|
Анализа на предлогот на Нимиц |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Neonic
Сениор Регистриран: 17.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Февруари.2008 во 16:56 |
Edna mnogu ubava analiza na posledniot predlog na Nimitz za razlikite okolu imeto so Ciganine od Atina!-Pozajmeno od Kajgana forum, no vredi da se procita, pa zatoa go postiram i tuka...
"Не е најголем проблем промената во ДРМ (иако за мене и тоа е пораз) Најголем проблем е што се носи тој пораз. Ајде едно по едно сите точки кои ни се налепени заедно во пакет со новото име.
I - Овие Страни ја изразуваат желбата за решавање на разликите во врска со прашањето за „името“ во духот на добрососедските односи и пријателство, имајќи го предвид вишиот интерес за мир и безбедност, како помеѓу двете земји, така и во регионот; - Со првата реченица, веднаш почнува провокацијата. Македонија нека го промени името, за Грција да ви биде пријател. Не е тоа уцена? Две деца на улица, и едното му вика на другото. Купи ми чоколадо ако сакаш да ти бидам другарче. Ако не ми купиш, ќе ти го викнам брат ми... Тогаш прашањето... ако се одлучи второто дете да купи чоколадо, зарем наредниот ден нема да се бара нешто друго од него??? Класична уцена направи Нимиц со првата реченица. II - Од Генералниот секретар на ООН се бара да ги изложи пред Советот за безбедност заклучоците на овие соговорници и да побара од Советот за безбедност да усвои резолуција со долунаведената цел во врска со резолуциите 845 (1993) и 817 (1993). - И почнува тука најлошиот дел: долунаведената цел... 1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија. - Од кога се викаат така? Па, нели, до 90ти тие беа една целина позната како Северна Грција? И кој губи? Само ние Македонците. Прво, пред спорот со името никогаш не ги ни викале тие Македонија... дури се обидуваа да го заборават тоа... едноставно се обидуваа да ги исперат Егејците да заборават не само Македонски јазик и култура, туку и името. Така, во сите учебници, книги од Грција тие делови беа... Северна Грција... и оп, наеднаш им текна... дека тие делови се Македонија источна, западна и централна, и немаме право да им се машаме... мааа дајјјј 2. Се признава дека уставното име на Втората страна е Република Македонија и дека територијата на Втората страна опфаќа дел од историската Македонија. - Океј е ова, но, само ако заврши на ова... читајте подоле... како самата точка ГУБИ секакво можно значење... 3. Покрај уставното име на Втората страна, името на Втората страна, кое се употребува меѓународно („Официјално меѓународно име“), како што се опишува подолу ќе биде: (види во анексот 1). 4. Официјалното меѓународно име ќе го замени „Поранешна Југословенска Република Македонија“, како официјално име на Втората страна во ООН автоматски, веднаш. 5. Официјалното меѓународно име ќе се употребува како име на Втората страна: а) во мултилатералните договори, спогодби и конвенции, б) пасоши и в) за пристапување и официјална употреба во меѓународни организации. - Овие 3 точки ќе ги ставам во една. Официјално меѓународно име, кое ќе биде различно од Уставното. Тогаш, ЗОШТО ни е Уставното име. „Јас се викам ДРМ, СРМ, РНМ или WTF, иако во уставот ми стои друго име, кое за жал не смеам да го кажам бидејќи Грците ќе ме тужат пред совет за безбедност.“ Каде е логиката тука? Што е со оние 120 земји кои не имаат веќе признато како Република Македонија? Правиме договор со некоја од тие земји, и тие не именуваат како Република Македонија. Ние, поразени, мораме да им речеме: „Извинете, но, не се викаме така. Преправете ги договорите, бидејќи овој договор нема да е валиден ако го видат циганите..“ Како е можно да паднавме на таков степен дури нашиве политичари (без исклучок опозиција, власт...), нашите новинари, медиуми, да размислуваат и да не убедуваатнас граѓаните дека: „можело да се најде нешто интересно во предлогот на Нимиц“. ПОРАЗ е само што Димитров пушти рака и зеде копија од договорот. Треба цврст став. Не е никој толку голем за да ни чепка во идентитетот... а за него, малку подоле... 6. Се предлага официјалното меѓународно име да биде разгледано за употреба во други официјални меѓународни околности и во службена билатерална меѓународна употреба. Официјалното меѓународно име исто така може да се употребува таму каде што се смета за целисходно во скратени облици (акроним) во согласност со востановената пракса, која важи во кои било меѓународни организации и доследно со прифатената пракса што се применува генерално од државите, освен од тие што се споменуваат во параграфот 7. 