IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Шест сериозни медицински симптоми
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Шест сериозни медицински симптоми

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Шест сериозни медицински симптоми
    Испратена: 22.Октомври.2007 во 22:42
Некои симптоми кои можат да се појават кај секој човек, посочуваат на сериозни болести и препорачливо е што побрзо лекување. Затоа научете како да ги препознаете тие симптоми.

Ако имате необјаснето намалување на тежината и/или апетитот може да се соочувате со некоја сериозна болест. Затоа веднаш на лекарски преглед. Ако пак кај жените се појави дуење на стомакот што изгледа како зголемување на тежината, може да се симптоми на тумор на јајниците.

Неразбирлив говор, парализа, слабост, затапување на чувствата, збунетост се знаци на удар. Затоа при вакви симптоми веднаш треба да се посети најблискиот ургентен центар или болница. Ова може да ве спаси од оштетување на мозокот дури и смрт.

Црн измет или крвав може да упатува на проблеми со желудникот, цревата или чир. Најважно е да се запре крварењето ако постои и да се елиминира ракот како причина.

Главоболка придружена од вкочанет врат и грозница укажуваат на сериозна инфекција наречена менингитис. Всушност ако не можете да ја допрете брадата до вашите гради, тогаш најверојатно станува збор за бактериски менингитис. Потребни се антибиотици кои ја убиваат бактеријата пред да го оштети мозокот.

Ненадејна главоболка која води во агонија и каква што не сте имале порано може да значи крварење во мозокот. Веднаш во Брза Помош. Мозочната анеуризма е ретка но се случува, па дури и кај луѓе помлади од 40 години.

а) за жени: вагинално крварење после манопаузата е предупредување за можен рак. Најчесто жените ги игнорираат ваквите крварења, мислејќи дека не е нешто опасно, но најчесто ова се симптоми на рак на материцата.

б) за мажи: грутка во тестисите може да биде многу сериозно. Рак на тестисите се случува, затоа мажи кога се туширајте самите прегледајте се. Не мора секој ден, но од време на време.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2007 во 15:29
Најчест рак кај жените е рак на дојка. Затоа жени, доколку ви се појави некакво чудно мозолче (па и да не е чудно) кај градите веднаш обратете се до матичен лекар и тој нека ве упати на мамографија (не на ехо!)
Нема потреба од страв. Ракот на дојка, доколку е во рана фаза се лечи многу лесно и брзо (за неполни 2 месеци). А се лечи и ако е во напредната фаза, но што порано толку подобро и полесно.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 15:06
Sekoja zhena nad 35 god. zadolzhitelno ednash godishno treba da napravi mamografski pregled na dojkite zaradi rano otkrivanje (ne daj Boze)ili prevencija od ovaa opaka i podmolna bolest.

Изменето од renatax - 05.Јули.2009 во 16:27
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 08:19

Заради напорното секојдневие често пати ги игнорираме болките во телото кои навистина се значајно предупредување за целосното здравје.

7-bolki-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-01

Ова се најјасните и најзначајни знаци дека со вашето тело се случува нешто на што треба да обрнете внимание:

1. Интензивната главоболка не е безопасна
Острата болка во главата, особено ако е една од посилните кои сте ги осетиле, може да биде знак за внатрешно крварење што не смее да го игнорирате. Затоа посетата на лекар во овој случај е неопходна, покрај апчињата кои сте ги испиле.

2. Непријатна болка во градите, вилиците, рамената и рацете
Непријатната болка во било кој од овие делови од телото најчесто е симптом на сериозни здравствени состојби, како на пример воспаление на белите дробови или пак срцев удар.

3. Болки во долниот дел на грбот и измеѓу плешките
Причинителот на овие болки најчесто е артритисот, па затоа обрнете големо внимание на пределот на грбот. Ако болките не поминуваат или се зголемуваат задолжително посетете лекар.

4. Јака болка во долниот дел од стомакот
Најчестиот знак за воспаление на слепото црево често пати е игнориран бидејќи се смета за минлива болка. Но, ако местото станува осетливо на допир време е да преземете некакви мерки.

7-bolki-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-1

5. Болка во потколениците и листовите
Една од помалку познатите опасности од ваквиот тип на болка се венската тромбоза, згрутчување на крвта кое најчесто се појавува во вените на нозете. Затоа, болките и отокот во долниот дел на нозете никогаш не го игнорирајте.

6. Вкочанетост на нозете
Хроничното пецкање на стапалата е честа појава кај дијабетичарите, а може и да биде предизвикано од недостаток на витамин Б или болести на бубрезите. Ако ја почувствувате оваа болка и трнење на нозете, најпрво направете целосна крвна слика со која ќе се упатите кон вашиот лекар.

7. Болка во стомакот и отежнато варење на храната
Ако забележувате промена во апетитот како и ако имате отежнато варење на храната подолго од две недели, задолжително посетете лекар. Токму ова е најчестиот симптом кој се јавува како последица на различни видови карциноми, па затоа не ризикувајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 22:04

Внимавајте, ова се потенцијалните симптоми на рак

Експертите предупредуваат дека, тие не треба да се игнорираат.

Ракот коси, секојдневно се зголемува бројот на заболени од ова кобно заболување. Постојат неколку симптоми, кои веднаш ќе ве упатат на првиот пат, а тоа е веднаш да го посетите вашиот лекар. Тоа се вообичаени симптоми, кои укажуваат на појава на рак во телото. Експертите предупредуваат дека, тие не треба да се игнорираат.

1. Необјаснето губење на тежината: Ако почнете постепено да ја губите телесната тежина, без да го менувате начинот на живот, тоа може да биде поврзано со неколку видови на рак, вклучувајќи рак на панкреасот и желудникот.

2. Треска: Ако постојано имате висока температура, тоа може да укаже на појава на лимфом или леукемија. А, нормално е дека високата температура треба да се третира медицински.

3. Болки: Ако ве боли нешто, затоа можат да постојат многу причини. Но, зачестените главоболки можат да биде знак на рак на мозокот, а болките во грбот можат да се укажат на рак на дебелото црево или рак на јајчник.

4. Кашлица и засипнатост, која не запира: постојаната кашлица и засипнатост можат да бидат знак на рак на белите дробови или грлото.

5. Грутки на телото: Ако забележите грутки под кожата, посетете дерматолог. Бидете особено внимателни, ако тоа е грутка во градите, тестис или во близина на лимфните јазли. Не плашете се, ако имате нодули на рацете и нозете. Ова се веројатно безопасните лојни цисти .

6. Невообичаено крварење: Ова е еден од многуте знаци на рак. Кашлање со крв може да значи рак на белите дробови, крв во столицата се поврзува со рак на дебелото црево и ректумот, крв во урината може да се должи на рак на мочниот меур , постојаното вагинално крварење може да се случи поради рак на матката



Изменето од Valerija - 01.Април.2014 во 22:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.