IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 58>
Автор
Порака
Josefina_m Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Октомври.2007
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 608
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Josefina_m Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2007 во 20:08
                    KALI VITA
 
Koga vodata tece i ne kazuva nisto
A ti sakas da ja sopres,
Lulajki se na nejzinite branovi
I sakas da se pretvoris vo kamen. 
 
Vodata da te miluva niz celoto telo
I ja cuvstvuvas nasekade
Treperejki nezno pod nejzinata raka,
A ti togas ne zapiraj ja neka tece.


Изменето од Josefina_m - 05.Декември.2007 во 20:09
zivej go zivotot najdobro sto znaes
Кон врв
Mishell_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јуни.2007
Локација: Sweden
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mishell_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2007 во 01:12
Mislev deka ljubovta e slucaen minuvac, koj vleguva i izleguva od nasiot zivot slucajno, bez odnapred odredeni pravila i bez najava. Mislev deka ja poznavam dovolno, deka sum ja doziveala barem nekolku pati, deka sum sakala i sum bila sakana. Mislev deka ljubovta e nepresusen izvor na koj sekogas mozeme da se navratime. Ne mnogu odamna, vo kasnite nokni casovi, vrtejki go filmot nanazad dojdov do edno uzasno soznanie. Ziveev vo svet na lagi. Ljubovta kako cist entitet i iskreno cuvstvo, ne moze da postoi vo svet poln so izmami i manipulacii. A jas takva iskonska ljubov nikogas ne sum spoznala. Dali e ljubov koga ja ljubis iluzijata sto ja imas za partnerot? Dali e ljubov koga interesot se stava pred emociite? Dali e ljubov koga gazis po cuvstvata i dostoinstvoto na drugiot? Vo glavata mi nastana kompleten haos, soznanieto me udri so seta jacina. Vistinskata ljubov bila daleku od mene, a jas se uste ne sum ja spoznala. Tolku godini mislev deka znam se za nea, kolku sum bila naivna. No sto drugo ostanuva osven da cekam i da se nadevam deka vo izgrevot na Novata Godina, ke izgree i sonceto na mojata ljubov. Ljubov koja ke me ozivee, koja ke me razbudi od svetot na lagite, koja ke mi dozvoli da bidam svoja na svoeto, da sakam i da bidam sakana. Sega znam deka za ljubov ne e potrebna samo zelba. Za ljubov se potrebni dvajca koi eden vo drug ja gledaat nadezta, radosta, delot sto nedostasuva. Nekade procitav, ljubov e koga zivees megju iljadnici a mislis samo na eden. Ljubov e koga ke se razbudis so neverojatna sila da se soocis so site prepreki, zosto znaes deka postoi nekoj samo za tebe, zosto znaes deka na krajot od denot nekoj te ceka, na nekoj mu trebas. A koga ke te pogledne vo oci znaes deka vo tebe go gleda celiot svet i toa mu e dovolno, nisto poveke. E za takva ljubov bi gi prodala site moi godini i bi stavila pepel na niv, za takva ljubov bi go zamenila celiot zivot za samo eden den, za takva ljubov...ziveam.  

Изменето од Mishell_G - 25.Декември.2007 во 13:36
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2007 во 22:03
Првата вистинска пресвртница во животот. Во самотијата на собата се повторуваа делови од долги дијалози. Ѕидовите пиштеа. Гледав низ прозорецот во полутемнината. Дрвјата се исти како во моите сеќавања. Зимски дрвја. Нивните соголени гранки кренати се во некаква нема молба, небаре пролетта никогаш нема да дојде, ниту пак кој било лист или птица некогаш ќе се придвижат во априлскиот сон. Имаше многу работи кои што сакав да не ги кажам, туку со сета тежина и болка да ги проголтам иако знаев се тешки и тажни. Небото го губи сивилото и полека се преобразува во темносина боја. Само една ѕвезда здогледував. Ја гледав барајќи ги одговорите на сите прашалници во мојата глава. Мислев ќе ми одговори. Залудно очите ми лутаа од ѕвезда на ѕвезда, од дрво до дрво, од мрак во мрак. Темнина надвор, темнина внатре и темнина уште повнатре. Небото е темно, собава е темна, душава е темна. Не постои болка, постои само страдание. Веќе мракот целосно се спушти, од темносина во црно се обои, а часовникот отчука 12. Време е да преминам во светот каде што болката е ретко присутна, а страданието го нема. Ги затворам очите и тонам во сон...надевајќи се за светлина утре. Светлина надвор, светлина внатре и светлина уште повнатре!!! !!! !!!

Изменето од blueprayer - 12.Декември.2007 во 16:09
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2007 во 22:27
Те сакам. Мораш да го знаеш тоа. Толку те сакам што не можам да си го замислам животот без тебе. Не можам да спијам. Лежам будна по цела ноќ, непрестајно се превртувам и го изговарам твоето име, Никогаш не сум се чуствувала вака и сега разбирам како човек може да си ја отсече раката или да си го отсече грлото кога го мачи такво чуство. Те сакам. Непрекинато повторувам во својот ум и те гледам како стоиш таму под дрвото и уличната светилка и одеднаш ми се чини дека едвај можам да дишам. Се што е убаво на овој свет се наоѓа во тебе. Ти си тоа дрво, таа светлина, убавината на се од што ке бидам отсечена ако кажеш НЕ!. Си велам дека во оние мигови во петокот навечер, кога ушите ми бучеа, а устата ми сушеше, те слушнав како велиш-СЕУШТЕ НЕ!!! Можеби тоа не е вистина. Но, со сето срце се надевам дека е така и знам дека можам да те чекам колку што ке биде потребно. Нема да наминувам, ниту да ти пишувам писма ако не ми одговориш!!!


Изменето од blueprayer - 12.Декември.2007 во 16:09
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2007 во 09:37


BRAVO BLUEPRAYER...ODLICNO...
GOLEM POZDRAV DO NAJROMANTICNATA DUSA NA FORUMOV...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2007 во 15:17
Погледот и беше насочен надолу, како да беше облеана со некој божествен мир. Рацете и имаа некоја чудна игра, а главата полека ја клатеше од страна на страна како да го следеше ритмот на песната што птиците ја пееја. Полека и се слизнаа солзи по образи, по мекото лице, од очите кои молеа за грам љубов и прегратка топла. Сакаше вечно да остане во тој мир, иако плачеше...таа знаеше дека е сигурна. Веруваше во себе и не се измачуваше со зборови, само немо шепотеше колку ветерот да ја слушне нејзината желба, да ја остави на мира нејзината коса и да ги однесе со себе солзите од нејзиното лице....се насочи кон лулашките. Не беше веќе дете, иако сакаше да се лула...беше веќе доволно зрела, но и се чинеше дека само така се движеше на оној начин кој таа ќе го избере. Држејќи се за ладните ланци, оставајќи ги солзите да течат и да се слизнуваат по вратот полека, го чуствуваше нивниот студ. Тие веќе одамна ја изгубија топлината...! Не се ни свртуваше на ниеден поглед, ниту пак збор. Сакаше да е сама. Барем во овој час, барем овој миг. Живееше само за себе, се надеваше и сонуваше како мало дете. Сакаше да и се возврати, а никој не и возвратуваше..сакаше да љуби, а никој не ја љубеше, сакаше да прегрне топло, а само ветерот со својата брзина ја подбутнуваше...За жал остана повторно сама. За среќа не го изгуби разумот..туку продолжи да талка надевајќи се на подобро!!!

Изменето од blueprayer - 12.Декември.2007 во 16:10
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2007 во 20:58
...crveno...sosednoto vozilo na zadnoto sediste imase malo dete sto go lizese stakloto...se podnasmeav...
Zenata vozac slucajno me pogledna...mi blesnaa zeskite noki so nea...mi se nasmevna...cel mesec bev ko spoulaven po nea...za me otarasi so obrazlozenie deka bila mazena i deka soprugot se vraka...se nasmevna povtorno niz stakloto pokazuvajki so palecot nakaj deteto...i cetri prsta...zeleno...zaminaa...deteto mi mafna...nesto mi bese poznato...
Povtorno se prisetiv na nea...cetri godini pominaa...mislam...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2007 во 00:26
Месеците поминуваа. Влеговме во треперливата пролет како против своја волја. Возбудливото ветување на пролетта, сите тие светликави пладниња и попладниња од април до мај, се повлекоа пред несигурниот лет. Ливадата со диво цвеќе повторно процуте. Секое утро, долго лежејки во креветот будна, ја ослушнував тишината за да ги сослушам придушените звуци на босите стапала што би ми дало на знаење дали е тука. Дали ме чувал цела ноќ и ме милувал со погледи. Додека минуваа септември и октомври во замагленото окно на слабиот дожд и поројот на облаците, се борев со заминувањето. Го знаев тоа. И до декември сватив дека нема борба на смрт на човек сам со себе кој се уништува.Полека го здогледував. Ми се отвораше една по една карта за на крајот да ги имам сите на располагање и да увидам. Дали треба сега да се откажам и да се предадам на суровата вистина или да откријам дека овде некој погрешно го протолкувал вдахнението што му го испратил Бог??? Паметам..во доцното лето, кога влажната измаглина без ветер се спушти на земјата, миризбите од кујната се качуваа по скалите, и едно утро, во 8 часот, сонот ме штрекна. Мошне бавно, со долги, несигурни чекори и полека кревајќи ги нозете од подот, поминав покрај прозорецот набљудувајќи надвор. Светлината се слеваше низ целата негова големина. И продолжив како и порано....како и секогаш...како и секое поминато и наредно утро....со прашањето Зошто????

Изменето од blueprayer - 11.Декември.2007 во 16:25
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2007 во 16:24
Небото под кое тргнавме тоа утро беше бледо и неинтересно. Воздухот беше студеникав и со својата свежина го претскажуваше доаѓањето на следниот месец, треперливиот тон  на септември. Излеговме од полињата, прескокнавме три реда бодликава жица и по благото возвишување се одалечивме од местото каде што некогаш седевме сами. Автомобилите поминуваа  покрај нас, а тој не обрнуваше внимание и гледаше право напред, повремено забавувајќи
го чекорот за да го стигнам. Облаците се навлекоа, исчезна и таа мала светлина, а  посторалното зеленило на полињата врамени со камени ѕидови и бодликава ограда и се предаде на сивата и пуста празнина. Дождот паѓаше со километри. По рабовите на небото се виде судирот на облаците и изливот на водата како многубројни потези со четка од самур. Моите солзи паѓаа, со километри исто. А по рабовоте на моите очи се гледаше само јако црвенило и уморни зеници кои сепак продожуваа да талкаат. Силата и полетот на денот беа испрани. Ногавиците ми се намокрија и отежнуваа, но по извесно време се привикнав на тоа зашто имаше некаква смиреност и мир во чекорењето нога пред нога во некој вид на нем транс, додека метар по метар исчезнуваше зад мене, а дождот сеуште ми го квасеше лицето за солзите да се измешаат и да се на некој начин невидливи. Не кажа ни збор. Тогаш те сакав на начин на кј никогаш те немав сакано пред тоа и го носев сиот товар и болка преточена  во измешани дождливи солзи. Сега пак чекорам...по истиот дожд...по истите патеки. Не помина доволно време  од тогаш за да не бидат ова чекори во минатото. Сеќавањата преовладуваат, иако чуствата се стивнати и изгледат како со сила згаснат оган. Желбата за мир и спокојство се ширеше по улиците, по секој блок, на секоја педа. А утре дождот можеби нема да биде овде. Но минатото е тоа што во секој случај треба да замине, без да се врати со наредниот дожд!!! !!! !!!
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Mishell_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јуни.2007
Локација: Sweden
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mishell_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2007 во 23:30
Ti ne si ovde da ostanes
Vo srceto ti gori strast
Koja ke potone so mesecot,
Ti ne si ovde da ostanes
Go poznavam toj zar vo pogledot.
Ti si samo gostin vo moeto srce
No ke ostavis trag koj ke me sledi,
Niz godinite sto gladuvaat
Vo mene ke tlee nadez
Za neotsonuvanata ljubov.
Ti ne si ovde da ostanes
No me potseti kako e da se zivee
Me potseti kako e da se cuvstvuva..
Bolka..
Ljubov..
Strast.
Gi zatvoram ocite
Se predavam na iskusenieto,
Sekoja prikazna go znae svojot kraj..
No ako ne si tuka da ostanes
Neka trae ova nok zasekogas.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2007 во 16:30
И додека студот ни пробиваше низ коските, а ни ги замрзнуваше ушите, крвта ми вриеше и предчуствував дека нешто ќе се случи. Не бев сама, таа беше со мене.  Кога веќе го поминавме пола пат зјапајќи безпрекидно и безцелно низ околината, барајќи предчуството да стане стварност, истовремено плашејќи се од истото тоа, си реков добро е. До сега не. Но наредната половина од патот се исполни со конфузност и мала болка,  најмногу тага. Немав сили да го погледнам во очи, а знам дека тие темни очи ме погледнаа додека јас продолжував со наведната глава без поздрав. Сигурно ме предало лицето, прочитал како ми е и ја видел тагата. Кога решив да соберам храброст и да кренам глава веќе надалеку го гледав неговиот профил кој полека се губеше. Се растажив уште толку...тие прекрасни очи кои последен пат кога ме погледнаа мислам дека потонав длабоко во нив и во нивната тага. Тажен е. Знам. Боже, колку ли само ми недостига. Но душава е навредена. Како да му кажам што чуствувам кога знам дека нема да го добијам целосно и искрено!? Ако не друго, барем беше искрен. Тој сака само дел од мене. А јас не се делам. Времето е повторно одредувач уште колку ли ќе трае ова. За тоа време....ќе чекам...само тоа ми преостанува.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Mishell_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јуни.2007
Локација: Sweden
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mishell_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2007 во 20:55
Zastani..
Ne odi po patot koj go pokazuva krajot
Ne gazi po mojata bolka
Ne ostavaj me sama da se boram za nas.
Zastani..
Barem uste ednas pogledni me
So ocite na ljubovta,
Barem uste ednas dozvoli mi da vlezam
Vo tvoite sonista.
Zarem ne svakas deka nisto ne e promeneto?
Jas i Ti sme se uste isti,
Jas i Ti sme se uste edno.
Za ova ljubov vredi da se borime
Za ova ljubov vredi da ziveeme,
Zastani..
Ne odi po patot koj go pokazuva krajot.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2007 во 21:54
Тишината се повеке и повеке станваше застрашувачка. Се беше загорчено со страв. Се смрачи, облаците се креваа и се спуштаа над панините како зли богови. Спокојот на мигот помина и чиниш и самото време се врати назад и отежнуваше побрзо отколку порано. Низа од денови на таа ледена зима и конечно будење на пролетта. Во саботните вечери повторно се рушеше мирот, за од понеделник се да дојде на свое место. Мрачноста на зимата најпосле се повлече и првите два а потоа три дена не заврна дожд. Од внатрешноста на сивите камени ѕидови луѓето почнаа да излегуваат на улиците заштитени и со претпазлив чекор како ненавикнати на движење по светлина. Беше лесно како шаховски потег или само мене така ми се чинеше, дека добро размислениот заклучок ке донесе мир не само кај мене. Но потоа се изгуби секое чуство....секој глас во главата....секој чекор на земјата...потонав во сон!

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2007 во 22:09
CRTANKA

NACRTAV
edna reka, Nekoj rece neka, no ne lici na reka
NACRTAV eden dom, Iznad nego zvon. ispod tece reka
nekoj rece neka, ali nelici na dom
ushte pomalku na zvon, zvonoto kako tron

NACRTAV dve, tri drva.Na prvoto sedna prva ,lastovica
NACRTAV zena edna, kako do mene sedna na stolica
i jas togas rekov neka,da ne ja odnese reka
i na nejzinata dlanka meka da proletat dva veka

NACRTAV dve, tri deca,Iznad decata Sonce, crveno
NACRTAV i malo pole,Do poleto malku dole konce drveno
i pomisliv jas deka, se ova e podaleku od mojata reka
podaleku od mojot dom
a domot kako DOM.







Изменето од anakin - 13.Декември.2007 во 22:11
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 58>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.