|
Самооценување на учениците |
Внеси реплика | страница <12345> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За некој што „многу си го сакам„ не можам да кажам дека лаже. Ако ме лаже не мжам да го сакам. Или во афектот тој збор ти дојде прв на јазикот? Дали твоето „против“ значи дека свеста на средношколците не го задоволува нивото што го бара од нив методот „САМООЦЕНУВАЊЕ“ и дека тој ќе продуцира уште поголем неквалитет во нашиот образовно - воспитен систем? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислев општо на професор,прават грешки при оценувањето и тоа поголем дел од професорите, ако си самосвесен ќе знаеш дека оценката не ти е заслужена ама ако сакаш да се лажеш ( а повеќето сакаат) ќе се гордееш со неа. Еве пример: четири години учам физика и знам дека ми треба многу за некогаш да речам дека знам физика, и затоа иако имам многу добар професор и иако со многу труд си добивам петки не се правам генијалец и немам намера да студирам нешто такво (свесна сум дека подобро ми одат други работи), а пак, една моја другарка последен пат учела физика во основно и тоа имавме многу слаб професор (никој поим си немаше од клас, се напамет учевме) ама таа си мисли дека само затоа што во осмо имала петка знае физика и се мисли дури дали да студира тоа, а не слушнала за Њутн (се шалам, ама сепак до тие граници е). И сега како неа да и дадеш да се самооценува? Според мене тоа не е квалитет. Таа може да се лаже колку сака ама сепак друг да ја оцени на крај.Па нека се мисли и Ајнштајн ако сака...И во право си не можам да сакам некој што ме лаже, ама работата е во тоа што таа не ме лаже мене ( не ни може ) ги лаже останатите кои што не знаат колку знаат, а впрочем моите симпатии кон неа никогаш не беа засновани на нејзиното предавање па може да оценува како сака мене кај неа ќе ми се допаѓаат други работи...
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам врз што друго можат да се темелат симпатиите кон професорот освен врз начинот на организирање на часот и неговата објективност. Тоа се двата основни фактори кои треба да му овозможат почит во очите на ученикот. Да го каже ова некој што има добиено висока оценка на подарок и така и така. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Професорката е стара и веќе изветреана затоа си има вакви испади, во прва година со неа сум имала најубави дискусии на час за секакви теми, таа си е многу интелигентна жена што едноставно веќе не е способна да води час, и не и се лутам зошто сакам најубавото од неа да го помнам.
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто мораш толку убаво осмислени изјави да ги расипуваш со само еден единствен збор (изветреана)? Можеби тоа ти се случува и за време на дискусиите на часовите, па токму тие невкусно одбрани зборови оставаат најсилен впечаток кај професорката. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро, ќе внимавам, не ме карај... Леле ама си бил строг... И да, повторно си во право, можеби поради тоа си имам проблеми
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас строг!? И не те карам! Ако сметав дека треба да те карам оддамна ѓе се исклучев. Само констатирам, а и самата признаваш дека имам право. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во ред, во ред... Не си строг (заборавив да ставам насмеано лиценце) и баш ми е мило што си искрен, нема баш кој да ми дава вакви совети, и колку да си знаеш ретко кога признавам дека некој е во право кога дискутирам, што значи супер си помина
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сфаќам што мислиш под „супер си помина“ |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
супер си помина со моите поплаки кон твојот коментар (за невкусните зборови), знам да си терам инаети и кога треба и кога не треба, а твојата констатација ја прифатив веднаш
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инаетот не дава резултати. Само те затвора длабоко во сопственото его и те врти во кругот на бесцелноста. Некогаш може да даде резултати ама тогаш, по обичај сме многу слаби. Многу сакам да им направам инает на цигарите и да ги откажам,ама инаетот не ме држи повеќе од петнаесет минути. А од друга страна, од инает, цела ноќ ќе поминам на минус дваесет на терасата. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Познато ми е сето ова, опкружена сум со пушачи, и ако ти се верува баш се добри во држење инает за други работи, а кога се работи за цигари не им оди од рака... Кога ќе размислам подобро не се ни трудат да ги откажат. И да терањето инает скоро никогаш не носи решенија на проблемите, ама сепак се случува и да користи како во овој случај (ако успееш да го тераш до крај). Се прашувам како ти се исплати за кратко задоволство, да мрзнеш на тераса?
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Haahaa!Многу сакам да им направам инает на цигарите и да ги откажам,ама
инаетот не ме држи повеќе од петнаесет минути. А од друга страна, од
инает, цела ноќ ќе поминам на минус дваесет на терасата.
Zdravo kolega po volja i karakter. da znaesh kolku pati se zarekuvam i odrekuvam...Na rabota sedam vo edna zaledena prostorija i se kolnam shto ne sum karakter....Doma sum protiv trojca nepushaci...Samo cekam da izlezat nadvor...pa navali. Decaaaa ako moze odolejte na ovoj porok.Eh shto nemashe nekoj da me motivira da ne pocnam... denovi li se denovi pushacki maki golemi stani si utro porano so kafe cigara da ispushisgh cel den mrzni vo pushalna, a navecer cekaj site da legnat ili mrzni na tarasa Ne bevme nie rodeni za tie cigari prokleti... Aj pust da bi, pust da ostane zivot pushacki.... Изменето од mamamd - 05.Јануари.2008 во 14:25 |
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
леле леле да прочита сега Рацин Изменето од Monuska - 05.Јануари.2008 во 14:28 |
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Внеси реплика | страница <12345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |