IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Изградба на црква на плоштад Македонија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изградба на црква на плоштад Македонија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 114>
Прашање: Дали сте за нова црква со работен наслов “Св. Никола“ на плоштадот?
Одговор Гласови Статистика
49 [25,79%]
140 [73,68%]
1 [0,53%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 19:08
Како и да земеме црквата по секоја цена ќе биде изградена...баш би сакал да ја видам и на што ќе изгледа плоштадот тогаштрепкањетрепкање
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 22:33

                                                 Вавилонците и нашите градители на цркви

                                                                    (Отворено писмо до премиерот)

 

Почитуван господине премиер, не се сомневам дека има луѓе што и аплаудираат на Вашата одлука да градите православна црква на скопскиот плоштад, иако немам впечаток дека се толку многу колку што Вие сакате да верувате. Ваше право е да имате свои визии и уверувања, но со правата оди и одговорноста, нели. И пред Бога и пред луѓето. Повеќе луѓе веќе со право Ви укажаа дека со ваквата одлука го кршите Уставот (и секуларниот карактер на државата и еднаквоста на верските субјекти). Ни не обидувајте се да го порекнувате тоа. Зашто, ако се извлечете де јуре, виновни сте де факто. Укажано Ви е и тоа дека оваа своја одлука ќе ја остварите со парите на сите граѓани, иако најмалку 40 отсто не се православни, а реакциите во јавноста недвосмислено покажаа дека ни сите православни не го поддржуваат овој проект. А ни сите муслимани не ја поддржуваат проѕирната компензација со џамијата во Тетово. Јас, како христијанин, сакам да Ви укажам дека со ваквиот чин ги кршите и принципите на етиката, особено на христијанската етика. Еве зошто.Да му дадете подарок на најбогатиот, највлијателниот и најмногубројниот, не е никаква доблест. Таквиот чин може да биде конформизам, умилкување, лична суета, суеверие или нешто слично, но не и доблест. Барем не според христијанската етика, зашто Христос го учел токму спротивното. Верската заедница спрема којашто сте безрезервно наклонети има две илјади објекти. Една дузина помали христијански субјекти во Република Македонија воопшто немаат свој верски објект. Меѓу нив има и такви што на светот му дале по 3-4 нобеловци. Не им давате ни наменско земјиште, ни маркица за верски објект, ни дозвола за градба, ни одговор на барањата, а камоли државни пари. Ние сме горди што владите на претежно протестантските земји не и' го прават тоа на верската заедница којашто Вие овде ексклузивно ја протежирате.

Можеби ќе имавте чувство на правичност во оваа сфера ако во Вашиот стан се собираа на богослужби стотина верници 2-3 пати неделно. Или за симболични измени во ДУП да молите и да чекате 3-4 години. (Дали толку ќе трае и измената на ДУП за да се овозможи изградба на Вашата црква, останува да видиме). Или, ако министерот за транспорт и врски не ве удостојува ни со одговор на Вашите уредно архивирани дописи. А во сојуз со него и куп скопски градоначалници, кои се убедени дека им е света државна должност, на верниците кои не се припадници на нивното религиозно милениче, да не им дозволат ни да дишат од воздухот на нивната правоверна општина, а камоли да градат верски објекти!

Понатаму, со вакви и слични постапки, Вие станувате директен соучесник во протежирање на религиозен етнофилетизам, кој несомнено е типичен за вероисповедта што Вие ја устоличувате, но докрај е спротивен на Христовото учење. Ако Христос и Неговите апостоли имаа етнофилетистички дух, христијански цркви ќе се основаа само во Израел.

Сте размислиле ли за својата одговорност пред Господ, зашто барем Тој знае дека во многу храмови, наместо вера во Бога, се проповеда етнофилетизам, се практикуваат пагански обичаи, идолатрија, суеверие, празноверие, трговија... На едно такво место Христос отишол со камшик!

И Вас и сите други помпезни црквоградители сакам да Ве потсетам на една основна библиска вистина, силно нагласена од Светиот апостол Павле - да, токму оној што го донел изворното христијанство и во Македонија: „...Господ на небото и на земјата не живее во ракотворни храмови, ниту, пак, прима служба од човечки раце...“ (Дела на Светите апостоли, глава 17, стихови 24-25).

Конечно, заради сигурност во Вашите мотиви, добро ќе сторите ако се потсетите и на градителите на вавилонската кула, на нивните мотиви и на Божјото неодобрување: „И рекоа: Да си соѕидаме град и кула, висока до небото, И ДА СЕ ЗДОБИЕМЕ СО ИМЕ...“ (Прва книга Мојсеева 11:4). Ми се присторува дека препознавам современи вавилонски градители во нашата земја. Не знам зошто ми се наметна таквата асоцијација. Можеби затоа што ја читам Библијата.


Проф. д-р Иван Грозданов, припадник на христијаните баптисти во РМ
 
  понеделник, 11 февруари 2008
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 15:18

Уставниот даде амин за црква на плоштад

Изградбата на црквата на скопскиот централен плоштад може да почне, по вчерашната одлука на Уставниот суд да не поведе постапка за иницијативата на градоначалникот Трифун Костовски за оценка на законитоста на измените на ДУП за „Мал ринг“.

Од Град Скопје не сакаат да ја коментираат одлуката на Уставниот суд додека не ја добијат написмено.

„Постапката за донесување на измените на деталниот урбанистички план за „Мал ринг“ е законита. Одлуката на Советот на Општина Центар е во правна сила и може да се спроведува, односно изградбата на предвидените објекти може да почне - објаснуваат во Уставниот суд.

Сепак, Судот се оградува: „При носење на одлуката, Судот се задржа само на законитоста на постапката за носење на измените на ДУП. Судот не навлегуваше во содржината на измените, во објектите чија изградба се планира, бидејќи тоа не е негова надлежност“.

-------------------------------------------------------------------------------------------

Владата сепак нека си ја преиспита одлуката, дали на центарот на Скопје му треба баш црква?

Соборниот Храм е блиску до плоштадот, а и онака веќе црквите се се’ попразни со народ... нека поработат повеќе на инфраструктурата на градот.

Кога се финансира ваков проект од државни пари, реално е да се очекуваат барања и од другите верски заедници за финансирање џамии, катедрали и што уште не...

Како ќе се справат после и со кое оправдание со нив?!




Изменето од anastea - 26.Февруари.2009 во 15:35
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 15:19


na sto ke ni lici sega plostadot, so crkvata pomegju Stokovnata kuka i Dek Fufo a pred nejze 30-metarskiot Aleksandar ....

veke ke nemame plostad



Уставен суд даде виза за црквата на плоштад



Судот негативно одговори на иницијативата за оценување на законитоста на ДУП „Мал ринг“

Деспина Трајковска

Уставен суд, конечно, пресече за предметот „Мал ринг“ и оцени дека урбанистичкиот план е донесен законски. Со тоа автоматски ја одби иницијативата на градоначалникот Трифун Костовски за поведување постапка за оценување на законитоста на Деталниот план и, практично, даде виза за бројните објекти што треба да се гради во непосредна близина на плоштадот. Со оваа одлука уставните судии, конечно, ставија крај на случајот кој пред повеќе од шест месеци го отвори градоначалникот Костовски, со образложение дека корекциите на ДУП-от се донесени прекршувајќи го Законот за урбанистичко планирање и Законот за Град Скопје.

„Иницијативата на Костовски не се прифаќа, бидејќи врз основа на сите документи е констатирано дека постапката за донесување на измените и дополнувањата на планот е спроведена во согласност со законите. Наведеното дека ДУП-от е донесен без позитивно мислење од Градот не е пропуст, бидејќи мислењето не е обврзувачко за доносителот на планот, во случајов Советот на Општина Центар“, изјави Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставен суд.

Сега, автоматски се дава зелено светло за планираните урбанистички контури на срцето на Скопје. Се легализира планираната црква на плоштадот, трите фонтани во реката Вардар, двете деветкатници на левиот брег на реката, едната наменета за нов дом на Уставен суд, Археолошкиот музеј и Државниот архив, а другата за Министерството за надворешни работи. Веќе не може да се оспорува ниту поставувањето на планираните педесетина спомен-обележја на плоштадот и околу него, како и скулптурите на четири лава планирани да никнат од двете страни на мостот „Гоце Делчев“.

Јавноста, чие мислење за ДУП „Мал ринг“ е поделено, веќе е во исчекување на поставувањето на камен-темелникот на црквата. Минатата недела во Градот бил потпишан и последниот документ неопходен за Општина Центар да го издаде одобрението за градба. Костовски не сакал да ја издаде визата, па како потписник на документите се јавува неговиот заменик Константин Димитров. Освен за црквата, од Градот потврдуваат дека веќе извесен период кај нив е завршена процедурата и за објектот наменет за Уставниот суд. За него постои и идејно решение, а изработени се и основниот и изведбениот проект.

Градоначалникот Трифун Костовски, кој го оспори планот, веќе неколку дена е службено отсутен во Кина, па вчера не беше достапен за коментар. Од неговиот кабинет накусо ни изјавија дека, во принцип, не коментираат судски одлуки, а истовремено дека тие не добиле официјален одговор на поднесената иницијатива. „Откако писмено ќе добиеме одговор од судот, можеби ќе имаме коментар, што ќе зависи, сепак, и од градоначалникот, кој треба да се врати утре“, одговорија од кабинетот на Костовски.

Инаку, коригираниот план „Мал ринг“, освен Костовски, пред речиси една година го оспори и архитектот Мирослав Грчев, кој е автор на ДУП-от. И тогаш Уставен суд одлучи да не ја оценува законитоста на постапката со образложение дека наводите за поведување на иницијативата се неосновани, односно дека измените на ДУП се донесени во законски рамки.

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 15:20
znaci , skoposkiot plostad kje ima crkva , konj , muzicka masina i bankomat ............ a sto kje bide so baranjeto za djamija збунетост
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 15:24
Na vlezot na deneshen trgovski imalo crkva Sv. Konstantin i Elena. Ja minirale pod izgovor deka e napuknata i ja minirale. Verojatno sega se vrakja...ama pod drugo ime...i malku podolu/pogore/polevo/podesnoголема%20насмевка
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 15:27
na zenite ne im e mesto na trgot! poubav ke bese sveti nikola na konjot!кубење%20коса
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 15:27
ama sega neka e napravat poubavo ........... da ne napukne pak голема%20насмевка
Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 15:30
Jas ke se nadovrzam na nekoi moi prethodni postovi od drugi temi...
Na nasiot plostad mu nedostasuvaat gradbi za da se definira - toa e fakt. Plostad se definira so gradbite (zgradite) koi ke go ogranicat.
No dali... DALI ni treba crkva na sred plostad ( ne sum siguren, no mislam deka crkvata e planirana na sred plostad), so sto plostadot i vizuelno i fizicki ke se podeli i - koj e toj, koja komisija go ocenuva stilot na gradbite koi ke se gradat tamu????
Dali ima nekoj koj ke gi spreci politicarive (ne sum politicki orientiran i ne me interesira od koja partija se, iako znaeme koi se sega na vlast) bukvalno da ni go unistat izgledot na gradot, koj ionaka nema mnogu gradbi so koi mozeme da se pofalime, a pritoa ke potrosat ogromna suma na "nasi" pari?
DeepBlue
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 15:38
a be vo pravo si...ama isto taka gledas deka nema korist od toa...zatoa razveseli se....i udri brigu na veselje....
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 15:44
I veselbi i zaebancii i se sto treba...
Ama i ke ja koristam sekoja prilika da ukazuvam deka gresat i sekoja moznost da gi sprecam vo taa nivna namera...
Aj turi po edna z'ta sea...
DeepBlue
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 16:10
Нелсон, Нептун - верно ке правите флотаголема%20насмевка

како е рекол Кунфуции - когато адмиралот е готов - флотата сама ке се поjави
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 17:05
Abe ajde namesto da se otvori fabriki  lugeto da se zaposlat ovie parite gi trosat ili za crkvi ili za dzamii ili za spomenici,vaka nemoze da se podobruva ekonomijata..
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 18:13
Originally posted by Polaris Polaris напиша:

Abe ajde namesto da se otvori fabriki  lugeto da se zaposlat ovie parite gi trosat ili za crkvi ili za dzamii ili za spomenici,vaka nemoze da se podobruva ekonomijata..
аман бе со тие фабрики , ко да не може паралелно да градат и фабрики и цркви среќа
инаку и јас сум против црквата, поради тоа што:
1. На 100м има друга црква
2. Премногу е голема за таа локација, го задушува просторот и ги затвора двете улици кои водат кон плоштадот
3. Опкружувањето и е: дискотека, стоковна, друга стоковна и трговски центар
4. Не е потребна сега, ако толку сакаат цркви, нека ги реставрираат постоечките
5. Шиптарите ќе се бунат (непотребни тензии и конфликти
6. Ќе има уште едно големо градилиште на многу прометна пешачка локација
7. ќе има проблем со шиптарите
8. Поарно нека изградат поевтини црквички насекаде, колку за кеиф на луѓето
9. ќе има проблем со шиптарите

и други
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 114>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.