|
Ги молиме учениците да не ги тепаат професорите! |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | |
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Февруари.2008 во 20:33 |
Односот на учениците кон професорите
во средните училишта е крајно понижувачки. Уште позагрижувачка е
релацијата меѓу малолетниците во средините каде што учат и се дружат.
Поради ваквата алармантна состојба во образованието, Градот Скопје
почна проект „Спречување на насилството помеѓу средношколците и градење
меѓусебна доверба“. - Загрижувачки се податоците на Министерството за
внатрешни работи дека долната граница на возраст на учениците со
насилно однесување се намалува. Претходно таа беше помеѓу 16 и 18
години, додека сега изнесува од 14 до 16 години. Насилното поведение на
малолетниците се карактеризира со носење оружје на училиште,
навредување наставник или соученик. Младите девојчиња носат спрејови
поради тоа што се чувствуваат небезбедни во вечерните часови кога се
враќаат од училиште - велат надлежните во Градот. Според податоците на
градските служби, насилството се јавува и кај учениците од седмо или
осмо одделение со навредување и погрдни зборови кон наставниците. Имало
случаи кога учениците фрлале креди по професорите или предмети низ
прозорец. - Доста чести се и навредите помеѓу учениците поради што
доаѓа до насилство помеѓу нив. Исто така, причината за нетрпеливоста е
и различната етничка припадност, па физичките конфликти се случуваат за
да се заштити другар или другарка - објаснуваат во службата за
образование при Град Скопје. Професорите, исто така, се изненадени од
односот на учениците кон некои од нивните претпоставени. - Загрижувачко
е однесувањето на одредени групи средношколци. Покрај тоа што не им
оставаат простор на останатите соученици да ја следат наставата, тие
вулгарно се однесуваат и кон нас, професорите. Понекогаш немаме начин
како да ги смириме затоа што се дрски и се закануваат со нивните
родители - вели еден професор од скопско средно училиште. Социолозите и
психолозите причините за насилство ги бараат во недоизграденоста на
нашето општество во процесот на транзиција, распаѓањето на основната
клетка на општеството - семејството, како и во компјутерските игри и
филмови со насилна содржина со кои се бомбардирани младите луѓе денес.
- Како резултат на овие состојби се јавуваат појави на деликвенција,
скитање, злоупотреба на дроги, криминал, насилство и проституција
помеѓу младите луѓе. Проектот треба да воспостави училишни активности
за превенција и интервенција при насилно однесување. Исто така,
учениците од различна социо-културна и етничка припадност ќе се
поврзуваат преку работа на заеднички задачи за справување со
насилството - вели Анета Поп-Илиоска, социолог. Со проектот секое
училиште, врз основа на искуствата што ги има, предлага група од
максимум 30 средношколци од втора и од трета година составена на
доброволна основа. Учениците ќе ги раководат наставници кои ќе
соработуваат со едукаторите на проектот и ќе ги водат низ фазите на
работа. Проектот ќе го следи директорот на училиштето, кој ќе оствари
контакти со градската администрација и со учесниците, а ќе го
спроведува агенцијата „Алгоритам центар“.
боже |
|
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто си зачудена? Уште во осмо одделение имавме дегенерици во клас што гаѓаа по наставниците со сунѓери и креди... Јас сум си добивала и шлаканици од таквите дегенерици и никогаш не очекував наставниците да ме бранат
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе место на поарно да оди оно се полошо станува
нека седнат да учат, а не да се тепаат на школо |
|
|
|
SummerLove
Сениор verliebt Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7174 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e ovaa prv pat go slusam ucenici da gi tepat na nastavnicite
|
|
Bidi Neverna, Da Ti Bide Veren,Vrti Mu Go Grbot Ke Trca Po Tebe.Ne Roni Solzi Kolku I Da Boli ,Bidi Hrabra I Toj Ke Te Moli!!!
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
срамота.... ама не ги сваќам професорите,... сум завршил школо,... за еден ден некоја мамина маза да ме тепа,... понижувачки
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАРАВОУЧЕНИЕ: НЕ УЧИ ЗА ПРОФЕСОР.
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Испратена: 03.Ноември.2007 во 15:29
..НЕКОЈ ДЕЦА НЕ СЕ ТРПАТ...ДОМА СЕ ЗА НИКАДЕ А НЕ ВО УЧИЛИШТЕ...ЗБОРУВАЈТЕ ОТВОРЕНО...НЕ СО МАСКА...!ВО РЕД,ЗАБРАНЕТО СО ЗАКОН ДА НЕ СЕ УДИРААТ,МЕЃУТОА НА ГЛАВА СЕ КАЧУВААТ!СТАВЕТЕ СЕ ВО СИТУАЦИЈА НА ПЕДАГОГОТ!...ШТО ТРЕБА ,ТИЕ ДА ГО МАЛТРЕТИРААТ,ТОЈ ДА МОЛЧИ..!ЗБОРУВАТЕ НА ПАМЕТ ИЛИ ТАКА ВИ ОДГОВАРА?ЗАРЕМ НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧИЛО ДА ПОБАРАТЕ ОД НЕГО,ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ...?ТРЕБА ДА ИМА РЕД!!ВО АВТОБУС И НА УЛИЦА ВИ СМЕТААТ ,А НА УЧИЛИШТЕ НЕ ..ТАКА?ЌЕ КАЖЕТЕ...ДЕЦА СЕ...!..ДА ,АМА НА ТАА ВОЗРАСТ СЕ ФОРМИРА ЛИЧНОСТА!...И НА КРАЈ МОЖЕБИ,КОЈ ИМ ДАВА ПА ЗА ПРАВО ДОМА ДА ГИ МАЛТРЕТИРААТ...ТОА ДОЗВОЛЕНО Е ЗОШТО СЕ СВОИ..?НЕ ГРЕШКА СТЕ ГОЛЕМА!ПОВЕЛЕТЕ... ....ЕВЕ,ZAGOR КОГА ЗБОРУВА...... Изменето од zagor - 12.Февруари.2008 во 23:06 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од секогаш за нас во Македонија репер за успех,за нешто нај-нај ни бил Западот.100% сум сигурна дека секој од вас бил сведок на онаа фамозна реченица:"Eee,на Запад ова е вака... "".Како што опасно му се приближуваме на тој фабулозен Запад така ги сваќаме и ги чувствуваме последиците.
По новата програма на кутрите наставници и професори во училиштата им се врзани рацете во корист на учениците.Не смеат да ги караат,да ги опоменуваат,треба да внимаваат како се однесуваат спрема нив да случајно не бидат погрешно разбрани па на врат да си ги навлечат сите можни и постоечки здруженија,амбасади ,министерства..за заштита на децата и младината.А,нашата младина еве како тоа си го врти во своја корист.Срамота! |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НА ЗАПАД АКО НА УЧЕНИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА НЕШТО, ЌЕ СИ КУПИ АВТОМАТСКА ПУШКА И „ЧЕ ГИ ПУКА МОРЕ, ЕЈ“
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ПОДОТВОРЕТЕ ГИ УШТЕ МАЛКУ ВРАТИТЕ ДА МОЖЕ ЗАПАДОТ ДА ВЛЕЗЕ!!!ЗАПАД НИ Е ПОТРЕБЕН!!!.....да не се цитирам со постови од други теми...
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
doriangray
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Опсесивен компулсивец Регистриран: 03.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1460 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е навистина жалосно. Учениците да се поставуваат над професорите, одозгора и да бидат насилни. Но професорите и педагозите се со врзани раце, за жал. Иако не е педагошки да се тепаат децата, некои навистина заслужуваат да добијат некоја шлаканица. Алармантна е оваа ситуација и треба да се преземе нешто. Честопати кажувам дека образовниот систем ни е за нигде, а еве сега ќе се повторам. Иако малце доцна, подобро некогаш отколку никогаш да почнат работите да се менуваат, кон подобро, оти ни отиде земјава. Наместо на здрава, права, совесна и образувана младина ќе остане на незрели тикви кои не знаат да разликуваат триаголник од квадрат и со тупаницата решаваат се. (Иако мразам генерализации, еве ова нека биде 90%-тна генерализација)
|
|
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change. And if you're talking about my life you're only wasting your own time! |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВО СЕКОЈА ЃЕНЕРАЦИЈА ИМАЛО ПОО НЕКОЈ МАЈМУН МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ, НА КОГО ПРИ РАЃАЊЕ, ЗАЕДНО СО ПАПОЧНАТА ВРВЦА, МУ СЕ ЗАСУШИЛ И МАЛИОТ МОЗОК. ЧУДНО Е ШТО ДЕНЕС ПОВЕЌЕТО ОД НИВ СЕ БИЗНИСМЕНИ.
Изменето од majstorce62 - 13.Февруари.2008 во 09:09 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТА НЕ СЕ САДЕ ТИЕ,
ТА НЕ СЕ САДЕ ОВДЕ, СЛУГИ НА ЗЛОТО ВО СВЕТОТ ЦЕЛ СЕ... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |