|
КРСТ - НЕГОВО ЗНАЧЕЊЕ |
Внеси реплика | страница <1 101112 |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Миралем, За последнов пост не знам што да ти кажам, во глобала твоите неразбирања на тој дел се должат на неразбирање на Евангелието, ,на Тројството, и на двојната природа на Христос. За овие работи имаш по цели теми и немам намера да спамирам тука копирајќи цели теми. Ако навистина те интересира, прочитај си ги темите.
Кога Христос ги извикува тие зборови "Боже Мој, Боже Мој, зошто ме остави?", во тој момент настанува разделување на Тројството. Имено Таткото привремено го напушта Синот, затоа што во тој историски момент Синот требало да го прими целиот грев на човештвото (на покајаните). Во тој момент врз Христос требало да се изврши осудата на Адамовиот грев и гревот на сите грешници кои својата вера ќе ја положат во Христос. На крстос во тој момент Христос, земајќи го целиот грев на човештвото (гревот на сите разбјоници, проститутки, убијци, крадци итн итн) станува најголемиот грешник што некогаш постоел на Земјата. Исус на крстот е во голема агонија. Исус знаеше однапред што Го чека и за целиот план за спасението на човекот, но не беше доволно само знаењето. Тоа не беше некоја теорија или филозофија за која Тој требаше само да знае или да филозофира. Тоа беше огромен товар на неговите плеќи под кој неговата човекова природа трепереше во големата мака и агонија. Тука не зборам само за физичката мака, за камшиците, клинците, шамарите, срамот, тепањето итн итн... Христос доживеа и душевна казна, со тоа што неговите најблиски се откажаа од Него, оние за кои Тој дојде да го даде Својот живот, истите тие Му ги набија клинците на рацете и нозете, голема осаменост, тогаш кога најмногу му требаше подршка. Но сите овие маки не можат да се споредат со духовната мака што ја доживеа Христос со тоа што доживеа или искуси да биде одвоен од Бог-Таткото, Оној со Кого ја делат целата вечност! Верувај ми ова било најголемата болка што Христос ја доживел додека бил на Земјата. За оваа болка, поточно, овој крик на Христос го слушнал и Давин стотици години порано и го запишал во својот 22 Псалм, кој почнува со истиот Христов крик "Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?". Гледаш ли колкава била таа агонија ја Христос што предизвикала и Давид во едно пророчко видение да го слушне Тој Христов крик и да го запише во својот Псалм стотици години пред тоа да се случи? (прочитај го целиот псалм, ќе видиш дека тоа е месијански псалм - за Христос) Значи не се работи за тоа дека Хрисос не знаел зошто Таткото Го напушта, туку се работи за реторско прашање, поставено во најголемата агонија што некој ја доживеал во светот. Но за кого? За кого го направи тоа Христос? За некој да се подбива на тие зборови? И после се чудиш зошто не ти реплицирам на се? Изменето од EvAngelos - 29.Јули.2007 во 23:37 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Miralem1
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 1548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dobro de,odbiraj so ti e polesno
|
|
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
|
|
Внеси реплика | страница <1 101112 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |