IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Се околу песови и одлична дресура
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се околу песови и одлична дресура

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Се околу песови и одлична дресура
    Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:50

КОЈ Е ОВДЕ ГЛАВЕН?

Како да постанете алфа

 

  • "Мојот пес штотуку се обиде да ме гризне! А само му реков да се тргне како би можел да седнам до него на каучот."
  • "Мојата кучка навали на кантата за ѓубре и кога ја искарав, режеше на мене. Што не е во ред со неа? Мислев дека ме сака!"
  • "Нас нашиот пес воглавно многу не сака и нежен е према нас, но кога ке се обидеме да го придобиеме да направи нешто што не му е по волја, штрака со забите и се обидува да не гризне."

     Што им е заедничко на овие три песа? дали се лоши или баш злобни? Не - тие се "алфа". Го превзеле водството во фамилијата која ги сака. Наместо да ги слушаат наредбите од своите луѓе, овие песови ги задаваат наредбите. Вашиот пес може многу силно да ве сака и сепак да се обиде да доминира со вас или со останатите членови на фамилијата.

Песовите се друштвени суштества и веруваат во друштвениот поредок. Друштвениот состав на песот е "чопор" со точно утврдена хиерархија. Водителот на чопорот е алфа, поглавица, главен шеф. Тој (или таа) добива најдобро од се - најдобра храна, најдобро место за спиење, најдобра играчка итн. Водителот е исто така прв во се - прв јаде, прв оди и прв го придобива туѓото внимание. Сите останати песови во чопорот ги почитуваат желбите на алфа песот. Секој пес кој ке го предизвика авторитетот на алфа добива брза физичка опомена како потсетување кое и каде му е вистинското место во чопорот.

http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:51

Вашата фамилија е "чопор" за вашиот пес. Повекето песови лесно се вклопуваат во редот на хиерархиската скала на своите човекови чопори и не ги 'дигаат брановите'. Го прават она што ке им се каже и не го предизвикуваат авторитетот. Останатите песови не се вклопуваат баш така добро. Некои од нив се родени водители и секогаш ги предизвикуваат своите алфи во обликот на човекот. Другите песови пак се искачуваат на друштвената скала - тие секогаш бараат начин како да се искачат малку повисоко на фамилијарната скала. Овие природни водители и качувачи на друштвената скала можат да постанат проблем на фамилијата која ништо не се сомнева и не е свесна за природниот инстинкт на чопорството во песот.

Некои фамилии ги потстикнуваат своите песови да го превземат „чопорот", а за тоа и да не се свесни. Спрема своите песови се однесуваат како спрема на себе рамноправни, а не како спрема подредени. Им даваат посебни повластици, како што се дозволување да спијат на креветот или на каучот. Не ги тренираат своите песови и им дозволуваат неказнети да се извлечат од ситуацијата кога не ја послушале наредбата. Во вистинскиот чопор на песови таквиот третман не би имал никој освен алфа песот. Алфа нема никаква врска со големината на песот. И најситното кученце како што е од расата chihuahua може да биде кучешки Hitler. Всушност, колку е песот помал, тоа е зачестена тенденција луѓето да ги третираат како бебиња и да ги тероризираат со храна - што на песовите им овозможува да се осекаат уште подоминантни па своите луѓе да ги имаат под уште построга контрола.

http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:51

Алфа песовите се често многу добри куќни миленици. Верни се, попаметни од просекот и многу отворено ја искажуваат својата љубов. Можат да бидат прекрасни спрема децата и добри спрема непознатите луѓе. Се чини дека се е во најдобар ред со нивниот однос спрема луѓето - се додека некој не ги налути или ги примора да направат нешто што не сакаат. Тогаш, одеднаш, тој прекрасен пес започнува да ржи или се обидува некој да го гризне и никој не разбира зошто.

Во вистинскиот чопор на песовите, алфа песот не мора на никој да му одговара. Никој не му задава наредби ниту пак му говори што да прави. Останатите песови во чопорот ја почитуваат неговата положба. Ако некој друг пес е доволно глуп да го предизвика на алфа обидувајки се да му ја земе неговата коска или да го присвои неговото место со остар поглед или режање. Ако тоа не функционира, алфа песот своето водство ке го наметне со забите. Сето тоа е потполно природно, инстинктивно однесување - во светот на песовите. Во човековата фамилија, сепак, таквото однесување е неприфатливо и опасно.

На песовите им требаат и ги сакаат водителите. Тие имаат инстинктивна потреба да се вклопат во чопорот. Сакаат да бидат сигурни да знаат каде им е нивното место и што од неив се очекува. Повекето од нив не сакаат да бидат алфа - тие сакаат некој друг кој ке ги задава наредбите и ке донесува одлуки. Ако нивните луѓе не осигураат такво водителство, песовите самите ке ја превземат таа улога. Ако сте му дозволиле на вашиот пес да биде алфа, во негова милост и немилост сте, а како водител тој може да биде добар крал или тиранин!

Ако мислите дека вашиот пес е алфа во вашето домакинство, тој тоа сигурно и е. Ако вашиот пес поќитува само еден или два члена на фамилијата и доминира со останатите, сеуште имате проблем. Местотот на песот мора да биде на самото дно на чопорскиот поредок на вашата фамилија, никако не на врвот или некаде во средината..

http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:52
За да го вратите оправданото место на вашата фамилија како водител на чопорот, вашиот пес мора да добие лекција, односно својот пес мора да го научите како да биде подреден, а не рамноправен. Вие ке му покажете што значи да биде повторно пес. Мајката на вашиот пес уште многу рано во животот му покажала дека таа е алфа и тој неа морал да ја почитува. Како кученце, добил сигурно место во чопорот на своето легло и благодарение на таа сигурност можел слободно да се концентрира на растењето, учењето, играњето, љубовта, на тоа дека тој е само пес. Вашиот пес навистина не сака одговорност која ја носи статусот алфа, не сака да донесува одлуки и да ја брани својата положба на врвот. Тој сака водител кој ке го следи и ке обожава, како повторно би бил слободен само да биде пес.
http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:52

Како да постанете водител на својот чопор

 

На вас вашиот пес непрекидно ве гледа и го прати вашиот говор на телото. Знае кога сте несигурни, кога не се осеќате добро во улогата на водител или кога нема да го присилите да ја послуша наредбата. Таквото однесување го збунува, го прави несигурен, а ако е роден, природен водител или качувач на друштвената скала тоа ке го потстикне да го превземе местото на алфа и ке Ви каже на Вас што треба да правите.

"АЛФА" е став. Тој вклучува тивка доверба, достоинство, интелигенција и изразување на авторитетот. Песот таквиот став го осеќа готово моментално - така спрема него се однесувала неговата мајка. Набљудувајте го професионалниот тренер или квалитетниот инструктор за послушност. Тие стојат исправено, а својот глас и поглед го користат како би ја проникнале идеата дека се способни да го добијат она што го сакат. Тие се нежни, но и цврсти, искажуваат љубов, но се и остри, и сето тоа истовремено. повекето песови моментално се подредуваат на таквиот тип на личност, бидејки го препознава и почитува на алфа штом ке ја ја осети. .

Вежбајте да бидете алфа. Стојте исправено со рамињата на назад. Одете исправено. Вежбајте да го користите новиот тон на гласот, подлабок и поцврст. Немојте да го молите својот пес да направи нешто - кажете му го тоа, наредете му. Разликата е огромна. И песот ја осека таа разлика! Не заборавајте дека како алфа имате право да ги утврдувате правилата и да задавате наредби. Вашиот пес тоа инстинктивно го разбира.

http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:54

За да ја преокренете ситуацијата, кај повекето песови ке биде доволна промената на вашиот став и посетувањето на к*рсот за послушност. Во случајот на песот кој го превзел домакинството и ја наметнал својата положба режејки или гризејки, а кој притоа поминува неказнето, ке ви биде потребно и нешто повеке од самата одлука да постанете алфа. И на песот ке му биде потребно да го промени својот став.

Природните водители и искачувачи на скалата нема да сакаат да отстапат од својата алфа положба. Вашата нагла промена во однесувањето ке ги шокира и ке се осекаат загрозени. Вашиот пес ке настапува уште поагресивно од порано. Алфа песот инстинктивно ке реагира на предизвикувањето на сопствениот авторитет. Во неговата природа е да сака да ги загуши револуционарните побинувања и селските востанија! Не грижете се, има начин и тоа како да се среди..

Алфа песот веке знае дека може да ве победи во физичката борба, така да возвракањето со насилие како одговор на неговата адреса нема да функционира. Се додека успешно не ја воспоставите својата положба како алфа, корекциите како што се удирање, протресување или користење на техниката на 'превртување', опишани во некои книги, нема да дадат сакани резултати и можат да бидат изразено опасни по вас. Алфа песот на таквите методи ке одговори со насилие и може озбилно да ве повреди..

Она што треба да го направите е да го користите вашиот мозок! Попаметни сте од песот и можете да го надминете со својот ум. Исто така ке мора да бидете потврдоглав од својот пес. Она што ке го опишам сега е практична и ненасилна метода на отргнување на песот од алфа положбата и неговото вракање на дното на фамилијарниот тотемски столб, каде што и припаѓа и треба да биде. За да профункционира оваа метода, потребно е да ја вклучите целата фамилија. Таа бара промена на ставот на сите членови на фамилијата и нов начин на работење со вашиот пес.

Ова е озбилна работа. Песот кој гризе или им прети на луѓето е опасен пес, без обзир колку го сакате. Ако ви се чини дека третирањето на вашиот пес како пес а не како на вас рамноправен ке биде грубо, имајте на ум дека нашето друштво повеке не толерира опасни песови. Во тек се многубројни судски постапки поради гризнување на песот со барања за отштета во милионски доларски износи, и можете да ја изгубите и својата куќа и се друго што поседувате ако вашиот пес повреди некого. Вие и вашите деца можете да бидете трајно унакажени. А вашиот пес може да го изгуби животот. И овде е крај на приказната.

http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:55

'Кучешки камп за обука' - за промена на алфа ставот

 

Од денес па натаму својот пес ке го учите дека тој најпрво е пес, а не минијатурно човечко суштество во крзнена облека. Неговата мајка порано го учила како да биде пес и како да ги извршува наредбите. Во понатамошното одрастување, поради недостаток на тренинг или погрешно сватени намери, тој тоа го заборавил. Со ваша помош песот ке се потсети што е и на кој начин се вклопува во светот. Наскоро тоа и ке му се допадне!

Песовите некогаш биле одгледувани на луѓето да им бараат храна, да им прават друштво и да ги водат. Алфа песот не прашува што сака, тој тоа го бара. Ви дава до знаење дека под одредени услови го сака својот оброк, дека сака да излезе надвор, дека сака да си игра, да се мази... и дека тоа го сака токму во овој момент. Вие ке го научите дека отсега па натаму мора да го заслужи она што го добива. Нема повеке ништо бесплатно. Тоа на почетокот ке биде шок за неговиот состав, но ке се изненадите со која брзина ке го 'фати ритамот' и навистина ке постане нестрплив да ве задоволи.

Ако вашиот пес сеуште не ја знае едноставната наредба СЕДИ, научете го. Наградете го со пофалби и парче храна. Не претерувајте со пофалбите. Едноставната пофалба "ДОБАР ПЕС!" изречена со весел глас е доволна. Од сега, секогаш кога вашиот пес нешто ке посака - оброк, излегување од куќата, шетање, малку внимание, било што - кажете му најпрво (не заборавајте, кажете му, немојте да го молите) СЕДИ. Кога песот ке го направи тоа, наградете го со пофалбата "Добар пес!", кажете му OK! [АЈДЕ!, односно било која друга наредба за отповикување], и дајте му го она што го барал, и тоа како награда. Ако одбие да ја послуша наредбата СЕДИ, отидете подалеку и игнорирајте го. Не седнал, нема награда. Ако мислите дека не ја разбира наредбата, поработете уште малку повеке на неговиот тренинг. Ако песот едноставно не сака да послуша, игнорирајте го - немојте да му го дадете она што го сака или немојте да го наградувате на било кој начин. 

Побарајте од песот да седне пред да му го дадете оброкот, пред да излезе од куќата, нека седне пред вас за да го помилувате или да му ја дадете неговата играчка. Ако инаку на песот му ја оставате храната цело време на располагање, престанете да го правите тоа. Преминете на хранење во два дневни оброка и одлучите во кое време на денот песот ке биде нахранет. Побарајте да седне пред да му ја спуштите чинијата со храна. Ако не ја послуша наредбата - нема јадење. Отидете подалеку и игнорирајте го. Малку покасно повторно изнесете ја чинијата и кажете му СЕДИ. Ако песот ја разбира командата, немојте да ја повторувате. Ве слушнал и првиот пат. Наредбите секогаш се задаваат од стоечка положба, со длабок и цврст глас.

Ако песот почитува одредени членови на фамилијата, а останатите не, нека токму тие останатите бидат оние кои ке го хранат и кои од сега па натаму ке внесуваат добри работи во неговиот живот. Покажете им како ке го придобијат песот да ја изврши наредбата СЕДИ и како ке отидат од него и ке го игнорираат ако не го изврши она што му е кажано. Важно е да вашата цела фамилија ја спроведува оваа програма. Песовите се како децата - ако својата волја не можат да ја остварат кај мама, ке отидат да го прашаат тато. Во случај со вашиот пес, ако тој пронајде член на фамилијата над кој може да доминира, ке продолжи тоа и да го прави. А вие сакате да постигнете вашиот пес да научи како мора да ги почитува и слуша токму сите членови на фамилијата. Не заборавајте - неговото место е на дното на тотемскиот столб. Срушете го од врвот, но ако песот помисли дека се наоѓа некаде на средината на хиерархиската скала, и понатаму ке имате проблеми.

Размислете - го познавате својот пес и знаете што веројатно ке направи во повекето случаеви. Застанете чекор пред него и предвидете го неговото однесување како би можеле да ги избегнете или да ги исправите. Ако навали на ѓубрето и ржи кога ке го искарате, тргнете ја кантата со ѓубре вон неговиот дофат. Ако песот сака да протрча низ вратата пред вас, ставете му поводник. Кажете му да седне и да чека додека ја отворите вратата и му дадете наредба - АЈДЕ! - за излегување. Ако на вашиот пес не му се допаѓа да доаѓа кон вас на вашиот повик (што тој најверојатно ни не го прави!), не пуштајте го од поводникот додека сте надвор. Без поводник вие немате контрола над него и тој тоа го знае.

 

Милување и внимание:

Алфа песовите навикнале околу нив многу тоа дека се случува. Во вистинскиот чопор, подредените песови непрекидно доддирнуваат, лижат и ги чешаат алфа песовите. Тоа е знак на почитување и подреденост. Од сега па се додека ставот на вашиот пес не се поправи, намалете ја количината на милување која ја добива. Ако бара внимание, најпрво наредете му СЕДИ, кажете му неколку убави зборови и малку помилувајте го, и потоа престанете. Вратете се на она што сте го работеле порано и игнорирајте го. Ако вашиот пес продолжи да гњави, кажете НЕ! со цврст глас и продолжете да го игнорирате. Помилувајте го кога вие ке го посакате тоа, а не затоа што тој го бара тоа од вас. Значи, засега, не спуштајте се на подот на колена за да го милувате својот пес. И тоа е исто така, знак на неговата подреденост. Пофалете го, помилувајте го и наградете го од положба над него..

 

Игри:

Ако било кој од вашата фамилија сака да се бори или истеглува со песот, како и да навлекува некој предмет држејки го едниот крај додека другиот крај на играчката го држи песот со забите, престанете да го правите тоа. Таквите игри ги потстикнуваат песовите на физичка доминација над луѓето и користењето на забите. Во чопорот на песови или леглото, таквите игри зависат од самата игра - тие им помагаат за воспоставување на хиерархијското место во чопорот, кој се темели на физичката снага. Вашиот пес веројатно сега е физички посилен и побрз од вас. Грубите физички игри тоа и му го потврдуваат. Не треба да го потсетувате на тоа!

Пронајдете нови игри со својот пес. Играњето на криенка, апортирање или фаќање на фризби се потполно прикладни. Секако водете сметка за тоа дека вие сте тој кој ја започнува и завршува играта, а не песот. Престанете со играта преди на песот да му постане досадно и да дојде во искушение да ја задржи топката или фризбито. 

http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:56

Каде спие вашиот пес?

Никако во вашата спална соба, а особено не во вашиот кревет! Вашата спална соба е посебно место - тоа е вашиот "брлог". Алфа песот мисли дека има право да спие во вашиот брлог бидејки се смета за рамноправен. Всушност, можеби веке го превзел вашиот кревет, одбива да се слимне од него кога ке му се каже или ржи и се обидува да гризне кога било кој ке го замоли да направи место за луѓето. Се додека алфа проблемите со вашиот пес не се во потполност под контрола, вашата спална соба му е најстрого забранета! Истото важи и за спиењето на каучите, троседите, фотелјите. Ако не можете да го држите подалеку од каучокот без борба, забранете му го пристапот во собата се додека неговото однесување не се поправи.

 

Привикнување на бокс:

Боксовите за песовите имаат илјадници примени, а работењто со алфа песот е една од нив. Боксот е сјајно место каде што песот ноке спие, во кој добива храна, или во кој останува кога му е потребно 'ладење' односно потсетување дека тој сепак е само пес. Боксот е "брлог"на вашиот пес. Започнете го привикнувањето на боксот така што ке го храните во него. Затворете ја вратата и оставете го песот во боксот уште еден час време после оброкот. Ако песот почне да се буни, игнорирајте го. Не пуштајте го вон боксот се додека не се смири и замолчи. кога ке дојде време за спиење, покажете му ја храната која многу ја сака и на која што не моѓе да и одолее, кажете му СЕДИ и кога песот ке седне, дадете му ја омилената храна во боксот. Кога ке влета во боксот да ја земе храната, кажете му ДОБАР ПЕС! И затворете му ја вратата. 

 

 

Успешен завршеток на 'кампот за обука': што понатаму?

 

 

Како и во војската, 'кучешкиот камп за обука' е навистина само вовед во новата кариера и новиот начин на постапување. Шетањето низ 'кампот за обука' нема засекогаш да ги реши проблемите на вашиот алфа пес. Тоа е само начин како од песот кој ве малтретирал да добиете темелно почитување, а да не морате да применувате физичка сила.

Колку би требало да трае 'кампот за обука'? Зависи од песот. Некои веднаш ке покажат подобрување, на другите можеби ке им треба значително повеке време. на оние навистина тврдоглави природни водители, на кои им се потребни стални потсетници на нивното место во чопорот, 'кампот за обука на алфа песот' ке постане на начин на живеење. Качувачите по друштвената скала можеби повремено ке им затреба уште еден круг низ 'кампот за обука', ако случајно се опуштите и им допуштите да се искачат некоја скала во чопорската хиерархија на вашата фамилија.

Како ке знаете дали имате успех? Ако 'кампот за обука' бил успешен, вашиот пес би требало да започне да гледа во вас за да добие емерници и дозволи. Ке покажува нестрпливост за да ви угоди. Гледајте како песот ви приоѓа и ве поздравува. Ви приоѓа ли во исправен став, со високо подигната глава и подигнати уши? На вас песот можеби ви изгледа импресивно и поносно, но тоа значи дека тој сеуште е алфа и дека сеуште имате проблем! Песот кој луѓето ги прифака како на себе надредени ке ви приоѓа со благо спуштена глава и спуштени уши. Целото негово тело малку ке се 'собере', како јасно би ви дал знак за својата подреденост. Набљудувајте како песот ги поздравува останатите членови на фамилијата. Ако покажува подреден став према некои членови на фамилијата, а спрема други не, токму оние другите се оние кои сеуште треба да работат на својот алфа став и методите. Тие би требало повторно да спроведат уште една рунда 'камп за обука' со подршка на останатите членови на фамилијата.

 

http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:56

Тренинг за послушност

 

Кога вашиот пес ке започне да го прифака овој нов начин на живеење и својата нова положба во фамилијата, време е да го однесете на к*рс за послушност кој го одржува квалификуван тренер. Сите песови потребно е да се тренираат, а најмногу алфа песовите! Не треба да чекате додека песот да го заврши својот 'камп за обука' за да започнете со оваа врста на тренинг, но важно е песот да почитува барем еден член од фамилијата и да сака од него да ги прима наредбите.

к*рсот за послушност ве учи како да го тренирате својот пес. Ве учи како да бидете алфа, како да ги задавате наредбите и да ги затврдите правилата, како да добиете почитување и да го зачувате. Во к*рсот треба да учествуваат сите членови на фамилијата кои се доволно стари за да го разберат и да го контролираат песот.

Тренингот за послушност е процес кој трае доживотно. Еден к*рс за послушност не го прави песот да биде истрениран. Наредбите за послушност потребно е да се вежбаат и вградуваат во вашиот секојдневен живот. Во чопорот на песовите, алфа песот повремено ги потсетува другите песови на својот авторитет. Одредените наредби, како што се ЛЕЖИ / ЧЕКАЈ, многу често се користат и ненасилно го потсетуваат за вистинското место на песот во фамилијарниот чопор и даваат одговор на прашањето 'кој е овде главен'.

Добро истрениран и послушен пес е среќен пес и вистинска веселба во куќата. Песовите сакаат да им удоволат на луѓето и потребна им е работа која што ке ја вршат. Тренингот им дава прилика да постигнат сето она што е овде наведено. Добро обучениот пес има повеке слобода. Може да оди на повеке места и да прави повеке тоа кога е со вас бидејки знае да се однесува. Добро обучениот пес, е сигурен во своето место внатре во фамилијарниот чопор и тоа му е пријатно и достоинствено и верно. Знае што се очекува од него. Ги знае своите граници и кои му се водители. Ослободен е од одговорноста за водење на домакинството и донесувањето на одлуки. Слободен е да биде ваш сакан пријател, а не ваш шеф. Слободен е да биде пес - што и е по раѓање и што отсекогаш сакал да биде!

 

 

Кога ви е потребна стручна помош

 

Ако вашиот пес ве повредил вас или било кој друг, или ако се плашите од својот пес, би требало да се консултирате со квалификуван професионален тренер за песови или психолог пред да започнете да ја спроведувате програмата за 'кучешкиот камп за обука'. Вашиот ветеринар исто така би требало да го прегледа песот како би сте се увериле дека не постојат физички причини за неговото однесувањ
http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:57

Вежби за послушност

Вежби за послушност се оние вежби кои се употребуваат при изведувањето на песот на шетање. Многу елементи се важни и при оценувањето на песовите, те. би можеле да се сврстат и во ринг дресурата. Покрај тоа, овие вежби се важни т.е. претставуваат основа за понатамошната обука на песовите. Вежбите за послушност ја зацврстуваат дисциплинираноста и го зголемуваат авторитетот на човекот над песот што е понекогаш многу важно.

Многу грдо е да ги видите сопствениците кои ги влечат песовите по улицата, тоа предизвикува и потсмев или гадење кај случајните минувачи но исто така непријатно му е и на оној кој го води песот. Со обзир на тоа дека ова се вежби кои песовите многу лесно ги совладуваат и не е потребно да се обновуваат поради секојдневната примена, на сите им препорачувам да сами со своите песови го совладаат она основното. Освен тоа, кога еднаш ке се научи ова и не се прави вежби туку повеке рутина која се применува стално без посебна команда. А Вие ионака сакате да го поминувате времето со својот миленик....

Авторите на разни книги за дресирање овие вежби ги нарекуваат со разни имиња и ги класификуваат многу различно, па тој досаден дел елегантно ке го заобиколиме (Вие секако би го прескокнале). Постојат повеке врсти на вежби кои се поделени и по групи, но ние овде ке ги обработиме само оние најосновните.

Треба уште да знаете дека се што ке прочитате за дресурата е напишано од сопствено искуство, но можеби не се поклопува со разни учебници и стандарди на кинолошките здруженија и сл. .

http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:58

Вежба - ДОЈДИ

Ова е вежба која што ке ја користите многу често, цел живот (барем додека имате пес). Многу е важна бидејки може на Вашиот пес во најлошиот случај да му го спаси животот (во сообракајот нпр.).

Командата се учи на повеке начини, а многу често и не е потребно посебно да се увежбува, едноставно "доаѓа сама по себе". Тоа е и една од правите работи кои што Вашиот пес ке ги научи.

На почетокот е важно да знаете дека командата секогаш треба да ја изговарате јасно и гласно, со нареднички- бодречки глас, без непотребно повторување. Кога го наградувате песот, најдобро е да го помилувате или да го потапкате со зборовите "браво" , "одлично" и сл. Трудете се секогаш да користите иста или слична постапка кај наградувањето за песот да знае дека ја направил правата работа.

Најдобро е да го фатите оној момент кога песот сам ке тргне према Вас и тогаш, додека Ви приоаѓа јасно изговори ја командата - ДОЈДИ. Кога песот ке стигне до вас обилно наградете го и повторете ја уште еднаш командата дојди. Ваквата врста на учење на песот јас ја нарекувам "метода на моментот" бидејки е најважно да го фатите оној вистинскиот момент помеѓу одлуката песот да тргне према Вас и моментот кога тргнува, делче од секундата помеѓу тие две случувања. Така вашопт пес ке ги поврзе тие две случувања: Вашиот повик и неговото доаѓање. Ако после тоа уследи награда (а песовите сакаат да ги наградувате), многу е веројатно дека многу брзо кога ке изговорите - дојди - тој навистина ке дојде до вас. Кога ке му се изгради позитивниот условен рефлекс, вежбата е научена.

Бидејки оваа вежба се изведува секогаш со млади песови, постои можност песот воопшто да не покажува заинтересираност за Вас, зафатен е со некоја своја игра (ова е особено често кај нашата омилена раса),можеби методата на моментот нема да даде резултати. Тогаш обидете се песот да го заинтересирате за себе со некој гест, звук или играчка. Едноставно покажете му ја (познатата) тениска топкичка или свирнете му и сл. Исто така потрудете се да го фатите моментот кога песот токму тргнува према вас изговорете ја командата - дојди -. Внимавајте, да не влетете во замката да песот очекува веднаш и да му ја фрлите топкичката, бидејки тогаш ке се отргне од вас и ке се труди да одгонетне на која страна ке одлети. Ако често си играте со песот фрлајки му предмети, подобро одлучите се за свиркање или сл. Кога песот ке дојде до Вас, обавезно обилно наградете го. Повторувајте го ова се додека песот не ја научи командата, а потоа постепено исфрлувајте ја топкичката или свиркањето и продолжете да вежбате само изговарајки ја командата - дојди -.

Некогаш може да се случи песот воопшто да не обрака внимание на Вас и имате чувство дека едноставно ке отиде некаде, ке одлута. Ова е исто така често кај младите, неизживеани песови полни со енергија кои тоа кратко време на шетање сакаат максимално да го искористат. Пробајте со следново: одведете го песот на некое осамено, на нему непознато место вон градот. Пуштете го песот од поводникот и оставете го малку да се одалечи, а потоа скријте се. Ако песот отиде многу предалеку, фрлете некој камен во ваша близина или тивко зацвилите или сл. за да песот се заврте и да види дека Ве нема. Кога ке примети дека Ве нема, песот (поготово млад) ке го фати невидена паника и веднаш ке тргне на назад да Ве бара. Тогаш појавете се (но претходно оставете го малку да се исплаши, испаничи) и изговорете - ДОЈДИ -. Ке видете дека ако неколку пати успешно му се сокриете, песот повеке нема да се одалечува од Вас или непрекидно ке проверува дали сте "на видик".

Ако не ви оди пробајте го следново: изведете го песот пред хранењето и понесете парчиња храна со себе. Кога песот ке се одалечи, изговорете ја командата - дојди - и покажете му ја храната. Кога ке дојде до Вас (а ке дојде бидејки е гладен) дајте му да го изеде тоа парченце, па пуштете го повторно да се одалечи и повторете ја постапката. Кога песот ке научи да на командата дојде до Вас, постепено исфрлувајте ја храната. Започнете прво повремено да го повикувате без "залак", па смалувајте го тоа секој друг пат и на крајот останете само на - дојди -.

 

ГРЕШКИ:

  • Кога сте ја изговориле командата, те. сте го повикале песот, никако не приоѓајте му Вие на него, не трчкајте го и сл. Останете на местото каде што се наоѓате се додека песот не дојде до Вас. Ако сте на почетокот и не успевате, почекајте некое време песот да заборави што сте рекле, па тек потоа напуштете го своето место. Па потоа се повторно...
  • Командата на која песот треба да дојде е - ДОЈДИ - и никако не смеете да го повикувате песот со други зборови, да го мамите или да го молите. Иако можеби не изгледа така, - дојди - е команда на која што песот треба да створи рефлекс и немојте тоа да му го отежнувате....
  • Немојте од Вашиот миленик да очекувате премногу. Ако осетите дека сте уморни или нервозни веднаш прекинете со работењето иако ништо не сте направиле. Една погрешна постапка покасно многу скапо ке Ве чини....
  • Еден од проблемите на најобичното обучување, кој што го имаат сопствениците со нивните кучиња, е дека кучето нема да дојде кога е најадено.  Тренирајки го кучето, кое што ке доаѓа, кога е најадено често пати е спомнувано како \"отповикување.\" Иронично е дека тогаш сопствениците одат кон него со поголеми парчиња месо за да го тренираат нивното куче, кое не сака да дојде кога е повикано, и тоа протестира против него. Тие сакаат \"некој, кој што ке мавне со магичното стапче и да го направи нивното куче, кое ке ги слуша и ке гие прави се што ке им каже,\",,вклучувајки да ги следи птиците на плажата,, да го набљудува претпријатието или да си игра со други кучиња, и да доаѓа веднаш штом ке го повика сопственикот. Тоа е степен кон Phd\"послушност\". Првото нешто, кое што ние треба да го направиме, е да го отфрлиме тренирањето кое што го правил сопственикот до тогаш,, да го продолжиме тренирањето и тоа од ниво на детска градинка \"послушност\" пред да ги постигнеме резултатите, кои што ги посакува сопственикот,. Така тоа како што сопственикот го тренирал систематски кучето да не дојде кога е повикуван.

Саботиране на тренирането

Најлошата пракса со која се занимава сопственикот, е да се одалечи нивното куче од поводникот. Независно дали кучето е во околината на паркот, си игра на плажа или си играе со други кучиња, кучето разбира дека тие добри времиња не го вклучуваат сопственикот. Всушност, дека секогаш, сопственикот е оној кој ја прекинува те. расипува забавата така што му порачува на кучето да дојде. Кога кучето доаѓа покорно кон сопственикот неговиот каиш и поводник брзо му се ставаат и тој е на пат за кон дома. Тоа не е добар резултат од перспектива на кучето така да секоја наредна прошетка, кучето ја забавува забавата во \"доаѓање кога е повикано зошто забавувајки се тој го продолжува времето на неговиот режим за да му се стави поводникот\". Кога сопственикот ке го повика многу пати кучето и тој не доаѓа, тогаш се разбира дека кучето сватил дека не треба да дојде - или дека барем тој не треба да дојде додека тој не биде повикан барем милијарда пати. Кучето сега видел дека игнорирајки го сопственикот се наградува безкрајно повеке одколку кога се потчинува на сопственикот. Тоа е веке очигледно зошто произлегува проблем. Ако кучето дошло, тој е казнет за неговото доаѓање зошто неговата забава на изваден поводник е прекината. Ако кучето не дошло, тој се научува да не излезе те. дојде и тој е само награден затоа што го игнорира сопственикот.

Другиот резултат на горната состојба е дека сега разочараниот сопственик претпоставува дека тој треба да го казни доаѓањето на кучето кога го повикува да дојде. Зошто сопственикот не знае како да го казни кучето додека бега, сопственикот го казнува кучето кога тој ке се врати на крајот.

Следниот пат кучето ке тргне дури уште подолго да не се врака зошто тоа не само што не ја прекратува забавата, туку тоа сега значи и дека е погодно веднаш да ја избегне казната од сопственикот ако тој навистина ја послуша командата..

http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 21:59
Тренирање на кучето да доаѓа кога е повикано

Кон многу кучиња, командата \"дојди, ела тука\" се смета за команда,\"брзо, работи на друг начин! Постојат безбројни примери за тоа како сопственикот го тренира кучето да не дојде смислено „бидејки ке го казнат\" кога навистина кучето доаѓа. Секој пат кучето е повикано да изврши некоја работа, на која што тој не се радува. Тој разбира дека командата, \"дојди,\" е лоша вест за него. Сопственикот не треба никогаш да го повика кучето за да тогаш го избања, да му ги скрати неговите нокти или да го ограничи. Дури и да не ја планирал дејноста сопственикот тоа е непријатно за кучето, и само фактот дека дека ке нема забава кога ке биде повикано е доволно за кучето, и тоа избира да не се потчини. Подобро е сопственикот да отиде сам и ке го добиете кучето за тие дејности, а нема да ја расипете командата за повикување ДОЈДИl.

Некои сопственици смислено го казнуваат нивното куче кога тоа доаѓа. Често пати тоа е неправедно. Тогаш кога кучето се држало лошо. Викањата на сопственикот,\" ДОЈДИ ТУКА. Лошо воспитување е!\ "кога кучето доаѓа, тој е казнет. Откако кучето ке биде еднаш или два пати казнето, не е изненадувачко, тој да не сака тоа да го направи повторно. Кучињата откриваат секогаш дали ние сакаме тоа да им го дозволиме или не. Сесиите на формалното тренирање се нормално кратки и ретки во споредба од ден на ден и од минута до минута тренирајки (или не тренирајки правилно.) За да го исправиме тој вид на проблем, сопственикот треба прво да биде уверен како правилно да ги тренира несаканите однесувања на кучето. Примери за еден или двајца за \"казнувачи\", за кои што го казнуваат кучето од како ке ,,дојде,, кога се повикани, можат да поткопаат недели и недели на формалниот тренинг. Сопствениците треба да се научат да го применуваат позитивното тренирање на животот на кучето во секојдневната пракса. Додека кучето не е надежно (правилно) трениран да дојде кога е повикан, тој не треба да биде на слобода \"каиш и поводник\".

Средниот сопственик, кој посетува лекции за тренирање на неговото (нејзиното) куче, ги вежба вежбите дома околу 5 минути на ден. Тоа се случува со куче за 45 минути од изминатите 23 часа секој ден? Секогаш кучето и сопственикот взаемно сорабутуваат, кучето научува нешто дури и покрај тоа што сопственикот не може да се обиде смислено да му предаде нешто на кучето. Кучињата секогаш сакаат нешто да изучуваат. 

Подгответе ја пумпата за тренирање

Иницијативата е против тестот, ако кучето било мотивирано и спремно за учење. При /"на кучето му е планирано редовното време за јадењето\", земете му ја чинијата за хранење и размавтајте му ја пред носот на кучето. Ако кучето не покажало некоја заинтересираност за храната, тогаш тоа не е вистинското време за започнувањето на тренингот. Тренирањето треба да биде одложено за час или нешто повеке додека кучето не покаже интерес. Можеби ке треба да му одложите едно јадење целосно за да го добиете целосно кучето за она за што е мотивирано. Не обезспокојувајте се, вашето кученце нема да гладува до смрт ако тој пропушти едно јадење. Познавам миленици, кои постојано се опсипувани и мотивирани за приврзаност, внимание, и работата ке биде сепотешка за тие да се мотивираат. Повекето го имаат гледиштето,\"зошто немир, безспокојство, се разбира, дека новото парче храна за награда е само малку кога можам да излезам, и тоа е слатко и зошто да не го земам месото,?\" ако вие сте биле сериозни при тренирањето тогаш вие...



Изменето од bonjovi - 26.Јуни.2007 во 21:59
http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
Dana Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 3018
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 19:29
izvor na textovite www.milenici.com.mk
Love like an angel, make love like a devil. [IMG]http://i73.photobucket.com/albums/i215/enatara/eyer.gif" />
Кон врв
bonjovi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bonjovi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 10:26
Originally posted by Dana Dana напиша:

izvor na textovite www.milenici.com.mk


ЛоЛ грешка си.Ова е од одгледувачницата Алфа-Тик , а мозе да ги има и на миленици  ,ама тамо немам пристап затоа http://forum.cjb.net/dresura.html
http://www.seisesto.forumup.com
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.