IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - BROJOT  666 VO BIBLIJATA
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

BROJOT 666 VO BIBLIJATA

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
MAJA DIKOVA Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 47
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAJA DIKOVA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: BROJOT 666 VO BIBLIJATA
    Испратена: 02.Февруари.2008 во 16:10
STO MISLITE KOJ GO OZNACUVA BIBLIJATA POD BROJOT 666????
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 16:14
И му се даде власт да вложи дух во сликата на ѕверот та да прозборува таа

Програма на телевизија - Крвави Филмови, Насилство, Терор, Акција, Трилер
Крвавите филмови на ТВ, оставаат длабоки траги во нашето срце. Тоа е Страшен Белег
Тоа е печат на Убиство, тоа е печат на шестата Божја заповед (Не Убивај)

Бројот на Ѕверот, Број на Човек, 666 Според Библијата e Слика што Зборува
Отвори Библијата, Откровение на Св Апостол Јован Богослов, 13гл
Единствената слика што зборува на овој свет е телевизија и крвави игри на компјутер
Најголемото зло на денешното време се Крвави Филмови и Крвави Игри
Сликата што зборува, од Светото Писмо, недвосмислено е ТВ и PC
Овие не запечатуваат со Белег, со Име и Број на Ѕверот, тоа е 666. ТОА Е УБИЕЦ


Повеќе



Изменето од Nikki - 02.Февруари.2008 во 16:16
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 17:15
Интересно, скоро дознав дека збирот на броевите од рулетот е-666.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
sensei Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2005
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sensei Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 17:22
Isto taka interesen fakt,... na sekoj bar kod ima tri para podolgi lenti, koi se ednakvi vo debelina. Eden par na pocetokot, eden par na sredinata i eden par lenti e na krajot na kodot.
Sekoj par lenti oznacuva eden broj. Ovie tri para konkretno se seski. 666
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 17:23
ту,мајку му,изненадување
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 18:50
Еве една интересна калкулација:
Елена Вајт (Ellen Gould White) e aдвентистичката современа пророчица од 16 век која според верувањето на адвентистите имала дополнителни откровенија од Бог.
Знаете дека римските бројќи се воедно и латински букви. Па доколку во името на оваа пророчица извршиме конверзија на буквите во римски бројќи пр. I=1, V=5, X=10 итн. , а за другите букви кои немаат соодветен број во римските цифри ги конвертираме со нула, тогаш го добиваме следново:
 
Нејзиното име е Ellen Gould White.
 
Ellen = L+L=  50 + 50 = 100
Gould=U+L+D = 5 + 50 + 500 = 555
White= (дупло 'V') = 5 + 5 +1 =
11.
Сумата на овие три броја е: 100 + 555 + 11 = 666.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sensei Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2005
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sensei Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 19:40
se nadevam ova beshe vic плазење
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
Кон врв
Ezan-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Локација: Somalia
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ezan-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 23:18
Lele evangelos uste veruvate vo babini devetini,hahah
od sive na forumov bas zatebe imav visoko mislelje am ti si bil TRUBA hahah c c c c!
Beautiful Mind

Кон врв
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 23:24
Originally posted by Ezan-a Ezan-a напиша:

Lele evangelos uste veruvate vo babini devetini,hahah
od sive na forumov bas zatebe imav visoko mislelje am ti si bil TRUBA hahah c c c c!



Чекај,чекај уште допрва ќе учиш за него......сега е труба.....а кога ќе ја грабне тамбурата...
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 00:36
Originally posted by Ezan-a Ezan-a напиша:

Lele evangelos uste veruvate vo babini devetini,hahah
od sive na forumov bas zatebe imav visoko mislelje am ti si bil TRUBA hahah c c c c!
 
На кои бабини деветини мислиш? Јас верувам во Господ објавен преку Библијата. А ако мислиш за "интересната калкулација" која ја постирав погоре, таму јас никаде не реков дека верувам во неа, туку само сакав да ја споделам на форумов, ми се виде интересна бидејќи е во контакст на темава, за разлика од твоето лично обраќање кон мене кое е сосема out of topic.
By the way, од каде си имал/а ти високо мислење за мене кога си регистриран пред еден месец и имаш вкупно 8 пораки. Ја пре би типувал дека си некое муслиманче во ново руво среќа
 
Кој е твојот став во однос на прашањево на темава. Ајде затруби и ти малку, да видиме како ќе звучи? голема%20насмевка Имаш ли став воопшто или само дојде за да трубиш од трибините?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 23:32
666 - The Number Of The Beast


Целата Земја е Завиткана во Крв
Програма на телевизија - Хорор, Акција, Трилер
Крвавите филмови на ТВ, оставаат длабоки траги во нашето срце. Тоа е Страшен Белег
Тоа е печат на Убиство, тоа е печат на шестата Божја заповед (Не Убивај)

Бројот на Ѕверот, Број на Човек, 666 Според Библијата e Слика што Зборува
Отвори Библијата, Откровение на Св Апостол Јован Богослов, 13гл
Единствената слика што зборува на овој свет е телевизија и крвави игри на компјутер
Најголемото зло на денешното време се Крвави Филмови и Крвави Игри
Сликата што зборува, од Светото Писмо, недвосмислено е ТВ и PC
Овие не запечатуваат со Белег, со Име и Број на Ѕверот, тоа е 666. ТОА Е УБИЕЦ                          

   6 Божја Заповед: Не Убивај
Оваа страна се обидува да објасни дека бројот 666 е поврзан со три убиства на духот душата и телото на човекот
Тоа ќе го направат новите технолошки изуми, Телевизија, Интернет, Камери, Кино, Театар ..
Овие целосно ќе го одземат слободното време на човекот, потребно за Молитви, Св Писмо, Размислување и Одмор
А нашето слободно време ќе го заменат со безброј убиства, политика, омраза, гнев, и перверзии
Лебот е бескрајно потребен за нас, но ако тој е полн со отров, мора добро да внимаваме како ќе го јадеме
Новата технологија ние не можеме да ја отфрлиме, но мораме внимателно да го одбегнуваме злото во неа

Језекил 28 - Господ за Царот на Тир вели дека бил Совршен, Мудар и Убав. Живеел во место Слично на Рај
Облечен во Скапоцени облеки. Царот на Тир беше сличен на Ангел Херувим
Поради многуте пари заработени преку трговија, Царот си помисли дека е Бог и ги натера сите луѓе да му се клањаат.

Исаиа 14 - Господ за Царот на Вавилон кажува дека беше Ѕвезда Деница, Син на Зората
Но овој цар се возгордеа и нареди луѓето да го прославуваат и да му служат како Бог.

Овие два цара преку бескрајно многу убиства си создадоа за себе слава. Ги натераа лугето нив да им служат

Луѓето наместо на Бог, му се поклонуваа на Кипот, на Ликот што овие два цара си го направиа сите да му се поклонат.

Египетските Фараони и многу други цареви си правеа големи Пирамиди со Кипови од својот лик

Луѓето му се поклонуваа на Ликот, на Сликата, иако оваа слика немаше дух во себе бидејќи беше направена од Камен



Библијата вели дека во ова време еден Ѕвер ќе ги натера луѓето да му направат Слика што ќе Збори

Слика што ќе има дух во себе, и луѓето и мали и големи, сите ќе и се поклонат

Целото свое време, целиот свој живот на оваа слика што зборува ќе и го посветат, ќе и го поклонат

Луѓето што ќе се поклонат на оваа слика што зборува ќе добијат Печат во Срцето, тоа е: Слика и Име и Број, 666

Оваа слика што зборува ке ги убие Духот, Душата и Телото на Човекот. Согласно со шестата заповед *Не Убивај

Тоа е број на Ѕвер што ќе предизвика Масовна Смрт на Милјарди Луѓе, а неговото име е Убиец



Еве што пишува во Библијата, Открвовение 13, за Два Ѕвера кои се образ на Змејот, Сатаната

Првиот Ѕвер ќе излезе од морето и ќе биде ранет од меч во главата, но оваа рана ќе му заздраве

Вториот Ѕвер ќе излезе од земјата и ќе ги натера сите луѓе на земјата да му се поклонат на првиот ..

* И правеше големи чуда, па дури и оган да симнува од небото на земјата пред луѓето

* И ги мамеше жителите земни со чуда што му беа дадени да ги врши пред ѕверот

* Велејќи им на жителите земни да му направат лик (Слика) на ѕверот кој што имаше рана од меч и остана жив

* И му се даде власт да вложи дух во сликата на ѕверот та да прозборува таа

* И да направи да бидат убиени оние кои нема да му се поклонат на ѕверовиот образ (ѕверовата слика)

* И ќе направи на сите, мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови

* Да им се стави белег на десната рака или на челата нивни

* Та никој да не може ни да купува ниту да продава

* Освен оние што го имаат тој Белег (Печат), или Името на ѕверот, или Бројот на името негово.

* Тука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек Бројот му е 666



Прв Ѕвер со 7 глави и 10 рогови, е царства и цареви, на кои луѓето им се поклонуваат и ги обожуваат (Откр. 13)

Човекот ќе се опседне со желба да стане Цар, да има таква моќ, сила, жени, власт, да војува

Море, тоа се народи од кои ќе се издигнат царства, како што е Македонско, Римско, Византиско, Ислам, Наполеон, САД ..

Да се поклониш или да се клањаш на нешто, значи да му го поклониш Животот, Душата, Љубовта, Срцето, Времето ..

Луѓето наместо на БОГ, ќе им се поклонуваат на Цареви, на изрезбани ликови од дрво и камен, кипови, животни, ..

Мечот е Словото Божјо, кој преку устата на Христос, и преку лицето на Христовата Заедница смртно го ранува Ѕверот

Во раната црква не постоело чувството за националност и политичка и партиска наклоност, сите биле Христови

Во откровението пишува дека од устата на Христос излегува Меч со Две Острици (Откр 1,16)

Но оваа рана во последните времиња ќе му заздраве кога луѓето Од Земја ќе направат Чудесна Технологиа, нов Ѕвер

Вториот Ѕвер ќе произлезе од Земја. Човекот од Земја ќе произведе секакви машини, играчки, и ќе му олади љубовта

Вториот Ѕвер е Технологија, Машини, Компјутери, Виртуелна Реалност, Телевизори, Интернет, Авиони, Бомби ..(Наука)

ТВ по втор пат ќе го опседне човекот со Политка, Националност и обожување на империи како што се САД и Русиа

Државата преку Телевизорот си прави сопствена богослужба, свое царство, собранија, седмици, вести, политика

Навечер наместо вечерна служба во црква, имаме вечерни вести на многу програми, нов политички речник и изрази

Има и утрински вести, попладневни, секој час, значи часови (ЧАСОСЛОВ), полноќни скратени (Полноќна)

Ѕверот ќе заживее, и ќе Остане Жив за извесно време, додека самиот Христос дојде по втор пат да го УНИШТИ

Ѕверот Дури и Оган ќе симнува од небото. Тоа се Авиони, Вештачки громови, вештачки снег, вештачки облаци ...

Луѓето до пред десетина години кога гледале оган, гром, молњи, веднаш се молеле, и го барале Лицето Божјо

Но денес кога науката научи да ги контролира временските појави, човекот ја остави Љубовта кон Божјото Битие

Човекот почнува да го губи чувството за она што е природно, чувството за Божја Љубов, кое е дел од нашата природа



13 Глава може погрешно да се разбере во однос на Ликот на Ѕверот

Првата наша помисла е дека луѓето ќе се поклонат на некое Гадно Чудовиште и ке добиат Печат, 666

Вториот Ѕвер ќе ги натера Луѓето да му направат Лик на Ѕверот

Луѓето ќе се поклонат на Ликот на Ѕверот, а тоа е Слика што претставува Ѕвер а не на самиот Ѕвер

Кој би се осмелил буквално да се поклонува на некое Суштество со Рогови и Шестки на Главата ?

Науката ќе вложи дух во сликата на ѕверот, та да прозборува тој. Оваа слика ќе зборува, ќе има дух

Значи оваа слика ќе има живот во себе, ќе мрда, ќе биде иста како да е жива, но тоа е само Слика

Злото ќе се изобрази во оваа слика, и преку неа ќе стави печат во срцата на сите што ќе ја гледаат и слушаат

Дух значи живот, движење, чувства, гласови, но овој дух е Илузија на Животот, тоа е Лош Дух кој УБИВА

Тоа е Телевизија и Компјутер, Кино, Проектори .. Вештачки Живот



Сите мали и големи сиромашни и богати ке му се поклонат

Сите денес гледаат ТВ, во болница, бебиња, деца, рокери, наркомани, христијани, муслимани, .. сите

Просто нема човек што не гледа, и да има таков, тој сигурно има тежок испит на Факултет

Па нема време за ТВ, но кога ќе поминат обврските, сите луѓе седат и гледаат во СЛИКАТА, во Ликот

Сите гледаат во Ликот на Ѕверот, тој е сега дома кај сите луѓе, и во сите соби

Бидејќи ТВ е евтин, па си имаат повеќе слики, да може сите посебно да гледаат во Ѕверот

Наскоро ТВ и Компјутерот ќе се спојат во еден уред со име: iTV (Интернет Телевизија)



Интеренет буквално значи Компјутерска Мрежа. Сите компјутери ќе бидат поврзани во мрежа

Како што сите домови се поврзани со телефон, слично сите Компјутери ќе бидат поврзани со * TCPIP Протокол

TCPIP е електронски јазик што го користат Компјутерите за да се поврзат и контролираат разни уреди

Денес во Македонија TCPIP протоколот е скап, но цените брзо паѓаат, веќе го имаат голем број луѓе дома

За десетина години ќе биде евтин и бескрајно брз. Целата опрема ќе биде бесплатна и секој човек ќе мора да ја има

Владата преку оваа опрема ќе врши глобална контрола, ќе знае во секое време каде си и што правиш

Кога си во Бања, и кога спиеш со Жената, кога си во Црква, или кога Ограбуваш Банка, сето тоа ќе се знае

Преку iTV (ИнтернетТВ) ќе купуваш, ќе продаваш, ќе се запознаваш со луѓе, ќе работиш, ќе земаш плата

Преку iTV ќе се раководи струјата дома, сијалиците, греење, аларми, фрижидер, а посебно безброј камери во секој дом

Ке има еден мал уред преку кој ќе внесеш Две Лозинки за да се приклучиш на iTV, а со тоа во целата Светска Мрежа

Тој можеби ќе биде дел од твојот мобилен телефон, а некои ќе го имаат на челото за да им бидат рацете слободни

Наместо во рака да држиш маус и да кликнуваш, тоа ќе го правиш со благо мрдање на главата и погледот

Оваа технологиа веќе се користи во новите авиони, каде Пилотите со поглед во Мониторот можат да фрлаат Ракети

Ти не ќе можеш да живееш без овој мал уред, кој ќе биде или на твојата Десна рака или на Челото



Ќе се јават луѓе кои ќе се бунат, кои ќе сакаат да живеат природно и никој да не ги знае каде се и што прават

Луѓе кои ќе сакаат да си имаат свој Интимен Живот, но во новото време на електроника, ова нема да биде можно

Власта на државата ќе ги убие сите кои нема да ја прифатат новата глобална контрола над сите луѓе во Светот

Причина за ова, за почеток ќе биде борбата против меѓународниот тероризам

Значи ако не ја прифатиш оваа нова технологија и контрола ќе бидеш прогласен за можен терорист или насилник

Денес веќе постојат антиглобалисти кои се бунат против појава на светска влада која ќе го контролира светот

А колку повеќе ќе се бунат и ќе гинат, кога оваа Светска Влада ќе почне да го контролира нашиот интимен живот

Ќе се знае кој човек каде е, што прави, дали убива, дали краде, дали силува, дали е мирен, дали спортува

Ако се обиде некој нешто да украде, тој веднаш ќе биде убиен, можеби со мал зрак од Сателит на Небото

Мотивот на глобалната контрола над сите луѓе е многу добар, ќе бидеме безбедни и мирно ќе спиеме

Тешките работи во Рудник, ќе ги изведуваат Роботи, исто и на места со радијација, штетни испарувања, ладни места ..

Човекот ќе има многу слободно време и голема слобода, ќе работат Машини, а рацете само ќе кликнуваат на Копче

Ќе има привиден мир и благосостојба, Целиот Свет во еден момент ќе заличи на Рајска Градина

Овој мир веќе го има во Австралија, Холандија, Шведска, земји кои не виделе војна и стандардот е на највисоко ниво

Во овие земји, бракот одамна се распадна како вечна љубовна заедница, младите живеат во крајно Блудство

Наскоро во својата слобода човекот ќе се залепи до екранот и цело време ќе гледа Еротика Насилство Политика Крв ..

Оваа технологија ќе му овозможи на човекот да си ги исполни своите најинтимни желби

Преку Виртуелна Реалност, човекот најреално, а сепак електронски, ќе убива, ќе силува, ќе прави еротика со мали деца

Човекот не ќе мора да оди надвор за да убива, тоа ќе се случи во Очите и во Срцето на Човекот

Тоа ќе биде преку новите електронски симулатори за Еротика и Убивање, со кацига на главата и друга опрема

Но ќе постои и голема слобода во реалноста, на пример ќе има градови каде што луѓето ќе се убиваат како животни

Градови определени од државата за целосна слобода, за оние кои сакаат Авантура, Смрт, Перверзии, Насилство

Во новиот поредок секој ќе си го најде своето место, каде што ќе прави се што ќе посака, но под целосна контрола

Ќе има и градови определени за Православни Христијани, но поради големото искушение овие ќе бидат празни

Со еден поглед во мониторот луѓето ќе си нарачуваат дома Проститутка, Хомосексуалец, но и Животни за Еротика

Кога ќе настане целосниот мир и благосостојба, баш тогаш Бог ќе прати најголемо зло, ќе ја запали земјата

Нашата слобода, и нашиот мир немаат никаква вредност во очите на БОГ, кога ние во мирот го оставаме Словото

Новата Технологијата ќе мора разумно да ја користиме и внимателно да бегаме од злото кое таа ни го нуди

Со еден поглед во новото iTV ќе можеме да нарачаме бурек, но ако цел ден гледаме DVD, злото ќе не запечати

Злото ќе можеме да го препознаеме само ако целото слободно време се поучуваме во Богооткриеното Евангелие



Дрога. Ова е неразделен дел од новото време, совршен плод на најновата технологија

Илјадници отрови, емулгатори, витамини, амфетамини, кофеин, смирувачки дроги, лексилиуми, ....

Сите овие по потреба ти даваат лажна енергија стимулирајќи го твојот сексуален нагон

По потреба те успиваат кога не можеш да заспиеш, по потреба те држат буден со денови, кога треба да учиш

Од дрога во дрога. Сите нерви на човекот хемиски прво ги провоцираш, потоа ги умртвуваш

За кратко време човекот се преобразува во страшно бесчуствително непредвидливо животно

Човекот губи секакво чуство за контрола на однесување, станува импулсивен, насилен, и пред се нездраво сексуален

Чувствата изобличени од дрогите, го тераат човекот на најперверзни и болни потреби за сексуално уживање

Човекот добива нова инспирација која е сатанистичка. Одеднаш се восхитува на одвратни слики, филмови, фантазии ..



Според Божјата промисла дрогите пребрзо го уништуваат здравјето на човекот

Скоро сите од овие се канцерогени. Тие брзо го уништуваат срцето на човекот, коските, и сите други органи

Секако овие дроги најбрзо го уништуваат нервниот систем на човекот, и затоа денес има безброј душевно болни
Тие го уништуваат генот на човекот. Според ова малите деца што се раѓаат уште во утробата се болни

Во Македонија, затворите и душевните болници се преполни, и често во нив одат луѓе што не се за таму
А вистинските насилници, луѓе со страшни душевни болести слободно се шетаат по улица и демнат
Постојано слушаме на вести за ужасни убиства на невини луѓе, за терор



Новото работно време на човекот просто не прави зависни од дроги

Бидејќи човекот до касно навечер гледа ТВ. Со кола е лесно подвижен и присутен на секаде каде што ќе посака

Со колата што те чека пред врата, просто си во страшно искушение да не си легнеш рано

Те чека забава, пријатели, журки, девојки. На овие места дополнително те загадува димот на цигарите и силната музика

Целиот овој динамичен живот е незамислив без дрогата. На прво место Кафе и Газираните Пијалоци

Како би можел да стане рано наутро човек и да оди на работа или на факултет без да се испие некој стимулатив

А бидејќи овие ги зема и преку цел ден, навечер човекот е толку возбуден што не може да заспие

Ете касно навечер за краткиот сон повторно е потребно некое средство за спиење

Сето ова предизвикува главоболки, па сега потребно е нешто друго да се испие против болки



Вистинскиот Печат на Ѕверот ќе биде во Срцето и во Духот, а не на Раката или на Челото

Времето што ќе го поклониме на сликата на Ѕверот ќе не однесе во Пеколот, а не самиот Белег

Човекот ќе биде заслепен од сликата која ќе му се понуди на Екранот и Виртуелните Наочари

Сликите на Еротика, Крв, Политика, Спорт, Музички Спотови, Шоу Спектакли .. ќе го избришат Божјото Име

Човекот ќе заборави да го прослави Бог, да го проучи неговиот Закон, да гледа во Иконата на Христос

Овој Лик ќе се запечати во Срцето и тука ќе направи Три Убиства

Во Ев Јован 8 гл , Господ Исус Христос ни кажува дека Ѓаволот е Човекоубиец од Почетокот на Светот

Ѓаволот е наш татко кога ние ги исполнуваме неговите желби. Затоа бројот 666 е број на Убиец

* 6, тоа е Шестата Заповед Не Убивај. Оваа заповед е три пати прекршена

666 тоа се Три Убиства. Ќе бидат убиени нашиот: 1. Дух 2. Душа 3. Тело
* Духот, душата и телото претставуваат Човек
Затоа во Светото Писмо пишува дека бројот 666 е Број на Човек

Дух, тоа е Светитот Дух, тоа се Свети Небесни Дарови која ни се даваат преку Црквата

Душата, е Животот во Човекот, Енергијата преку која ние се Движиме, Работиме, Постоиме

Телото, тоа е Свет Храм кој Бог го создаде од Земја и Вода, за во него да пребива Духот Божји

Преку обична TV и преку iTV, Човекот ќе се убие себеси, Духот, Душата и Телото.

Ова веќе се случува и се случи. Човекот е веќе Убиен. Злото прими Облик на Слика, на Жива Слика

За да може оваа слика да е постојано во Очите и во Срцето на Луѓето, секојдневно, пред легнување, после станување

Денес просечното време на луѓето пред ТВ и Компјутер е, по цел ден и цела ноќ

Денес во САД и на Запад, луѓето работат на компјутер цел ден, а навечер гледаат ТВ, и спијат неколку саати

Дури и јадат покрај ТВ, бидејќи новата Технологиа го одзема и времето за Јадење

Кога злото ќе ти го земе Денот и Ноќта, тогаш ти го одзело целиот Живот

Уште Еднаш: Злото ќе се изобрази на Слика, на ЛИК, а не на Број. Сите броеви се благословени и добри

Перверзии Убиства Расправии Политика Крв Насилство Силување Голотија, сето ова е симбол за Убиство

Сите прекршувања на Божјите заповеди стануваат ЖИВИ на Телевизорот. Секое прекршување на Законот е Убистсво

И нас 100% не преобразуваат во Демони, бидејќи сликата преминува во нашето СРЦЕ

Уште од најмали Децата се преобразуваат во Убијци, Насилници, Силувачи, Демони ** Компјутерски Крвави Игри

Некои ќе кажат: па Господе, каде ни е печатот на Ѕверот, еве имаме чисти раце и чисто чело, ние немаме 666 на Телото

Злото толку ќе ги заслепи христијаните, и тие ќе заборават што е Љубов, што е Закон, а ќе се плашат од бројките 666



Колку е поголем престапот толку е поголема казната.

Првите кипови што си ги правеа царевите кога се претставуваа себеси за богови се бледа сенка на овие денешни богови

Навуходоносор и Фараонот барале од луѓето неколку минути на ден да им се поклониш, и БОГ страшно ги казни

Но модерните електронски кипови, кои мрдаат, се движат, зборат, лажат, крадат, колат, силуваат, ти ги убиваат децата ...

