IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Не за НАТО, да за Уставното Име
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Не за НАТО, да за Уставното Име

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 33>
Прашање: priem vo NATO ili Ustavno Ime-Republika Makedonija
Одговор Гласови Статистика
81 [75,70%]
26 [24,30%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Neonic Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neonic Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Не за НАТО, да за Уставното Име
    Испратена: 21.Февруари.2008 во 06:34

СКАНДАЛОЗЕН ПРЕДЛОГ НА посредникот МЕТЈУ НИМИЦ

Новото име и во пасош

Нимиц предлага новото име што ќе се користи во сите меѓународни организации да се запише и во пасошите на македонските граѓани, а на државите што ја признале Македонија под уставното име им се сугерира да ја преиспитаат одлуката

Пет предлози за ново име на Република Македонија дал посредникот Метју Нимиц на последната рунда преговори, кои завчера се одржаа во Атина, дознава „Дневник“ од дипломатски извори. Никола Димитров, македонскиот претставник во преговорите, уште истата вечер на претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски им го претставил новиот пакет на Нимиц. Според нашите извори, овој предлог е уште понеповолен и од претходниот, кој македонските власти го оценија како „лош“. Од новиот предлог на Нимиц произлегува дека уставното име на земјава не ќе може да се употребува ни дома. „Второто име“, кое треба да важи за билатерална комуникација со Грција и во сите меѓународни организации, треба да биде напишано и во пасошите на македонските граѓани. Според дипломатите, тоа значи дека тоа „второ име,“ всушност, ќе ни стане едно и единствено. Дипломатите велат дека Нимиц поставил уште една опасна дипломатска стапица за Македонија, бидејќи на сите држави што ни ја признале државата под уставното и историско име „им сугерира“ да ја преиспитаат таквата одлука.  Од сето тоа произлегува дека се заговара едно име и за домашна, и за билатерална и за меѓународна употреба. За таа цел Нимиц ги предложил следниве имиња: Демократска Република Македонија, Република Горна Македонија, Нова Република Македонија, Независна Република Македонија и Уставна Република Македонија. 

Македонските власти доцна прексиноќа и вчера претпладне го разгледувале новиот предлог на американскиот посредник во спорот за името. - Го анализираме предлогот на медијаторот Метју Нимиц и ги подготвуваме сите детали и комбинации и се' што може да произлезе од него. Веќе сме при крај со оформувањето на првичниот став. За тоа ќе разговараме и со другите фактори во државата, по што ќе ги презентираме резултатите - изјави вчера премиерот Никола Груевски.  Тој за планот на Нимиц ќе ги извести и лидерите на сите политички партии, а на таа средба ќе биде поканет и претседателот Црвенковски. Груевски вели дека се' што е негативно во предлогот на Нимиц, Македонија нема да го прифати и категорично ќе го одбие.Посредникот на ОН, американскиот дипломат Нимиц, смета дека неговиот предлог е фер и оти го зачувува уставното име на Македонија. Тој предвидува можност и двете земји да може да го користат терминот Македонија во комерцијални и други цели затоа што и двете земји се наоѓаат на територија на „стара Македонија“. Тоа значи дека Грција ќе може да го употребува името Македонија и во своите територијални единици како што е, на пример, Централна Македонија или Комора на Централна Македонија.





Од Македонија се бара ново име и во пасошите

Македонското раководство допрва ќе го гради ставот за предлогот на Нимиц, кој првично е оценет како „катастрофален“

Соња Крамарска
Светлана Унковска


Македонија во Атина доби предлог од пет варијанти за името што нашата земја би го употребувала во комуникација со меѓународните организации и со Грција, како компромис за надминување на разликите со северниот сосед. Тоа се Независна Република Македонија, Демократска Република Македонија, Уставна Република Македонија, Нова Република Македонија и Република Горна Македонија.

Меѓутоа, првпат во официјален предлог на посредникот Метју Нимиц се заговараат и клаузули до Македонија кои пакетот на американскиот посредник наречен како двојна формула за употреба на името го сведуваат практично на една формула и кои, според високи извори, длабоко засегаат во нашиот Устав и националниот идентитет.

Имено, се бара името што ќе биде договорено за употреба во меѓународните организации и со Грција да стои и во пасошите на македонските граѓани, а ќе биде сугерирано за употреба и до 120-те држави што не' признаа под уставното име. Ако се прифати тоа, толкувањата се дека ќе се отвори врата и за промена на името што е запишано во Уставот на Македонија, тврдат извори од државниот врв.

Најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц го мобилизира целиот државен врв и политичките структури околу него. Консултациите во Кабинетот на шефот на државата, Црвенковски, практично почнаа веднаш откако преговарачот Никола Димитров завчера во Атина го доби предлогот од Нимиц и им го прати на македонските државни раководители. Разговорите кај Црвенковски траеја до раните утрински часови. Првичната оцена е дека предлогот за внесување на меѓународното име во пасошите и во комуникацијата со земјите што не' признаа под уставното име ја поминува црвената линија на отстапките на кои македонската страна евентуално може да се согласи.

Вчера наутро државниот врв во состав Црвенковски, Груевски, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, и преговарачот Никола Димитров одржа уште една рунда консултации, при што предлозите повторно се анализирани. Дознаваме дека македонското раководство при првите консултации се задржало на имињата Независна Република Македонија и Демократска Република Македонија како можен компромис за име на нашата земја во комуникацијата со Грција и во меѓународните организации каде што досега бевме именувани како Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ).

Премиерот Груевски, вчера, во првата изјава по добивањето на пакетот од Метју Нимиц, рече дека одговорот ќе биде изграден по пат на широк политички консензус. Груевски повторно ја изнесе и неговата идеја за одржување референдум за ставот околу името.

„Она што е спротивно на државните и националните интереси нема да биде прифатено. Се' што е негативно во овој предлог нема да го прифатиме и категорично ќе го одбиеме, а се' што е позитивно ќе го прифатиме“, рече Груевски. „За името во Република Македонија немаат право да одлучуваат политичарите, затоа што тоа не е ни само мое ниту само на Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска, Антонио Милошоски. Тоа е име за кое можат да дадат мислење само сите граѓани на Република Македонија“, додаде тој.

Претседателот Црвенковски денеска ќе присуствува на лидерската средба во состав Груевски, Шекеринска, Тачи и Ахмети, што ќе се одржи во Клубот на пратениците во Скопје. Предлогот на Нимиц е прва точка за дискусија на лидерската четворка заедно со шефот на државата. Консултации се одржаа и во текот на вчерашниот ден со лидерите на најголемите парламентарни партии. Груевски се сретна посебно и со своите коалициски партнери Тито Петковски од НСДП и Мендух Тачи од Демократската партија на Албанците, а синоќа го свика и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Шефицата на опозицијата, Радмила Шекеринска, вчера го повика Груевски пред македонската јавност да го соопшти предлогот за името за да се избегне неизвесноста и, како што рече, играње со чувствата на граѓаните. „Во вакви клучни моменти за нашата држава и за нашите граѓани неопходни ни се политичка мудрост и единство. Очекувам премиерот и Владата да го соопштат предлогот и да кажат какви ќе бидат нивните реакции и како државен врв и како Влада. Сега е моментот кога политичарите не смеат да калкулираат, туку да градат единство“, рече Шекеринска и додаде дека „нема да биде тешко“ да се постигне единство. Според Шекеринска, референдумот што го заговара премиерот Груевски е само негово, како што рече, бегање од одговорноста.

Извори од државниот врв велат дека минатиот четврток ги добиле првите сигнали дека се подготвува пресврт во содржината на предлогот што го подготвувал медијаторот Нимиц. Процените се дека до пресвртот дошло како резултат на средбата што грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани ја имаше со државниот секретар на САД, Кондолиза Рајс.

До оваа средба, како што тврди нашиот извор, пакетот на Нимиц содржел само еден предлог за името што Македонија би го употребувала во комуникацијата со Грција и во меѓународните организации, но климата се сменила по визитата на грчката шефица на дипломатијата на Вашингтон.

Според најновиот предлог на Нимиц, како што толкуваат извори што учествувале во консултациите, излегува дека Македонија ќе го употребува своето уставно име само во личните карти на граѓаните.

Грчките медиуми вчера тврдеа дека рокот што американскиот посредник го дал до Македонија и до Грција да се изјаснат за предлогот изнесува 15 дена. „Македонија се наоѓа пред најголемата раскрсница досега“, ни рече вчера висок претставник од тесниот круг личности што го анализираат предлогот на Нимиц и го формулираат одговорот на Македонија. „Влезот во НАТО е императив за нашата земја, а, од друга страна, се наоѓаме пред голема опасност да бидат згазен нашиот национален идентитет, што не смееме да дозволиме да се случи“, додава истиот претставник.



Изменето од Neonic - 21.Февруари.2008 во 06:35
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 07:08
Е убаво, лепота....што да ти кажам.
Немам коментар....ова е веќе ептен претерано...

Изменето од Vladimir88 - 21.Февруари.2008 во 07:09
Кон врв
borec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Септември.2007
Локација: Australia
Статус: Офлајн
Поени: 1294
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај borec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 07:11
KAKVO NATO....kakvi bakrachi.....  плазење
 
IMETO NASHE E NAJSVETO OD SE!!!!!!  љубов  големо%20гушкање
 
 
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 07:22
Категорично НЕ за НАТО. Приоритет ни е зачувувањето на идентитетот.
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 09:20
Тоа е дилема која не треба да не’ замара иако ни ја наметнуваат.

Многу е едноставно, уставното име е основното за суверена државотворна земја, и тоа е она што не’ интересира највеќе. НАТО можеме да го пратиме на шетање, што би се рекло.

Не знам веќе дали Македонија сеуште знае зашто ги посакува толку НАТО и ЕУ. Навистина мислите дека тие се решение за нашата земја?
Некои работи едноставно не се доволно добри, или доволно потребни за да се прават отстапки... па плус од типот на идентитет?


Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 09:31
i povece od siguren sum deka nekoj ce kaze deka i milosevic mozel da go spasi kosovo ako gi prifatel uslovite koi mu bea nametnuvani vo rambue ... i deka e vinoven sto srbija bese bombardirana celi 90 dni ... a jas ce kazam deka taa " receptura " se povtoruva no separatno , del po del , a krajot na taa politika e tokmu Makedonija i tokmu uste eden pravoslaven narod koj se naodja na patot  na idejata za golema albanija a sesrdno pomognata  vo realizacijata od nasite ni " prijateli " , eu i nato ... od famata nametnata kako opasnost od formiranje na golema srbija , ispadna formiranje ama na druga , golema albanija ... e sega , ako milosevic bil proklet i ne gi prifatil uslovite nametnati od istite tipovi i faci koi i NAM ni gi nametnuvaat , ostanuva prasanjeto dali i na Makedonija ce i se sluci istoto scenario  so nametnuvanje na neprifatlivi uslovi i otvoranje na moznost za samoopredeluvanje na EVRO - ATLANSKI nastroeniot " demokratski  albanski narod " vo Makedonija ? .... recptot e ist samo so mali izmeni vo zacinot голема%20насмевка
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 09:34

REPUBLIKA  MAKEDONIJA  DA

NATO - NE

pa kako ni bide големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 09:41
resija da ne sredat.....
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 09:48
samo ako im dozvolime голема%20насмевка
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 10:03
od iskustvo od istorijata nitu nema da uspeeme nitu ne biva
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 10:04
never say never голема%20насмевка
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 10:14
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

resija da ne sredat.....


Одамна тоа веќе го сторија со тоа  што и како..не заборавите дека некојси  како „мудриот„ Киро..... постапи(л)???.
И ова е само резултат од тоа што пред 18 години прикажување но и испраќање на впечатокот дека  Македонија..која еете спремна на компромиси..ама на своја штета.
пс
РЕФЕРНДУМ НЕ..А ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ ДА..

Па нека госпожата Цукеринска ги „добие„ изборите ...а другите македонски „евроскептици„ нека учат од сдсм..како се води „мудра„ политика..почнувајќи од тој со книшка 001 ..па се до оваа..која како птица -злослутница е многу „загрижена„ за својата (дали) земја...но и нејзините „лошо„ информирани граѓани!!!?.
Оти..не заборавете ..дека во Флорида си беше таа лани повеќе од еден месец..и погодете дека (можеби нели) и таа го „копирала„ смртниот-и непријател ЉуБчо..та и таа си обезбедила дом за себе???
Ова само е предпоставка..исто како и за БУКАРИНОТ ЉуБчо..нели???.
изненадувањелутина
лутина
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Neonic Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neonic Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 11:09
treba Masovni Studentski i Gragjanski protesti, ako se resat za promena na ime, da se prati jasna poraka deka DOSTA BESE!!!!!
 Grcija moze da si kumuva iminja na Grcki sela,a NE NA NEZAVISNI DRZAVI!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 11:21
pa nas tokmu toa i ne najde ... sakaat da ni go smenat imeto kako da sme nebare nekoja selska kooperacija ili selska meana лутиналутиналутина
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,207 секунди.