7. Зборот „Македонија“ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име, типично или атипично, за Втората страна, или како официјално име на која било друга држава. - пак да се навратам на она што го почнав за првата точка. Грција добива во секој поглед. Тие, никогаш ни користеле ни планираат да го користат името Македонија за именување на нивната држава. Замка, со невиден размер. Со еден удар тепаат 2 муви. Првата, ни го менуваат уставот, ни чепкаат во најсветото, а втората, автоматски го негираат целото македонско малцинство кое живее во нивната земја. Повторно 6та и 7ма точка се точки кои се однесуваат само на нас во Република Македонија, и на македонците во Егејска Македонија. 8. Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името „Македонија“, „Македонски“ или „Македонец“. - Е, овој е најлошиот дел. Ни негираат СЕ македонско... па ЗОШТО уставното име да е Р. Македонија, кога не смееме да го користиме никаде подалеку од дворот. Заборавете на Македонска историја, Македонски јазик, Македонска книжевност, Македонска академија на науките и уметностите, Македонска радио телевизија, Македонска берза, Македонска банка, Македонско сонце, Македонска писменост, Македонски народни приказни, Македонска Интеретничка Асоцијација.... да набројувам уште? Сакате ли да се нарекува: Историја на ДРМ, јазикот на кој зборуваат граѓаните на ДРМ, Книжевноста на ДРМ, Академија на науките и уметностите на ДРМ, радио телевизија на ДРМ, Берза на ДРМ, Банка на ДРМ, Македонско сонце (е тука незнам како... можеби само Сонце?), Писменоста на населението на ДРМ, Народни приказни од ДРМ, Интеретничка Асоцијација на ДРМ... И, најголем проблем е што, не смееме да се жалиме. Мислам, ќе ни речат... ВИЕ одбравте на референдум... И во најлошиот дел - најлошото: Македонец. Ќе прашаат македонец: - Што си по националност? треба да им одговориш: - Граѓанин на ДРМ. Пак прашање: - Ок, тоа веќе напиша, но што си по националност, во ДРМ има албанци, роми, власи, срби... што си ти по националност? одговор: - НИШТО. празно множество, човек без идентитет, без припадност, одберете вие што сакате да сум. Јас останав човек без националност, без право да одберам што сакам да сум. 9. „Македонија“, „Македонец“ и „Македонски“ може да се употребуваат во економска смисла од двете Страни и од страна на граѓаните или организирани групи правно признати од двете Страни, но само според постојната меѓународна легислатива, врз база на договори и пракса што се однесуваат на употребата на географски имиња за економски или слична цел. - Па, на крај, дури и за економски цели можело да се користи, но САМО ако ни дозволи Грција... А знаеме како тоа би одело. Имаме Македонска ракија, фабрики, ресторани, продавници, трафики, кои содржат збор Македонија. Но, џабе... или ќе се прекрстат или едно официјално барање до Грција од страна на нашата Влада кое гласи: - Драги пријатели Грци. Петко Петковски од Муртино сака да отвори едно кафанче. Ние му велиме да го крсти Муртински рај, ама тој се запнал за Македонски рај. Дали ќе бидете добри и ќе му дозволите? Потпис. Македонска Влада... (упс, се извинувам Влада на ДРМ) III - Секоја Страна строго ќе се придржува до условите на Непосредната спогодба од 13 септември 1995, освен до тие што се видоизменети подолу. IV - Секоја од Страните отфрла секакви територијални претензии кон другата Страна и нема да поддржува каква било иредентистичка изјава на ниту еден официјален начин и ќе дејствува во правец на обесхрабрување на каков било сличен тврд радикализам, зашто се претполага дека ќе дејствуваат за сметка на или во интерес на таа Страна. - Тврд радикализам.... зарем нема да им го забиеме ножот на браќата од Лерин, Воден, Кукуш, Солун... зарем со оваа точка не ја уништуваме Виножито, која за 5 минути после потпишување на ваков договор ќе ја добие етикета: Радикална партија, која работи против интересите на Грција и ДРМ? Зарем циганите нема да се обидат по секоја цена да го обесхрабрат тој народ кој години се бори да се пробие, и да добие политичка поддршка од сите оние Македонци кои живеат во Егејот? Сите оние кои се протерани, да си добијат своето место, да си се вратат таму каде што им се корените.... И, на крај, ќе страдаат и Македонците. Излегува некое бате на телевизија, и вели: Во егејскиот дел на Македонија. Власта која и да е, треба да го осуди како ширач на радикализам.... АЈДЕ!!!! V - Страните ќе го изразуваат својот предлог за приближување на разговорите до степен на договор, било за заедничка декларација и ќе ја потврдат својата желба за зајакнување мирољубиви и блиски меѓусебни односи, да изразуваат меѓусебна почит на суверенитетот и територијалниот интегритет, културното наследство и да го потврдат својот придонес за тесна соработка за безбедносните прашања и економскиот развој, како и други прашања од заеднички интерес. VI - Страните ќе го изразат својот предлог да почнат разговори за создавање една заедничка комисија, која ќе испитува и ќе дава сугестии во врска со прашања од културата и образованието, така што ќе доставуваат предлози до комисијата. VII - Првата Страна ќе ги поддржува барањата на Втората страна под официјалното меѓународно име за прием во заедничките регионални и меѓународни организации, вклучително Европската Унија и Северноатлантскиот пакт. VIII - Втората страна ќе бара од надлежните административни власти да го преиспитаат именувањето на националните аеродроми, имајќи ја предвид вознемиреноста (чувствителноста) на Првата страна. - Како што вика Таковски: Дрн дрн милојке. Чувствителноста поради аеродромот... Зошто по ѓаволите ова е еднострано. Македонија да преиспита поради чувствата на циганите, а Грција може слободено дури и ВеЦе-ата да ги крсте Александрија. Па, што правиме со Александрија виното? Што правиме со споменикот на Александар во Прилеп? Што правиме со споменикот Македониум во Крушево. Што правиме со плоштад Македонија? Што правиме со улицата Македонија? Што правиме со нашата историја? Ја силуваме!!! IX - Втората страна ќе дејствува преку уставните процедури за спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност, која се споменува во горенаведениот параграф 2, за да се обезбеди, според нејзината легислатива, прифаќање на официјалното меѓународно име за службена меѓународна употреба, како што се предвидува со резолуцијата на Советот за безбедност. И на крај да завршам. СО ОВА ГУБИМЕ. Не само со Грците, губиме со целиот свет. Можеби ќе влезиме во ЕУ, и НАТО, но ќе влезиме без идентитет. И кучињата во Романија се во Европска унија. Сакате така да се чувстуваме? Или, можеби сето ова е само тест, дали сме доволно зрели за да станеме полноправни со Европа. Експеримент, кој треба ние да го завршиме. Да покажеме дека сме доволно свои, самостојни... имеме наше ЈАС. Губиме и во однос на останатите народи (по ново) кои живеат во Македонија. Тие остануваат со споменици на Борци за слобода. Тие остануваат со улици, училишта и плоштади прекрстени во Тетово и тетовско во „Илирија“, „Призренска лига“, „Ѓерѓ Кастриот - Скендербег“, „Наим Фрашери“, „Дервиш Цара“ и други. „Екрем Чабеј", „Фаик Коница", „Фан Ноли", „Луиѓ Ѓуракуќи", „Пашко Васо", „Ибраим Тема", „Хасан Таксини".... А ние со што остануваме? МАКЕДОНЦИ разбудете се!" Изменето од Neonic - 24.Февруари.2008 во 01:52 |
|
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од Миленко Неделковски:
Од после синоќешната емисија до сега, имам примено повеќе од 1.200 мејла. За форумов сте сами свесни. Телефоните во Канал 5 звонеле до 8 часот наутро. Луѓето сознаваат дека во врска со преговорите за името НАШИТЕ си го лажат народот. Не се виновни ниту Нимиц, ниту Сајрус Венс, ниту Бакојани, ниту грците... Не, не, виновни се нашите преговарачи и влади во последните 17 години. Многумина во мејлите бараат реприза на емисијата, нови емисии со слични или исти соговорници... Навистина ми е тешко да одговорам на сите. Едноставно технички немам доволно време. Затоа на овој начин прашувам: Дали сакате (во следните неколку дена) да се собереме на митинг пред Владата? Но, на митингот да немааат право да се прикачат политички партии и политичари. Односно само народот да си го искаже својот став? Организацијата и терминот ќе одат преку овој форум. Ве молам, доколку сте за, многу е битно да на митингот има солиден број луѓе. Оти, ако има малку, сет мој труд и ваша поддршка за името ќе останат залудни. Затоа, ве молам во своите постови да се пријавувате, за да се преброиме. Немора да е тоа со име и презиме, ама со согласност дека би дошле. На митингот би зборувала Мирка, и толку... Да покажеме на Владата и Председателот дека имаме повеќе ум од нив |
|
inessX
Сениор Регистриран: 28.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНЦИ разбудете се!"
veke e redno duri i hitno |
|
for_macedonia
Нов член Регистриран: 18.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
treba da izleze narodot na mi8ren protest ida si go brani svoeto IME i IDENTITET
|
|
VE007MK
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одиме од Велес !!!!!!!!!!!!
|
|
Мудриот човек не го кажува сето она што го мисли,но го мисли добро она што ке го каже!
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
NE BLAGODARAM....MAKEDONIJA IMA IME
|
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nie imame vnatresni problemi so koj tesko nadvoresni se resavat...-.
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немаме време за крштевка.
А, и си имаме име од памтивека, доволно старо и доволно силно. Се е кажано РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема друг избор , а и не ни треба. Така ли е македоци???????????? |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
borec
Сениор Регистриран: 22.Септември.2007 Локација: Australia Статус: Офлајн Поени: 1294 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Neonic i novache....MI SE CHINI DEKA VO TOJ "ORIGINALOT" prv pat sto izleze vo javnostta NE BESHE vaka OVOJ DEL:
1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија.
- Од кога се викаат така? Па, нели, до 90ти тие беа една целина позната како Северна Грција? И кој губи? Само ние Македонците. Прво, пред спорот со името никогаш не ги ни викале тие Македонија... дури се обидуваа да го заборават тоа... едноставно се обидуваа да ги исперат Егејците да заборават не само Македонски јазик и култура, туку и името. Така, во сите учебници, книги од Грција тие делови беа... Северна Грција... и оп, наеднаш им текна... дека тие делови се Македонија источна, западна и централна, и немаме право да им се машаме... мааа дајјјј Kako prvo i prvo....
Megutoa BASH SEGA KE PROVERAM PAK - I KE SPOREDIME...
|
|
Neonic
Сениор Регистриран: 17.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denesna Egejska Makedonija vo Grcija e podelena na 3 teritorijalni administrativni edinici: Istocna Makedonija i Trakija, Centralna Makedonija, i Zapadna Makedonija i Epir. Toa im e spored najnovata teritorijalna podelba... Eve ti uste eden prevod na predlogot http://scienceorfiction.blog.com.mk/node/137240 Изменето од Neonic - 24.Февруари.2008 во 02:58 |
|
borec
Сениор Регистриран: 22.Септември.2007 Локација: Australia Статус: Офлајн Поени: 1294 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
DA!!!! VO PRAVO SUM!!!!Eve KAKO E "ORIGINALOT" - ODNOSNO prvata verzija sto izleze vo javnost:
1. Се признава дека два дела од Грчка Македонија и еден дел од Република Македонија, се делови од историска Македонија. SHTO PRAVI MNOGU GOLEMA RAZLIKA VO TOLKUVANJETO!!!!!
E SEGA....dali i OVAA verzija e tochna....????? Neznam!
Megutoa MOE lichno mislenje e DEKA E - megutoa ZA SEKOJA SIGURNOST NE BI BILO LOSHO DA SE PROVERI I POVEKE PATI AKO TREBA!!!!
A za Milancho od kanal5 NEZNAM STO DA PROKOMENTIRAM - najjubavo vremeto ke pokaze izgleda.
Moe mislenje e DA SE PROVERI PRVIN pred BILO KAKVI PANIKI I SOBIRI DA SE PRAVAT!!!!
Razni tipovi go KORISTAT ovoj moment na "guzva" za da go PRETVORAT VO "KOLEZ"!!!!!! TREBA MNOGU PAZHLIVO DA SE IGRA I BEZ MNOGU BRZI I NEPROMISLENI CHEKORI!!!!!!
|
|
Neonic
Сениор Регистриран: 17.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eve uste eden dokaz, deka predlogot e Katastrofa, i poln so zamki, za koi ni Vladata ne e svesna ИНТЕРВЈУ: ПРОФЕСОР ЉУБОМИР Д.ФРЧКОСКИ Црна дупка во предлогот на Нимиц
За нас е убедливо најкобен членот 8 и ако тој остане
ваков каков што е, ако е тоа грчката позиција и ако добијат цврста
меѓународна поддршка за него, по мое мислење, целиот договор мора да
падне. Во предлогот на посредникот на ОН во спорот за името има неколку стапици за Република Македонија, а членот 8 е црна дупка за
Македонците. „Тоа е опасна црна дупка, која се заканува да не' проголта
нас Македонците како нација“, истакнува Љубомир Данаилов Фрчкоски
професор по меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во
Скопје, во интервју за „Дневник“. Повод за интервјуто е последниот
предлог на Нимиц, кој предизвика бурни реакции во Македонија, а
експертската јавност оцени дека неколку точки се неприфатливи за
Македонија. Професор Фрчкоски истакнува дека сега треба да седнеме на
сериозни преговори и предупредува од опасноста од „латентен
антиамериканизам“ во контекст на регионалните случувања, особено по
настаните во Србија. „Наместо конспиративни теории, сега ни треба
сериозност и влегување во вистински преговори“, вели тој. * Кои би биле консеквенците од таквото прифаќање? Притисок преку црвената линија * Нимиц
изјави дека документот е избалансиран и дека ниту една страна
стопроцентно не ја задоволува. Но, се гледа дека речиси сите отстапки и
стапици се наменети за Македонија. Што велите на тоа вие како експерт? Влегуваме во шатл-дипломатија * Што ќе се случи ако не прифатиме комбинирано име и таа црна дупка во членот 8? |
|
borec
Сениор Регистриран: 22.Септември.2007 Локација: Australia Статус: Офлајн Поени: 1294 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I SHTO IMA TUKA (VO TVOJOV DOKAZ) za USHTE EDEN dokaz POVEKE od veke TOA sto predhodno go znaevme.....A VLADATA so nejziniot iskaz deka: "javnosta veke znae....vo mediumite veke se proshiri" (Gruevski) i GO POTVRDI istoto: deka IMA mnogu nepravilnosti, koi bidete sugurni vladata NEMA da gi usvoi" (pak Gruevski).
Pa tipov Frchkovski si kazuva UBAVO:
"За нас е убедливо најкобен членот 8 и ако тој остане ваков каков што е, ако е тоа грчката позиција и ако добијат цврста меѓународна поддршка за него, по мое мислење, целиот договор мора да падне.
Ништо не вреди во договорот ако остане членот 8, бидејќи со него директно ни се брише идентитетот,вели професор Фрчкоски" Znachi zboruva za chlenot 8 kako najkoben (za koj nie veke site ZNAEVME i predhodno) a NIKADE ne go spomnuva chlenot 1, koj ISTO tolku e koben vo verzijata na Milancho od kanal5 a e razlichen vo ORIGINALNATA VERZIJA, shto beshe objavena OD GRCITE (pazi NE od nash*te, tuku Grcite) I SEGA SE POSTAVUVA PRASHANJETO:
- Zoshto Grcite bi izvadile VERZIJA koja im e shtetna po niv, a meguvremeno da bidat svesni deka go prekrshile dogovorot za
"confidentiality" i deka za toa ke bidat JAVNO izblamirani?????
Po moe seta OVAA VREVA e samo stvaranje PANIKA so cel da se narushi mirot i da se stvori situacija na NEDOVERBA vo vladata, stvori nekoj HAOS i so moznost da se srushi vladata.....I...OOOP....SITUACIJA KAKO VO SRBIJA!!!!!
I ZA SETO OVA JAS BI IM PREPORACHAL NA SMISLUVACHITE NA OVA SCENARIO......
"EVO TI GA NAAAAAAAA!!!!!!!!!" (shto bi rekle nash*te Kumanovchani)
Изменето од borec - 24.Февруари.2008 во 05:24 |
|
Neonic
Сениор Регистриран: 17.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne znam, jas ne ja gledav emisijata, tuku se informirav za nea od internet izvori. Megjutoa i da ne e kako toj sto kazuva, Makedonskiot Narod treba da ja OHRABRI Vladata, deka so CELOSNA PODDRSKA stoi zad stavot za NEMENUVANJE NA USTAVNOTO IME i po cena na VETO.
Eden takov miting nema da steti, dokolku e miren,i ako ne e politicki izmanipuliran...tuku samo ke i dade na Vladata zeleno svetlo da i kaze na Grcija f**k off, and Bring it on if USA allows you! (mislev na Vetoto). |
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |