IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Буџети на Р. Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Буџети на Р. Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
Филип II Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 85
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Филип II Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Буџети на Р. Македонија
    Испратена: 18.Декември.2007 во 18:19
Sprema toa shto go razbrav dosega, 84% od parite se nameneti za tekovni troshoci, a za kapitalni investicii samo 16%.
Za plati, penzii i socijala, od vkupniot budzet kje se potroshat duri 2/3. Imeno, za penzioneri i socijalci predvideni se 860 milioni evra i plus ushte 400 milioni evra za plati na administracijata vo drzhavata.

I samo ushte eden podatok. Zgolemuvanjeto na budzetot od godina vo godina e ogromno. Vo 1998 godina budzetot vo Makedonija iznesuval 775 milioni, a 10 godini podocna (znachi 2008) tri pati p[ovekje: 2 milijardi i 296 milioni evra.
Филип II Македонски (живеел: 382-336 п.н.е.), Крал на Македонија (владеел: 359-336 п.н.е.), сопруг на Олимпијада и татко на Александар Македонски и Филип III Аридеј.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 18:40
ПА јас како што разбрав од годинава најголем бруто домашен производ ке имаме баш поради така наредениот буџет.ДРуго да ти кажам пошто гледам интелегентно дете си,зошто не користиш кирилица,зарем тоа не е твојата азбуказбунетост
Кон врв
borec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Септември.2007
Локација: Australia
Статус: Офлајн
Поени: 1294
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај borec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 18:58
Good question.  намигнување

Ama nemoj sega i mene da me karash - jas sum druga lokacija, zatoa.
голема%20насмевка


Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 19:06
EVE TI GO CELIOT IZVESTAJ OD MIA(Makedonska informativna agencija),obidi se poveke da ja citas.


Министерот Трајко Славески пред пратениците го образложи Предлог-буџетот за 2008

Скопје, 18 декември (МИА) - Предлог-буџетот на Република Македонија за 2008 година ќе обезбеди финансиска поддршка на приоритетните активности на Владата, ќе придонесе за рапидно менување на економската и социјалната средина и ќе даде значителен придонес во заедничките напори во градењето подобра иднина за сите нас, истакна министерот за финансии Трајко Славески во денешното експозе по Предлог буџетот за 2008 година, во рамките на 88-тата собраниска седница.

- Во Буџетот на Република Македонија за 2008 година вкупните приходи се планирани на ниво од 128.740 милиони денари, а вкупните расходи се утврдени во износ од 134.280 милиони денари. Притоа, фискалната рамка и понатаму останува непроменета, односно буџетскиот дефицит е планиран во износ од 5.540 милиони денари, што претставува 1,5 процент од БДП, истакна Славески.

Ова ниво на дефицит, како што додаде тој, е резултат на планираниот дефицит на основниот Буџет во износ од 2.845 милиони денари (0,8 отсто од БДП), дефицитот на Фондот за патишта во износ од 1.292 милиони денари (0,3 отсто) и дефицитот по основ на задолжувања на буџетските корисници за пооделни проекти во износ од 1.353 милиони денари (0,4 отсто).

Според Славески, Буџетот е конципиран врз основа на проектираните основни макроекономски индикатори за 2008 година, Програмата на Владата на РМ, утврдените таргети во аранжманите со ММФ и Светска Банка, како и врз основа на реализацијата на Буџетот на РМ во текот на 2007 година.

- Интеграцијата на земјата во НАТО и полноправно членство во ЕУ, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор придружено со интензивирање на децентрализацијата од централно кон локално ниво, кохерентен долгорочен развој на земјата, кој вклучува повисок економски раст, создавање работни места и намалување на невработеноста и сиромаштијата претставуваат клучни сеопфатни цели, прифатени од сите политички ентитети во земјата и уживаат безрезервна поддршка од населението, рече министерот за финансии.

Тој посочи дека економските резултати што Македонија ги остварува во 2007 година се најдобри во досегашниот период на транзиција и во суштина се приближно слични со оние во напредните земји во развој.

- Особено значење за Македонија е дека во текот на 2007 година позитивни движења се остваруваат во сите сектори на економијата. Ваквите позитивни движења укажуваат дека амбициозната економска програма на Владата на Република Македонија, поддржана со дисциплинирана фискална политика и конзистентна монетарна политика, веќе дава конкретни резултати, истакна Славески.

Фокусирајќи се во својот говор на најважните мерки и реформи кои се во агендата на Владата за следните три години, министерот Славески посочи дека главните слабости или развојни јазови на македонската економија се поврзани со недоволната долгорочна меѓународна конк*рентност на корпоративниот сектор и големиот удел на недоволно добро подготвена или нефлексибилна работна сила која не успева да одговори на потребите на пазарот за труд.

- Македонија има неискористен потенцијал за развој, односно неискористени производни фактори. Оттука, улогата на државата е да создаде поволно макроекономско и бизнис окружување во кое претпријатијата, водени од мотивот за максимизација на профитот, ќе го зголемуваат своето производство и продуктивност, давајќи поголем придонес кон растот, рече Славески.

Во тој контекст, министерот за финансии посочи дека приоритети на Владата за наредните години се зајакнување на економската конк*рентност на корпоративниот сектор, зголемување на атрактивноста на земјата за странските и домашните инвеститори, подобрување на квалитетот на образованието и обуките со цел тие ефикасно да одговорат на барањата на пазарот на труд , развивање нова и подобрување на постојната физичка инфраструктура, сврзана со транспортот, енергијата, ИКТ, животната средина, со цел да се поддржи економскиот раст и конк*рентноста на земјата, искористување на компаративните предности на земјата и создавање услови за подобра употреба на земјоделскиот потенцијал, преку подобро управување со земјиштето и воспоставување услови за безбедно производство на храна и трговија, како и развој на туризмот, вклучително и културен туризам...

Славески потсети дека во изминатиот период фокусот на Владата беше ставен на привлекување странски директни инвестиции, кои се неопходни за поттикнување на економски раст и развој. - Конкретни резултати веќе се чувствуваат, при што значајно е дека инвестициите се диверзифицирани во речиси сите економски сектори. Во периодот јануари–август 2007 година, вкупните директни инвестиции изнесуваат 95 милиони евра, додека до крајот на 2007 година очекуваме инвестициите да изнесуваат 213 милиони евра, додаде министерот Славески.

Сепак, како што рече тој, најголем дел од инвестициите се очекува да се реализираат во наредните години, кога мерките и активностите на Владата на Република Македонија целосно ќе се ефектуираат, односно стапката на рамниот данок ќе изнесува 10 отсто.

- Притоа, според заедничките проекции на НБРМ, Министерството за финансии и Меѓународниот монетарен фонд, странските директни инвестиции во Македонија ќе изнесуваат 282 милиони евра во 2008 година и 329 милиони евра во 2009 година, додаде Славески.

Според него, инвестициите влегуваат во сите економски сектори, што не само што го поттикнува економскиот раст, туку го прави и одржлив.

- Од производен аспект, главен двигател на растот ќе бидат услугите, поради нивното доминантно учество во создавањето на БДП, а нешто понизок пораст се очекува од индустриското производство, со што ќе дојде до натамошна промена на структурата на домашното производство слично на развиените западни земји. Придонесот на личната потрошувачка во растот на БДП за периодот 2008-2010 се очекува да се движи помеѓу 3,5 и четири процентни поени, додаде Славески.

Ваквата претпоставка, како што појасни министерот за финансии, се базира на проектиран пораст на нето платите од 7,5 отсто во наредниот период, како резултат на порастот на платите во јавниот сектор од 10 отсто годишно и пораст на платите во приватниот сектор, кој ќе го следи растот на продуктивноста, пораст на вработеноста за четири отсто просечно годишно, пораст на кредитирањето на населението од 30 отсто годишно, како и од очекувано стабилно ниво на приватни трансфери.

- Во насока на пораст на личната потрошувачка ќе делува и натамошното намалување на персоналниот данок на доход од 12 на 10 отсто во 2008 година, додаде Славески.

Тој посочи дека во структурата на вкупните приходи во Предлог Буџетот за 2008 година, даночните приходи и придонесите учествуваат со 107.287 милиони денари односно 83,3 отсто.

- Даночната политика за 2008 година отсликана преку Буџетот на Република Македонија се базира на планираните макроекономски индикатори, одличната реализација на даночните приходи во текот на годината и континуитет во спроведувањето на даночните реформи изразени преку натамошно намалување на даночното оптоварување, рече Славески.

Во областа на индиректното оданочување кај Законот за акцизите, како што истакна Славески, предвидено е укинување на извозните бандероли на цигарите со што ќе се поттикне извозот на овие производи и ќе се олеснат извозните процедури. Тој додаде дека следната година се планира подготовка на нов закон за игри на среќа и забавните игри, со кој, како што рече, ќе се овозможи надминување на досегашните проблеми, ќе се доуредат и појаснат одделни состојби во реализирањето и примената и ќе се изврши натамошно усогласување со европското законодавство.

- Планираното намалување на даночните стапки во 2008 година ќе се надомести со зголемување на ефикасноста во работењето на Управата за јавни приходи и Царинската управа, што во суштина се базира на поголемо почитување на правилата, поефикасни системи за собирање даноци, нагласи Славески. Тој појасни дека ова ќе се постигне и со планираната модернизација и јакнење на техничката основа и институционалниот капацитет на Царинската управа, а воведувањето софистицирана опрема за рентгенско скенирање на граничните премини и зголемената соработка помеѓу Царинската управа и Управата за јавни приходи во откривањето на нелегалниот увоз и даночната евазија ќе дадат свој придонес во зголемувањето на ефикасноста во наплатата на даночните и царинските приходи.

Славески посочи дека продолжувањето на започнатите реформи во катастарот, судството, социјалната заштита, здравството и образованието, развојот на општините, рехабилитација на наводнувањето и унапредувањето на деловното окружување ќе дадат соодветен придонес во реализација на стратешките приоритети и цели на Владата.

- Во структурата на вкупните расходи продолжува трендот на зголемување капитални инвестиции присутен во последните неколку години, изразен преку зголемување на нивното учество како во вкупните расходи на Буџетот, така и во Бруто домашниот производ, рече Славески.

Во контекст на тоа, министерот за финансии информира дека планираните капитални расходи за 2008 година воглавно ќе бидат наменети како поддршка на реализацијата на проектите во образованието, во здравството, во патната инфраструктура, во полицијата, во Царината, во слободните економски зони, за купување амбасади, за капитални инвестиции во областа на културата, за изградба на спортски сали и игралишта, за реконструкција на казнено поправни домови...

Говорејќи за јавниот долг на Република Македонија, Славески рече дека долгот споредено со декември 2006 година бележи намалување од 257.8 милиони евра и заклучно со септември 2007 година изнесува 1.498,1 милиони евра, односно 27,7 отсто во однос на БДП.

- Ова намалување се должи на активните мерки за управување со јавен долг во текот на 2007 година, пред сé на извршените операции на предвремениот откуп на долгот кон Парискиот клуб на кредитори, дел од кредитите кон Меѓународната банка за обнова и развој, дел од кредитите на Европската инвестициска банка и предвремен откуп на Обврзницата за санација на Стопанска банка, рече Славески.

По експозето на министерот Трајко Славески, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јани Макрадули побара пауза за да се добие стенограмот од обраќањето на министерот.

Претходно, Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Австрија за одбегнување двојно одданочување и за заштита од фискалната евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал, како и Одлуката за изменување на Одлуката за основање постојани работни тела на Собранието на Република Македонија.

Пратениците ќе ја продолжат работата по 88-та седница попладнево по редовната пауза. дма/паг/13:52
Кон врв
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 23:25
буџетот никогаш не треба да има средстав за инвестирање, освен за капитални изградба на патишта итн...не треба да очекуваме буџетот да ја развива економијата тоа е неприфатливо бидејќи така БДП не се зголемува...треба свеж капитал, од надвор или т.н. "green field" investition
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2007 во 00:19
Originally posted by Филип II Филип II напиша:

Sprema toa shto go razbrav dosega, 84% od parite se nameneti za tekovni troshoci, a za kapitalni investicii samo 16%.
Za plati, penzii i socijala, od vkupniot budzet kje se potroshat duri 2/3. Imeno, za penzioneri i socijalci predvideni se 860 milioni evra i plus ushte 400 milioni evra za plati na administracijata vo drzhavata.

I samo ushte eden podatok. Zgolemuvanjeto na budzetot od godina vo godina e ogromno. Vo 1998 godina budzetot vo Makedonija iznesuval 775 milioni, a 10 godini podocna (znachi 2008) tri pati p[ovekje: 2 milijardi i 296 milioni evra.




Легален грабеж, брачед.
Сами си ги биравме  и Али баба и Разбојниците.
Нека ни е .
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Neonic Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neonic Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2007 во 01:27
Originally posted by Филип II Филип II напиша:

Sprema toa shto go razbrav dosega, 84% od parite se nameneti za tekovni troshoci, a za kapitalni investicii samo 16%.
Za plati, penzii i socijala, od vkupniot budzet kje se potroshat duri 2/3. Imeno, za penzioneri i socijalci predvideni se 860 milioni evra i plus ushte 400 milioni evra za plati na administracijata vo drzhavata.

I samo ushte eden podatok. Zgolemuvanjeto na budzetot od godina vo godina e ogromno. Vo 1998 godina budzetot vo Makedonija iznesuval 775 milioni, a 10 godini podocna (znachi 2008) tri pati p[ovekje: 2 milijardi i 296 milioni evra.


 Pa kako ke im gi zgolemat platite na partiskite vojnici vo administracijata, i site onie koi preku partija dobile vrabotuvanje...tie treba da zemaat plata od nekade. Zatoa budzetot e takov...Prenatrupaa se zivo i divo vo administracija, sedat tamu po kancelariite i salterite po cel den i pijat kafe, i nisto ne rabotata...ama tie se od "partija" голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2007 во 01:48
А бруто домашниот производ и тој ли е партиски војникгазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење

Леле бе колку сте смешни па пропаст жива сте,затоа и ја дотеравте државата до тука,затоа зошто плукате на се што саглам се сработело,за влавот не зборам он си има други скриени желби ист е ко шиптаринеплазење
Кон врв
intel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 94
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај intel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2007 во 09:58
Tebe Bugi ne ti se jasni rabotive za BDP.
 
Zikov:
- Бруто-општествениот производ во Македонија расте само затоа што расте потрошувачката, поради силните буџетски трансфери. Вредноста на извозот расте не заради подобрата структура на извозот, туку поради историски највисоките цени на црната и обоената металургија на светски пазари. Но, расте и вредноста на увозот затоа што расте цената на нафтата. Ви текнува!?


Изменето од intel - 19.Декември.2007 во 10:04
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2007 во 16:10
буџетот си е сасвим ок... чак и скромен е за држава... Ако ми најде некој држава со помал буџет, нека се јави...

Само за споредба, државниот буџет на Словенија е 8.6, на Естонија 8 милијарди евра. Чак и Албанија има буџет од 2.8 милијарди евра.
Кон врв
Филип II Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 85
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Филип II Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2007 во 20:10
Originally posted by аџија аџија напиша:

буџетот си е сасвим ок...

Ti go prochita li budzetot?:) Go proanalizira li?:)


Originally posted by аџија аџија напиша:

Чак и Албанија има буџет од 2.8 милијарди евра.

Nikoj ne go iskritikuval golemiot iznis, ne go brani bez potreba.:) Golem budzet ne e problem (ako ne e sosila 'napumpan', tuku problemot e vo toa kako e planirano da se potroshi.
I koga vekje ja spomna Albanija, dali znaesh deka kaj niv povekje od 50% od budzetot odi na investicii? Za razlika od nash*te 15%?



Изменето од Филип II - 19.Декември.2007 во 20:15
Филип II Македонски (живеел: 382-336 п.н.е.), Крал на Македонија (владеел: 359-336 п.н.е.), сопруг на Олимпијада и татко на Александар Македонски и Филип III Аридеј.
Кон врв
bond....james b Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bond....james b Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2007 во 22:34
Originally posted by аџија аџија напиша:

буџетот си е сасвим ок... чак и скромен е за држава... Ако ми најде некој држава со помал буџет, нека се јави...

Само за споредба, државниот буџет на Словенија е 8.6, на Естонија 8 милијарди евра. Чак и Албанија има буџет од 2.8 милијарди евра.
  ti imas li mozok be?
a,kolku ziteli ima albanija?
pa so nea da se sporeduvas?

You live only ONCE!
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2007 во 00:39
па ние освен со албанија, очигледно со никој друг не сме ни во иста лига...

инаку алб има 3 милиони жители, на папир, ама пола се гарант иселени по италија, швицарска и италија... така да не знам шо е чудно?
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2007 во 00:45
Population
 -  2007 estimate 3,600,523 [4] (130th)
 -  Density 134/km² (63)
318.6/sq mi


toa mu doagja skoro duplo,....a,imaat vikash ,...skoro ist budjet,.....i ,...koj kolku ,..i popametno gi troshi narodnite pari?,...ama, na koj ke kazesh,....izleguva deka makedoncite i vo gluposta gi preteknale albancite,...a,bidejki imaat i more,...naskoro i ke se odalechat mnogu ,...taka shto i grbot nema da moze da im go vidat makedoncite,...
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.