IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Врвни Научници - Христијани!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Врвни Научници - Христијани!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Врвни Научници - Христијани!
    Испратена: 28.Мај.2007 во 20:29

Врвни Научници - Христијани!



Кај нашиот народ постои мислењето дека учените луѓе не веруваат во Господ. Кај многу други народи, такви мислења нема.
Особено ги нема кај оние народи што меѓу своите национални великани имале и имаат верници, кои воедно биле, или се, научници, интелектуалци, учени и ценети луѓе. Јасно е дека кај народите од кои потекнале научни умови какви што биле: Роберт Бојл, Исак Њутн, Мајкл Фарадеј, Луј Паестер, Макс Планк, Вернер Хајсенберг, Вернер Фон Браун и слични на нив, кои воедно биле и верници (во конкретниот случај - христијани) и не можело да се јави мислата дека учените луѓе не веруваат во Господ. Дури може да се каже и спротивното: се сметало дека токму учените луѓе веруваат во Господ.

Овде само бегло ќе споменеме примери на големи научници, кои воедно биле верници - христијани. Постојат повеќе книги на англиски јазик, кои содржат конкретни и поединечни податоци на оваа тема.


Врвни Научници - Верници:

Јоханес Кеплер
Роберт Бојл
Исак Њутн
Леонардо Ојлер
Мајкл Фарадеј
Луј Пастер
Вилијам Томсон - Лорд Келвин
Џејмс Клерк Максвел
Сер Амброз Флеминг
Вернер фон Браун



  • Јоханес Кеплер


Основоположник е на современата астрономја; ги открил законите за планетарните движења , познати како прв, втор и трет Кеплеров закон.
Бил противник на астрологијата и не верувал дека ѕвездите ги управуваат животите на луѓето. На таа тема напишал и книга и ја објавил во 1601 год.
Луѓето што денес веруваат во астрологија треба да се поучат од Кепер. Белки не се поголеми стручњаци од него!

Кеплер бил христијанин со цврсти убедувања, кои се темелеле врз неговото лично познавање на Библијата. Бидејќи бил слободоумен и информиран човек, се спротиставувал на клерот од официјалната црква, која во тоа време вршела срамен лов на измислени вештерки, па и мајката на Кеплер била судена за вештерство! Поради тоа што исклучиво се повикувал на Светото Писмо, а не се повинувал на црковните догми за вештерство и слично, често бил прогонуван и шиканиран.

Еве неколку изјави на Кеплер:
"Јас сум христијанин!"

"Сакав да станам теолог, но сега гледам дека преку моите трудови Бог се прославува и во астрономијата, зашто ...небесата ја искажуваат Божјата слава, небото ги објавува Неговите дела" (овде Кеплер го цитира библискиот Псалм 19, стих 1.)

"Јас верувам единствено и исклучиво во службата на Исус Христос...Во него е секое прибежиште, секоја утеха."

"Бог е љубезен Створител, Кој од ништо ја создал целата природа."

Многу повеќе за Кеплер може да се прочита во Енцѕцлопаедиа Британница, како и во книгата на Ј.Х. Тинер: "Јоханнес Кеплер - Giant of Faith and Science", Mott Media, Milford (Michigan) 1977, стр. 193


  • Роберт Бојл


Пионер на модерната хемија, физика, метерологија, и претседател на здружението за дистрибуција на Светото Писмо. Роден во богато аристократско семејство, но познат како многу скромен и дарежлив човек.

Извонредно талентиран и вреден, веќе на 8-годишна возраст ги владеел грчкиот и латинскиот јазик, а подоцна научил и хебрејски и арамејски за да може Стариот Завет од Библијата да го чита во оригинал.

Бојл бил многу образован научник и вршел голем број лабораториски експерименти. Најпознат е по формулацијата на еден од гасните закони во хемијата и физиката, сега познат како Бојл-Мариотов закон, иако дал голем придонес и во метеорологијата, како и во хемијата на киселини, бази и индикатори. Бојл се противел на утописката идеја на алхемичарите од железото да направат злато и на употребата на магии и астрологија во науката. Против овие шпекуланти, кои итро се богателе, тој ја напишал својата книга ,,Скептичниот хемичар", во 1661 година и си го навлекол нивното непријателство.

Бојл силно ги нагласувал својата христијанска вера и верата во Библијата. Во 1690 година ја издал книгата "Христијански виртуоз" во која порачува дека изучувањето на природата претставува должност на секој христијанин. Во 1655 година издал книга со христијански поуки. Во секоја поука, тој употребувал по некој пример од природата, а потоа го поврзувал со определена христијанска објава. Бојл со свои пари финансирал печатење и дистрибуција на Библијата не само во Велика Британија, туку и во Индија, Турција и арапскита земји.

Познати христијански изјави на Бојл се:
,, Запознавајќи ги Неговите дела, ќе Го запознаеме Него ( Господ ). "
,, верувам во Христовата смрт, воскресение и вознесение, како и во сите Негови чудесни дела што ги извршил додека бил на Земјата, за да го увери човештвото дека тој е и Бог и човек. "


  • Исак Њутн

Еден од најголемите, најгенијалните научници на сите времиња. Роден е како недоносче во Англија, на Божик, во време на граѓанска војна, со мали изгледи да преживее, а сепак поживеал 84 години. Мајка му останала вдовица два месеци пред неговото раѓање. Со големи тешкотии бил изгледан и школуван.

Њутн дал голем придонес во физиката со сега познатите Њутнови закони, но исто така и во математиката и астрономијата. Најпознато научно дело му е Принципија матхематица, а од христијанските книги што ги напишал, познати му се "Белешките на пророштвата од Даниел".
Иако бил длабоко побожен во христијанската вера, Њутн се спротивставил на царскиот декрет во образованието и науката да се вплеткува и Црквата. Конечно за него била направена отстапка да не мора да биде ракоположен од Англиканската црква за да предава математика и наука на Кралскиот колеџ. Иако морал постојано да се бори за признавање на своите научни откритија, кога умрел, Њутн е погребан со големи почести во Вестминстер Аби.

Познати христијански изјави на Њутн се следниве:
,, Сите мои откритија беа резултат на молитва. "
,, Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно. "
,, Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно! "
Повеќе за Њутн има во во секоја научна или општа енциклопедија, како и во книгите на англиски јазик : (1) Ј. Х. Тинер, Isaac Newton - Inventor, Scientist, and Teacher, Mott Media, Milford, Michigan, 1975.
(2) Анн Лемонт: 21 Scientist who believed the Bible, Creatoin Science Foundation Ltd., 1995.

  • Леонардо Ојлер

Врвен математичар и активен христијанин. Роден во Базел, Швајцарија. Татко му бил калвинистички проповедник, а и Ојлер сакал да стане христијански проповедник. Сепак, охрабруван од генијалниот математичар Бернули, Ојлер станал магистар по математика и природни науки на 17-годишна возраст. Подоцна со својата сопруга Катерина имал 13 деца, од кои 8 умреле во детството. Ојлер многу ги сакал своите деца и често работел со деца во прегратките.

Едно време бил професор во Санкт Петербург, но бидејќи одбил да му направи хороскоп на принцот Иван ( како христијанин, Ојлер се противел на астрологијата и верувањето во хороскопи ), паднал во немилост кај царот и заминал на универзитетот во Берлин, каде што минал 24 плодни години. Иако веќе на 27-годишна возраст го загубил видот на едното око, а на 60-годишна возраст сосема ослепел, потоа му изгорела куќата, а тој бил спасен од својот верен домар, па кога имал 69 години му умрела сопругата, Ојлер има објавено стотици научни трудови од областа на математиката и внел генијални математички новини. Низ големите трагедии го одржувала силната христијанска вера.

Повеќе за него има во книгата Men of Mathematic, Simon & Schyster, New York, 1937, од авторот Е. Т. Белл.


  • Мајкл Фарадеј

Хемичар, но и пионер во истражувањата на електричеството, конструктор на електричниот мотор, на генераторот, трансформаторот, волтаметарот, електролизерот и др. Велечината ,,фарад" за електричен капацитет е така именувана според неговото име. Како хемичар, го синтетизирал бензенот ( важно соединение за производство на бои, најлон и пластика ) и многу други нешта.

Роден е на 22 септември, 1791 г. близу Лондон. Бидејќи биле сиромашни, не можел да се школува. Работел во книговезница, па така читал многу книги и научил многу. Почнал и да експериментира, особено во областа на хемијата и електрицитетот.

Бил многу активен верник-христијанин. Всушност, повеќе од 20 години бил старешина (ѓакон) во една црква. Бидејќи црквата немала платен свештеник (проповедник), старешините ги одржувале библиските предавања, а меѓу нив најактивен бил токму Фарадеј.
Кога еден новинар го прашал какви му се претпоставките за задгробниот живот, Фарадеј му одговорил : ,,претпоставки? Немам никакви претпоставки! Јас се потпирам само врз сигурни работи, па ви велам : "Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил. " (Ова е цитат од Библијата, 2. Тимотеј 1:12 ). При своето пензионирање, изјавил: ,, Најпрво Му благодарам на Бог за сите Негови дарови. "


  • Луј Пастер

Ветеран областите на бактериологијата, пастеризацијата, вакцинацијата и имунизацијата. Го формулирал и законот за биогенеза (,,Животот настанува само од живот") со кој јасно се спротивставил на Дарвиновата теорија на еволуција. Роден е на 27 декември, 1882 г. во источна Франција. Бил прво магистар, а потоа и доктор и професор по хемиски науки.

Личниот живот на Пастер бил исполнет со трагедии и болести. Три од неговите пет деца умреле од детски болести. Израснал со ментално ретардирана сестричка. И самиот имал изливи ( крвавења ) во мозокот, а доживеал и неколку срцеви удари од кои бил делумно парализиран. Неговите откритија за пастеризација и имунизација би му донеле големо богатство доколку се решил да ги патентира, но тој бесплатно им ги ставил на располагање на сите корисници. Во 1888 година во негова чест е формиран Пастеровиот институт во Франција, денес една од најреномираните институции за борба против заразните болести.

Луј Пастер бил силен верник-христијанин и противник на теоријата на еволуцијата и воопшто на идејата за спонатано настанување живот од нежива материја.
Меѓу неговите изјави за вера во библискиот Господ се и следниве:
,, Колку што повеќе ја проучувам природата, толку повеќе Му се восхитувам на делото на Створителот. "
,, Науката ги доближува луѓето до Бог. "


  • Вилијам Томсон - Лорд Келвин

Еминентен физичар, заслужен за термодинамичките закони, за скалата на келвинови степени и апсолутната нула, за првиот кабел под Атлантикот и за многу други нешта. Роден е на 26 Јуни, 1824 г. во Белфаст, Ирска.
Останал без мајка на 6-годишна возраст. На 22 години станал професор по природни науки ( главно физика ) на Универзитетот во Глазгов и на таа позиција останал цели 53 години. Во текот на својот живот, добил 21 почесни докторати. Се смета за човек што ги формулирал Првиот и
Вториот закон на термодинамиката, кои се однесуваат на конзервацијата на енергијата во вселената и на ентропијата. Обата закони се погубни за концептот на Дарвиновата теорија за еволуција и постојано создавање.

Томсон има повеќе од 70 пронајдоци, кои му донеле и големо богатство. Одликуван е и од кралицата Викторија, а се стекнал и со титулата лорд. Погребан е во Вестминстер Аби ( Лондон ) покрај највеликите луѓе на Велика Британија.
Томсон бил голем верник-христијанин. Еве и една негова позната изјава :

,, Околу нас има изобилство од докази дека се е создадено интелигентно и со дизајн... атеизмот е толку бесмислена идеја што немам зборови да го искажам тоа !"
,, Во врска со потеклото на животот, науката... цврсто потврдува дека зад тоа стои сила на Творец. "


  • Џејмс Клерк Максвел

Научен гениј и посветен христијанин. Роден е на 13 јуни, 1831 г. во Единбург, Шкотска, како единствено дете на своите родители. Почетното образование го добил од мајка му, која била голема христијанка. И самата се фасцинирала кога Џејмс на 7 години го научил напамет најдолгиот псалм од Библијата, псалмот 119, кои има 176 стихови! За жал, мајка му починала веќе следната година.
Подоцна студирал на универзитетите во Единбург и на Кембриџ. На 16 години имал објавено три научни трудови со многу математика во нив. Го претскажал составот на Јупитеровите прстени, а тоа било потврдено по 100 години преку вселенскиот брод војаџер. Неговите откритија довеле до конструкцијата на радиото, телевизијата, радарите и сателитите. Се смета дека Максвел е рамо до рамо со Њутн и Ајнштан.

Максвел силно се противел на Дарвиновата теорија за еволуција, Максвел презентирал еден труд во кој вели : ,, Никаква теорија на еволуција не може да се формулира за да се објасни истоветноста на молекулите на една иста материја, зашто еволуцијата подразбира континуирани промени.....

Максвел успешно ја побил и ,, Небуларната хипотеза " на францускиот атеист Лапласт, математички докажувајќи ги грешките во оваа хипотеза. Така била отфрлена хипотезата на Лапласт.

Максвел умрел од рак, на 48-годишна возраст, без деца, иако имал среќен брак со Катерина Дјуар.
Максвел бил и ревносен христијанин. Учествувал во изградбата на една христијанска црква во која потоа и самиот бил старешина ( ѓакон ).
Ги посетувал болните, им читал од Библијата и се молел за нив. Кога неговата жена останала инвалид, ја гледал со многу посветеност. Никогаш не се жалел, дури ни кога дознал дека боледува од смртоносен рак.

Во една од молитвите запишани во неговиот нотес, тој вели : ,, Семоќен Боже, Кој си го создал човекот според Твојот образец, и си го направил жива душа, за да Те спознава и да управува со Твоите творби; научи не да ги изучуваме делата на Твоите раце, за да ја потчиниме земјата во наша полза, да си го изостриме умот во Твоја служба; да го примиме Твоето благословено Слово, за да поверуваме во Оној што Ти го испрати за да не запознае со спасението и простувањето на нашите гревови. За сето ова Те молиме во името на истиот Исус Христос, нашиот Господ ".

А на неговиот погреб, еден од неговите колеги го рекол следново:
,, Ние, неговите колеги на колеџот, во него видовме умствена моќ, голем капацитет и оригиналност, сплотени со длабока понизност што тој ја искажуваше пред Бога, почитта спрема Божјата волја и верата во љубовта и откупувањето преку божествениот Спасител, Кој му беше утеха во тешкотиите и болестите .


  • Сер Амброз Флеминг

Електроинженер од Англија, роден на 29 ноември 1839 година. Прво од седумте деца на конгрешански проповедник. Одличен познавач на Библијата и активен христијанин. Противник на Дарвиновата теорија на еволуција. Се образувал на Лондонскиот универзитет. Долго време собирал пари, работејќи како учител, за да работи докторска дисертација.
Докторирал на природни науки на 30 -годишна возраст. Најмногу истражувал на полето на електричеството и неговата примена.

Бил советник во Телефонската компанија на Едисон, како и во Телеграфската компанија на Маркони, пронаоѓачот на радиото. Станал прв професор по инженерство за електротехника на Лондонскиот колеџ и бил многу популарен професор. Најзаслужен е за пронајдокот на електронките ( вакуум диодите ), кои овозможиле револуционерна радио комуникација. Флеминг е автор на повеќе од 100 научни трудови и книги, повеќе патенти и почесни титули и одликувања.

Флеминг решително се спротивставувал на теоријата на еволуцијата и бил претседател на Движењето против еволуцијата. Ова движење го формирале британски научници, кои протестирале гледајќи дека еволуционистите нечесно и нецелосно ги прикажуваат научните факти. Во предговорот на својата книга ,, Потеклото на човекот од аспект на откровение и истражување ", Флеминг пишува:
,, Каков и да е ефектот врз верските ставови на возрасните или врз научниците што се наклонети кон теоријата на еволуцијата за потеклото на човекот, неспорно е дека таа е погубна за етичкиот развој и духовниот живот на младите и неуките, зашто ги наведува да веруваат дека луѓето потекнуваат од мајмуни и дека шимпанзото и горилата му се најблиските роднини на човекот...
Флеминг целиот свој живот бил верник во Библијата.
Меѓу другото, тој го изјавил и ова:
,, Има изобилство од докази дека Библијата, иако ја пишувале луѓе, не е производ на човековиот ум. Безброј луѓе во сите времиња ја почитувале Библијата како комуникација на Створителот на вселената со нас.


  • Вернер фон Браун

Кога на 20 јули 1969 година првиот човек ( Нил Армстронг ) стапна на Месечината, најголемото признание му беше оддадено на Вернер фох Браун, конструкторот на ракетата Сатурн 5, која ги однесе космунаутите на Месечината.

Вернер фон Браун е роден во Германија, на 23 март, 1912 година. Татко му бил барон и успешен банкар, а мајка му била аматерски вљубеник во астрономијата. Кога Вернер фон Браун бил примен како член во лутеранската црква , мајка му му подарила телескоп, а со тоа му ја вградила и љубовта спрема астрономијата.

Во основното образование, Ворнер бил слаб ученик, особено по математика и физика. Но, откако прочитал една книга за можно меѓупланетарно патување, фрустриран од тоа што не можел да ги разбере математичките формули и пресметки, сериозно ги надополнил своите слаби знаења и наскоро токму математиката и физиката му станале јака страна. Дипломирал како машински инженер, а две години подоцна докторирал на физика, кога имал 22 години.

Вернер фон Браун работел многу на конструкција на секаков вид ракети, дури и за германската војска. Но, кога ракетите биле употребени за бомбардирање на цивили, особено над Лондон, Вернер одбил да соработува поради што бил затворен. Подоцна, при падот на Берлин, тој и целиот тим проектанти на ракети со своите семејства ( над 5000 луѓе! ) им се предале на Американците. Вернер и 40 негови соработници станале американски државјани во 1966 година.
За жал, и во оваа земја Вернер сфатил дека властите повеќе се заинтересирани за оружје отколку за вселенски летови. Дури откако Русите го лансираа првиот вселенски сателит ( Спутник 1 ), американската влада му дава зелено светло на Вернер да започне вселенски истражувања. Така, во 1958 година е формирана НАСА, а Вернер станува директор за вселенски летови. Оттогаш, речиси сите вселенски летови на Американците се до 1972 година се негово дело, вклучувајки ги сериите летови ,,Џемини", ,,Мерк*ри" и ,,Аполо".

Вернер фон Браун често бил критикуван дека овозможил производство на убиствени оружја. Неговиот одговор бил дека научниците развиваат технологија, а моралната одговорност за тоа како и за што ќе биде употребена таа технологија е на страната на оние што ќе ја злоупотребат.

Вернер бил сериозен човек - христијанин ( лутеран ). Библијата ја сметал за ,, Откровение на Божјата природа и љубов " .
Тој бил противник на теоријата на еволуцијата и изјавил:
,, Има луѓе што тврдат дека вселената еволуирала преку случајни процеси; но какви случајни процеси можат да произведат човечки мозок или човечко око!? "

Тој, исто така, изјавил : ,, Не можам да ги разберам научниците коишто не признаваат дека зад постанокот на вселената стои еден супериорен ум "
,, Вселенските летови со луѓе се чудесно достигнување, но досега отвориле само едно мало прозорче, за да ѕирнеме во зачудувачките димензии на просторот. Овој поглед... треба само да ни ја зацврсти верата во недвосмисленото постоење на Творецот .


Има и други научници коишто цврсто верувале во Библијата и нејзините објави и не гледале никаков конфликт меѓу таквата вера и научните сознанија. Меѓу нив се и следниве:

Грегор Мендел - таткото на генетиката;

Браќата Вилбур и Орвил Рајт - конструктори на првите авиони;

Франсис Бекон - татко на "научниот метод" и на експерименталните науки.
Една од неговите изјави е: "Пред нас имаме две книги за проучување, за да не западнеме во грешки: Светото Писмо, каде што Бог ни ја открива својата Воља и "Книгата на Божјите созданија", кои се израз на Неговата моќ".

Блејз Паскал - математичар, физичар и пионер-инжинер по хидростатика и хидромеханика. "Христијанинот не може да биде губитник; ако нема Господ, не губи ништо, а живеел посреќно од неверниците; ако има Господ, ќе добие многу, а неверникот ќе изгуби се!"

Исак Бароу
- професор по математика на Кембриџ, учител на Исак Њутн. Ја напуштил брилјантната кариера за да се посвети на проповедање на христијанството.

Готфрид Лајбниц - математичар и филозоф, современик на Њутн. Покрај научни книги, напишал и книга за одбрана на Светото Божјо тројство. Познат и по обидите да дефинира заедничка теологија што одново ќе ги обедини Католичката и Протестантската црква, а подоцна и Лутеранската и Реформираната црква.

Џон Далтон - хемичар и татко на атомската теорија. Многу побожен христијанин, припадник на квекерите. (Квекерите се христијанска групација што се нарекува и "Друштво на пријатели". Не признаваат официјални свештеници, одбиваат да даваат заклетви, да одат во војска...)

Самуел Морзе - изумител на телеграфот. Позната е неговата прва порака упатена по телеграф: "Види што направи Бог!" (цитат од Библијата, 4 Мојсеева 23:23)

Томас Андерсн - брилјантен шкотски хемичар; го открил пиридинот и други органски бази. Потписник е на "Декларацијата на научниците" од 1864г. во која се укорува Дарвиновата теорија за еволуција и се изразува вера во Библијата и во христијанската објава.
Оваа декларација ја потпишале 717 врвни научници

Вилијам Рамзеј - хемичар и евангелски христијанин, откривач на аргонот и на другите благородни гасови, научник од областа на радиоактивноста и пионер во трансмутацијата на елементите. Неговите трудови довеле до откритие на изотопите, од страна на неговиот ученик Соди.

Итн Итн...

И сега, откако ја прочитавте оваа мала ликста на врвни научници - христијани, би сакал да ви го поставам, се надевам сега реторското, прашање:
Дали учените луѓе веруваат во Господ?
Зарем основоположниците на науките не се доволно учени луѓе само заради тоа што биле и верници?

Колку само илузорно делува изјавата "науката не верува во Господ", кога се знае фактот дека повеќето од нејзините основоположници, луѓе кои ги насадиле корените на науката која ние денес ја проучуваме, биле доследни христијани и цврсто верувале во Бог.

Но, вината за тоа, верувам ќе се сложите, лежи во: Маркс и Енгелс, Ленин, Дарвин, Комунизмот во нашиве простори и други слични девијантни појави кои го индоктринирале нашиов народ низ вековиве.
Но, благодарение на Бог, денеска колку толку ја уживаме демократијата и можеме слободно да ја изкажеме и "другата страна" на научниците, да се ослободиме од предрасудите и самите да си заземеме свој став околу прашањата за Бог.

Поздрав,
EvAngelos



Изменето од EvAngelos - 28.Мај.2007 во 20:37
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2007 во 21:34
ClapClapClapbravo evangelos
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
hardcore Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 268
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hardcore Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 00:21
Dokolku mi dozvolis EvAngelos,bi sakal samo da ti kazam deka vosh*tuvacki se tvoite postovi,no ne se dostojni da se izlozat vaka i da se kritikuvaat(bez nikakva osnova)od nekoi sitni dusi na forumov.Vo sekoj sluicaj,bravo.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 18:53
фала Беличка, фала Хардкор Embarrassed

Хардкор, јас воопшто не ги пишувам постовите за тие "ситни души" - како што ти ги нарекуваш, туку за таквите како вас кои знам дека ги читаат, правилно разбираат и користат.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 19:41
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

фала Беличка, фала Хардкор Embarrassed

Хардкор, јас воопшто не ги пишувам постовите за тие "ситни души" - како што ти ги нарекуваш, туку за таквите како вас кои знам дека ги читаат, правилно разбираат и користат.

 
Premnogu lazes. Imas vreme i za vrlanje.
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 19:44
Originally posted by Miralem1 Miralem1 напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

фала Беличка, фала Хардкор Embarrassed

Хардкор, јас воопшто не ги пишувам постовите за тие "ситни души" - како што ти ги нарекуваш, туку за таквите како вас кои знам дека ги читаат, правилно разбираат и користат.

 
Premnogu lazes. Imas vreme i za vrlanje.
 
ah me miralemco....dusho hristijanska LOLLOLLOLLOLLOLLOLBig%20smile
 
 
Isus rece jas sum patot vistinata i zivotot...Wink
 
 
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 20:11
Originally posted by belichka belichka напиша:

Originally posted by Miralem1 Miralem1 напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

фала Беличка, фала Хардкор Embarrassed

Хардкор, јас воопшто не ги пишувам постовите за тие "ситни души" - како што ти ги нарекуваш, туку за таквите како вас кои знам дека ги читаат, правилно разбираат и користат.

 
Premnogu lazes. Imas vreme i za vrlanje.
 
ah me miralemco....dusho hristijanska LOLLOLLOLLOLLOLLOLBig%20smile
 
 
Isus rece jas sum patot vistinata i zivotot...Wink
 
 
 
Nisto novo za nas Muslimanite.Veruvame vo toa.Ne veruvame vo ona sto ne go rekol.Vo ona sto go izmisluvate.
I Muhammed s.a.w.s i Mojsie i Avram i Davud i Solomon...... site tie bile patot (preku kogo edinstveno nivnite sledbenici ke se spasat) Edinstvenata vistina,koja za nivniot narod zboruvala za Boga. I edinstvenite luge,preku koi narodot ke bide nagraden so vecen zivot (vo rajot).
Nie od Dlabocinata na dusata go sakame,pocituvame i cenime Isus i negovata majka Marija. Vo Qur'anot ima sela Sura objavena za cesnata marija.A nikade ne e spomnata majkata na Muhammed (dokaz deka e Bozja objava). Poveke pati e spomnat Isus i bilo koj drug pratenik nego Muhammed. Veruvame vo Isusovite cuda,isto i vo Mojseevite i vo site Allahovi pratenici a.s.
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 21:00
 
 
Da a veruvate  i vo ovie Hristovi zborovi??
 

4. И одговарајући Исус рече им: Чувајте се да вас ко не превари.

5. Јер ће многи доћи у име моје говорећи: Ја сам Христос. И многе ће преварити.

6. Чућете ратове и гласове о ратовима. Гледајте да се не уплашите; јер треба да то све буде, али није још тада крај.

7. Јер ће устати народ на народ и царство на царство; и биће глади и помори, и земља ће се трести по свету.
 

 
10. И тада ће се многи саблазнити, и друг друга издаће, и омрзнуће друг на друга.


11. И изићи ће многи лажни пророци и превариће многе.


 

 

Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 22:17
Originally posted by belichka belichka напиша:

LOLmiraleeee...e..e...e....e...ee..LOLLOL
Jok.... toa se Pavlovi zborovi. Mislam deka ti se objasnati od samite Hristijani koi se odrekle od niv.
NE VERUVAM VO NIV.
Ako imate evangelie po Isus,daj go,veruvam vo nego.
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 22:23
....


Изменето од belichka - 11.Септември.2008 во 22:01
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 22:45
Originally posted by belichka belichka напиша:

Originally posted by Miralem1 Miralem1 напиша:

Originally posted by belichka belichka напиша:

LOLmiraleeee...e..e...e....e...ee..LOLLOL
Jok.... toa se Pavlovi zborovi. Mislam deka ti se objasnati od samite Hristijani koi se odrekle od niv.
NE VERUVAM VO NIV.
Ako imate evangelie po Isus,daj go,veruvam vo nego.
 
 
LOLLOLLOLLOLEvangelie po Matej, LOLLOLLOL
 
ova e mnogu poblisku do Evangelieto Po Isus,
 
otkolku ona evangelieto po Muhammed a.s neka Bozjiot mir nad nego i na site okolu nego...LOLLOL
 
AMIN.
Uste edno priznanie od nasata drugarka ceneta. Ni se priblizuvas leka po leka :)
ova e mnogu poblisku do Evangelieto Po Isus....
 
Znaci,imame i evangelie po Isus,koe e dlaboko dlaboko sokrieno :) E toa da te cujam... koga priznavate :)
 
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2007 во 00:53
Originally posted by belichka belichka напиша:

 
 
Da a veruvate  i vo ovie Hristovi zborovi??
 

4. И одговарајући Исус рече им: Чувајте се да вас ко не превари.

5. Јер ће многи доћи у име моје говорећи: Ја сам Христос. И многе ће преварити.

6. Чућете ратове и гласове о ратовима. Гледајте да се не уплашите; јер треба да то све буде, али није још тада крај.

7. Јер ће устати народ на народ и царство на царство; и биће глади и помори, и земља ће се трести по свету.
 

 
10. И тада ће се многи саблазнити, и друг друга издаће, и омрзнуће друг на друга.


11. И изићи ће многи лажни пророци и превариће многе.


 

 

 
 
ClapClapClap
 
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2007 во 00:54
Originally posted by belichka belichka напиша:

Originally posted by Miralem1 Miralem1 напиша:

Originally posted by belichka belichka напиша:

LOLmiraleeee...e..e...e....e...ee..LOLLOL
Jok.... toa se Pavlovi zborovi. Mislam deka ti se objasnati od samite Hristijani koi se odrekle od niv.
NE VERUVAM VO NIV.
Ako imate evangelie po Isus,daj go,veruvam vo nego.
 
 
LOLLOLLOLLOLEvangelie po Matej, LOLLOLLOL
 
ova e mnogu poblisku do Evangelieto Po Isus,
 
otkolku ona evangelieto po Muhammed a.s neka Bozjiot mir nad nego i na site okolu nego...LOLLOL
 
За Миралем LOL
 
За беличка Clap
 
Беличке, не му замерувај на нашиот екс христијанин Мирко, бидејќи долго време помина откако "он го напушти" "христијанството", па не се сеќава што рекол Исус, а што Павле.
А тој најверојатно претпостави дека тоа се зборови на Павле, затоа што ги виде референците од десно и се фати на стапица LOL
 
Ова е мислам 5ти доказ дека нашиот "екс христијанин" Мирко, всушност никогаш, за жал, не бил христијанин.
 
Браво беличка, прави стихови, во право време. Wink
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
hardcore Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 268
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hardcore Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2007 во 01:01
Nikoj nikomu ne se priblizuva,miralemce,glavo bukova....ti ne si dostoen so nas da ja spodelis radosta Bozja sto sekojdnevno ne opkruzuva.Ti zivees vo mrak,vinata tvoja ja znaes,ama tesko e da ja priznaes....e toa e samo do tebe...a priznaj ja barem vo sebe,ce ti bide polesno.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.