Тие ни го земаат целото време, дарувано од Бога за Слава Божја, затоа денес казната ќе биде Многу Пострашна

Новите саталитски антени со пробиени кодови даваат по 1500 програми. Ти немаш време ни да ги провериш

Глумци, Пеачи, Спортисти, Политичари, Манекени, сите тие си прават Кип, Лик, за ние нему да му се поклонуваме

Цели саати да гледаме во него. Овие модерни кипови имаат дух и живот, имаат сила целиот свет да го одалечат од Бог

Бог вели дека во Последните времиња ќе биде мака каква што не била од почетокот на светот

Он тоа ќе мора да го направи за да спречи масовно сквернавење на нашите Тела и Души со новата Технологија

Слично како што Бог во времето на Ное ја потопи целата земја, и покасно ги уништи Содом и Гомор

Сите до еден запечатени со Сликата на TV и iTV во Срцето, Бог ќе ги обележи со Печатот на Смртта и Вечните Болки



По плодовите ќе ги познаеме вистинските учители. Плод на Св Дух е Византиската Православна Уметност

Вистинските учители учат да се воздржуваме од светската уметност, за да ги нахраниме сетивата со плодовите на Св Дух

Нашите чувства се ограничени, тие неможат бесконечно да се хранат. Затоа мораме да одлучиме меѓу Светот и Црквата

Спасението е единствено во Православните Храмови, со Византиска Архитектура, Икони, Музика, Одежди и сите Обреди

Православната уметност е дрвото на животот во Рајската Градина, до кое Исус Христос преку верата повторно не враќа.



Светлината влегува преку очите, и во твоето срце создава волшебни светови

Окото е Духовна Светлина за Телото. Преку Окото ја примаме Светлината на Денот, Убавината на Природата

Божјите Зборови и Молитви, Лицето на Ближните. Преку окото се Случува Чудесна и Вечна Љубов

Се случува Мистично Соеднинување на надворешниот свет со Срцето

Бог вели *Светило за телото е окото. И така ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло

А ако твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така ако светлината што е во тебе е темнина тогаш

Каква ли ќе е темнината? Она што мистично влегува во срцето преку окото, тоа е твое непроценливо Богатство

* Каде што е богатството ваше таму ќе биде и срцето ваше * Срцето е слично на Брод, тоа не води во Идниот Живот



Твоето Срце во идниот живот ќе ја наследи светлината што влегуваше во тебе преку твоите Очи

Господ заповедува таа светлина да биде Чиста, Неосквернета, Духовна, Христова, Нежна, Љубовна, Божја

Ако ние со Очите кои се од Бог благословени да бидат Светлина за телото гледаме Хорор и Перверзии на ТВ

Тогаш каква ли ќе биде темнината што Реално ќе не Притисне во Идниот Живот

Каков ли ќе биде Хоророт што ќе ни се случи после Воскресението на Мртвите

За сето ова многу од верните Христијани не сакаат да размислуваат, и за нив Господ вели

** Синот Човечки кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата? Во последните времиња Храмовите ќе бидат полни

Верните се причестуваат, имаат Духовни Учители, Христијаните имаат Библија веднаш до себе на масата

Покрај креветот каде што спијат, во ташна *денес Библиите се мали и практични, Св писмо редовно се чита

Верните мислат дека нивната вера е силна, но таа е перверзна бидејќи срцето на човекот е слично на чаша

Во чашата мора да има чиста вода за живот, но кога претходно таа чаша ќе ја наполниш со отров

Тогаш и водата што ќе ја ставиш во чашата ќе биде отровна. Срцето на човекот е слично на кутија

Кога ќе ја наполниш со ѓубре, веќе нема да има место за Божјото скапоцено богатство

Многу луѓе го сакаат Телевизорот и се оправдуваат бидејќи има научно популарни емиисии

Тој што не видел нож забоден во човечко тело прв нека застане во одбрана на овој Сатански Храм

Подобро е да го запалиш Телевизорот и да го каменуваш отколку само еднаш да видиш Сцена на Убиство

Господ на судот на многу Христијани ќе им каже ** Бегајте од мене, не ве познавам. Зошто нема да ги познае ?

Бидејќи нема да мирисаат на Св Дух. Тие ќе мирисаат на одвратни перверзии, на Смрт и Пекол.








†Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie






Може ли некој поопширно да не запознае со мистичната теологија?
Што учи таа,врз што се базира,дали има врска со православието,протестантизмот,или нешто друго?

Изменето од efendija - 03.Февруари.2008 во 23:34
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 23:34
Ники,можеби ти можеш подетално да не запознаеш со тоа!
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 23:40
...ЈАС ОВИЕ 666 БИ ГИ ПРЕВРТЕЛ..ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ,НЕ ДА МЕ ГРИЖЕ СОВЕСТА ПОДОЦНА!
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 23:52
Да, мислам дека така ќе ти биде најдобро.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 2,438 секунди.