IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Илинденска организација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Илинденска организација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Илинденска организација
    Испратена: 20.Април.2007 во 20:57
Се изначитав и се изнасмејав од 1200 разни варијанти за Илинденската организација но изгледа дека никој незнае доста доволно за оваа организација.Прашував и по Бугарските форуми но тие па се тотално затупавени и воопшто не се интересираат за оваа организација како дел од ВМРО туку за нив Илинденската организација е само еден собир на истите луѓе од ВМРО.По повекегодишното мое лично истражување јас заклучив дека не е така па ке почнам од почеток за да можат сите да разберат колку јака била оваа организација од нејзиното создавање па се до 1944 год. кога Македонците створиле своја држава и ваквата организација ги споделила и вметнала своите членови во тогашната ФР.Македонија.
На 23 Ноември 1904 год. во Манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка членовите на ВМРО поточно Социјалистите од ВМРО во чест на Никола Карев ја создаваат Илинденската организација како дел од ВМРО - создадена е да делува како цивилна задгранична организација која ке ги помага,сместува,образува и едуцира сите Македонци но посебно оние кои имаат членови од семејствата што се бореле за Македонија и биле поранешни или тогашни членови на ВМРО.
Главнината во почетокот била сместена во Куманово која потпомагала за развивање и регистрирање на легални цивилни организации секаде каде што имало бегалци од тогашната поробена Македонија со тоа што оваа организација прераснала во глобална Македонска Иселеничка агенција која водела евиденција на секој Македонец кој побарал помош од истата. До 1923 год Илинденската Организација имала регистрирано здружениа под името "Илинден" во Бугарија,Румунија,Австрија,Германија,Франција,САД,Канада,Австралија и Русија,во сите држави организацијата имала свои пунктови каде што контактирала со својата главнина која постојано се селела поради познатиот антимакедонски притисок.Сега за сега општо објаснето тоа е тоа за повеке понатака

Изменето од Boogie - 20.Февруари.2008 во 09:54
Кон врв
KoKi_87 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KoKi_87 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2007 во 01:50
Mislam deka toa se istite shto go izdavale Ilustriran ilinden (heeh kolku lici na ilustriran zabavnik намигнување
Eve pred nekoj den vidov na onoj sajtot shto go spomnav u linkovi deka skenirale cel broj na ilustracija Ilinden

[IMG]http://bp3.blogger.com/_NzpNBfJxkY8/RrMIccRlMAI/AAAAAAAAAV0/wcTSWlVddY4/s1600-h/scan0001.jpg[/IMG]

Me mrzi da go prepostiram tuka site stranici, eve gi dvete prvi drugite mozite da gi najdete TUKA.


Изменето од KoKi_87 - 05.Август.2007 во 01:54
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2007 во 22:27
Па некоја незаинтересираност или незнаење ке да е во прашање.Нема врска да продолжиме понатакатрепкање
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2007 во 22:48
На 14 септември се навршуваат 81 година од трагичната смрт на еден од најблескавите македонски дејци - револуционери и голем поет во периодот по Илинден до  средината на  дваесеттите години на 20 век - Арсени Танаско Јовков (1884-1924).
Роден во с. Селци, родното место и на Војдан Чернодрински, како еден од најмладите и најревносните учесници во Илинденското востание, така ли сакала судбината, во борбата за биолошки опстанок, Јовков ќе се најде во Бугарија. Цврсто верувајќи дека и таму може да ја продолжи борбата за независна Македонија, тој бргу ќе се приклучи кон македонската прогресивна емиграција и ќе се приклони  како едномисленик на левото крило на ВМРО. Немирен по дух, творец и публицист по вокација, Арсени Јовков сета своја интелектуална способност  ќе ја насочи за благосостојбата на родната Македонија.
Како редактор на повеќепати обновуваниот и преименуваниот весник "Илинден и ( " 24 јули  и "Пирин), како докажан и афирмиран публицист, но и како роден поет, Арсени Јовков целокупното свое творештво го стави во функција на својата голема љубов - Македонија. Иако прераната и насилна смрт го спречи до крај да го реализира својот творечки поход, зад него останаа остварувања кои заземаат или треба да заземаат значајно место во македонската културна историја. Во тој контекст, внимание заслужуваат неговите бројни книжевни   творби останати во ракопис или  расфрлани по разни весници и списанија во Бугарија:  четирите поетски збирки во ракопис, објавените книги - поемите "Проклетина во 1905 година и "Љуље Бургас во 1913 и 1919 година, но и онаа во ракопис,  необичната и чудесна   митолошка поема "Јасногрејци ("Видина свадба). Тука е и неодминливото, најобемно негово поетско дело по кое Јж е познат на пошироката јавност, исто така необјавениот роман во стихови (објавени се само фрагменти) - "Илинден. Покрај тоа, се занимавал со преведувачка дејност. Големиот англиски поет Џорџ Гордон Бајрон и неговото поетско дело се преведувачки предизвик за Арсени Јовков.
Јовков мошне рано се судри со сите квазимакедонски патриоти, кои во Бугарија, како платеници на бугарскиот двор, во името на Македонија ги убиваа сите прогресивни Македонци. Во контекстот на тој судир, кој беше и причината за неговата прерана смрт, неопходно е да се потсетиме: при крајот на 1919 година во Пиринска Македонија се формира една терористичка организација која го носеше името "Внатрешна македонска револуционерна организација. Тие ја имаа поддршката на реакционерниот блок и на бугарската власт, бидејќи ги штитеа нивните интереси. Но, прогресивните Македонци мошне рано ќе увидат дека Михајлов и неговите приврзаници се врховистички слуги на бугарскиот двор.
И покрај овие крајно тешки услови на легално дејствување, раководството на прогресивната Илинденска организација најде достатно смелост да излезе со  Меморандум до владата на Цанков, кој имаше изразито протестен и предупредувачки карактер. Автор на текстот  на Меморандумот е Арсени Јовков. Еве, што напиша, меѓу другото, Јовков во Меморандумот: "Нека еднаш засекогаш се разбере дека бугарскиот државен патриотизам, со кој често сакаат да се китат бугарските државници од 1890 па  до денес, и македонскиот патриотизам се две работи меѓу кои не само што нема ништо општо, туку се и спротивниии.
Ова за владата на Цанков беше премногу смел и до крај дефетистички чин и затоа ги засили своите репресалии спрема прогресивните македонски организации во Бугарија. За тоа време од Виена силите на левицата ги координираше Димитар Влахов, кој преку Коминтерната обезбеди поддршка за националните идеи и стремежи на македонскиот народ. Дел од припадниците на ВМРО се приклучуваат кон новите револуционерни сили. ВМРО ја губеше поддршката на масите и му се закануваше изолација. Затоа и се решија за политичко маневрирање и лавирање. Колку и чудно да изгледа тоа, но токму старите врховистички грешници како Протогеров се најдоа присилени да контактираат не само со претставници на македонската левица во странство туку и на Коминтерната. Како резултат на преговорите на ЦК на ВМРО, од една страна, и претставниците на македонската левица во странство и на Коминтерната, од друга страна, дојде до објавувањето на Мајскиот манифест на ВМРО. Видно учество во изработувањето на Манифестот зедоа Димитар Влахов и Бугаринот Никола Харлаков. Тројцата членови на ЦК на ВМРО - Александров, Протогеров и Чаулев, откако извршиле одредени корекции, го потпишале Манифестот, кој беше објавен во Виена на 6 мај 1924 година и оттука е познат под името - Мајски манифест.  Илинденската организација  го објавува Манифестот во својот весник "Илинден. Арсени Јовков, редакторот на "Илинден и еден од најистакнатите членови на Илинденската организација, објавувајќи го Манифестот, го растура во голем тираж во Бугарија, Цариград и во Америка.
Во Манифестот и ВМРО се изјаснува дека ќе се бори за ослободување и обединување на Македонија во една наполно независна и самостојна државно- политичка единица во нејзините природни и географски граници. Тоа наидува на воодушевување кај народните маси, но и жесток револт кај владата на Цанков, која дотогаш отворено ги поддржуваше терористите на Александров. Затоа и ги принудуваат Александров и Протогеров со една декларација, од 1 август 1924 година, која доби широк публицитет во бугарскиот официјален печат, да изјават дека не потпишале никаков документ и дека "објавениот Манифест е мистификација на егзалтирани комунистиии. Ефектите  беа речиси никакви зашто Манифестот веќе беше надалеку раширен, а се докажа и тоа дека Александров и Протогеров навистина го  потпишале. Во такви услови, на 31 август 1924 година на Пирин е убиен Александров од терористите на ВМРО, со што се оствари вешто подготвениот повод за крваво пресметување со македонската левица. Официјална Бугарија го претстави убиството како комунистички заговор и повикуваше на одмазда.
Во текот на еден месец, септември, Пиринска Македонија стана боиште на крвави инквизиции и бројни убиства. Нивен главен спроведувач беше личниот секретар на Тодор Александров - Иван (Ванчо) Михајлов, кој се готвеше да го замени својот покоен шеф. Од неговите терористи тогаш беа убиени повеќе македонски револуционери - Александар Бујнов, Стојо Хаџиев, Алеко Василев, Ѓорѓи Ковачев. Д. Икономов и други помалку познати приврзаници на левицата.
Следејќи го познатиот перфиден заговорнички опит на својот мртов шеф, Ванчо Михајлов, пак, во тоа време ги повикува на советодавна конференција во Горна Џумаја раководителите на Илинденската организација, а со подмолна цел - да изврши нивна колективна ликвидација. Така, на 13 септември, меѓу другите, во Софија е убиен Димо Хаџи Димов, а во близината на Горна Џумаја, во познатиот крвав горноџумајски колеж, при бегство, на  14 септември  1924 година, е убиен и Арсени Јовков!
По повод тригодишнината од смртта на Арсени Јовков, непотпишаниот автор во "Македонско дело, меѓу другото, ќе напише: "Перото на Арсени ги вознемируваше, го поткопуваше нивниот престиж, тоа ги демаскираше на жесток на-чин, а што беше најужасно за нив дека тие 'учени', 'професорите', остануваа многу назад засенети и развенчани како политичари и журналисти од еден селски даскал кој секој ден стануваше поголем љубимец на масите... Ете го тешкиот 'престап' кој го изврши Арсени за да биде клан и заклан пред три години.
Во 1933 година, весникот "Македонска правда ќе објави: "Редакторот на 'Илинден' умре, но идеите за кои тој живееше и умре  уште се живи и ќе преживеат. Заедно со нив ќе живее и името на Арсени Јовков, на кого утрешната слободна и призната Македонија ќе сплете венец од живи и несвенливи цвеќиња за да го украси идниот паметник на поетот, борец и револуционер - Арсени Јовковви.
Во тој контекст се и искажувањата на А. Динев, кој ќе рече дека "со душа на поет, кој го величаше Пирин, тој загина за Македонија, таму пред неговите порти. И колку сурово, во овој контекст, звучи неговата егзалтирана и судбинска  изјава дека "целата моја фамилија беше определена за служба на Македонија. Ако е потребно, и мојот живот ќе го дадам....и и дека "јас не можам да земам пушка и да се борам, мојата пушка е перото, со него ќе се борам.
Под тие импресии и емоции, и по 81 година од неговата смрт, делото е една од најубавите епопеи за една голема љубов - Македонија! Но, тоа е и голема опомена за сите оние што го воскреснуваат "великото делоои на крвниците за кои Македонија беше само монета за крвавите поткусурувања со измачениот македонски народ.
Да не се заборави!

Слава му!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2007 во 12:37

Po Prvata svetska vojna Bugarija i pripa|al pirinskiot del na Makedonija so 6.798 km2 i so 250.000 `iteli Makedonci od koi 96 % Makedonci. Mnogu Makedonci emigrirale vo Bugarija, koja ja koristela nivnata tragi~na polo`ba za svoite golemobugarski interesi da zavladee so Makedonija.

Me|u makedonskata emigracija vo Bugarija dejstvuvale vidni makedonski revolucioneri. Biv{ite rakovoditeli na VMRO, "Ser~ani", istrajale vo odbranata na makedonskite interesi. Tie, organizirani vo Vremenoto pretstavni{tvo na porane{nata VMRO (\or~e Petrov, Dimo Haxi Dimov, Petar Pop Arsov i dr.), dejstvuvale so cel da ja pridobijat svetskata javnost, istapuvaj}i na Pariskata mirovna konferencijata so barawe za sozdavawe na samostojna makedonska dr`ava. Aktivnosta na Pretstavni{tvoto gi voznemiruvalo vladeja~kite krugovi vo Bugarija koi go aktivirale vrhoviziraniot Izvr{en komitet na makedonskite bratstva, koj istapuval pred me|unarodnite forumi protiv interesite na makedonskiot narod. Makedonskite bratstva vo Bugarija bile polarizirani. Del od niv projavile zna~ajna nacionalno-kulturna dejnost (Kuku{koto, Gevgeliskoto i dr.).

Po vojnata dejstvuvala t.n. "avtonomisti~ka" VMRO predvodena od Todor Aleksandrov, koja, iako deklarativno se izjasnuvala za avtonomija na Makedonija, se stavila vo slu`ba na vrhovizmot i bugarskiot dvor. Prerasnuvaj}i vo teroristi~ka organizacija, VMRO mu nanela golema {teta na makedonskoto nacionalno-osloboditelno dvi`ewe, vr{ej}i golem broj politi~ki ubistva na vidni Makedonci (Jane Sandanski, \or~e Petrov, Dimo Haxi Dimov, Todor Panica i dr.). Od nejzinata teroristi~ka aktivnost se zgrozuvala i evropskata javnost. Vrhovisti~kata VMRO vo pirinskiot del na Makedonija prerasnala vo svoevidna "dr`ava vo dr`ava". Taa vr{ela teroristi~ki akcii i vo vardarskiot del na Makedonija. Po ubistvoto na Todor Aleksandrov i doa|aweto na Van~o Mihajlov na ~elo na VMRO, bile prezemeni brojni teroristi~ki akcii i bile ubieni golem broj Makedonci-patrioti i komunisti.

Me|u makedonskata emigracija mo{ne aktivna bila legalnata ilindenska organizacija, koja gi izdavala glasilata "Ilinden", "Pirin" i dr.

Vo me|uvoeniot period Makedoncite vo Bugarija razvile intenzivna nacionalno-kulturna dejnost. Bile izdavani mnogubrojni makedonski vesnici ("Ilinden", "Makedonsko zname", "Makedonski vesti", "Obedinist" i dr.).

Od 1937 do 1940 god. vo Sofija bi aktiven poznatiot Makedonski literaturen kru`ok vo koj ~lenuvale poetite Nikola Jonkov Vapcarov, Kole Nedelkovski, Anton Popov, Mihail Smatrakalev i dr. ^lenovite na Kru`okot gi postavile osnovite na sovremenata makedonska literatura.




Povik od makedonski emigranti vo Bugarija so koj se osuduva politikata na bugarskata Vlada i Izvr{niot komitet, ~ija cel e prisoedinuvawe na Makedonija kon Bugarija. Se povikuva makedonskata emigracija na borba za nezavisna Makedonija." (1919)

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2007 во 13:15

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2007 во 18:43


Rezolucija na V kongres na Kominternata so koja se predviduva otkinuvawe na Hrvatska, Slovenija i Makedonija od jugoslovenskata dr`ava i formirawe nezavisni republiki..." i sozdavawe obedineta i nezavisna Makedonija" (1924)
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2007 во 09:20
Сликата%20“http://www.soros.org.mk/archive/G06/images/Sg4708.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.

The Statute of the Macedonian Federative Organization with purpose "to fight legally for Macedonia as an independent state, within its geographical and economic frontiers" with the slogan "Macedonia to the Macedonians"

(1922)
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2007 во 14:32
Факсимили од ракописот на Антон Попов ,,Млада Македонија,,

Антон Попов (1915-1941), Македонец од Пиринска Македонија за Бугарите, Србите и Грците, но и за македонскиот патриотизам меѓу двете светски војни пишува:
„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари...Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух-не беше признат.
Историјата на човештвото е полна со неправди...
...Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа? (Извор: Антон Попов ,,Дневник,, : Млада Македонија, 1938 г.).

За потсетување, бугарската, грчката и српската историографија велат дека македонската национална свест не постоела пред 1944 г., но како што сведочат самите македонски патриоти, македонската национална свест била длабоко вкоренета во Македонците, која поробувачите на Македонија се обидувале да ја искоренат.

Кон врв
MORNAR74 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Септември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MORNAR74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2007 во 16:14
ДА.
,,VENE VIDI VICI,,
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2007 во 09:09
ДИСКУТАБИЛНО!
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 12:42
НајГолем придонес на Илинденската организација бил периодот по 1939год.кога на Македонскиот народ му следела уште една борба за слобода.Бугарите и Србите се повеке ја засилувале борбата за Македонија така да Македонците сега биле на чисто кој им бил непријателот,на 11 конгрес на Илинденската организација  -јануари 1939 го. било избрано ново раководство - Л.Томов(претседател)Х.Танушев(потпретседател)Л.Групчев(секретар)А.Кецкаров(благајник)Т.Крчов(библиотекар)Д.Лазаровски и Л.Гошевски(советници) и на тој конгрес е донесена нова резолуција за културна и вооружена борба против Српските  и идните окупатори со што се и зацврснале редовите на организацијата.
Почнала да се печати книгата "Ослободителните борби на Македонија" а печатниците за прв пат од Плевенскиот округ биле префрлени во Разлошко,Крушевско и на крај Прилепско.По 1940 Прилеп станува централна печатница на Илинденската Организација,прв пат излегува списанието "Илинден-Независна Македонија"
Членовите биле препознатливи низ цела Македонија по значката која ја носеле на која пишувало "Илинден-Независна Македонија,За неа ние се бориме За неа ние умираме" намигнување
Кон врв
ThrakerAnticki49 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 57
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThrakerAnticki49 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 10:11
Originally posted by Boogie Boogie напиша:





уште многу тука




Изменето од Македон - 14.Ноември.2010 во 00:49
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2008 во 10:12
Да, а види го датумот на весникот и кажи ми на што те асоцира.... и кажи ми во таа година под чиво раководство се наоѓал тој весник
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.