате некоја наследна болест на срцето. Доколку временските промени делуваат на вашето здравје,или ви е тешко да најдете друштво за трчање, справите со кардио дејство можат сето ова да го заменет. Изменето од BidiFit - 26.Февруари.2008 во 17:16 |
|
realna
Сениор Регистриран: 01.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 541 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eve i jas da se pofalam vezbam po 15 minui poslednive 2nedeli i bas mi e ubavo site muskuli si gi razbudiv inaku kako zdrvena bev.
a inaku motivacijata bese na poveke mesta procitav deka pomaga za podobro raspolozenie i za polesno ucenje i podobra koncentracija |
|
srekata ne e vo parite no nema sreka bez pari, parite se sredstvo ne se sami po sebe cel!
|
|
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баш ме радува што си ја сватила суштината на мотивацијата. Само така продолжи,ќе бидеш многу среќна и полна со позитивна енергија |
|
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mашки VS женски фитнес
Машки фитнес: машката популација најчесто вежба да ја зголеми и истакне мускулната маса. Вежбите се многу „пожестоки“ од оние на жените, а поголема е и употребата на справи и реквизити. Кревањето на тегови со рацете и нозете се најчестите вежби кои на мажите им помагаат во дефинирањето на мускулите. Женски фитнес: жените најчесто вежбаат за да ја намалат, зголемат или пак задржат идеалната тежина. Потоа, следува тонирањето на мускулите и обликувањето на силуетата. И жените вежбаат енергично, но на еден поинаков начин. Целта на женскиот фитнес е да го забрза метаболизмот и тонира мускулите, па токму затоа повеќе се застапени кардиоваскуларните вежби. Во секој фитнес план, без разлика на полот, се застапени тегови, но жените користат мали тежини за тонирање, а мажите големи тежини за зголемување и обликување на мускулната маса. Поради различните цели, кај мажите и жените се разликува и режимот на исхрана. Мажите најчесто практикуваат протеинска диета, додека жените во исхраната ги користат продуктите кои содржат малку калории. Неколку фитнес совети! Иако има големи разлики помеѓу машкиот и женскиот фитнес, постојат и неколку генерални правила кои се однесуваат и на вежбањето на двата пола. Еве што Ве советуваме: Фитнес опремата е исклучително важна. Почнувајќи од самите справи, па сé до патиките кои ги носите – погрижете се при вежбањето да ја имате потребната удобност и сигурност. Единствено на тој начин ќе се заштитите од непотребните болку во грбот, зглобовите и мускулите...како и од евентуални повреди. Вода, вода, вода. Не заборавајте го шишето со вода кога вежбате. Единствено тоа Ве штити од дехидрирање. Не претерувајте со вежбањето. Внимавајте на телесните сигнали и запрете со вежбањето секогаш кога ќе почувстувате болка или нелагодност. На фитнесот секогаш треба да гледате како на релаксирачка и забавна активност, а со тоа и секогаш да се радувате на следното вежбање. Доколку уживате во она што го правите, нема да го намалите времето на вежбање и нема вежбите да ги правите половично, а со тоа побрзо и полесно ќе ги постигнете посакуваните резултати. Фитнесот е еден од најдобрите начини за ослободување од стресот. Затоа, вежбајте редовно и живејте поздраво, поопуштено и посреќно. |
|
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ciaozz
Нов член Регистриран: 05.Септември.2006 Локација: Guam Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Live your life in a healthy way, make the time be on your side and become happy. Can we do it? Can we achieve it? There is a solution, allow to our body to act in correctly and healthy way in any situation or state. |
|
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да го прочитав ова за дишењето.Ок си е!
|
|
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ej epten mi e potrebna motivacija..svesna sum kolku e vezbanjeto zdravo i potrebno ama nikako da pocnam..moram preku forumov da se motiviram
|
|
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не чекајте друг да ве мотивира направете го тоа сами!!
Интересно е со мотивацијата!!!! Секогаш излегува истото.Таа ве остава секогаш на полаовина пат а веќе сте почнале да слабеете или да вежбате. Добро сте напредувале, и еден ден,ја губите мотивацијата и повеќе не размислувате да ја вратите.Набрзо ќе забележите дека ви се тесни пантолоните,не можете да дишете во нив,и очајно сакате да и се вратите на диетата. Но,ден по ден,вашите добри намери ќе исчезнат а вие не ќе можете да сватите каде ви отишла мотивацијата. Мотивирај се сам Интересно е како, кога сте високо мотивирани,се чувствувате енергични,подвижни,фокусирани и одлучни. Ништо не може да ви застане на патот и секогаш сте во состојба да се пробиете и да ги завршите работите. Но, ако еднаш ја изгубите мотивацијата,ќе ве понесе инерцијата.Знаете дека треба да се промените,но неможете да го преминете прагот. И,ќе почнете да јадете чипс,зашто ви изгледа полесно отколку да правите планови, да се мерите и да готвите. Па се прашувате, како да се вратите пак во форма, како да ја засилите мотивацијата и зошто се ви е толку тешко? Создадете Фама Пред се, мора да знете дека мотивацијата не е постојана. Доколку ова ви стане јасно, нема за што да се грижите понатаму. Затоа, многу е важно, самите да си ја подигате мотивацијата. Наместо некои надворешни кризи да ве натераат да се мотивирате ,можете самите да ја разбудите мотивацијата во себе.Пронајдете начин за да генерирате задоволство и енергија.Гледајте на мотивацијата како можност а не како товар или досада,и потоа развијте извори што ќе ја одржуваат. Еве неколку идеи што ќе ви помогнат да се мотивирате: * Помислете ЗОШТО? Направете листа со најмалку 10 причини ЗОШТО сакате да ја намалите тежината. Ако веќе сте го направиле ова,направете нова листа. Потоа извадете ја старата и споредете ја со новата. Секогаш кога ќе ја изгубите мотивацијата,прочитајте ја оваа листа за да ве поттикне да го издржите напорот. * Обрнете внимание Ако кажете: - Некој од наредниве денови ќе започнам со вежбање!-обично не функционира. Без разлика дали почнувате со диета или со вежбање мора да стоите на тоа ,секој ден,за да има резултати.Направите добар план и внимателно фокусирате се на него, и следете го. Одржувајте ја мотивацијата и кога не сакате,и кога не ви треба диета или вежбање,тогаш обично ви треба најмногу. Дури и кога физички сте болни не дозволувајте вашите чувстава ди ги ограничат вашите активности. Откријте нови трикови,направете нови методи,и држете се до планот,дури и кога не сте баш за тоа. Не сте на одмор, туку сте во шпицот на работата,тогаш ви останува помалку време. Тогаш, запнете посилно и останете фокусирани на вашата цел .Со обновување на мотивацијата вашиот напор ќе се исплати а резултатите ќе можете да ги видите во огледало и ќе се отсликаат и во вашиот животен стил. |
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
busvek
Нов член Регистриран: 26.Февруари.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внеси реплика | страница <1 23456 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |