|
Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)... |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 58> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Gledam matno niz ulica dodeka se dvizam...povremeno pagam i stanuvam so kal i odrani kolena, kaejki se dodeka mumlam pritaeni kletvi kon sebe. Dojdov pod tvojot prozor gledajki kon svetlinata nadevajki se na tvojata senka na koja nemav ni pravo da ja posakuvam. Site zborovi tugi mi bidnaa, nemase nieden sto e pravilen...vresnav kolku grlo me drzese...uste ednas...
|
|
Mishell_G
Сениор Регистриран: 18.Јуни.2007 Локација: Sweden Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dovolen e samo den da se razbudis vo pregratki na ljubovta, dovolen e samo den za da ostane so tebe do vecnosta. Koj veli deka vecnost ne postoi? Da, postoi.. koga imas pricina da veruvas vo nea.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сето зло го снема од продорниот поглед на изгубените очи. За момент сите спомени беа толку убави, што ништо лошо не се памтеше. За да остане така, продолжи да “копа“ во себе за да пронајде доволно цврсти причини за се да остави во минато. Така и бидна, иако на почетокот малку се навраќаше, сепак тој живот стана целосно независен. Зависеше само од неа. И додека раното утро покажување зелено светло за невреме, кај неа веке беше бура од мисли и вонредна состојба на се што е живо чуство во срцето. Секој рефлекс, секој допир...невремето започна. Бог како со своите раце да направи мал круг и ги притисна облаците кои од притисокот помодреа. Дури и кучињата престанаа да лаат.Нешто чудно се случуваше, небаре се споија небото и земјата. Но не и беше важно. Во големото зеленило во градината, надвор од стакларникот, нејзиниот поглед се губеше, мислиш секое ливче од сето тоа зеленило го анализираше. Сите нијанси на зелено, со преовладување на трево-зелената боја. Уживаше кога беше тмурно да го гледа тоа зеленило. Тогаш тоа ја менуваше својата боја мислиш во сета таа тмурност дречи. Водата во фонтаната стана темно зелена, а мовот беше толку нагласен што се губеше природноста.Се трудеше повторно да ужива во сето тоа како и секогаш. Но овој пат не можеше, нешто ја спречуваше, иако само тој период таа чудна празнина беше исполнета. Но тој ден не. Вреди ли борбата во која и да победиш никој нема да ти ја признае и да ти ја честита??? Вреди ли нешто што знаеме дека и без тоа можеме??? Се сеќаваше на некои зборови од детството-кога еден човек и подаде рака за да ја однесе од другата страна на улицата. И рече само едно-Не се плаши малечка, кога мама не е со тебе, Тој што се крие зад облаците е со тебе! И ден денес се сеќава на тоа. Почна да врне. Секоја капка ја чуствуваше како Божја дар. Ослободување од нешто што долго време се собирало, а сега доби шанса да си олесни. Беше толку прекрасно да ги гледа капките дожд како паѓаат по малите ливчиња на рузмаринот, и како грубо се спуштаат по јаките листови на алоето. Не очекуваше сонце. Во моментот не и беше воопшто важно дали повторно ке здогледа сонце...уживаше во тие волшебни капки кои паѓаа и по нејзиното лице. Толку мирна и свесна се почуствува што заборави на зборовите среќен крај. Погледна кон небото, се помоли на Тој што се крие зад облаците и продолжи напред!!! Изменето од blueprayer - 09.Март.2008 во 16:56 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
BIDI SONCE,OGAN I DOZD........ USVITENA TOPKA STO KE GO ZAPALI MOETO SRCE.... IZMIJ GI SITE RANI...
BIDI NESTO POVEKE OD DENES
NESTO PODOLGO OD VCERA
ZAPALI ME......
GORI VO MOJATA DUSA...
IZMIJ JA PEPELTA OD MOETO SRCE...
BIDI SONCE,OGAN I DOZD....
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАЛУДНО,ЗМИЈО,СИ ГИ СОКРИВАШ НОЗЕТЕ
ПОД ТРУЛОТО ЛИСЈЕ НА ПРОЧИТАНИТЕ ЛАГИ, ТРАГОТ ШТО ГО ОСТАВИ ТВОЈОТ ОТРОВ ВО ЛУЗНИТЕ НА МОЈАТА ДУША НЕДВОСМИСЛЕНО ЌЕ СВЕДОЧИ ЗА ТВОЕТО ВИСТИНСКО ПОТЕКЛО Изменето од majstorce62 - 11.Февруари.2008 во 10:07 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
OUST
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6653 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вечност како огнот не можам да ти дадам,
ама затоа во моите раце ти подавам пепел од надежи, од одминати искри, од недосонувани соништа. Ништо не е вечно - ти велам! зад нас останува само пепел што може да се развее со еден човечки здив. |
|
Itilija-Lucina
Нов член Регистриран: 14.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Obeli go liceto niz temninata, dojdi so luznite od minatoto, rasparci ja mojata dusa, grizni ja mojata mudrost, neka izviraat preku tvoute usni moite beztelesni baknezi, zemi god pod pazuvi moeto telo, zrtvuvaj ja mojata ljubov, ke ja zasakam taa lazna strela koja go srusi tvojot mozaik, ke te vozdignam, beskrajno ke te ljubam, ke provee tvojata ubavina niz moite veni, mojot kopnez ke zaskita, ke tropa pred tvoja vrata, ke otvori izmamata, prokolnata ke bidam se dodeka neboto ne me povika.
|
|
lorista1
Нов член Регистриран: 16.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Me ubivash.
Pojavi se! Kazi mi .... Kazi mi deka si tamu nekade. Chuvstvuvam praznina. Seushte si daleku. Studeno mi e. Neznam,sigurno e od pustava samotija. Bolkata e golema,me para,me ubiva. Moeto telo vekje ne e moe. Postoi nekade vo dalechinata. Sakam da te pochuvstvuvam. Sakam toplina. Kade si? Zoshto me zaboravi. Zar mozeshe. Sepak,toa si ti. Poseben,zamene nedostize. Pogledni me,mozebi kje oziveam. Dopri me,mozebi ke pochnam da disham. Bakni me. Mozebi,mozebi ke zaplacham. Kade si? Osamenosta me ubiva.Prazninata me ubiva. Go ziveam zivotot,no prashanje e zoshto?so kogo?za kogo? Nema kraj...... |
|
The happines of your life depends on the quality of your thoughts.
|
|
lorista1
Нов член Регистриран: 16.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ponekogash ke doagjam vo tvojot son,kako dalechen i nechekan gost.Ne ostavaj me ti nadvor na patot,vratite ne gi zatvaraj.Ke vlezam tivko,krotko ke prisednam,ke go vperam pogledot vo mrakot za da te vidam.A togash koga ke se nasitam gledajki te ,ke te baknam i tivko i nechujno ke si zaminam.
N.J.Vapcarov |
|
The happines of your life depends on the quality of your thoughts.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Целата просторија беше полна со прашина. Како низ магла помина до прозорецот отворајќи го да навлезе студот и да воздухот се прочисти. Но дали беше исто така и во нејзината глава? Дали замагленоста во нејзиниот ум од синојка исчезна? Не! Сеуште е тука, иако се е јасно. Не е светица. Но не згреши ништо! Свирепото чуство на што ќе биде утре и кој колку ќе ја нападне исчезна во моментот кога рече дека за се дојде крај. Пред тоа се плашеше да не изгуби, сега не се плашеше од ништо. И како што знаеше некој да рече ...таа секогаш продолжува иако често става крај на некој работи. Таа самата е приказна без крај...-и нормално. Стави крај на некои работи и продолжи. Време за промена! Иако немаше никаква надворешна промена, иако студот сеуште и ги стегаше вилиците, иако погледот се повеќе и беше замрзнат но не од студот на зимата. Патеките имаа некаков чуден сув сјај, како замрзната лизгалица по која се спуштаат сите нејзини чуства кои воопшто не и беа битни. Веќе одамна се прогласи себеси за школка, преполна со чуства, но сепак толку празна на осет. Премрачна за поглед внатре. Не сакајќи да се искаже се мачеше со пенкалото во рака додека апаратите свиреа. Само ја потргна кутијата и го извади листот. Двоумејќи се погледна низ големиот прозорец. Ништо! Само облаци! Облаци и мрак. Камо да можеа тие две работи да ги заменат своите места. Но веќе е касно-одамна е касно!
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со погледот на тие копнежливи очи знаеше дека го врежува името негово во секое дрво. Патуваше толку далеку со мислите, често гледајќи го синото море кое само тоа и остана во спомен од се што се случуваше таа година. Никој друг не понесе од таму во своето срце, никаква друга љубов освен морето. Секој ден го сакаше се повеќе тој што е далеку од неа, а сега го спореди со сеќавањата на морето...кога редовно му се исповедуваше на огледалото во спалната соба кога ќе се вратеше доцна и ќе седнеше пред него под ѕвезденото небо за да зјапа вџашено во својот живот и во она што се случуваше со него. Морето беше разбранувано, а завесата на големите отворени балконски врати се лелееше како невестински вел. Некаде околу полумракот, кога сонцето веќе изгрејуваше и го отсликуваше својот одраз на сината солена морска вода тонеше во сон....сега кога ќе се сети тоне во сон во кој нејзината љубов се појавуваше и изчезнуваше како месечевиот сјај под облаците. Наутро, кога ќе ги oтвореше очите, срцето и беше во грло. Прстите и трепереа додека го закопчуваше својот фустан. Боже, што и направи!? Седеше на балконот во собата од каде го имаше најубавиот видик на плажата. На горниот кат во куќата со поглед на море. А потоа ќе зедеше пенкало за повторно залудно да се обиде да ја опише сета таа убавина, набрзо откажувајќи се со мислата дека не постојат доволно моќни зборови за да ја опише моќта на таа убавина. Сите зборови и изреки беа толку интересни, живописни и прекрасни кога тој ги кажуваше, а таа беше толку обична и едноставна. Црташе кругчиња и спирали во ќошињата на хартијата како да се подготвува да пишува. Ветрот почна да дува, а таа го притискаше листот во рацете. Што беше тоа што сакаше да го каже? Наеднаш ветрот престана и во еден миг на кој се сеќава со кикот, напиша за прв пат посветено писмо на својата љубов. За прв пат во животот. Морето од тој ден остана со неа досега и засекогаш, а денес брановите ја потсеќаат на неговите непрекинати воздишки дење и ноќе....како страсна придружба....дури и тешките мириси на светликавите риби на патот што се препелкаа во кофите, сребрениот живот на океанот уловен, изложен и изнесен на соленикавиот док, ја потсетува на додворување. Љубовта менува се- мислеше додека се присетуваше на враќањето во родниот крај во кој израсна и го правеше исклучителен, зовриен од живот.
Изменето од blueprayer - 19.Февруари.2008 во 17:17 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имаше едни очи. Очи кои ја потсетуваа на жолтите лисја наесен паднати низ густата мала шумичка. Измешани жолти лисја во сите ноти на жолто обоени. Посветли, потемни, бледнуцкави. Тој поглед и влеваше голем мир во душата. Кога ќе погледнеше во неговите очи се присеќаше на една рана есен во шумата преплавена со жолти лисја. На дрвјата сеуште имаше по некој лист доволно за да прави шаренило од своите сенки на тревата кога ќе изгрее сонцето. И на старото паднато дрво, седната во зелен фустан размислуваше, пишуваше, пееше....само на момент ќе ја прекинеше шушокот од трчање на некоја верверичка. Сега таа рана есен ја гледаше во неговите очи, сиот тој мир кој и го даваше шумата со жолти лисја и го дадоа тие очи. Во неговите прегратки го чуствуваше мирисот на есенското диво цвеќе, кои го опишуваа секој негов допир. Кога ќе се изгубеше себеси и ќе го изгубеше тлото под нозе, ќе ги отвореше очите за да се осигура дека е реалност. Но таму не ја дочекуваше раната есен со жолтите лисја...ги немаше ни дивите цвеќиња низ шумата...ќе се натажеше и со погледот во синото небо насочен, ќе се запрашаше ЗАШТО!?
Изменето од blueprayer - 21.Февруари.2008 во 20:24 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
NiNa1
Сениор Love and peace Регистриран: 07.Август.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 13795 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секогаш ќе те памтам.И кога си во невољи ќе ти помагам,нашата љубов не смее никој да ја уништи.Затоа останува за секогаш во мене,ни смртта не може да не раздели од оваа голема љубов
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се натмурило небото како дете што си ја скршило играчката, натежнале облаци над и на така осамените и тажни души, маглата им ги скрила насмевките. Поминуваат крај мене со поглед упатен некаде кон просторот. Дали мечтаат? Дали копнеат? Или само лутаат? Јас лутам. Барем за себе сигурно знам. Се губам некаде помеѓу спомените од минатото и стравот од иднината. Стравот иднина без тебе. Некој ме турна. Не е важно, допирот не е допир ако не е од тебе. Каде сум? Одамна го изгубив вистинскиот правец, а луѓето со лажливи, тие се погрешен патоказ. Никој не е како тебе. Никој не знае каде сакам да стигнам, никој не знае за што срцево моли и преколнува. Ниту јас не знам. Но ти... ти си чистач на мојава душа, ја познаваш секоја гребнатинка и маана, и ја негуваш. Се плашам? Да. Но во темнината, таму си ти. Таму е твојата рака, топла и силна, ме чека да ја побарам при секој нов пад. Ете, повторно се спушта мрак. Повторно ќе ги барам фенерчињата во твоите очи, и знам дека ти пак ќе бидеш до мене, не давајќи да се изгубам.
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Внеси реплика | страница <1 1516171819 58> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |