|
Не за НАТО, да за Уставното Име |
Внеси реплика | страница <1 7891011 33> |
Автор | ||||
fichot
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 783 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во право си. Многу е полесно да се купи стан тука. Просечна плата 250е (ако се има работа и ако за неа се добива плата), каматни стапки дупло поголеми од ЕУ, станчиња од евтини - поевтини. За 50-60 години си имаш станче, твое скроз. Таман за внуци. |
||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не за НАТО-кратко и јасно, напротив, ќе ми биде мило никогаш да не бидеме сојузник во таа срамна, к*рвинска алијанса на чело со америка...
За мене тоа е срам, да бидам дел од “сојузничките воени сили“, секаде каде ќе патувам да бидам гледана со мржња, да бидам опкружена со бази (како сега веќе да не сум), уф.... |
||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Malku poopsirna verzija na gorniot tekst.Se nadevam deka vnimatelno ke go procitate i analizirate.
Зборот „Македонија“ нема да се признава како официјално име „Дневник“ вчера дојде до основниот текст на предлогот што посредникотМетјуНимиц им го дал намакедонскиот и на грчкиот претставник во преговорите за името, на последната средба во Атина. Предлозите за новото име се содржани во „Анексот 1“ од предлогот, кој се' уште не е достапен до јавноста. [Метју Нимиц, Адамантиос Василакис и Никола Димитров (горе) во вторникот во Атина] Во продолжение на разговорите, кои се одвиваат во согласност со Членот 5. на Билатералната спогодба од 13 септември 1995, последователната обврска за разбирање се содржи во Страните (Првата страна застапувана од амбасадорот Василакис - „Прва страна“ и Втората страна застапувана од амбасадорот Димитров - „Втора страна“ како предлог за усогласување за прашањето за „името“ и слично. I - Овие Страни ја изразуваат желбата за решавање на разликите во врска со прашањето за „името“ во духот на добрососедските односи и пријателство, имајќи го предвид вишиот интерес за мир и безбедност, како помеѓу двете земји, така и во регионот; II - Од Генералниот секретар на ООН се бара да ги изложи пред Советот за безбедност заклучоците на овие соговорници и да побара од Советот за безбедност да усвои резолуција со долунаведената цел во врска со резолуциите 845 (1993) и 817 (1993). 1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија. 2. Се признава дека уставното име на Втората страна е Република Македонија и дека територијата на Втората страна опфаќа дел од историската Македонија. 3. Покрај уставното име на Втората страна, името на Втората страна, кое се употребува меѓународно („Официјално меѓународно име“), како што се опишува подолу ќе биде: (види во анексот 1). 4. Официјалното меѓународно име ќе го замени „Поранешна Југословенска Република Македонија“, како официјално име на Втората страна во ООН автоматски, веднаш. 5. Официјалното меѓународно име ќе се употребува како име на Втората страна: а) во мултилатералните договори, спогодби и конвенции, б) пасоши и в) за пристапување и официјална употреба во меѓународни организации. 6. Се предлага официјалното меѓународно име да биде разгледано за употреба во други официјални меѓународни околности и во службена билатерална меѓународна употреба. Официјалното меѓународно име исто така може да се употребува таму каде што се смета за целисходно во скратени облици (акроним) во согласност со востановената пракса, која важи во кои било меѓународни организации и доследно со прифатената пракса што се применува генерално од државите, освен од тие што се споменуваат во параграфот 7. 7. Зборот „Македонија“ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име, типично или атипично, за Втората страна, или како официјално име на која било друга држава. 8. Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името „Македонија“ или „Македонски“. 9. „Македонија“ и „Македонски“ може да се употребуваат во економска смисла од двете Страни и од страна на граѓаните или организирани групи правно признати од двете Страни, но само според постојната меѓународна легислатива, врз база на договори и пракса што се однесуваат на употребата на географски имиња за економски или слична цел. III - Секоја Страна строго ќе се придржува до условите на Непосредната спогодба од 13 септември 1995, освен до тие што се видоизменети подолу. IV - Секоја од Страните отфрла секакви територијални претензии кон другата Страна и нема да поддржува каква било иредентистичка изјава на ниту еден официјален начин и ќе дејствува во правец на обесхрабрување на каков било сличен тврд радикализам, зашто се претполага дека ќе дејствуваат за сметка на или во интерес на таа Страна. V - Страните ќе го изразуваат својот предлог за приближување на разговорите до степен на договор, било за заедничка декларација и ќе ја потврдат својата желба за зајакнување мирољубиви и блиски меѓусебни односи, да изразуваат меѓусебна почит на суверенитетот и територијалниот интегритет, културното наследство и да го потврдат својот придонес за тесна соработка за безбедносните прашања и економскиот развој, како и други прашања од заеднички интерес. VI - Страните ќе го изразат својот предлог да почнат разговори за создавање една заедничка комисија, која ќе испитува и ќе дава сугестии во врска со прашања од културата и образованието, така што ќе доставуваат предлози до комисијата. VII - Првата Страна ќе ги поддржува барањата на Втората страна под официјалното меѓународно име за прием во заедничките регионални и меѓународни организации, вклучително Европската Унија и Северноатлантскиот пакт. VIII - Втората страна ќе бара од надлежните административни власти да го преиспитаат именувањето на националните аеродроми, имајќи ја предвид вознемиреноста (чувствителноста) на Првата страна. IX - Втората страна ќе дејствува преку уставните процедури за спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност, која се споменува во горенаведениот параграф 2, за да се обезбеди, според нејзината легислатива, прифаќање на официјалното меѓународно име за службена меѓународна употреба, како што се предвидува со резолуцијата на Советот за безбедност. |
||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Dali nekoj ke go osudi ovoj gest na Grcite?
Ili tie moze sto sakaat da pravat a ti Makedonce da kutis? Neznam samo dali stvarno nasite politicari veruvaat vo fer igra ili ova im e samo kolku pozitivno da se predstavat pred javnosta. За да успее овој процес треба да се има взаемна доверба и фер однос, а објавувањето на предлогот на посредникот Нимиц најверојатно од Министерството за надворешни работи на Грција, не е фер однос, - Исто така, злоупотребувањето на снимките на државната грчка телевизија од немирите во Белград дека се случиле во Скопје ја нарушува довербата во овој процес, но и покрај некои вакви постапки Република Македонија ќе продолжи со конструктивен пристап со цел дијалогот да продолжи, а секој ќе има право и можност да ги истакне позициите со кои се согласува или не, а се согласно нашите национални интереси или спротивни на нашите национални и државни приоритети и интереси. |
||||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тешко дека ќе ќути макдончето, а и тешко дека атина ќе има смелост да прави било што, после откака го Нимиц. |
||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||||
IQ
Сениор Darling Регистриран: 11.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 12382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
REPUBLIKA MAKEDONIJA
od nato nishto fajde |
||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Uste edno predupreduvanje deka vo predlogot na Nimic se krie zamka.
Dobra zabeleska od MANU Академиците по средбата со премиерот Груевски излегоа со став за поддршка на државната политика за преговорите со Грција и предупредуваат дека демнат опасности во предлогот на Нимиц. „Да не биде доведен под прашање идентитетот на нашата држава, а истовремено да не биде доведено под прашање и нашето членство во НАТО. Тоа е сега една сериозна состојба во која се наоѓа нашата држава, пред големо искушение. Јас верувам дека ова што го планира државното раководство ќе донесе плод, ќе донесе сериозни резултати“, изјави академик Георги Старделов, претседател на МАНУ. „Инаку, ние изразивме длабоки сомненија не за имињата, тоа е општо прифатливо дека тие имиња, било „Демократска“, било „Независна“, се прифатливи за нас, но не се прифатливи оние клаузули внатре, во кои се доведува во прашање употребата на зборот Македонија, зборот македонски, овие атрибути итн.“, рече Старделов. „За тоа разговаравме и постигнавме, ми се чини, разбирање за нашите забелешки. Јас не сум сигурен во каква позиција е Македонија, бидејќи според она што сега е во оптек, се уште демнат големи неизвесности. Јас верувам дека следните неколку денови ситуацијата ќе биде многу појасна отколку што е сега во овој момент“, вели Георги Старделов. |
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
NATO U BLATO Изменето од moira - 23.Февруари.2008 во 03:09 |
||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
И тоа-во жива кал, па никад да не излезат од таму, гадови
|
||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ova e strav ne e zavrkancija
Нема решение, нема ниту покана за НАТО, ни влез во ЕУ. Ова е најновата закана на грчкиот премиер Караманлис, кој одговарајќи му на лидерот на крајната десница Караџаферис во грчкиот Парламент, ги здружи силите со опозициската ПАСОК, која побара вето доколку нема договор за името. „Не може да има покана за влез во НАТО за соседната земја, за таа да учествува во истиот сојуз“, изјави Константин Караманлис, премиер на Грција. „Доколку соседите сакаат да влезат во НАТО, ако навистина посакуваат да се придружат на ЕУ, тие се обврзани во практика да докажат дека можат да бидат вистински сојузници и партнери. Тие се обврзани во пракса да покажат почит кон принципите на меѓународното право“, додаде Караманлис. A ova treba da bide nasiot najgolem adut Со заканите дека Грција ќе стави вето доколку до април не се најде взаемно прифатливо решение, јужниот сосед всушност најавува дека од самитот на НАТО ќе се повлече од времената спогодба. Во членот 11 од спогодбата Грција се обврзува дека нема да го блокира македонскиот влез во НАТО и другите меѓународни институции, доколку тоа се случи со референцата ФИРОМ. Грчкото вето ќе значи прекршување на меѓународното право. |
||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ova e dobro da se procita hronologija na pregovorite vo vrska so imeto
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88771 |
||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ДОМ смета дека грешката е огромна во дипломатските чекори на Македонија и обвини дека водиме многу дефанзивна политика.
- Да потсетиме дека македонското малцинство во Грција нема никакви права дека имотно правните односи со бегалците од Грција не се решени и дека Македонија доживеа големи штети од повеќе милијарди поради ембаргото врз Македонија од страна на Грција. Мислам дека со испорачување на овие барања ќе добиеме сосем поинаква состојба на преговарачката маса, рече претседателката на ДОМ Лилјана Поповска. Ovaa zena od sekogas mi bila simpaticna eve uste edna pricina poveke. Sto mislite za nejziniot stav? Dali e realen? |
||||
Neonic
Сениор Регистриран: 17.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Jas se izjasnav, ako saka NATO Makedonski vojnici da ginat vo Avganistan, TREBA DA IM GO POCITUVA IMETO I IDENTITETOT! Ili vo NATO kako Makedonija, ili NATO neka si proseta, i neka ni dokaze deka Dora Baojani NE e VRHOVEN KOMANDANT na NATO stom taa odlucuva za geostrateskite opredelbi na NATO, i prosiruvanje! NATO na celo so Baba Dora Bakojani, SRAMOTA zaAmerikancite, edna posrana siromasna Grcija, da im ja kreira politikata Sto ke ni e takvo NATO???????? |
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ma posle se , se nametnuva edno prasanje ... vredi li da nasi deca ginat za interesite na edna kriminalno - k*rvinsko - teroristicka organizacija koja pod pokrovitelstvo na svojot makro USA gi krsi site vospostaveni medjunarodni normi i pravila ? organizacija zabolena od SIDA , koja se raspadja i povece od sigurno ... organizacija koja svoeto clenstvo go kontrolira kako vo kuklena pretstava vo detski teatar .... steta ... ne vredi nitu da se razmisluva a ne nesto povece .... ce povtoram : kriminalno - k*rvinsko - teroristicka organizacija nato ..... |
||||
Внеси реплика | страница <1 7891011 33> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |