IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СУНИТИ И ШИИТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СУНИТИ И ШИИТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 10:05

1090 година или 483 х.г.

 

 

Сектата Хашаши  

 

 

 Во Европа омразата кон муслиманите растела сè повеќе. Арапскиот Исток сеуште се наоѓал во состојба на раскол и немоќ. Во 1090 година се појавил човек по име Хасен ибн Сабах, основачот на сектата незариски исмаилии. Во историјата оваа секта е позната и под името Хашаши бидејќи основачот Хасен издал децизија со која им дозволил на неговите следбеници употреба на дрогата хашиш. Овој човек бил многу подмолен бидејќи се служел со методот на „невидлива“ ликвидација на неговите неистомисленици. Без двоумење ги убивал муслиманите кои не верувале во неговата верска догма. После смртта на Незар ибнил-Мунтесир отпочнала беспоштедна војна помеѓу фатимидиите и сектата на незариските исмаилити од причина што Хасен го прогласил неговиот син за владетел на новата династија Незар. Тоа го разлутило Ел-Мустеали и тој тргнал во војна против нив.

 

 

 

 

Христијаните ја окупираат Сицилија

 

 

Во овој период Нормандијците успеваат да го окупираат островот Сицилија кој бил под директна управа на Исламската власт. Европјаните ова го сметале за голема победа бидејќи почнале да чувствуваат надмоќ во судирите против муслиманите. Секако, тоа претставувало доказ за слабоста на Исламската Држава, а истовремено и шанса за конечен напад. Фатимидиите ја согледале оваа опсаност, а и јасно им било дека Турците Селџуци наскоро ќе го освојат арапскиот Исток и Ирак. Она што следи е класичен пример за фатимидско-шиитската дволичност. Почнаа да им испраќаат на крстоносците писма преку кои ги повикуваа на воен договор и коалиција против Турците Селџуци во Шам.

Тоа го сторија со цел да ги исцрпат крстоносците но и да се ослободат од Селџуците еднаш засекогаш. Но тоа беше катастрофална грешка и колосално предавство бидејќи во соработка со крстоносците војуваа против муслиманите.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 10:07

1113 година или 507 х.г.

 

 

Атентатот врз Мевдуд      

 

 

 Новата надеж ги натерала муслиманите да му се придружат на Мевдуд. Тој формирал војска и се упатил кон Ерусалим (Кудс). Христијаните ја почувствувале опасноста која им се приближувала. Мевдуд поседувал скромна и неорганизирана војска. Од друга страна ги чекала големата сила на крстоносците. Отпочнала тешка битка помеѓу двете страни и ниедна од нив не можела да тврди дека победува. Мевдуд одлучи дека е време да ја прегрупира својата војска и почнал да се повлекува кон Дамаск. Целата војска му била потполно лојална.

 Во Дамаск стигнал во петок и за петочната молитва тргнал во големата џамија Ел-Емеви. Таму, еден од припадниците на шиитската секта Хашаши му подготвил замка, скокнал на него и го убил. Ете, ова е врв на предавството бидејќи човек се крие зад Исламот и убива вистински муслиман, муџахид, што Возвишениот Аллах го пратил да ја оживее надежта кај муслиманите. Но, ваквиот начин на искажување непријателство кон муслиманите е традиција на шиитските секти. Тие секогаш искажуваат тешко непријателство кон муслиманите повеќе отколку кон вистинските непријатели од редовите на радикалните христијани, Евреи и тие што соработуваат со нив.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 10:08

1146 година  или 541 х.г.

 

 

Нурудин Зенки

 

 

 Непријателите на Исламот, шиитите, се вратиле на својата традиција на константни предавства и атенатати врз великаните на Исламот. Фатимидиите го убиле Имадудин Зенки, а него го наследил неговиот син, јунакот Нурудин Зенки.

Жално е што многу луѓе, посебно помладите, не знаат ништо за биографијата на овој човек.

 Нурудин го започнал животот како владетел, земајќи го за пример својот татко. Така постапил и по прашањето на општествените реформи, и веднаш испрати исламски мисионери меѓу народот. Хаосот бил ставен под контрола, а економијата повторно застанала на нозе. Нурудин ја потикнувал трговската размена и економската преродба. Судството било доведено во ред, а за судии биле поставени познати личности, луѓе од доверба. Народот се освестил и почнал да ја разбира важноста на поддршката за овој праведен исламски владетел.

 Нурудин ни за момент не заборавил дека негова верска должност е да ја брани муслиманската заедница. Почнал да се подготвува постепено, а политички итро и мудро. Војската почнала да се формира и многу луѓе се приклучиле, бидејќи веќе добро го познавале овој праведен човек.  За заповедници на војската ги назначил бестрашните јунаци Еседудин Ширкух ибн Шади ибн Ејуб, познат само како Ширкух Ејуб и неговиот брат Неџмудин Ејуб ибн Шади ибн Ејуб, таткото на познатиот Салахудин Ел-Ејуби, кој бил роден во овој период и бил директно воспитуван во духот на Исламот и џихадот. Бил и одличен познавач на животот и традицијата на Аллаховиот Пратеник Мухаммед, нека е Божјиот мир над него. Еден од неговите учители бил и извонредниот познавач на на хадисот, великанот на исламската наука, Ел-Асбехани.

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 10:09

Појавата на Мемлуците

 

 Додека работите во Шам се одвивале многу бучно, ситуацијата во Египет под власта на фатимидиите била видно дегенерирана. Но, народот на Египет, вистински муслимани, не го прифаќале неверничкото учење на шиитските фатимидии. Нивната династија имала голема потреба за нова војска за да ја заштитат власта која постепено слабеела. За таа цел почнале да купуваат многу робови по потекло од Турција, и Черкези од Абхазија. На тие робови им ја пружиле најдобрата воена обука. Нив ги нарекле Мемлуци, а истите подоцна ќе одиграат голема улога.       

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 10:10

Освојувањето на Александрија

 

 Еседудин Ширкух не сакал да ја повтори грешката од минатиот пат и повлекол еден многу итар воен потез. Тргнал кон градот Саид со намера да ја избегне стапицата на христијанско-фатимидската воена коалиција. Од таа причина тој избрал место за битка со христијаните. Битката се случила и Еседудин со муслиманската војска ги поразил крстоносците и веднаш се упатил кон Каиро за да ја нападне војската на Шавер, на која и се приклучил останатитот дел од поразената христијанска војска од Саид. Шиите и христијаните собрале силна војска против војската на Шам. Но, Ширкух бил одличен воен стратег и тргнал кон Александрија, наместо кон Каиро. Кога ја освоил Александрија за нејзин управник го поставил синот на својот брат, внукот Салахудин Ел-Ејуби, кој во тоа време имал само 25 години. Еседудин Ширкух постојано се судирал со христијанско-фатимидската армија надвор од Александрија, за конечно да се пресмета со нив во една битка. Но, фатимидско-христијанската воена коалиција тргнала да ја завземе Александрија.

Ширкух бил принуден да се упати кон Александрија за да му помогне на младиот Салахудин и по никоја цена не сакал да се најде помеѓу двете војски на непријателската коалиција. Имајќи предвид дека војската на коалицијата била голема, Еседудин Ширкух ги прифатил понудените преговори од непријателската страна. Се договориле Еседудин и Салахудин да се повлечат кон Шам и да ја напуштат Александрија, со тоа што би им била надокнадена целата финансиска поддршка што им била потребна за нивниот воен поход. Тој износ бил проценет на околу 150.000 динари. Исто така било договорено повлекување на христијанската армија.  

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 10:11

Пропаѓање на обидот за атенатат врз Салахудин

 

 Во ова време шиитските фатимидии се обиделе да извршат атентат врз Салахудин. Нив им успеало да пронајдат свои сојузници меѓу некои членови на владеачката гарнитура. Но, еден од лојалните советници на Салахудин дознал за заговорот и им се приклучил на атентаторите. Овие не насетиле ништо и го примиле во нивното собрание. Така тој го известил Салахудин за нивната намера. На денот на планираниот атентат, Салахудин ги уапсил и сите до еден ги ликвидирал. Вака пропаднал првиот обид за убиство над овој голем исламски водач.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 10:16

Движењето Емел ги опколува Палестинците

 

 Во Јужен Либан работите добиваат обратна насока. Шиитската милитантна организација Емел ги свртува своите пушки против Палестинците. Неколку палестински бегалски кампови се под шиитска опсада. Шиитската опсада против Палестинците во Либан траела цели три години. Ова уште повеќе ја ослабна ПОО, а ги засили шиитските позиции во Либан. Сега дури и исламското движење во Палестина немало големо влијание. Палестинското присуство во Јужен Либан секојдневно слабеело, за на крајот да биде концентрирано само на обични цивилни населби без воено присуство на палестинската герила.

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 10:27
Ова се мали историски фрагменти од шиитските злодела врз муслиманите и јасно сојузништво со христијаните што претставува доказ за нивното не припаѓање кон исламот.
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.