IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија и Светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија и Светот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонија и Светот
    Испратена: 18.Јануари.2008 во 15:03
Бидејќи потфорумов така се вика, и јас така ја крстив тематасреќа


Дали Македонија се гледа себеси како припадничка на светот?
Дали Македонците чувствуваат заедништво со останатиот свет?
Дали сме посматрачи на сцената, или учествуваме на неа?
Дали го разбираме и прифаќаме светот, дали сме отворени за него, за случувања, за различни култури, религии, јазици...за луѓе?
Дали чекориме заедно со другите на било кој начин?
Дали знаеме што нашето камче значи во тој мозаик?



Дали знаеме кои сме и што сме, која е и што е Македонија виза ви Светот?


Кон врв
sensei Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2005
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sensei Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2008 во 15:47
Makedonija ima nekoj kompleks na specijalna nacija. Slicno na evreite, samo so hristijanski pristap. Ne moze nikoj da ne zaebava onolku kolku sto mozeme da istrpime :)

sme imale najslaven vojskovodec.
sme imale najgolema imperija.
sme imale najtragicna istorija.
sme bile najzilavi i najistrajni pod site tie iskusenija.
od druga strana sme najtolerantna nacija.
kon strancite sme najotvoreni i neagresivni, kako da imame vishok od se.

Ima nesto vrezano vo kolektivnata svest, vo genot, sto go tera makedonecot da trpi, da bide naiven so otvorenosta, a od druga strana ima ogromna ambicija, cuvstvo na onepravdanost i sleduvanje(entitlement), tvrdokornost i vrela krv. Taa kontradiktornost go pravi makedonecot da bide volk vo jagneska koza. A mislam deka skepricite i zlobnicite ke bidat pobieni na podolg rok.


Изменето од sensei - 18.Јануари.2008 во 15:48
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2008 во 16:09
Дали сме толерантни кон себе? Мене ме мачи тоа што имам впечаток дека овој народ има многу малку љубов кон себе. Парадоксално колку мерак ни прави да се гушиме во сопствената омраза и гнев за нас, никој подобро од нас самите не може да не’ исмее. А традицијата и културата, фолклорот, ни покажуваат дека во суштина сме биле кроток народ, мил, храбар, вреден и со уметничка душа.

Значи, амбиција да, способности да, ама каде е иницијативата, волјата, насоченоста?
Да се погледне кон надвор и да се види дека и нашиот збор и дело е од значење, во светски рамки.Да се почувствува заедништвото со светот, и својот придонес во се’.

Можеби ако ни се среди визниот режим скоро, дај боже, ќе се почувствуваме слободни и нема да се самогетоизираме повеќе.среќа

Кон врв
sensei Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2005
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sensei Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2008 во 16:20
Originally posted by Kali Kali напиша:

Значи, амбиција да, способности да, ама каде е иницијативата, волјата, насоченоста?
Да се погледне кон надвор и да се види дека и нашиот збор и дело е од значење, во светски рамки.Да се почувствува заедништвото со светот, и својот придонес во се’.


Za toa ni trebaat A few good men. A mislam deka gi imame, samo ne se uste promovirani vo poln zamav. Vo Makedonija ima sposobni lugje so globalna vizija, no tie se sepak nova generacija, koja doprva ke go ostvari svojot potencijal na svetsko nivo.
A da ne zaboravame deka startuvame ne od nulta tocka, tuku so golem minus.
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2008 во 16:44
Makedonija i makedonecot imaat eden osnoven problem. Ne ja znaeme tochno nashata vrednost! I toa vo dva pravci.
Prvo - natcenuvanje. Se mislime za mnogu pogolemi od toa shto navistina sme. Imame nekoja genetski vrezhana ideja deka sme mnogu vazhni od geo-politichki aspekt i deka rechisi se na svetov se sluchuva zaradi nas ili se vrti okolu nas. Zboruvame za Aleksandar i za imperijata, sekoj ima dedo vojvoda, site ja razbirame svetskata politika, biznis, istorija i nauka.
Vtoro - potcenuvanje. Se mislime za premnogu mali, nesposobni da vlijaeme, nesposobni da probieme na svetska scena, celo vreme mislime deka nemame dovolno sredstva, kadar, kontakti za da napravime neshto relevantno za svetot.
Dosta shizofrenichna situacija, zarem ne?
No ako se poglednat realno nastanite, kje vidime deka krajniot rezultat i od ednata i od drugata pojava e potpolno ist - ne pravenje nishto.
Natcenuvanjeto ne tera da ne pravime nishto, so idejata deka sme premnogu golemi, znachajni i sposobni za bilo shto i nema shto tuka da dokazhuvame na kogo i da e, shto i da e.
Potcenuvanjeto ne tera da ne pravime nishto, so idejata deka ne mozheme da go napravime, a i da go napravime, nishto od toa, nikoj nema da go vidi.
Pred se, treba da se otkazheme i od dvata stava i da dobieme realna pretstava za svetot i za nas. Da dobieme realna vrednost za toa koi sme, kakvi sme i shto mozheme.
Imame mnogu pogreshna slika deka imame mnogu dobro obrazovanie. Taa ideja se pumpa od lugje shto doagjaat od stranstvo i vikaat kolku tamu se glupi lugjeto i kako nishto ne znaat. Da, no ne se razbira osnovniot kriterium za toj pogled.
Primer - vo Makedonija masata lugje e relativno dobro obrazovana i informirana. Relativno dobro, ne vistinski dobro! Vo Amerika, masata lugje e relativno losho obrazovana i sosema neinformirana. No - vo Amerika ima odreden procent na lugje koi se so takvo obrazovanie, kultura, informiranost i znaenje, shto kaj nas rechisi i nema lugje koi mozhe da im pariraat. Razlikata vo shto e - vo Amerika, tie lugje ja vodat ekonomijata i biznisot, pa i politikata (Bush ne e bash primer, ama poglednete gi lugjeto koi rabotat vo vistinskata politika, zad scenata). Kaj nas ne! Kaj nas ekonomijata i biznisot, politikata, se vodat od lugje koi se rechisi obrazovani, rechisi informirani, no so strashno ego i ideja deka znaat i mozhat se. I tokmu toa e problemot.
Mora da sfatime deka celosniot sistem na vrednosti vo Makedonija e pogreshno pozicioniran. Se falime so kulturno nasledstvo, no toa e sosema nedostapno. Nema kako da otidesh do arheoloshkite lokaliteti, nema organizirani turi, prevozi, a i da otidesh, kje se iznamachish da najdesh vodich (ova od iskustvo zboruvam). Ako se obidesh vo Ohrid da vlezesh vo Kukjata na Robevci, kje treba da se javish da dojdat da otkluchat, a duri i da uspeesh da najdesh vodich, nema fajde, zatoa shto polovinata od lampite ne rabotat, pa ne mozhe da gi vidish ubavo eksponatite. Celoto kulturno nasledstvo e neorganizirano, neosmisleno.
Istoto e so turizmot - velime deka imame prekrasni turistichki mozhnosti, ama vsushnost - osnovno za turistichkite mozhnosti se dobri hoteli i dobar prevoz. Ni ednoto ni drugoto ne go pravime. Bidejki znaeme se, ne se informirame za svetskite tekovi vo turizmot i ne znaeme shto tochno da ponudime na pazarot.
Istoto e vo sekoja oblast... znaeme neshto, ne bash kolku shto treba, a mislime deka znaeme se i odednash nema nikakva korist od toa.
Ako pakuvanjeto e losho, a sodrzhinata dobra, teshko deka nekoj kje kupi. Ako kupi, kje se uveri deka sodrzhinata e dobra i kje prodolzhi da kupuva.
Ako pakuvanjeto e dobro, a sodrzhinata losha, kje kupi ednash, no nikogash povekje.
No kaj nas pakuvanjeto e prosechno, a sodrzhinata istotaka.
Se dodeka ne go sredime toa, svetot kje ne odminuva.
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2008 во 16:59
http://preminportal.com.mk/content/view/602/71/

Многу убав текст на академик Катица Ќулафкова, во врска со темава.
Ако не ве мрзи да читате, ептен е добросреќа
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2008 во 19:56
Политичко-административна поделба

Регионот е поделен меѓу Република Македонија, со нешто повеќе од 38% од вкупната површина; Егејска Македонија или јужниот дел во составот на Република Грција, со речиси половина од површината и населението, и Пиринска Македонија (источниот дел) денес во состав на Република Бугарија. Помали делови од Македонија се наоѓаат во составот на Албанија (областа Мала Преспа и Голо Брдо), во Косово (областа Гора), во Република Србија (во околината на манастирот Прохор Пчињски).

Потекло на името Македонија

Постојат најразлични толкувања за проникнувањето на името „Македонија“.

Македонскиот народ се нарекува себеси „Македонци“ по името на родоначалникот Македон кој ги обединил предмакедонските племиња и народи во еден народ. Македонците се етнички супстрат од негрчките и индоевропски народи, чиј етнички состав го сочинувале некои среднобалкански народи и племиња, меѓу кои се вбројуваат: Бригите (Фригите), Енетите (Венетите), Пајонците, Пелагонците и други. Дел од Бригите потиснати со дорските миграции по Тројанската војна се отселува во Мала Азијa. Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси (скромни останки од протогениот македонски јазик). Ова мислење го застапува и проф. Нада Проева и дава аргументи за тврдењето дека Македонците немаат дорско потекло, како што тврди на неколку места во својата историја, грчкиот антички писател Херодот.

Како што вели Џ.Р.Елис, така и грчкиот професор и археолог Фотис Пецас тврди дека Македонците уште пред да дојдат на просторот на Македонија, го имале своето име Македонци и тие на оваа територија која дотогаш имала друго име и го дале своето народно име.
Кон врв
nedopirliviot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nedopirliviot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2008 во 16:01
DA vo idnina.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.