|
Ferrari Клуб |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
OUST
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6653 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вселенски симулатор за Ферари!
Фирмата МООГ од Њујорк, специјализирана за аероспејс инженеринг, ќе го подготви новиот тренинг симулатор на возачите Ферари ја ангажираше американската компанија Моог да го конструира најдобриот возачки симулатор во Формула 1. Се верува дека лидер во овој сегмент моментално е Мекларен, кој неколку сезони наназад на своите возачи им нуди потполна подготовка за секоја патека, па оттаму се верува дека потекнуваат и добрите резултати на Хамилтон кој лани дебитираше и стана најуспешниот почетник на сите времиња со девет пласмани на пиедесталот. Американската компанија Моог ја потврди веста дека е ангажирана да создаде машина "од идната генерацијаа, што не би било чудно ако не се знае дека нивна специјалност е авиоиндустријата, вселенските летала, воени оружја од типот на војна на ѕвездитее, како и проектили со далечинско управување. - Динамичкиот возачки симулатор е нов чекор за нас во развојот на виртуелните тестови кои на возачите ќе им овозможат вистинско чувство, вистинска околина и повратен одговор за секоја нивна акција - изјави по овој повод Марко Фаинело, задолжен за напредување на перформансите во италијанската Скудерија. Важноста на симулаторите расте со тек на времето бидејќи екипите се обврзани да не поминат повеќе од 30.000 километри во тестирања преку годината, и тоа само со еден болид на патеката. За претстојната трка во Валенсија, Ферари потврди дека го користел симулаторот од истражниот центар на ФИАТ во Торино, но Кими Раиконен изјави дека тој дел од работата не го цени, бидејќи отсекогаш добро се снаоѓал на новите патеки. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Раиконен и Маса во Ферари и следната сезона
Светскиот првак во Формула 1, Финецот Кими Раиконен и Бразилецот Фелипе Маса, ќе возат за Ферари и во наредната сезона. По проверката на болидите во Италија, претседателот на Ферари, Лука Кордеро Ди Монтецемоло, потврди дека Раиконен и Маса ќе возат за Ферари и во следната сезона. Според неговите зборови Раиконен не е во криза, по освојувањето на третата позиција на светското првенство, веднаш зад Луис Хамилтон и Маса. Toa me raduva |
|
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ферари ја напушта Формула еден доколку ФИА не ја промени одлуката
Екипата на Ферари соопшти денес дека следната сезона нема да се натпреварува во Формула еден доколку ФИА не ја поништи новата одлука за буџетите на тимовите. Ферари, кој се натпреварува во Формула еден во сите 60 години, соопшти дека со новите правила ФИА постави двојни стандарди, како и тоа дека сите екипи би морале да се врзат за истите правила. Ферари наведе дека навивачите ќе ја разберат оваа одлука на екипата. Претседателот на ФИА Макс Мозли порано изјави дека Формула еден може да преживее и без Ферари. И од Ред Бул најавија дека ќе се повлечат доколку ФИА не ја поништи новата одлука за буџетите на тимовите. „Ако ништо не се промени, ние нема да се натпреваруваме наредната сезона. Само не знам тогаш која ке биде смислата на Формула 1, доколку се натпреваруваат само два или три тима. Но, има уште време и се надеваме дека ке постигнеме некаков заеднички договор со ФИА", одлучен е Диетриш Метештиц, сопственикот на Ред Бул тимот, а интересно е што токму Диетриш е и сопственик на тимот Торо Росо. Дотолку Макс Мозли не се откаже од новите правила, а овие седум тима останат при својата одлука, во идната сезона на патеката би можеле да ги гледаме само Браун ГП и Форс Индија. Крајниот рок за пријавување на тимовите за наредната сезона е 25. Мај. |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |