Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Boogie
Модератор
Слобода или Смрт
Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 10:58 |
Па кажи и дека тоа е мисла искажана од Гоце Делчев лично а Талев само ја запишал за сведоштво
|
|
|
pagane
Сениор
Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 11:10 |
Да, да... Кажи и кога е написан романа, както и в какво обвиняват Талев българските комунисти. А, между другото, за да не се опираме само на белетристиката можем да прочетем и свидетелство на един друг велик поет -Пейо Яворов- за последната му среща с Гоце Делчев. Това, само при добро желание, разбира се.
|
|
zbunet
Сениор
Претседник Зеленковски
Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 11:50 |
FLooK напиша:
Еве един Бугарин от Македониja. Един от наj познатите и в истото време наj непознат автор. Нема македонец коj да не знае овоj цитат:
„Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“
Но много малко знаат оти това е мисла од романот "Илинден" на Димитар Талев
|
Lele serenjee, abe ne znam kako ovi bugari zive sa hronicnom dijarejom
|
|
vancomihajlov
Нов член
Регистриран: 24.Септември.2007
Локација: Mongolia
Статус: Офлајн
Поени: 7
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 12:22 |
Димитар Талев се врати на македонска почва
Делото „Железниот светилник“ на бугарскиот писател со македонско потекло што се поставува во театарот во Прилеп повторно го актуализира македонско-бугарскиот конфликт
ЛИЛЈАНА МИТЕВСКА НЕВЕНА ПОПОВСКА
Претставата „Железниот светилник“, која во моментов се поставува во Народниот театар во Прилеп, се најде во фокусот на интересирањето на културната јавност. Причината е авторот на текстот или поточно, авторот на оригиналниот роман врз основа на кој е направена драматизацијата на претставата – Димитар Талев.
Димитар Талев е роден во Прилеп, а живеел и работел во Бугарија. Тој е еден од најпознатите бугарски писатели кој во целиот свој опус пишува за Прилеп и за Македонија. Но, лично, тој се чувствувал како Бугарин. А во 1944 година Талев бил уапсен од бугарските Власи заради своите патриотски и антимакедонски ставови и испратен во централниот затвор во Софија, од каде што подоцна бил префрлен во работните логори „Бобов дол“ и „Куцијан“. Македонската научна јавност се има оградено од Димитар Талев откако по втората светска Втората светска војна тој и неколкумина други признати Македонци во Бугарија одбиле да се вратат во татковината и да работат на подигнувањето на научната мисла и творештво на македонскиот народ. Димитар Талев умира во Софија 20.10.1966 година.
Инаку, тој е еден од најпочитуваните бугарски писатели кој бил предложен и за Нобеловата награда за литература, а неговите дела, во драматизирана форма се играат насекаде по сцените во Бугарија. Во Македонија неговиот опус е релативно непознат. Според некои кажувања, за неговото творечко екскомуницирање од Македонија се виновни големите македонски литературни теоретичари Димитар Митрев и на Михаил Сматраклев. Прв пат, пред две-три години, на македонски е преведен неговиот роман „Илинден“, а пред една година Трајче Крстевски го има преведено „Железниот светилник“.
Токму по нарачка на режисерот Владо Цветановски, Трајче Крстевски ја направи и драматизацијата на овој роман за потребите на претставата „Железниот светилник“. Според Стојан Дамчевски, директорот на Прилепскиот театар, идејата да се постави текст на Димитар Талев на сцената во Прилеп е од поодамна. „Талев е писател од светски ранг. Без оглед на неговите политички ставови, неговите литературни квалитети се неспорни. Никој досега не го опишал Прилеп на начин на кој што тоа го има направено Талев. И ние го читаме тоа што го напишал, а не како се чувствувал, како Бугарин или како Македонец... Јас уште пред десеттина години, при некои од соработките со бугарските театри го добив целото творештво на Талев како и некои драматизации работени од познати бугарски автори. И всушност одамна им понудив на некои режисери да работат дело од Талев, но никој не сакаше. Сите рекоа рано е. Со Владо Цветановски случајно разговаравме и тој веќе го беше прочитал ’Железниот светилник’ во превод на Трајче Крстевски. Рече дека многу му се допаднал романот, но бидејќи не му се допаѓаа бугарските драматизации, инсистираше да направи нова драматизација во соработка со Трајче Крстевски“, вели директорот на прилепскиот театар, Стојан Дамчевски.
Димитар Талев и во своите дела не го смени политичкото мислење што се потпираше на големобугарската кауза дека Македонија е дел од Бугарија и Македонците се дел на Бугарското племе: Јован Павловски
Стојан Дамчевски и Владо Цветановски се едногласни дека во претставата нема никакви политички моменти. „Апсолутно нема никакви политички импликации. Ниту пак сакам да се занимавам со тие аспекти. Со тоа нека се занимаваат историчарите. За мене е доволно она што го прочитав кај Талев. Тој еден од ретките раскажувачи кои ги имам прочитано, а има читано доста, кој со толкава љубов пишува за овој град и го опишува на начин на кој никој досега не го опишал. Тој пишува за судбината на едни луѓе во кои секој од нас може да ги препознае своите дедовци и прадедовци“, вели режисерот Владо Цветановски.
Приказната во романот и претставата, како што вели режисерот Владо Цветановски е „семејна сага од почетокот на 19 век, кога Македонија се наоѓа под турско ропство. Главниот лик во претставата, Стојан, откако го убива кучето на бегот, а да го спаси својот живот бега од селото и оди во градот каде се запознава со една девојка од осиромашено градско семејство. Тие се земаат и понатаму е прикажан нивниот животен пат преку кој се раскажува и приказната за градењето на црквата „Свето Благовештение“, која и ден-денес стои наспроти театарот во Прилеп. Ова е локална приказна за прилепчани кои и денес знаат кој се луѓето кои ја изградиле црквата и нивната борба за богослужба на славјански наместо грчки јазик“.
Во овој контекст интересно е да се напомене дека според бугарската литературна мисла „Железниот светилник“ е прва книга од трилогијата на Димитар Талев посветена за животот и борбата на Бугарите во Македонија за просветна, црковна и национална слобода. Исто така, писателот Јован Павловски, осврнувајќи се врз делата на Талев, како што се „Железниот светилник“ „Преспански камбани“ и „Илинден“ смета дека Димитар Талев е голем бугарски писател по потекло од Прилеп. „Неговото миље се состои од дела, каде случувањата се одвиваат во Македонија и Прилеп конкретно, меѓутоа тој и во своите дела не го смени политичкото мислење што се потпираше на големобугарската кауза: Македонија е дел од Бугарија и Македонците се дел на Бугарското племе! Инаку, во неговите романи тој дава извонреден приказ на животот на Македонецот под турското ропство, извонреден приказ на храбри Македонци, кои за жал ги делат политичкото и националното кредо на авторот“, вели Јован Павловски.
Димитар Талев не смее да се смести во евтините македонско-бугарски односи, тоа не смее да се прави, не смееме да ги отфрлиме. Тој е еден од великаните на македонската проза: академик Коле Чашуле
Наспроти него, пак академик Коле Чашуле вели дека имал прилика да ги прочита делата на Димитар Талев и смета дека тој е неповторлив автор. „Талев потекнува од семејството Палисламовски од Прилеп, кое го познавам. Сум имал прилика и да се сретнам со него во Софија и во тие разговори тој пројави интерес за Македонија. Тогаш ги добив сите негови книги со посвета и со внимание ги прочитав. Мислам дека се прави крупна грешка што се дистанцира автор како Талев. Грев е тоа кон него. Димитар Талев не смее да се смести во евтините македонско-бугарски односи, тоа не смее да се прави, не смееме да ги отфрлиме. Тој е еден од великаните на македонската проза. Романот ’Железниот светилник’ е прекрасен роман за прилепската градска чаршија. Неповторливо ја опишува чаршијата и животот во Прилеп. Затоа сметам дека не треба да отфрламе нешто вредно. Јас имам објавено неколку текстови за Талев како автор во моите книги ’А бре Македонче’, како и во последната книга ’Антимемоари’, која во моментов е во МАНУ каде е поместен дијалог со Димитар Талев на македонски јазик со прилепски дијалект“, вели академик Коле Чашуле.
Премиерата на „Железниот светилник“ во прилепскиот театар ќе излезе во средината на октомври. И едно е сигурно. Таа секако ќе придонесе за отворање на дебатата за Димитар Талев и проценување на неговото место во македонската култура од денешна перспектива.
Инаку, според режисерот Владо Цветановски, „Железниот светилник“ ќе биде голем мултимедијален проект, со многу филмски инсерти и проекции на оригинален архивски материјал, се со цел да се разбуди духот на стариот Прилеп. Станува збор за обемен театарски проект со триесеттина актери на сцената. Главните улоги ги толкуваат гостите Владо Јовановски од МНТ и Александра Пешевска од Кумановскиот театар заедно со целиот ансамбл на прилепскиот театар и многу млади актери и студенти на ФДУ. Музиката ја работи Оливер Јосифовски, костимите Благоја Мицевски, а сценографијата е на Владо Ѓоревски. |
Изменето од Boogie - 27.Септември.2007 во 12:46
|
|
tanas12
Сениор
Регистриран: 05.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 76
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 12:23 |
Абе целата работа започва със Стоян Новакович !!!
|
|
Izzi
Сениор
BRAINIAC
Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 12:49 |
|
|
|
filibe
Сениор
Регистриран: 27.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 115
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 12:52 |
Ст. Новакович за работата на сръбската пропаганда в борбата срещу Екзархията:
„Тъй като българската идея, както е известно на всички, е
пуснала дълбоки корени в Македония, аз мисля, че е кажиречи невъзможйо
да бъде разколебана съвсем, изнасяйки срещуй само сръбската идея. Тази
идея, страхувам се, не би била в състояние като чиста и гола
противоположност да изтласка българската идея и по тази причина на
сръбската идея от помощ ще й бъде някакъв съюзник, който би бил твърдо
срещу българизма и който би съдържал в себе си елементи, които могат да
привлекат към него народа и народните чувства, отцепвайки го от
българизма. Този съюзник аз виждам в македонизма или в определени мъдро
поставени граници, отразяване на македонския диалект и македонската
специфика. Няма нищо по-противоположно на българските тенденции от това
- с никого българите не могат да се намерят в по-непримиримо положение
от македонизма". Дипломатски архив-Дубровник ІІІ отдель,Ф.І-251/1888г СТОЯН НОВАКОВИЧ
(1842 - 1915)
учен и политик
Завьршва гимназия в родния си град и лицей в Белград. През 1863 г.
постъпва на работа в Министерството на финансите. След 1863 е
последователно гимназиален учител, библиотекар в Кационалния музей,
министър на просветата. От 1875 до 1880 е професор в Белградския
университет, член на Държавния съвет (1883) и министър на вътрешните
работи (1884). От 1885 до 1892 е посланик в Цариград, а на следващата
година министър на външните работи. Като премиер (1895,1896)
преориен-тира австрофилската външна политика в русофилска. Посла-ник в
Париж и Петербург (1899-1904), а след пенсионирането отново става
премиер (1909). Ст. Новакович е един от основателите на Прогресивната
партия през 1880 г. След смъртта на Милутин Гарашанин, син на Илия
Гарашанин, става председател на партията. Пише стихове и разкази,
превежда от руски, полски, немски и френски. Публикува сборници стихове
и разкази, а през 1913 - историческия роман „Калугер и хайдутин".
Занимава се с филология, история на литературата и със събиране,
издаване и тълкуване на исторически материали. От 1877 година започва
работа и в областта на културата и обществената история.
Enciklopedija Jugoslavije, MCMLVIII, Zagreb
Изменето од filibe - 27.Септември.2007 во 12:57
|
|
m__g__
Сениор
Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 12:56 |
тва да не е оня Новакович - на Мисирков спонсора?
какво съвпадение
Изменето од m__g__ - 27.Септември.2007 во 12:57
|
|
Boogie
Модератор
Слобода или Смрт
Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 13:06 |
Еј ке се вратиме ли на темите или да почнам да ги затварам,М_Г поздрави и честитки на планета и по лична порака те молам.Ме мрзи да бришам ке почнам да ги затварам темите а и банирања ке има
|
|
|
m__g__
Сениор
Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 13:17 |
как кажеш шефе
знаеш - се разбираме
|
|
zbunet
Сениор
Претседник Зеленковски
Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 13:21 |
Ocigledno tuka ne mi e mestoto, moram da priznam i koga gubam...uzivajte...
|
|
m__g__
Сениор
Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 13:24 |
би велком
|
|
РАДИВОJЧО
Група
Регистриран: 08.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 13:27 |
Няма мое няма твое- всичко е "Берое"
|
|
m__g__
Сениор
Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
|
Испратена: 27.Септември.2007 во 13:28 |
|
|