|
5-те најчести грешки во една врска |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | ||
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Јануари.2008 во 08:50 |
|
Најчесто, во една врска партнерите мислат дека доволно се познаваат, или барем се трудат подобро да се спознаат меѓусебе. Но, дури и "најблиските" парови можат да oдат во погрешна насока, односно незнаејќи, да имаат лоша комуникација.
Пречките во комуникацијата се толку суптилни што често не доведуваат до конфликт во првиот момент, но ако често се повторуваат, тогаш може да дојде и до прекин на врската. Доколку сакате да ги избегнете овие пречки, најпрво треба да ги препознаете. Еве ги 5те најчести грешки кои се случуваат во една врска... 1 грешка - информацијата е пропуштена Начинот на кој паровите меѓусебно разговараат е различен од оној со пријателите. Тие ги изоставуваат клучните информации бидејќи толку се навикнале да бидат заедно што размислуваат како еден ентитет или мислат дека нивниот дечко или девојка ќе го разберат и она што не е искажано. А тогаш, кога тоа нема да се случи, чувствата се повредени, односно еден од партнерот се чувствува изигнориран.. Кога се работи за важни нешта, бидете отворени, пренесувајќи ги целосните информациии на својот партнер. 2 грешка - неускладен тајминг Се што е потребно жената да знае, е дека невозможно е да дискутираш со мажот кога тој е пред телевизор. Според психологот и автор на книгата "Lost in Translation" , мажите не се способни ментално да вршат неколку работи оддеднаш. Тој додава дека на мажите им е непријатно да водат важни разговори, и тие ги започнуваат тогаш кога партнерката е пеокупирана со други нешта. Бирајќи погрешно време за разговор, тој разговор ќе се заврши погрешно. За да се избегне ова, можеби е најдобро да изберете правилен начин да го искажете она за кое сакате да разговарате, а партнерот да одлучи дали е тоа нешто кое може да причека или не. Ако тоа го правите доволно често, ќе увидите дека и партнерот, по извесен период, ќе почне да го применува тој начин на комуникација. 3 грешка - приказната се растегнува Во настојувањето да се ублажи некоја ситуација, жените најчесто користат вовед во приказната, дури и во ситуации кога се во прашање небитни работи. Од друга страна, тоа кај мажите е сигнал да се постават во дефанзивна позиција и спремни се да се борат со партнерката. Наместо ова, користете некој друг (поопуштен) пристап, и прејдете на главното за поверојатно да добиете позитивен одговор. 4 грешка - претварање во монолог Според Stivens, мажите не перцепираат детали, односно тие грижливо ќе ве слушаат 3 минути, а кога вашите описи ќе продолжат подолго од тоа, сте го "изгубиле во преводот"... Постојат два начини како да се изборите со овој проблем. Додека разговарате, вклучете го во разговорот поставувајќи му прашања, на тој начин ќе биде принуден да биде присутен цело време. Исто така, доколку му ја допрете ногата или раката, физички ќе бидете поврзани со него. 5 грешка - искреност без граници Искреноста, генерално е убава навика, но во одредени ситуации е преценета. Паровите најчесто прават грешка кога настојуваат да дознаат се еден за друг и да немаат тајни. Некогаш е подобро да не се отркиваат некои работи кои немаат конструктивна цел и кои ќе нанесат повеќе штета отколку корист. |
||
blue666
Сениор Регистриран: 28.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 4465 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
druze, ova od tvoe iskustvo?
|
||
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
devojka21
Сениор Регистриран: 02.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 184 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
искреност без граници
информацијата е пропуштена неускладен тајминг
-за овие се согласувам
|
||
Life is beautiful
|
||
R-C-F
Сениор Регистриран: 22.Септември.2006 Статус: Офлајн Поени: 368 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
jas mislev deka devojkite se po mudri okolu greskite najvazno pravilo prifajkajne na se pa nekogas duri i laga koja nema vaznost togas taa ke se smeta za zfrkancija |
||
M O J O T I Z B O R E I S L A M N E K A E I V A S
|
||
Mishell_G
Сениор Регистриран: 18.Јуни.2007 Локација: Sweden Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. Mesto da zboruvas so partnerot si pravis pretpostavki za toa sto toj/taa saka ili ne saka.
2. Posvetuvanje na vnimanie - sekoj ekstrem ne e dobar; premnogu vnimanie znae da stane dosadno, a premalku e znak deka ne ti se dopagja dovolno. 3. Seksot vo vrskata - ne e najbiten, no ne e i nebiten. 4. Ako ne si odgovarame so partnerot, ke mora nekoj da se promeni - lugjeto svojata sustina ne ja menuvaat, znaci ako ne si odgovarate, nemojte da se zalazuvate deka bilo koj od vas ke se promeni. 5. Za ljubov se potrebni trojca?! - ne za ljubov se potrebni dvajca, sekoja druga brojka e znak deka nekoj e visok. |
||
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
5-те најчести грешки:
-љубомора -љубомора -љубомора -љубомора -љубомора од мое искуство |
||
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1.ljubomora 2.nedoverba 3.razgovor na razlicni branovi dolzini 4.posesivnost 5.los sex |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...pravi zenski karakteristiki vo vrskite, u pravo si za ova...takvi ste obichno... |
||
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
љубомората не е грешка - чуство кое некогаш не се управува |
||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
eve edna od greskite koi gi pravat "mazite"
|
||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||
монте кристо
Сениор THERE CAN BE ONLY ONE Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6869 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ako ne e ljubomoren mazot pa ke si recite vie zenite deka ne ve saka i taka mozi da terame do beskraj
|
||
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
|
||
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Nema razlika dali masko ili zenso... sekoj pravi greski, sekoj vo zivotot se kaael za nesto, sto go rekol, napravil ili sto ne go kazal... no bitno e da se najde pratner koi zivotot slicno go gleda...
Vrska ne moze da funkcionira ako edniot belo a drugiot crno obozava! Treba "zaednicki jazik" vo vrskata da se najde, treba isti ( ili slicni ) ocekuvanje od zivotot da imaat... Sekoja vsrka e drugacija, sekoj mora za sebe i za partnerot da znae koja greska ne smee da si ja dozvoli za da uspeet vrskata... |
||
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
како не, има граници, тој може да има некој си љубоморен испад од време на време, ама да го растепува секој што ќе те погледене понападно... глупости |
||
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
||
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |