IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Иван од Куманово
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Иван од Куманово

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Иван од Куманово
    Испратена: 02.Јули.2007 во 16:27
Светата книга на Иван - светското чудо
svetata%20kniga.jpg

Денес можат да се прочитаат најразлични реклами од надрилекари, јасновидци, гатачи и луѓе кои се во постојан линк со Севишниот. Лечат од најобична главоболка и пролазна нервоза, па се до ракови на дојка и шизофренија у глава. Специјалисти се за хемороиди, псоријази, метастази.. борци против црната магија и клетвите на комшиката, овие „специјалисти“ растураат магии, прават деца на нероткињи, лечат глисти, одвикнуваат од пушење и помагаат на деца кои мократ у кревет. Дел од нив ја знаат тајната на животот и несебично нудат иљач за среќа у работа, среќа у брак, среќа у учење, среќа у мажачка/женачка

 

Иван од Куманово е еден од нив. Типот е специјалист за сето горенаведено. Нема нешто за што Иван нема иљач. Тој секој вторник и четврток доаѓа од Куманово во Скопје и „лечи“ во некоја куќа во Маџар маало, негде карши Нова Железничка, ред се чекало за сеанса кај Иван.

 

 Пишувана во ракопис, Света книга на Иван има 8 страни поделена на Уводен дел, Главен дел и Заклучок. Во уводниот дел авторот, т.е. Иван – светското чудо, прави рекапитулар на сето она што го нуди вуду пазарот во Македонија. Притоа посебен акцент става на објаснувањето на светцките религии давајќи историски, социолошки и општествено – политички осврт кон истите.

Главниот дел од Светата книга се однесува на болестите кои ги лечи Иван – светското чудо, со посебен осврт на секоја болест поединечно. Притоа, авторот користи современ и за секого прифатлив вокабулар, правејќи ја оваа книга извонредно интересна и разбирлива за сите возрасти и општествени групи.

На крајот следи Заклучокот како рекапитулар на сето кажано во Книгата, со мудри поуки и совети кон верниците и неверниците.

 

По продолжение, низ неколку постови, ќе се обидам низ цитати и изворно да ви презентирам дел од „тајните“ кои се содржани во оваа Света книга.

Уште на првата страница од Светата книга, нејзиниот автор, Иван – светското чудо, несебично го открива патот како да Ве прати среќа у живот:

„...ако сте во можност да соберете десет луѓе и пред нив да ја прочитате (книгата, м.з.) ќе ве прати среќа, божји благослов и се ќе ви оди од рака наредните две години.... среќно...“.

 

Веќе на втората страна Иван ја нуди својата биографија и пишува:

„...уште кога имав три години седејќи дома кога погледнував во некој предмет тој се помрднуваше. Тогаш јас се исплашив и побегнав од дома мислејќи дека во нашата куќа има вампири или духови. И еден ден се играв во дворот и на нашата улица една кола згази куче. Јас отидов да го видам кучето. Тоа беше целото раскрвавено, а од другата страна седеа три баби и си плетеа чорапи и ми велеа да не се доближувам до кучето. Но јас се доближив и го фатив кучето за нозете, кучето стана, јас се исплашив и плачејќи избегав дома. Комшиките се крстеа и се чудеа на тој мој потег и збореа по цела мала.

 

Веќе во следниот пасус, Иван, говори за својот прв пациент:

„ Мојот прв пациент беше баба ми, што сум ја лекувал на три и пол годишна возраст. Баба ми дојде кај нас на гости и се жалеше на болки во раката. Јас охрабрен од мојот потег со кучето и велев на баба ми да и ја излечам раката. Ја фатив за раката и таа почна да ми вика: уф бре дете ти да не имаш струја, бреее ме дрмаш целата. И така на баба ми и пројде раката.“

 

На седум годишна возраст, Иван ја осознава добро чуваната, со векови, тајна. Коцките почнуваат да се склопуваат:

„кога имав седум години духот ми се појави на јаве вистински и ми кажа дека јас сум одбран од Бога да помагам и да лечам луѓе и да правам чуда. Духот ми објасни дека тој ќе влезе во мене и ќе ги лекува луѓето“.

 

Во понатамошниот текст, Иван почнува со постепено откривање на она што му е кажано:

„За бог важи само закон, а не разни религии и верски обичаи. Бог дал закон. Ако не го поштуе човек си прави грев што сдам си го плаќа или неговата фамилија го плаќа. Како на пример. Во секоја држава има закон. Ако го прекршиш идеш во  затвор. Или еден мајстор ќе направи електричен апарат и ќе му стави упатство и ако не се придруваме ќе се поквари.

Бог дал 10 заповеди, закон за човек. Ако не се придржува човек прави 4 грева: смртен грев (човек умира), болен грев (се шлогира), жив грев (жена роди паализирано дете) и наследен грев (од стари – децата наследуваат).

 

Уводниот дел, меѓу останатото ги третира, брачните и воопшто општествените  односи во заедницата:

„Не прави прелуба. Маж или жена несмејат да имат швалер или швалерка затоа што доаѓа до растурање на бракот.

Не кради. Ако крадеш можи да те утепа некој. Нема да видиш аир.“

 

Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 16:28

Следуваат дефиниции, напишани лично од Иван, за некои од болестите од кои  лекува.

Главоболка значи ве боли главата... Одиш на лекар и тој нормално ти дава лекови... Кога дојде човек кај мене и си каже дека го боли глава јас му препорачам да не пие апчиња и почнам со терапија. Божјиот дух му стабилизира хипофиза и тој човек по три третмани си оздрави. Го обнови, подмлади мозокот.


Мигрена е кога човек го боли глава често. Да кажеме го држи три дена, па го пушти... Мигрена е оштетување на клетките во кора на мозок која има 6500 клетки.... Лекарите се немоќни да го решат овој проблем. Им даваат апчиња кои го дрогираат нервни систем... Иван: мигрена е рутинска работа за мене. Кај оваа болест имам голем успех.

 

Нервоза е кога човек се нервира. Како настанува нервоза? Мислата реагира на нервниот систем. Во централниот нервен систем доаѓа до нервно вегетативен поремеќај... Медицина им дава лекови (на луѓето, м.з.) кои содржат високи концентрации на синтетички дроги. Од тие лекови се оштетува мозокот и завршуваат во лудница и самоубиство... Иван: кога доаѓа пациент престанува со лекови. Јас со мојата терапија му ги смирувам неврутоните и тој потполно си оздрави.

 

Шизофренија е модерна болест. Доаѓа до расцепување на клетките во мозок. Мислата врши голема пресија на клетките. Тие не можат да го поднесат тој притисок и клеточната мембрана пука... И тогаш настанува хаос во мозокот.... Медицина нема лек за оваа болест. Ги лекуваат долги години, по што пациентот врши самоубиство. Дури во Америка нема лек за шизофренија.

Иван: кога доаѓа пациент се откажува од апчиња и духот божји му ги обновува клетките и тој пациент потполно си оздрави од три терапии.

 

Вид. Знаете дека човек има две очи. Но некои луѓе гледаат совршено, но некои не. Зошто е тоа така? Уште кога се роди дете (бебе) мајката треба да го дои до 2 години (да цица мајчино млеко).... Медицина нема лек за очите. Дават помошни помагала: наочари или леќи. Со носење на наочари се зголемува диоптерот и човекот како години проаѓат оќораве.

Иван: многу успешно го правам ова. После три терапии си оздравуват потполно. Кога ќе одат на лекар, на компиутер да се проверат и лекарот се чуди како е могуќе од – (минус, м.з.) 19 диоптер да има 0. Да гледа супер.

 

Притисок или шлок. Притисокот настанува од јака нервоза или од запушување на вени. Ако дојде го голем притисок над 200 настанува пукање или зачепување на капилари... Медицината нема лек за оваа болест.

 

Говор (дткање). Говор е да зборувате. Но некои луѓе не зборуваат или дткат... Ова може да дојде од прејака температура. Настанува и од страв. Кога дете ќе се исплаши од родителите, другарчиња, учителка, куче, маче, автонобил и др. се програмира мозокот и не може да се сети која буква да ја каже. Мозокот е поврзан со јазикот. Како мислиш така зборуваш... Медицина нема лек... Иван му го репрограмира мозокот и човек не дтка никогаш повеќе.


Хемороиди се болести на газното црево – чмарот. Овие болести настануваат кога човек е над WC шоља. Изметот испарува. Таа киселина ја надразнува слузницата и ја оштетува и се прави бактерија. Или па со бришење ја оштетите слузницата... Медицина нема лек за оваа болест... Иван: божјиот дух ја чисти инфекцијата, ги гори бактериите, го зајакнува ѕидот на слузницата. Човек си оздрави и никогаш повеќе не се појавува болеста.

 

Простата е мускул кој врши функција како вентил да мокри човек и да пушта семе (сперма). Доаѓа од претеран секс и нередовно мокрење (држење на мокраќата во себе)

 

Стерилитет (немање деца). Има машки и женски стерилитет... Доаѓа од магии, преладување и божји гревови...

 

Тумор. Рак (канцер). Кога чуе човек дека од оваа болест е болен, смртно се исплаши. Луѓе не се плашете има лек кај Иван и тоа бесплатен. Еве сега ќе ви објаснам како доаѓа до оваа болест. Секој човек уште од зачнување има ДНК. Таа служи за да го порасне и развие организмот правилно се до пубертет. Потоа ДНК служи за да ги контролира сите клетки во организам. Луѓето што имаат плави или зелени очи имаат 8% имунитет и 98% заболуваат од рак. (У јебо те, јас имам зеленкасти очи). Тумор доаѓа кога ќе ослаби имунитет од јака нервоза, стрес, испушена цигара, алкохол, дрога, претеран секс.

Медицина: во светот нема лек од рак. И тогаш пациентот умира. И што велат роднините и пријателите: Бог да го прости си умре. Докторите предвреме ги умират пациентите: така е.

Иван: Божјиот дух го дешифрира ДНК и го појачува имунитет... Пациент ако не е зрачен или ако не примал хемотерапија за 10 дена си оздрави. Но ако одел на лекари си оздравува, ама потешко. Дури по 2 месеци. Сите пациенти кои биле кај мене оздравеле. Еве драги читатели има лек за рак. Бесплатен е.


Растурање магии. Кога дојде човек кај мене божјиот дух директно му чита од душата и ми кажува дали има магии.

 

Баење е кажување на одредени моќни зборови кои имат моќ да оздрават или да му олеснат на човек.“


Катарзата во целата оваа приказна следува на крајот.

„Среќа за мажачка и женачка. Кога машко или женско не можат да си најдат партнер за да се земат и да си направат семејство тоа може да дојде од: магии, судбина, но најчесто од сопствен мозок. На пр.: човек многу учи школа па е зафатен, не искача. Или човек бира многу. Си има замисла за негова особа во главата, ама таква нема (бирала Мирка ќоравога Мирка), па му пројдат годините. Или има луѓе срамежливи и др.

Иван: му ја отварам среќата. И тој човек си најде партнер и среќно си живее во брак и си створи семејство.“

 

Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 16:29

Чувствувајќи ја ограниченоста на македонскиот медиумски простор, незадоволен од рекламите по весниците, Иван – светското чудо,јасновидец и надрилекар кој редовно ординира во Куманов и Скопје, и кој е доста популарен во нашава касаба, решава да напише Света книга во која го објаснува своето откровение. Притоа дава дефиниции и нуди преглед на сите болести од кои што лечи. Во продолжение следува вториот дел извадоци од неговата Света книга:

 

„Царевите, кралелевите и војсководците како да го задржат народот во една територија измислиле разни обичаи и верувања и оттогаш наваму настанале религиите. Главна улога во создавањето на религиите има сатана (ѓаволот). Работи против Бога. Еве неколку примери за создавање на некои религии.

Христијанска религија: се дели на две религии: католичка и православна. Православната религија настанала по Исуса Христа наваму, па се до ден денешен. Католичка религија значи дупол лик на Исус Христос и таа настанала како православната религија. Имаат сличност.

Будистичка религија: свештеникот Буда сам си напишал религија будизам која се користи во Кина.

Хиндуизам: оваа религија ја напишал професор Ганди и ја веруваат во Индија. Таму пишува дека крава е Бог.

 

Има разни секти како на пример: Суботари, Евангелисти и др. А најопасна секта е ѓаволската секта „црна ружа“. Ги лаже луѓето и ги тера на самоубиство.“

 

Во продолжение, Иван, говорејќи за потеклото на крстот како симбол на христијанството, ќе напише:

„Да објасниме како настанал крстот. Во денешно време луѓето веруваат дека Исус Христос бил разапнат на крст и отогаш е крстот. Но работите стојат вака: Исус Христос е разапнат закован на (столб) бандера. Крстот настанал вака: во Италија римскиот цар во 7 век си седел во двор и гледал кон небото и ѓаволот му направил крст на небото (визија) и тој царот наредил на војската на сите верски објекти да стават крст и така настанал крстот.“

 

Иван дава објаснување и за светците:

„Еве како настанале светци. Во 8 век во римска Италија, во Ватикан ги затворале по наредба на царот луѓето што верувале во учење христово и ги мачеле и ги убивале. Епа драги читатели сигурно сте прочитале во календарче св.маченик - тој и тој. Еве најсвеж пример. Мајка Тереза ја прогласија за светец и на тие луѓе им стават (слики) икони.“

 

Продолжува со објаснување на историската димензија на празниците:

„Како настанале празници. Празниците настанале од славење на некој светец. Или на пример: обичен ден недела го направиле Св.Недела.“

 

Допрва следува катарзата. Евангелие според Иван - кумановац. Какво Евангелие по Јуда, каков Ден Браун. Иван открива:

„Да објасниме кој е Исус. Исус е ангел. Се вика Архангел. Тој дошол на земјата да објасни се за бога и се вратил на небото. Како еден директор што го праќа шефот на работниците да им објасни што кажал директорот“.

 

Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 16:31

Велат дека е еден од „најпопуларните“. Немало нешто од што не можел да излечи. Само ги затварал очите и излегуваш здрав. Дури и некои свештеници го препорачувале. Демек он бил „избраниот“ да лечи. Но, ако сакаш да го процениш човека прочитај што напишал. А, пак, Иван има напишано „Света книга“. И покрај сите негови будалаштини, сепак, пред неговата куќа во Маџар маало се чека со часови за сеанса со „вдахновениот“.

 

„Демоните (ѓаволски слуги) какви злоби прават на луѓето, ги терат да се тепат на концерти / кај има метална музика се собираат демони. Се претварат на раскрсници или гробишта во животни или луѓе. Ги плашат луѓето, влегуваат во куќите, им тропат по мебел.“

 

Задгробен живот.

„Во Америка неколку професори направиле здружение за да испитат што се случува кога човек ќе умре. Се договориле кога едниот ќе умре да им каже на другите како е по смртта. Едниот Џонсон умрел, а другите биле живи. Еден ден Ѓорѓ седел на маса и си пишувал нешто и одеднаш му се приспало и заспал. Ѓаволот му направил претстава демек Џонсон му се јавува и му кажал дека имало рај и пекол и дека си живеат супер. Така настанал задгробен живот. Ѓаволска измама.“

 

100% човек.

„Бог вели човек кога ќе умре душата му излегува 20 см. над телото и заспива. Телото е материјал од 20% коски и 80% течност и тоа е крај.“

 

Дефиниции.

Травари. Травар е обичен човек без моќ. Травар може да биде секој. Има школовани и необразовани. Школованите травари учат за билките, а необразованите нашле на некои рецепти на баба или дедо и биднале травари.

Магионичари. Магионичар е човек со ѓаволска моќ. Магионичар не може да биде секој. Се учи школа за магија. Во Р.Македонија нема школа. Тие луѓе што се бават со тоа се професионалци.

Илузионисти. Илузија е мисла во мозок. Слика која во стварност се остварува.

Хипнотизери. Тоа е заспивање на човек во свесна состојба. Хипнотизер може да биде секој. Се учи школа за хипноза. Професионален хипнотизер е магионичар.

Исцелители. Човек кој се бави со исцелување. Тој поседува волжебна моќ. Такви луѓе се многу ретки и се раѓаат на 1000, па 2000 години. Најпознатите исцелувања што ги памети човештвото што со Светиот дух ги направил е Исус Христос. Во светот само еден постои. Иван исцелител.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 16:41
Го знам типов,многу е откачен - додуша од мал си беше откачен ама кога имаш мака веруваш во секакви глупости па и у ИванLOLLOLLOLLOLLOL
Кон врв
miki-li Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1176
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miki-li Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2007 во 21:15
За овој преварант и аналфабет не бев чул до пред некое време, кога еден ден одејки на гости кај еден пријател ја видов неговата *Света книга* пред секој од становите во зградата, се заинтересирав и ја прочитав таа *книшка*. Што да кажам, прост народ силна држава, човекот е - боли глава, неписмен, треска глупости, сигурно има некоја тарифа за да те *излечи* и заработува на сметка на маките што ги има нашиот напатен народ. Мислам што да кажам, главоболка било кога те боли главата, ма немој еве ти 50 евра шо ми кажа што ме боли.
Секој таков што има потреба да се рекламира, што има тарифа за да те излечи е преварант.
Кон врв
Trilili Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Mr.Bodycheck

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1780
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Trilili Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 08:25
nema tarifa, ostavas kolku sakasWink
Кон врв
miki-li Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1176
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miki-li Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 20:49
Originally posted by Trilili Trilili напиша:

nema tarifa, ostavas kolku sakasWink


А има ли некој што Иван го излечили и од која болест го излечил?



Изменето од miki-li - 04.Јули.2007 во 20:50
Кон врв
LEGENDA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 359
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LEGENDA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2007 во 23:46
e ne mogu da verujem znaciTongue
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2007 во 00:32
Значиии ова Кумановоо градче на умови еLOLLOLLOLLOLLOLLOL
Кон врв
LEGENDA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 359
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LEGENDA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2007 во 03:02
Ova e najgolem grev po mene , i treba da se najde nekoj da mu gi skrshi dvete nogi i da mu prorekne posle nepokretnost u traenje od 7 meseci... huh
www.hjspain.com
Кон врв
Goddes of Chaos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Април.2007
Локација: Ecuador
Статус: Офлајн
Поени: 337
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goddes of Chaos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2007 во 11:56

Lazgi so opaskiConfusedWink

Narodot za najmudra kniga ja smeta onaa koja e najnerazbirliva za nego.-A.Hitler
Кон врв
starchild Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 28
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај starchild Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2007 во 22:35
ne mu pravite reklama na covekovнамигнување ! tipot spored mene e prevarant 
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2007 во 11:45
Originally posted by Trilili Trilili напиша:

nema tarifa, ostavas kolku sakasWink
 
А ако не оставиш ништо? Нема лекувањето да биде успешно?
Veni Vidi Vici
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,355 секунди.